1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТМРО: Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од discofilman, 4 ноември 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Валерија, СТУПИДНО (оф леле) е тоа што согледуваш една страна и спроведуваш Мусолини политика. Впрочем, она кое ти го прокламираш да го зборуваш во САД рецимо,ќе те обвинат за антисемитизам (грубо кажано,немаме соодветен израз,сепак не се работи за Евреи,ама тоа е суштината) и за фашист. Па сега ти види...
    Само твоево вели обратна политика. Зошто не е легално да убиваме, дај да водиме љубов... Онака, доста хипичка поента носиш. Дури мислам дека и ми се свиѓаш што вака симпатично потпикнуваш работи.
    Што сепак се сведува на фактот дека ти не зборуваш за друго,туку за нешто сосема трето кое треба да си го преиспиташ дали е исправно. Особено зошто го збориш за твои интереси. Ама дај го примерот, биди првата Македонка која го поддржала законот по пат на примена... јас ќе бидам прва што ќе те следи, еве ти ветувам.
    Многу е грубо да се води политика врз основа на реални,човечки животи.
    Жал ми е,ама се изгуби у сопствената поента. И освен смешна, не стана друго.

    Зошто бе нејќете да шетате,а?! Еве јас сум од тие што сакаат да шетаат немажени и без деца. А не дека нема да имам деца било кога...ама мој избор,моја ствар. А башка сметам дека повеќе корисна ќе сум за оваа земја онака како што планирам, него ли да ми ги скратат крилата со глупи закони.
    И сеа,што правиме?! Сакам да шетам и ќе шетам и тоа е!
     
    На Lolo5, tessie, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hа Cител зборат за ова сега

    Kазната е, една месечна плата на годишно ниво :^) :^) :^) .
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Ау луѓе мои,ова па и татко ми ќе треба да плаќа данок бре! :rofl: :rofl: :rofl:
    Вели РЕТРОАКТИВНО! Мајка ми никогаш нема да му прости за ова!
    Уат хев ју дан деди?! ;(

    Уствари,фала многу! Да не си почекал,немало да постојам!
    Фала многу,пријатно!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Јас не живеам во Америка, туку во Македонија, а во Америка сите Американци, а кај нас се само не Македонци.Има голем разлика.Јас никаде не кажав ништо против Евреите за да ме обвинат за антисемтизам.Впрочем немам никаква омраза спрема Евреите, туку големо почитување како нација и религиска група којашто многу се држи, помага помеѓу себе.Еврејките се едни од најобразованите жени во светот, а се едни од најконзервативните жени.Тоа што јас цело време ти го зборувам.Ако некој глуми дека е либерален незначи и дека е еманципиран.Има голема разлика.
    Јас се надевам дека ќе имам многу детно семејство, а веќе пораснав и живеам во такво :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    ^ По ова што го пиша,сфаќам дека твојот светоглед и способност за резонирање се сведува на некоја брошура што си ја учела таму и што ви ја држеле на састанак.

    Ај прочитај ме пак, сфати во која конотација антисемитизам го спомнав и како го дообјаснив. ;)
    Слабо логиката,слабо.

    И да сте живи и здрави! Сите!
    Имаш 22 не му ја мисли.
     
    На Lolo5, tessie, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    И јас и многу други се надевавме на толку многу убави нешта, ама брада...
    А дотогаш, додека не родиш минимум тројка и не си ги испочитуваш сопствените ставови, немаш право да убедуваш други, за (не)правилно или лошо.
    Ако посакуваш промена, секогаш тргнувај од себеси, не од комшивката.
    Збогум. :hai:
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Па мое мислење е дека нема ништо да добијат со ова , од една страна ќе го навлечат гневот на народот а од друга страна многу луѓе ќе идат на тоа
    "еј другар/другарке ај да се венчаме , немора ништо да правиме али боље него да плаќаме казни "


    Јас имам уште 15 години до казните , има време не се замарам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Смешното е што на беседењава на Валерија дека албанциве се котатат,а ние стагнираме...кога секој исплашен маж почне да увезува по една албанка од Пустец... :rofl: :rofl: :rofl:

    Ај смир сега...
    http://press24.mk/story/makedonija/sheh ... ozheniot-d
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Неможам да поверувам колку е лесно да се испере мозок на човек,ама толку многу што почнува и навистина да верува во истото :x
    Добро бе еве да ве прашам јас нешто,по колку деца имаат пратенициве,министри,премиер и цел врв и опозиција м? По 5 деца имаат или по 1 ,2? Колку оние што се дрзнале да спроведуваат закон и да им се мешаат на луѓето во интимен живот,придонеле за да не станеме малцинство?
    Многу е лесно да јадеш трици за обичниот народ што 50% зима плата мочани 12 000 ден.а,воедно имаш пун џеб да одгледаш 5 деца.
    Да се разбереме,сакам да имам семејство,сакам да имам деца,НО секој има право на избор дали ќе се жени/мажи и кога ќе го направи тоа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Твоето размислување не е ништо повеќе од себичност и гледање само за себе.Дали ти со својот став за животот му помагаш на твоето дете?Грешките на нашите мајки и татковци ние денес ги плаќаме, а грешките наши ќе ги плаќаат нашите деца, затоа пред да кажеме нешто треба првин и да размислиме.Затоа и живееме денес во ваква држава каква што ни е, а знак прашање е уште колку и ќе е наша држава со оглед на се што се случува годиниве уназад, а допрва во иднина.
    Дали ти ако имаш едно дете мислиш дека си му направила услуга на него во животот ако тој наместо има пелени од 500 денари имал пелени од 2 500 денар?Не, не си му ништо помогнала, туку напротив си му направила контра услуга во животот :).Ако гледаме на национално ниво тогаш ние со таков начин на живот ги осакатуваме, а ако гледаме на социјален карактер уште повеќе ги осакатуваме.

    Јас кажав дека раснам во многу детно семејство, а се надевам и јас ќе имам исто :)
     
  11. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Точно, се сложувам комплетно :).Сите промени почнуваат од нас самите, па ако сакаме подобра држава, подобра иднина за нашите деца треба сите да почнуваме свесно и разумно да размислуваме :)
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Иначе, се мислам, па ова е топ за да натераш некој да те побара за жена :D

    Барај брзо пошто ако не, данок ќе плаќаш! Му мавташ закануваќи се со прстето со едно раче на половина.

    И типов се наоѓа у небрано, у паники, што ќе праи, леле леле мора да ја бара за жена.
    Си живееја среќно до крајот на животот. Македонија тогаш имаше 4 милиони Македонци. Перса ја викаа македонска Марија Терезија. Роди 24 дечиња.

    ...........

    А дека можеш да си раѓаш и без да стапиш во брак му текна на некој од поддржувачиве или јок? Пошто тоа без прстен обично не се ни случува нели? :) Јајце клетката реагира исклучиво на свршенички прстен. Така не учеа, па сеа...

    Туку Шехтански се извинил. Ништо од муабетов.
     
    На Lolo5, tessie и Deemy им се допаѓа ова.
  13. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    И сега од кај да знам дали ќе ме земе од љубов или да не плаќа данок? :D
     
    На Lolo5, Buttterfly, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    47.660
    Пол:
    Женски
    ^ Се надевам дека твојот иден сопруг ке ја дели твојата страст према многудетно семејтво пошто у спортивно тешко тебе.Гледај да не останеш немажена па и ти да плакаш казни како и сите само затоа што нема некој да сака да ти напраи 10 деца.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не кажуваш убаво, затоа и јас ти дообјаснив.Неможат да ме обвинат во Америка за антисемитизам, затоа што јас ништо не кажав против Евреите, а во Америка неможат да ме обвинат и за фашизам, затоа што јас ништо не кажав против расите :).Јас само зборувам за мојата нација и иднината којашто и следи ако вака продолжиме.Зарем сега стана срам и Македонка да сум од вас либералите?Наталитетот во Македонија и не би бил толкав проблем ако ги немавме 25% од другата страна и нивната желба да ја растурат и поделат Македонија до темел, а ако вие живеете во сон и илузија тогаш малку ни беше очигледно Смилковско езеро и 2 месеци тепање наши Македонци по автобуси :).Халелуја.
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Па поефтино ќе му дојде данок да си плаќаш... Just kidding...
    Жива глупост ова, али ај... нема шанси да се усвои нешто вакво.
    EDIT: А да воведеа намалување на наталитетот кај овие другиве :D
     
    На Lolo5 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    47.660
    Пол:
    Женски
    relationship status: ПЛАЌАМ ДАНОК!
     
    На Lolo5, tessie и sanjaeva им се допаѓа ова.
  18. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Језда е чиста глупост даноков,ама е страшно очаен обид да се подигне наталитетот кај нас. Реално гледано,нашиот наталитет опадна за 2000 деца годишно,а албанскиот се зголеми за 7000. Рачунајте колку ќе се зголемува и понатака,на крај ќе станеме малцинство во сопствената држава,и пак ќе мрчиме како ни е тиња да живееме со нив и ќе чекаме владата да ги сопре. И сите бре кукате како немате пари да издржувате деца,па стегнете гзот мајко му стара,колку егоистични сме станале,луѓе не праат деца за да имаат пари за нив,наместо тоа да им послужи како мотив за подобра работичка. Маживе бараат странкињи,се земаат,добиваат барање за развод и го губат спорот,остануваат и без жена и без пари,жените бараат странци,се земаат,и не праат деца за да имаат пари за шопинг у Париз и меден месец на Ибица,плус се уништува фигурата со трудноќа нели. Пописот минатата година се прекина затоа што беше срамота да се објават податоците колку уствари се зголемил бројот на малцинствата кај нас,посебно кај албанците,а кај нас се смалува.
     
    На glosipgirl и Valeriya им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Знаеш шо направи по втор пат шо го кажуваш истото и не ме разбираш?! Онака,слатка иронија и цинизам, а ла Монти Пајтон...
    И итлер бил некој?! Каде е сега?! Сам себе го убил...
     
    На Lolo5, tessie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    јас незнам зошто толку се тепате во гради за нашата државичка, ниту ни помогна нешто, ниту не нахрани ни израсна, туку да не беа мајка ми и татко ми..... и сеа треба да раѓаме по 10 деца за после 50 години да не бидеме малцинство во сопствената држава.... ма немој бре да ме зезаш, јас не си го уништувам животот за нашата држава, секој си одлучува дали и колку деца ке има, барем во денешно време тоа не е проблем. Гледајте си за денес да си поживеете, да се прошетате, да видите се што сакате а за после 50 години нека му ја мислат младите тогаш.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.