Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ТМРО: Данок за ергените над 35 години и момите над 30 години

Дискусија во 'Политика и настани' започната од discofilman, 4 ноември 2012.

  1. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Еве ги податоците на државниот завод за статистика за 2011 година:

    2011
    родени Македонци 11554
    умрени Македонци 14409

    родени Албанци 7727
    умрени Албанци 3198

    Ромите со најголем природен прираст, а Турците и Босанците некаде на средина, но далеку подобар од Македонците, Србите, Власите.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    И јас си ја сакам државата, па до толку што сум ја проанализирала нејзината античка историја за да го видам потеклото наше, територијално итн.Но, реалноста е друга, дали и колкава е вработеноста кај нас? Дали човек ќе преживее ако не работи, па дури и да е премногу образован? Како нашата држава некој ја води?Тоилку работи се изменети во нашава држава, да патриотизмот не е она што ќе не спаси.Проблемот е вработеноста, а следствено на тоа наталитетот и се останато.Еве и да го спроведат законот да речеме, што фајде, ко ќе се плаќа, а нема да се зголемува наталитетот.Која е разликата? Пари? Па и онака до сега се од нив е отидено во државава, преку еден куп работи кои секојдневно слушам за истите, а згора на тоа и проектот за спомениците, кој и те како е катастрофален сам по себе, од секаква гледна точка.Америка? Америка е моќна, американците нормално дека ќе си ја сакаат државата и ќе имаат еден куп деца, кога за истите им е се обезбедено.Точно знам за она што ја збиднало Македонија, како, што и зошто.Тука проблемот е друг.Ако толку веќе им стало за тоа зошто наши бегаат од тука, истите нека ги вратат и нека им обезбедат се, па дали тогаш ќе има пад на наталитетот.Што фајде би имала, што јас ја сакам државава, имам патриотизам во себе, но тоа не е доволно за да се прехранам, ако немам каде да работам и ред други работи кои сами по себе се надоврзуваат.А зошто нашата држава би се распаднала, ако дојде до тоа, тогаш проблемот е сосем трет.А впрочем има ли човек што не си ја сака државата, местото од каде потекнува? Одговрот го кажав погоре.Од небо, не паѓаат пари итн.Прво што треба да направат, треба на правилен начин да ја водат државата, а потоа да се воведуваат закони, истите да се спроведуваат.Патриотизмот, значењето да ја сакаш сопствената држава, е да им овозможиш на тие што живеат во неа услови за живот, ако истите ги нема, ништо ама апсолутно ништо не ги задржува луѓето во сопствената држава, да си заминат од неа и само на таков начин може да се намали наталитот.
     
    На Lolo5 и ilipili им се допаѓа ова.
  3. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    да де ...а за разведените и премажените дупла такса....една од жените рече „зарем не е доволна казна за разведените што им пропаднал бракот“ па и уште такси треба да плаќаме..мислам.... :fubar: :x
    не е проблем.....алиментацијата ќе ја пуштам на име „DANOK ZA RAZVEDENI“........мислам свашта :swear:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Валерија како прво пристапот према сите тука ти е крајно безобразен и на сите сакаш да солиш памет оти си изгуглала неколку статистики :^) Од каде ти тоа дека јас не сум запознаена од ракав си гледаш :?:
    Колективизмот умре со социјализмот драга, а и гледам овде сите ги правиш дека не сакаат да бидат мајки , за мене мајчинството е најголем благослов но колку деца ке родам е лично право , и кој кога ке се мажи истотака, ти тука се најде најпаметна нели :D и верувам дека 90% од жените кога би имале човек што го сакат, егзистенција и завршено образование би се мажеле без проблем . А јас па не знам жена што животна цел и е да скока од кревет на кревет сите посакуваме брак и среќно семејство.. а кога ке се случи тоа никој не може да го наметнува...А најголем факотор зошто младите го одложуваат бракот е немањето егзистенија ако владата сака да стимулира наталитет тогаш вработување за младите а не пензионерите да ги држат на работа до 65 ...
     
    На Lolo5, tessie, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Албанија моќна ли држава е, па сите Албанци ја сакаат и ценат?Албанците ништо не ги задржа во Албанија, Косово и Македонија, но сите помагаат и праќаат пари на своите семејства, исклучиво се мешаат само меѓу себе, се почитуваат, се вреднуваат.Ние тоа го немаме баш затоа што така размислуваме.Во Америка најголем наталитет имаат Црнците и Латино Американците, а најмал белците.Белците во Америка се убедливо класи и класи побогати од другите, а имаат најслаб наталитет.Значи уште еден доказ дека економијата не игра баш клучна улога во наталитетот.Ако беше така тогаш белците ќе имаа најголем наталитет.Исто и со Шведска, Данска, Норвешка, Британија :)

    Јас никаде не кажав дека законот е перфектен и убав, но веќе крајно време да се освестиме од сонот во којшто сме западнале.Во природата секогаш јакиот го гази слабиот.Така било и така ќе биде, а во случајот моментално ние сме слабите и самата си свесна дека секојднено не газат на секое поле.Ако некогаш се лажеме дека ќе живееме во мир тогаш тоа е нашата најголема заблуда во животот.Проектот за формирање трета албанска држава се работи 24/7 од страна на сите Албанци и на добар пат се да ја остварат.Ние им го дозволивме истотото.Јас сум комуницирала и со Хрвати и со Срби и истото ми го кажуваат сите“ ако не им враќате на Албанците со ист реципроцитет во деца ќе ве згазат до дното“.Србите ја добија својата лекција во тоа, а ние очигледно не ја научивме од нив :) Мило ми е што си ја прочитала и научила историјата на Македонија.Има што да се научи од нас и тоа како.Сме дале многу корисни работи и нема потреба да се срамиме од самите себе и да се плукаме без разлика колку некои членови тука од форумот не убедуваат во истото.Нив нека им служи на чест :)
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А ти од ТМРО си?
     
    На Lolo5 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Не сум од никоја партија, али не сум глупа, идиферентна и зачмаена да незнам што се случува околу мене секој ден.Тоа го гледам секојдневно со очи.Хоророт тепање Македонци низ автобуси два месеци и убиствата на Смилковско езеро не ни беа доволни изгледа да се разбудиме од сонот очигледно.Такви сме ние, научени сме да не гази кој стигне :)
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Е вака сега. Ако некој не се согласува со тебе не значи дека те смета за глупава.
    Ако еднаш ни ги изнесе статистичките податоци, не сме глупи ги прочитавме.
    Баш ми е кеиф што се појави на форумов во право време, кога се отвори темава, зошто гледам ништо друго не те интересира.

    Знаеш Валериа, од такво пуфкање ми е преку глава. Македонците вака, Албанците онака.
    Ти ли ќе кажеш кој колку си ја сака државата?
    Алергична сум на оваа тема, а знаеш зошто? Додека мм беше на сите фронтови, во војната која сега се нарекува немири, оние што смо пуфкаа и ширеа демагогии сега се најголеми патриоти.
    Сите исполапаа државни станови и функции, а сега немаат муда ни да го донесат законот за бранители. Не ти личи на игра ова со амандманиве на ДУИ? Мислиш сами си играат?
    Ех помина времето кога во тие приказни верувавме.

    Па и ваквиве квази закони се одвлекување на вниманието на јавноста. Шијем ти га Џуро што може некој да ми нареди кога да се мажам.

    Него, па не си мала, што не почнеш со раѓање деца кога веќе болна тема ти е наталитетот?
     
    На Lolo5, tessie, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Kако прво нас не гази државното уредување,не газат тие кој ја водат политиката во државава до сега и за овој проблем со албанците нема да не спаси порастот на наталитетот и да останеме мнозинство пак ќе го имаме тој проблем.Mногу работи во државава треба да се сменат за да имаме светла иднина да беше само проблемот со наталитетот лесно ќе биде ама не е многу работи во нашата земја треба да се сменат и подобрат за да имаме подобар живот,просперитет и за да го решиме проблемот со албанците како што реков погоре ова е комплицирана тема
     
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Проблемот со Албанците никогаш нема да биде решен, затоа што тие ниту ја сакаат Македонија, ниту ја сметаат за своја држава, а ниту планираат да живеат во неа.Тоа е очигледно.Помни ми го зборот дека Албанците ќе спремаат нова војна за максиум 7-8 години.Го чекаат само вистинскиот момент.

    Горе-доле се согласувам со тебе, но колку нас помалку не има Македонците, а нив повеќе ги има толку повеќе се намалува нашето влијание во државата.Албанците некогаш беа само 12% од државата , а ние им дозволивме да станат скоро 30%.Веќе никој неможе да ги сопре во федерализација и отцепување на Македонија.Доцна е веќе за нас :)
     
  11. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Eпа кога живееме во таква држава,со таква политика со такви услови кога се се одвива во погрешна насока на младите не им се остава можност и желба да живеат во такви услови па уште и да раѓаат многу деца за да се зголеми наталитетот.
    Mногу работи треба да се сменат и треба политичарите да работат на вистинските проблеми и квалитетно да ја водат државата а не да не поттикнуваат со глупави кампањи и со мешање во интимните работи и одлуки на секој поединец
    E ако ни цвета се во државата,ако имаме добро политичко уредување,ако ни цвета економијата ако имаме сите можности за работа и просперитет и услови за добар живот итн и ако тогаш несакаме да раѓаме па ај да ни воведуваат вакви закони и даноци ама сега во оваа ситуација такво нешто е дебилизам
    A и бракот и раѓањето деца не е нешто што треба да се наметнува и ограничува со возраст и закон ,секој има свои замисли за животот,а и тоа е сериозна одлука прво треба да си самиот изграден како личност,да си доволно зрел и психички спремен за таква голема одговорност,па треба да си колку толку финансиски стабилен и што е најважно да ја најдеш вистинската личност не е тоа играчка ама во последно време така се сфаќа и затоа има многу разводи,многу несреќни бракови и нестабилни деца кои произлегуваат од такви бракови
     
    На Lolo5 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Тоа што државата ни е пропадната не е крива владата,туку народот. Што очекувате бре,магично од држава во транзиција,која е 70 посто приватизирана да добиете пи*ку матер покачување на плати? Ромите ги заболе пемпелето за државата,Албанците такуѓере,си праат деца и ич не им чуе за влада,за плати,за светска економија и за мрестење на фоките на Северен Пол,само ние се најдовме најпаметни да делиме правда и постојано да мрчиме како ништо не ни е по кејф од владеењето само за да не мрднеме со прст. Државата не е владата,државата сте ВИЕ како граѓани,ама кога вашето мислење не стигнало подалеку од маалски муабети,причи на фејсбук и форуми и мрчење пред ТВ,не очекувајте ни да се промени нешто. Немало работа,жити мајка. Па ќе нема работа кога младиве и стариве седат и само кукаат а ништо не сакаат да работат. Ако мрднете вие со прст подалеку може и ќе тргнеме во некоја насока.
     
    На Fallin-ForHisSmile и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  13. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Tреба прво да помрднат со прст тие кои ја водат државата зошто за тоа се избрани за тоа народот ги избрал и не само сегашнава влада туку и сите предходни не мрдале со прст сите се исти
     
    На Lolo5 и Filiposka им се допаѓа ова.
  14. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Они мрднале многу повеќе од тоа што народот гледа,ќе видеше многу повеќе да не беше потонат во своето вечно незадоволство и мрза. Премногу сме песимисти за да видиме,навикнати сме на мизерија.
     
  15. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Tи очигледно не си песимист пошто партиската книшка ти прави да не ја гледаш мизеријата и ај чао си ги кажав моите ставови во врска со конкретната тема и не мислам да се расправам за политика повеќе
    секој си има право на свое мислење и гледање на работите а ако некој има различно од твоето не значи дека нема поима од ништо точно е дека некои работи и проблеми не зависат само од политичарите туку од многу други работи ама тоа е друга тема,овде се зборува за конкретниот проблем а тој не се решава со глупави закони,даноци и кампањи
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Така е.у право си. Ја иам партиска книшка само затоа што имам мислење различно од мнозинството. Супер,одлична си во донесување на заклучоци. Ај пријатно.
     
  17. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    исто и ти незначи дека ако некој поинаку ја гледа реалноста и има поинакво мислење од тебе дека кажува маалски муабети од фб и дека само мрчи по форуми па истото го правиш и ти ако ти е се супер оди живеј си поинаку што бараш да мрчиш на женски форум
     
  18. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Kaко што ќе заповедате,Ваше Височество.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    22.321
    Пол:
    Женски
    Абе шо ве глеам така испосекирани? :D Донесен е законот? Не е. Имаше дури и негативна реакција и од партиите. ВМРО-ДПМНЕ, НСДП и ЛДП веќе имаат дадено свој (негативен) коментар во врска со законот така што не верувам дека ќе се изгласа. Само да се туфкало значи... Не дека лично сум засегната, дури и да се донесе, на моја и на штета на мм нема да биде во секој случај...

    Еве линк
    Партиите категорично го отфрлаат предлогот немажените и неженетите да плаќаат данок

    Само некои работи не ми се јасни :lol: Пример, ако некој сака да си го изневери сопружникот, како бре ќе може тоа туку така да се открие па да се плаќа данок за тоа...:lol: Власта ако треба да почне да се замара со тоа кој кого изневерува, ќе забатали многу други поважни работи и позначајни проекти...

    Друго, вонбрачна заедница...како ли тоа ќе може да се докаже па да плаќаат казни :lol:

    Искрено, ме шокираше едно мислење од погоре, демек тие што се слободни и напредуваат во кариерата над 30тата, по автоматизам имаат желба само да скокаат од кревет на кревет... :headbang: а нема случаи на млади мажени жени кои после им текнува дека не искусиле се` што сакаат од животот и...пак...скокаат од кревет на кревет? Демек тоа ливчето од матично магично ја врзува и најголемата љубовџика само за еден кревет...муабетов не да нема смисла и да не држи, тоа е страшно...и да скокаат, се` додека не уништуваат едно семејство, не прават ништо лошо и креветите во кои легнуваат треба најмалку да се работа и тема на размислување на другите.

    Ама тоа е, се` додека постојат луѓе со вакви размислувања, ќе си се враќаме векови и векови наназад...и како и секогаш ќе ја кривиме власта, а нема ни да ни` текне вината во самите нас да си ја побараме.

    Како велат старите, не треба да се предизвикува судбината, на кого кога ќе му дојде среќата, тогаш. А тие што се надградуваат себеси во кариерата и слично, нормално ќе имаат и повисоки критериуми во изборот, a повисоки критериуми значи и стеснет избор и повеќе чекање (нормално, не им треба некој кој комплексот на пониска вредност ќе го лечи малтретирајќи ги нив и нивните деца, ама, еј :!: битно е дека склучиле брак у договорениот рок).
     
    На Lolo5 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Тој процент не скокна само од раст на наталитет туку и од 150000те илјади македонски државјанства дадени на косовски албанци од страна на Бранко Црвенковски во 1994 кога коалицијата се викаше Сојузот за Македонија за да можат да ги добијат тогашните парламентарни избори со помош на тие гласачи.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.