1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТМРО: Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од discofilman, 4 ноември 2012.

  1. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Патетики живи. :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Драга Гордана10, за какви услови во животот зборуваме ние?Ауди на ќерката и синот на полуматура, стан на синот за матура?Факт е дека како родители ние самите премногу ги материјализираме нашите деца, па воопшто не е чудно како тие размислуваат и што сакаат.Јас знам еден куп девојки што се сосема доволно ситуирани, а се спонзоруши и одат со секакви за пари дури и со “браќата“ од Чаир за скапи патувања, скапи мобилни телефони, пиење без пари во кафичи.Факт е дека голем дел од Македонките се материјалистки и промискуетни, па чување деца за неа е важно како ланскиот снег. :)
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    И да е толкав купот, што со другите што не се такви? Колатерална штета?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Викам ја Бранко е крив :geek:

    патем Валерија, со сета должна почит, со твоето појавување на форумов на темава, а иницијаторот го нема (познавајќи некој негов став) не можам, а да не се запрашам дали вие тоа сте иста личност :^) извинување ако грешам секако :geek:
    И патем, јас си кажав :wasntme:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Многу смешно и наивно размислување искрено :)
    Запрашај се зошто има многу голем процент на насилство и дрога помеѓу младите.Тоа е затоа што повеќе од младината не ја виделе својата мајка поради нејзината “кариера“.Треба да застанеш еднаш пред градинка и да видиш како мајка чува дете денес.Го остава во 8 сат сабајле и го зема во 9 сат навечер, а преку викенди плаќа дополнително да и го чуваат за да таа шета со другарките на шопинг или на гости.Тоа дете утре не е здраво и има недостаток на љубов и внимание.

    Еманципација е друго, а кршење правила на природата е сосема друго.Жената е створена да биде жена, а не маж.Има голем разлика.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.433
    Сноу, за тебе знаеме зошто си за,да прекратиме со тој муабет,ептен да не должиме.

    Валерија,за тебе имам неколку точки.
    Прво, кај да најдам од тие упатства што ви ги спремаат у штаб?! Ми се гледаш за многу спремна со рафалниве испукувања на брдо глупости кои не држат вода и се одвратни, фашисоидни, шовинситички, сексистички и навредувачки кон секоја индивидуа,особено зошто живееме во ДЕМОКРАТСКА земја. Не сакам да бидам дел од КОЛЕКТИВОТ зошто тие кои наведуваат вакви работи ми се чинат за многу збунети кое е лево,а кое е десно. А башка е моментот каде КОЛЕКТИВОТ не сака многу работи, но заради пар сељачана со ситни придобивки, грст сељачана со крупни придобивки и многу,многу јадни души кои наивно веруваат на она кое им се зборува, со цел, да го нахранат својот вистински глад,нивниот и на нивното семејство. Засрами се!

    Второ, твојата еманципација е еден убав,чист,катализиран пример дека у некои случаи е одвишак . Ако се бориш за такви закони, онда те молам биди до крај пуританка и глуми мутава,седи дома и чувај деца и готви ручек. Читај 50 нијанси на сиво и уживај. Све е ок. Ако не сакаш кариера,не знам зошто ревносно браниш тука нечии интереси. Мислам очигледна си....

    Трето, не си играј под еден со чувствата на другите,под два со јајниците на жените. У превод,кип јор росарис аут оф мај оварис!

    Четврто, фала на не знам што што не се дружам со категорија на луѓе со која ти се дружиш,пошто гледам и тоа им спомна на жениве. Нормална да бидам,демохристијана да не бидам! Лесно ти е тебе, затоа си сееш ова,зошто извесно ти е што би си ожнеала.

    И сега као завод за вработување те агенција, отворат агенција за брак. Сноу Куин у одделот за организација на свадби,оф,оф. А онда ред се редат мале, ти доаѓа психолог, психијатар,педагог, гинеколог и некое лице таму да проценува имот и ризик. Субвенции за тие што се трудни уште пред брак, чак што више и креветче за малото. Зошто ја одработиле работата и претходно!
    И едно кусо,зошто не сакам да се расправам со луѓе кои бранат очигледни интереси, извинете на неговата архаичност и искреност -епа ќе си ја прашам и за деца и за брак!
    Чак што више, ќе родам деца,брак не склопувам и што сега?! Барем се имам изјаснето дека сакам заедница!

    И легализирајте ги геј браковите,не можеш да натераш некој со сила да биде хетеро. Негово е правото на избор дали ќе биде здрав или нездрав.

    Не бе,не сте нормални...не сте...
     
    На Lolo5, tessie, RedWine и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Немам јас никаква допирна точка со авторот на темата.Првин сакав да пишам во темата “Наталитет/Морталитет“, па ова ми изгледаше како поактуелна и тазе.Се надевам дека ќе се дружиме почесто и на други теми порелаксирани, но еве тука се разви убава дискусија :)
     
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Мене на крај дискусијата за чистотата на македонската држава и должноста на секој од нас према колективот (и тоа идниот, после 30-40 години) која треба да се стави пред индивидуалното, ме потсети на лекција од историјата, за жал од понеубавата - Лебенсборн програмата на Хитлер. На Google може да се најде и која била нејзината цел.
     
    На Lolo5, tessie, mila89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Лудило...шта више речи :fubar:
    И после се спремаме за во Европа? :D ма кава Европа бре со вакви умови...
    Па немаме инфраструктура во државава,се е катастрофа до институции до врагови,автопатот ни е крш со крави и кучиња на сред пат,без ограда ќе се утепа човек,со гнасни патарини измастени а тие ќе ни воведуваат да плаќаме данок за вакви работи :rofl: ма идите бре...
    Извинете за оффтопик забегав али стварно ово је немогуче.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не зборам за материјализирање на деца, зборам за тоа како и ќе се исчува едно дете, а понатака кога ќе е доволно возрасно само ќе одлучува за сопствен живот и ќе знае како правилно да ги користи парите.А тоа се зависи какво ќе му биде воспитувањето.Зборам општо.Оној кој е родител знае, дали и колку се потребни финансиите, јас незнам, само размислувам.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Lilit, имаш многу погрешна слика за мене воопшто.Многу е глупо една конверзација да се спушти на ниво на препукување и навредување.Далеку од тоа :)
    Јас воопшто не сум член на никоја партија, не сум демохристијанка по убедување, а најмалку сум сексист, фашист или било што, но сум патриотка и си ја сакам Македонија како своја држава.Сакам просперите и иднина на мојата нација и држава.Ние немаме друга држава, немаме друго место на светот.Ако ние не се грижиме за државата и татковината кој би се грижел?Држава не е Груевски или Бранко, туку ние самите, јас, ти, некој трет....

    Твоите размислување дека моите информации се глупи се само резултат на тоа што ти немаш да понудиш други информации со коишто би ги побила моите информации дека се неточни :)

    Јас не седам дома, а ниту некој ме затвора дома.Студирам, се дружам, учам, читам книги, одам на по некој одмор, но несакам да се вклопам во сивилото на многу девојки денес. :)Ако некој е конзервативен незначи дека е и прост, примитивен и дека сака целиот живот да седи дома.Многу погрешно размислување.Патам, погледни дека во Европа девојките што потекнуваат од конзервативни семејства се и најобразовани жени :)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.626
    Пол:
    Женски
    И мајка ми и татко ми оделе и уште одат на работа ,оделе и во смени бидејки таква им е работата и ме чувале и баби и дадилки и у градинка сум одела,па никогаш ниту сум се тепала ниту сум правела било какви проблеми.Секогаш имало ручек на маса и мајка ми секогаш имала време во денот да влезе во соба и да ме праша што правам како сум у школо како ми е и сл.
    Ако некој има проблем со домашното воспитување тоа не е затоа што мајката идела на работа да гради кариеа (читај да донесе некој денар плус дома) туку затоа што таа како родител не ја исполнила својата должност да воспита едно културно дете.
    Впрочем,зарем само на вработените родители децата се дивјаци и невоспитани или има и деца што по цели денови поминуваат време со мајките пак се дива лига ?

    Според ова сакаш да ми кажеш дека вработените жени кои секако поминале години во образование за да постигнат нешто од себе си им пркосат на мажите и машките работи,и дека треба да се затворат дома за да ја извршуваат својата примарна работа на раѓање деца,готвење грав у петок,чистење и миење на нозете на мажот после тешкиот работен ден? :tmi:
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    A што ако се асексуалци што праиме тука м?
    Не и се сака бе, или нему, господ така му дал?
    Мал е границата е и јас викам така, женско над 18 одма во брак,мажи на 22.
    Немој случајно да не остаите сами со сопствен мозок да размислуваме, одма удри тура на перење мозоци.
    И после ова ако се воведе, ќе има тура на разводи, и тука се знае кој се збогатува, депресивен народ, заради избрзан и грешен брак, и што уште не.
    Од правна гледна точка ова е најдебилното нешто и се коси со правото на слободен избор.
    Те ограничува да донесеш одлука кога ти сакаш и како сакаш.
    Да де, не те прислува, си имаш избор, плати си, клати си.
    Зашто секогаш бе само дебилите закони,и однесувања од надовор ги зиаме а не добрите?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не, многу погрешно си ме протолкувала.Во моето семејство сите жени работат и се образовани, а на добар пат сум и јас тоа да го постигнам.Друга ми беше поентата :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.433
    ^ Злато,која ти беше поентата тогаш?!
    Се изгуби во неа?!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    "Во тој контекст морално право на државата која финансирала во поединецот за општествена корист е да го санкционира преку плаќање данок во висина од една месечна плата-годишна такса на секој неженет маж над 35 години и жена над 30 години."

    Како тоа поточно државата финансирала во мене?
    Навистина сакам да знам, некаде беше наведено - со бесплатно образование до средно?
    Кое црно бесплатно образование, единствените бесплатни учебници кои ги добивме со судни маки беа само во 8мо одд. (тогаш се донесе законот за првпат), да не зборуваме за средно, си плаќавме тарифа од 1500 ден. за запишување, или партиципацијата и сите други екстра давачки на факултет...
    Како побогу, како оваа држава инвестирала во мене, Петко и Трајанка, ниту ме стимулирала на кој било начин, на ниту едно поле, напротив, ме разорува, ме уништува, ме деморализира, нервите ми ги сотре , и доаѓаме до историскиот момент - не прашувај што може таа да стори за тебе, туку ти за неа.

    |(

    Идејата е глупава, и сите кои ја поддржуваат се за на стрелање.
    Плус, ви го плукаат сопствениот род - дури и во оваа навидум смешна битка со машкиот пол, ни скратиле 5 години од ергенското, ни тука не сме рамноправни, ни во глупостите на болни и изопачени умови.
    Па вие поддржувајте и аплаудирајте, а во меѓувреме - не продавајте празни демагогии и празна слама, ако сакате промена, тргнете од себе, не во убедување проста маса и толпа - сакаш да сториш нешто за милата држава - роди 5 деца со овие услови, не туку попувај и пери умови.
    Да Валерија, на тебе мислам душо, почни од себе. Биди пример за остатокот, ако ти стиска.

    |(
     
    На Lolo5, Hipster, tessie и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не се изгубив во поентата воопшто, туку ти не понуди ниту една информација со што би ги побила моите информации дека не се точни.Само лично навредување и толку :)
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.626
    Пол:
    Женски
    Валерија колку што гледам никој не те вреѓа ниту те напга него напротив ти приложуваш некои ступидни факти кои на секој современ нормален човек му ја навредуваат интелигенцијата.Впрочем како што кажа Трендафилка биди ти таа која ке го почне трендот на рагање 5 деца и домакиносување,наместо да раскажуваш бајки како девојките рипаат од кревет во кревет и нејкат да се одомакинат и да рагаат деца па ради таквите ке пропадне државата.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Кажи ми што е ступидно во моите факти?Дека Албанците со својот наталитет ќе имаат уште 5 нови градначалници до следните избори поради демографски развиток, дека веќе се накај 30% во државата, дека пола ученици во основните и средните училишта се Албанци, а биле дупло помалку пред 15 години?Тоа ли се ступидни факти?Тогаш незнам кои се неступидни факти? :)
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Уф, Гоце Делчев би бил така горд на овие твои речове... и на Валерија, просто да си пукне човек од среќа. |(
    Искрено, и тоа мало парче патриотизам и љубов кон груткава, ми згаснало и ми се уништило.
    Јас сум тука за следните 50 години (се надевам) и гледам како да си поминам за себе, оти животот ми е еден и единствен. А такви демагогии и глупости, на други да продавате.
    Сегашноста ни е поцрна и помизерна од кога било - они се загрижиле за наредните 50 години, визионери убави...
    Сакаш брак на 20 - мажи се. Сакаш 3 деца - роди ги, не условувај други, не се споредувај, оти и ти можеби делуваш налудничаво со твоите желби, па никому ништо, си тераш по свое.

    Кој сака нека си шета, кој сака - нека се множи.
    За 100 години што сака нека се случи - гајле ми е за иднината на Македонија и светот колку и на мојата прабаба за мене и мојата грда сегашна судбина на оваа гнаса од држава.

    Па колку делувате посветено кога размислувате толку долгорочно, бре, бре...

    И искрено, онака искрено се молам да ти се исполнат сите твои желби напишани на розева хартија напрската со парфемче, зашто се некако имам помисла дека - реалноста кај и да е - СИЛНО ЌЕ ТЕ ТРЕСНЕ ПО ГЛАВА...

    Победи ги душо, започни да работиш на грандиозниот план за спас на Македонија.
    Ти и целата твоја поблиска фамилија, братучетки, млади девојки, почнете да ги следите своите ставови, па можеби ако е тоа вистинскиот начин - и ќе промените нешто, т.е. ќе предизвикате револуција.
    Роди си петорка и биди си мирна и со чиста совест.
    Зошто убедуваш други во нешто кое самата не го спроведуваш?
    Колку дечиња имаш ти?
     
    На Lolo5, tessie, anneyy и 9 други им се допаѓа ова.