1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТМРО: Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од discofilman, 4 ноември 2012.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Збогум. :hai:[/quote]
    Точно, се сложувам комплетно :).Сите промени почнуваат од нас самите, па ако сакаме подобра држава, подобра иднина за нашите деца треба сите да почнуваме свесно и разумно да размислуваме :)[/quote]

    те чекаме во темата труднички муабети
    него друго ми беше зборот поплукај се три пати и не си ја викај бељата на вратот немој да немаш ни едно не пак 5-6 деца
    2 имам и тиа нека се здрави и живи леб немав да си купам али за инекции и лекарства да ги доносам морав да имам за да допрам до дете е сега државата треба да ми врати нешто за возврат (оти толку се трудев) нека ме вработи или мене или маж ми а не да оди во странство да работи по 3 месеци децата да не го видат ни пај тој да не си ги види децата не туку се тепајте во градите државата државата што е до мене уште сега во овој момент може македонија да ја избришат од картата на светот и нека живејам под било какво име и земја само да имам да јадам и децата да се облечени и да си бидат со татко им до себе ептен оф топик али преку кур ми е од вакви пичлемиња шо немат на своја кожа ништо од ова осетено
     
  2. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Aбе глупост невидена,да се плаќа ретроактивно,да плаќаат невработените,вработените,разведените,па дури и оние кои се развеле па премажиле,прежениле дебилизам невиден подобро да стават сите од 18 до 100 да плаќаат данок казна зашто наталитетот ни е мал ова така некако му доаѓа барем да сме на чисто :D Aбе ова вака не се решава,сите се ставаат во ист ќош,секој си има различна причина поради која не стапил сеуште во брак,тоа е индивидуалност со ова индивидуалноста и демократијата се убиваат,а и да се донесее законот и да се плаќа данок пак проблемот нема да се реши.

    A баш ме интересира како државата инвестирала во мене,што за секоја книга за секоја скрипта од средно и основно и факултет моите ваделе пари од џеб,што секој месец ваделе од џеб за ученичка карта за автобус,што секоја обука и курс моите ми ги платиле што партиципација за средно и факултет моите ми платиле и сега ако не ми се посреќи сите работи во животот да ми се наредат како што треба па да основам семејство треба данок да плаќам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Чим стасавме до дереџе имање на деца да го нарекуваме уништување на живот за државава,се е јасно.
     
    На Valeriya му/ѝ се допаѓа ова.
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    не не читај убаво, имање на 10 деца е уништување на живот, а имање на 2 не е
     
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Кога некој му ја кажуваш реалноста во очи, а нема контра аргумент да ти врати го бодеш во очи, па те навредува на лично ниво.Албанците имаат дупло поголем наталитет од Македонците во промили, а уште треба да се додаде фактот дека во Европа се раѓаат уште толку деца на имигранти Албанци со потекло од Македонија, а знаеме дека Албанците 99,9% стапуваат меѓу себе во брак и тие деца прават куќи во Македонија.

    Албанци за 10 години има + 60 000 во Македонија, а - 30 000 Македонци.Ромите имаат највисок наталитет во Македонија со околу 20 промили на годишно ниво наспроти нашите бедни 8-9 промили, па сега види ја разликата :).
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    За бесплатново образование даваат бесплатни учебници... ќе даваат ли бесплатни постелини за младите брачни парови? А за секој 100-ти француски лежај гратис.

    Море будала народ. Идиотизам до безсвест.
    Интима ?? Нема сакаш, несакаш, 30-че и мора да сакаш.
    Знаете што е финта. Дечки од 34,5 ќе бидат на мета. Добар, згоден, 34,5 ... напаѓај! Нема каде да бега. Или бурма или данок.

    А следно? Многу пензионери, многу (доказ секој вторник и петок). Следен закон - За жени до 60, мажи до 65. Или умирајте ( го исцицавте буџетов, до кога пензии ќе зимате) или ДАНОК! Евентуално може да донесат некој амандман, ослободени ќе бидат сите баби кои веруваат дека може баба да роди машко дете, у име на наталитетот и превласт над Албанците.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ај како по паметни објаснете ми го ова. Мажот зема плата 25.000 денари, жената 20.000 (ова е просек на ниво на држава, ама ако во повеќето случаи овие плати се по мали) заедно имаат 45.000 за еден месец, од нив околу 10.000 за сметки, околу 18.000 за јадење и пиење, околу 6000 денари рата во некоја банка од кредитот, и останале 11.000 да речиме и сега со овие 11.000 ако имате повеќе од 2 деца објаснете како за цел месец ке ги распоредете, а од нив да имате и вие и децата???
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не ми е јасно зошто одредени форумџики се толку засегнати од тоа дали некој вработен и со пари сака или не сака да има деца и да се мажи? Навистина не ми е јасно, ако може објаснете ми :wasntme: Има тоа некаква врска со вашиот живот?

    Наместо да се спастри државава и да се направи некаков ред ако е тоа возможно во ваков хаос, се смислуваат малоумни закони што буквално буричкаат во интимата.

    Ако сакам ќе се мажам, ако не сакам нема, исто е и со децата, и дури е да не речам безобразно некој да ми соли памет дали е тоа ок или не. Мој живот, ако утре се каам, мој проблем, не твој. Кој сака нека роди и 5 деца, ако може да ги изгледа. И тука не се само финансии во прашање, туку и колку сте способни да ги изгледате и како ќе ги воспитате.
    А за нас себичните што прво сакаме да си го средиме животот, да прошетаме и уживаме во слободата и младоста, ич да не се секирате 8)
     
    На Lolo5, anneyy, Buttterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    :D
    никако синорита ломбарди ке се натегаш секој ден и ке бегаш како од гавол кога ке се доближите до продавница оти нели ке си посака и чоколадце и сокче а за двете неможе оти пак ек треба од ручекот да скратиш после :D :D
     
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    епа за тоа македонците имаат во просек по 2 деца, а не се котиме како глувци со по 10 оти толку државата ни дала можност. Не е работата во тоа роди ги и после да ги учиме да жиеват од леб и заби. И така не се уништува само нашиот живот туку и на децата кои ни криви ни дужни ке трпат, оти за мама и тато нема поголеми плати.
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали воопшто да коментирам на темава, ама ми фати око коментаров

    Сноу, такви парови нема само во денешно време.
    Еве, таков пар се и мајка ми и татко ми кои за малку ќе ги фател законов ако се вовел во нивно време.
    Авантуристи биле, шта чеш?
    Што вели татко ми - Ако ве имав вас две (мене и сестра ми), богами ќе се замислев дали да тргнам да се искачам на Мон Блан. Поинаква перцепција имаш на работите кога имаш фамилија која зависи од тебе и за која треба да се грижиш.
    Па еве ги денес, живи здрави весели, со две деца.
    Финансиски добро ситуирани, школувани, изживеани. Што им фали?
    Не можеш некому да му го испланираш животот и да му кажеш кога да склучи брак и да основа семејство. На крајот на краиштата, некои луѓе едноставно не се предодредени да бидат родители.


    Патем, Трифун има 3 деца, доста му се него.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ами ете нели тој шо го дал предлогов, се извинил ептен :D и не би прифатлив од никој, ами најнормално. Ех, ќе почнат да даваат предлози за закони и за водухот што го дишиме |( А и да воведат, џабе ќе им биде, нема да им се исплати :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ако го воведеа законот, потоа немаше да ме чуди наредно да биде да не проверуваат по дома дали се сек*аме со мажите и дали бракот функционира, или замисли да ни постават скриени камери и оп овие не се чепале 2 недели мора нешто да не е во ред или не се земале од љубов :lol: патетика во живо од владата на РМ
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Не се во прашање само финансиите.

    Ваков закон не може да биде гаранција дека ќе се зголеми наталитетот.
    Со кое право може некој да ми каже дали ќе се мажам или не? Дали ќе имам дете или не?
    Нели учевме за планирање на семејство... ПЛАНИРАЊЕ ... е сега според закон ли ќе го планираме? Тоа баш и не е планирање, тоа е обврска.

    Валериа ... а грев е да се има САМО едно дете?
     
    На Lolo5 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Драга Гордана10, законот може е глуп, ама редно време е веќе Македонците на било кој начин да почнат да мислат на својата иднина, затоа што ни се најавува несреќна иднина.Сведоци сме на тоа секој ден.Се дур се правиме слепи некој ќе не гази.Јас раснам и пораснав меѓу Албанки, Турчинки и Босанки.Патем најдобра другарка ми беше Босанка до пред некоја година.Никогаш од нив нема да чуеш погрден збор или навредување на нивната нација и религија.Никогаш!Очи ќе ти ископаат баш поради тие работи.Толку се горди и поносни на своето што ние треба да им завидуваме.Дали ние Македонките сме такви?На пола девојчиња моја генерација да им кажеш дека си патриотка и дека ја сакаш Македонија ќе те гледаат во стил“ Што и е проблемот на оваа?“.Албанците поради својот став и размислување добија две држави, а ние со нашиот став за живот и почит кон она што го оставиле нашите претходни генерации ќе останеме и без ова парче земја.Тоа е фактот.Сите сега ќе ја плукаме, али кога ќе останеме без неа тогаш ќе сфатиме што сме изгубиле.Прашај ги денес како им е на Курдите, Баскијците , Каталонците и многу други народи што се без држави и какво им е чувството?Премногу сме себични, егоистични и тоа не јаде во жив корен.Не сме свесни каква историска грешка правиме и колку нашите идни генерации ќе патат поради нашите грешки.Немој да ме сфатиш погрешно дека имам нешто против тебе или слично :) .Само давам мое мислење.
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ама нели гледаш дека секој гледа да си ја нареди работата за себе, за во овој тежок живот да се снајде, и да си поживее убаво, без деца или со едно, две, на никој бе мила не му е гајле што ке биде со државата понатаму, оти на државата не и е гајле како живееме ние во неа. и да ги прашаш македонците пола од младите ке ти речат дека попрво би оделе и живееле во странство одколку тука, оти веќе се сликавме со спомениците, е сега веќе незнаеме за што служат.
     
    На Lolo5 и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  17. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Еве вака едно општо прашање. Ако сите вас тука ич не ви чуе уво за државата,од каде очекувате државата да и чуе за вас?
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    да си ми жива, тоа се обидувам да го кажам, како државата за нас така и ние за неа
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    Tука воопшто не се работи за патриотизам или себичност.Oваа е многу сериозна и опширна тема,многу фактори се во прашање и само човек без мозок би го подржувал ова и би го прифатил така здраво за готово ај за да си ја сочуваме државата за да ни се зголеми наталитетот да стапуваме во брак без да размислиш со кого,без да си психофизички спремен за тоа,ниту финансиски,да раѓаме деца без притоа да помислиме како ке ги израснеме во кои услови и какви личности ке бидат кога ке пораснат само да се множиме и немаме гајле каква ни е државата,какви услови имаме и каква иднина ги чека тие деца ниту во какви личности ке пораснат битно да сме на број абе глупост.Aј подобро да си ќутам да не отварам уста да не навредам некој
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    нит ја сакам нит ми значи нешто со сум македонка туку сум се нашла тука и тука живеам ако сака и тангузија нека се вика и јас тангузијка само кажав и пак ке кажам здрави живи најадено облечени и цела фамилија заедно
     
    На SuperGirl24 и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.