1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТМРО: Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од discofilman, 4 ноември 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    thinkerbell, ни јас не сакам сега,знаеш зошто??? затоа што немам работа.Иако за 2 месеци ќе имам 21година,и не би била ни прва ни последна што на 21 би се можаила,не можам,баш затоа што немам работа.
    Не велам не сакам, туку не можам. Да кога би имала работа би се осудила на такво нешто.
    Но затоа велам, во неколку поста претходно,невработените треба да бидат ослободени од овој данок токму порати тоа, неможе без работа ти да оформиш семејство.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Јас познавам многу примери на такви жени што во младоста не им паѓало на памет да се женат и да имаат деца, но на 45 години истите жени се повлечени длабоко во себе и се во голема депресеија баш затоа што немаат деца и нема кој да им го разубави денот.Денес на истите тие жени кога ќе им спомнеш дете тоа за нив е огромна болка.Мајчинството, природата кога тогаш сите нас не надвладува без разлика колку нам ни се сервираат помодарски идеи.
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    А не знаеш жени кои се омажиле над 30тата и имаат деца? Повеќето што јас ги знам се такви. Зошто тогаш требало тие да плаќаат за да се полни буџетот?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Јас пример, еве имам работа. Солидно платена. Ама ете не сакам да имам деца. Сметам дека подобро да не родам ако не сакам, отколку да го измачувам и детето и себе. Што тогаш? Со сила ќе ме тераат да затруднам?
    Демократија, како не.
    Муабетот ми е, секој си одлучува што сака од животот, и џабе и закони и врагови, ако некој не сака брак нема да стапи во него.
     
    На Lolo5, imelda и Valeriya им се допаѓа ова.
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Многу грешиш.Има полно образовани Албанки и по градовите и по селата, но тие се фамилијарни, конзервативни жени и многу држат до заедницата.Македонките не се такви за жал и ние можеме многу од нив да учиме.Јас ги гледам и тие образовани Албанки во ништо повеќе не се разликуваат во размислување од нивните мајки освен во начинот на гардероба во којшто пак е многу поскромен од македонскиот.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Што дека некои ќе се земат, ако немаат основни средства за да однесат дете на прав пат, како ќе му овозможат на детето се тоа што му е потребно? Зарем подобро се преживува ако нема истото леб да јаде, нема што да облече итн.? Па не е само да се роди дете, па после истото да се остави на милост и не милост.Странските држави се друго, си имаат се што им е потребно од финансиска гледна точка и нормално дека нема да им е проблем наталитетот.
     
    На Lolo5, Tanjamm и ilipili им се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Eпа ете државата смета дека за тие таквите што имаат финансии а не сакаат деца треба да плаќаат данок.
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.487
    Допаѓања:
    8.281
    Пол:
    Женски
    E sega da ve vidam,pak site trcajte po politika,i osobeno glasajte si za VMRO :!: .
    Patem,mene mi ostanuvaat 7 godini za da se omazam,ako ne danok ke plakam:fubar:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Ти верувам. Но очигледно јас и ти живееме во различен свет, гледаме и се дружиме со различни категории на луѓе, па дискусија на форум нема да го смени мислењето ниту на едната ниту на другата :)
    Секако, бидејќи некој спомениците треба да ги плати. Но тоа е веќе некоја друга тема...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^секој има право на своја математика.
    Али ако....како што ти велиш против така ја велам за
     
  11. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Финансиската состојба е најсмешниот изговор за донесување на едно дете.Точно е тоа дека игра голема улога, но не и најбитна.
    На Водно имаш 200 мултимилионери, а најголем дел од нив чуваат куче или само едно дете.Трифун Костовски има можност да чува цела градинка, а има само две деца дома.Финансискиот проблем е само изговор за нашата нежелба да превземеме некои обврски во животот.Помодарството е најголемиот проблем, а не финансијата.Во Македонија сите умираат од глад, а за во лето сите аражмани за одмор се исполнети и неможеш да најдеш место 2 месеци.Еден куп мои другарки, пријателки, познанички носат скапа гардероба, скапи телефони, дел од нив студирале во странство.
    Македонците и да имаат 5 000 евра месечни примања пак ќе имаат 1-2 деца максиум.Тоа е реалноста, а не да се убедуваме во спротивно.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Како тргнале ќе воведат и субвенции за свадба :lol: Секоја мома над 30 години која ќе пројави желба за венчање ќе добие субвенции од Владата. Субвенции за свадба, него што :lol:
    А ако е трудна + субвенции и за миразот :lol:
    А после свадбата, два - тројца членови на Владата пред вратата на младоженците чекаат да се консумира бракот, за да се осигураат де, да не испадне за џабе субвенцијата.

    Шта речи, само глупост до глупост во државава |(
     
    На Lolo5, Hipster, RedWine и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Дојди прошетај слободно низ Чаир и Бутел и види колку има образовани Албанки, Босанки, Турчинки, но сепак пак најголемиот дел од нив се фамилијарни, скромни и патријахални жени.Факт е тоа без разлика дали ние тоа сакаме да го признаеме или не.
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Јас сите Босанци што ги знам се по 2 деца, само едни имаат 3.
    Едно Македонско семејство во просек има по 2 деца.
    Албанките, да, раѓаат, оти тие во најголем процент се ДОМАЌИНКИ, Мажот е тој кој носи пари дома.
    А Македонките, кај одат на работа, кај чистат готват перат, кај машки работи вршат по дома, уште и градинка да чуваат!
     
    На Lolo5, Hipster, anneyy и 10 други им се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Кога спомнав дека неживееме во ист свет не ни мислев веќе на Албанките (иако не се сложувам дека процентот на факултетски образовани Албанки е голем) - туку на мои блиски пријателки (и пар пријатели), жени кои за мене не се само статистика, кои сакаат да се омажат и да имаат деца, но немаат прилика за тоа. На крај на краиштата, тазе сум мажена и до скоро бев една од нив.
    Овој закон за таа категорија на жени (и мажи) би бил само уште една казна, во ситуација кога доволно причини за тага и вака и така наоѓаат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Оној момент, кога знаеш кој од која партија е :D

    џабе муабет. Ние си гледаме пример од нашите политичари, кој на колку години е мажен/женет, колку деца има... Па мајке ми ако Грујо можеше да се жени на толку години, ако може до сега само 2 деца да има, а зема толкава плата, што останува на обичниот граѓанин рајт? Ниеден закон нема за право да го регулира и насочува приватниот живот на граѓанинот. Ние уште не можеме да се разбудиме од сегашниве даноци, па молим лепо уште еден...и тоа не било каков :rofl: Смешно ми е ова мајке ми...демек стварно работава :geek: :D
    А зашто уствари не донесат данок/закон ватевр да не раѓаат толку албанките? :^) И така станаа побогати, за нив повеќе работни места има, дупки во закони, врски насекаде... Па ете, штом се стравува дека ќе бидат мнозинство, тури им нив бре данок :?:
     
    На Lolo5, Tanjamm, babybelle и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Босанците генерално во Македонија се мал процент, но на годишно ниво тие секогаш ги има +100 .Имаат повеќе новородени отколку умрени.Значи пак имаат многу подобар наталитет од Македонците.Ти неможеш да пресудиш за 5 босански семејства коишто живеат помеѓу Македонци.Босанците коишто живеат помеѓу Албанци и Турци на друг начин се однесуваат.Таму се свои на своето.
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не е најсмешниот, игра голема улога и е најбитна, не велам за тоа некој да тоне во пари,туку да ги има онолку колку за дете да се исчува и да му се овозможи потребното, а и велам за оној на кој му се страшно потребни, на некој кој не може некои работи да ги има, токму поради финансии.Не е ни изговор финанскискиот проблем, секој може да преземе некои обврски во животот, ама за да ги реализира истите, му треба основа.Како човек ќе купи нешто, ако за истото нема пари? Настрана оние луѓе кои се богати, кои имаат, туку за оние кои немаат.Па и не е убаво, да се роди дете, а истото да се витка од болка, да не дај боже има проблеми со здравје, со што ќе плати човек за негово лекување, ако нема пари? Или зарем ќе се остави детето, па како знае и умее нека се снаоѓа? А тоа да ти тек го почнало животот, а не пак истото да се остави само да се снаоѓа :x :worried:
     
    На Lolo5, tessie и ilipili им се допаѓа ова.
  19. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    За Албанците има повеќе права, повеќе работни места, дупки во законот, врски баш затоа што имаат голем наталитет и се множат.Албанците воопшто немаше да се силат и да прават проблеми во државата доколку беа 5%, но кога се 30% е друга приказна.Сите идни влади во Македонија без разлика кој да е на власт ќе прават отстапки спрема Албанците, затоа што тие се множат, имаат младо население и ние треба да молиме душа ако останеме како држава за 15 години.Тек тогаш индивидуализмот ќе ни се тресне од глава, но касно ќе е тогаш :)
     
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Со години жените се бореле за еманципација и правото на слободен избор па дури и крв се лиело за тоа, ние ке се вракаме назад у минатот и ке се праиме сите домакинки и ке рагаме по 10 деца за да оставиме подмладок на дрзавата.Јас законов го гледам како место каде што се сака на жената да и се врати првобитната улога во општество.Фали уште да им се забрани образование него да почнат со стројници да не мажат да не затворат дома и со проштење некој да не еб*ава и да му рагаме деца.Толку да биде нашата улога.А изборот сам да управуваш со сопственото тело и воља,тоа во некое друго време сега не.И да ке уплакам одмори и ке шетам и ке носам скапа гардероба кога ке се вработам и ако платата ми го дозволува тоа,затоа што на многу од тие тоа што го прават родителите во младоста не можеле да им го приуштат.
    Многу луге познавам што барем еднаш во животот рекле-Едвај чекам да се вработам за можам да си го купамам тоа и тоа или да отидам таму и таму зашто сега моите немаат толку да ми дадат.
    Е па нема право никој да ме спречи да си правам лезет на душата,кога сите знаеме со каков минимум услови преживуваме секој ден.
    Не викам дека во брак и со дете нема да можеш да го правиш тоа ,но тука не станува збор за тоа.Мене лично ме иритира фактот што некој се меша во мојата интима и во моето право СЛОБОДНО ДА ОДЛУЧУВАМ за себе.
     
    На Lolo5, tessie, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.