Таа СЛАТКА мала VS. ЈАС

Дискусија во 'Разделби' започната од GeorGinnA, 21 октомври 2010.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.996
    ...Додека разгледував по темиве,се потсетив на еден настан што искрено тогаш кога ми се случи ми го затресе целото тло под нозе и ми урна еден прекрасен свет кој мислев го градам за двајца,за мене и за него за на крај да сватам дека ни сама не сакам да бидам таму.

    Бевме во врска некој извесен период,јас мала зелена и заљубена до уши,а со вниманието кое го добивав од него,сите тие прекрасни моменти поминати заедно,бев сигурна дека имам фидбек...

    Е така де...јас само си мислев,а се испостави дека не е така кога на сцена се појави ТАА.Згодна,убава ,со едно невино фациче .Најпрво демек беше другарка за на крај да излезе дека е новата девојка.Не ми беше ни другарка,ни братучетка ни сестра да се секира за мене дали јас ке патам или не,ама беше девојка која знаеше дека тој дечко има девојка и како жена би требало да знае колку боли неверството.Абе убаво си рекол некој за танго се потребни двајца,значи не го правдам ни него со сила никој не го натерал ништо.Можеби не сум некоја убавица,но сепак сум симпатична девојка и тогаш сакав да знам ако не ме сакал зошто не ми раскина па да си продолжи со животот,зошто имаше потреба од сите тие лаги и измислици за на крај да ме згази.Исто си се прашував како може да се мешаш во нечија врска и да се дрзнуваш да растураш нешто,да правиш некому нешто што сигурно не сакаш да ти го прават тебе?....Еееее тоа беше и помина,ама сепак тие прашања остануваат бидејки сум сигурна дека многу девојки прошле низ некоја слична ситуација...Кој е кривецот за таков крај? Има ли потреба од такви нечесни игри?Нели искреноста и отворениот разговор треба да бидат најважни во една врска?Што е тоа што доведува до такви ситуации?...Ајде девојки ,повеке глави се поумни од една:)
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.615
    Значи проблемот е што тој си нашол девојка, па и тоа убава или проблемот е тоа што го сакаш, а сте разделени, неможам да сфатам .

    Како и да е, нема потреба тука од конфузии во твојата глава. Тој те повредил, отишол со друга, значи не е вреден. А дали вреди да се нервираш за некој кој те повредил? Не! Место да се прашуваш зошто е тоа така, почни си нов живот,најди со нов живот, отвори нови познанства и нив заборави ги!

    Тоа е тоа, таков е животот, еден ден ќе бидеш среќна, друг ден малер ќе те бие и некој ќе ти го одзеде најмилото. Али и тоа милото, да било паметно и разумно би се запрашал. Негативните личности, во твојот живот, кои ти создаваат болка и непријатности сами ќе се оделат и покажат-тие не ти требаат.
     
    На GeorGinnA и teddybear им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.137
    Женските солзи не ги заслужува ни еден маж а тој што ги заслужува нема никогаш да ги види.
    Претпоставувам дека лошо си го проценила дечкото, јбг ама да, љубовта е слепа. На оваа љубовна шлаканица треба да го завртиш и другиот образ и да бидеш појака и поиздржлива за да побезболно го претрпиш следниот бол (не во буквална смисла дека пак ке бидеш повредена). Животот е таков, успони и падови додека коцките не се сложат.
    Понекогаш сме наивни а понекогаш и слепи...
    Не треба да очајуваш и да се замараш со минатото туку здраво и сигурно да газиш кон иднината.
     
    На nice-girl, TeddyGrey и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  4. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Не паѓај ниско не дозволувај тој да го забележи тоа . На место да седиш и да тагуваш дома , облечи се дотерај се и оди на прошетка флертувај со други (па на крај краева не е само тој) , ти ништо не си загубила тој загубил, ќе го свати тоа еден ден но касно ќе биде . Ти посакувам се најдобро и да најдеш некој што вистински ќе те сака и поштува :*
     
    На vesevska и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Тоа што е она згодна и убава нема никаква врска со неговата љубов кон тебе, Ако била вистинска љубов и Анџелина Џоли нема да може да ти ја земе. Типов едноставно не те сакал доволно. Не заслужува да се нервираш за некој кој заминал со друга. Оној кој вистински сака никогаш нема да те остави. Наместо да се мачиш и размислуваш зошто како и оти, тоа време посвети си го себе си. Уживај, животот е краток за да си ја мачиш главата со некој кој не заслужува. :*
     
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Интересно,мислам дека георгина само се потсети на овој за нејзе немил настан па поттикна дискусија но не бара совет за конкретната ситуација нели?Ајде јас сакам така да го сфатам постот :D па да си напишам мислење за оваа тема.Истото ми се случи,не бев мн мала не бев мн зелена сепак млада уште сум млада :) но сега да се случеше ќе играв поинаку,Најпрво се чудам на тие девојки што се мешаат во туѓа врска,тргам од себе па мене би ми се направило фуј од веќе зафатен дечко,сите сме биле повредени нема таква што не сретнала некој плејер да и скрши срце барем повеќето,па убаво би било да се потсетиме на болката пред да влеземе во таква нечесна игра со зафатен дечко чија девојка би патела.Дечкото е крив,па и повеќе но таа девојка која свесно се впушта во нешто такво за мене е само празноглава очајна глупача или се забавува само, плитка е или е мн очајна осамена или и е интересно да превзема нешто туѓо...Како и да е чувството да си изневерен е убиствено до крај таква болка на никој не посакувам..позз
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.007
    Ахх.. тие невини фацички што дури и ке се жртвуваат за тебе колку да ти се направат другарка -.-''
     
    На Gjavolce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. shorty

    shorty Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    А испадна дека јас сум се мешала во нечија врска, иако немав поим дека постои таа другата. Ме лажеле, ме лажеле, за на крај да испадне дека бил со некоја друга во многу подолга врска отколку со мене, иако и тоа не беше кратко. И сега јас сум таа што се мешала во нечија врска, ни крива, ни должна. А тоа е нешто што секогаш најмногу сум го мразела. А најлошото е тоа што него се уште не го мразам, и колку подолго време поминува, се повеќе ми недостига. А неа не можам ништо да и замерам, и неа ја лажеле како и мене, само не знам дали и таа била доволно глупава како што сега јас заклучувам дека сум, за да може да му прости. Ми се виде темата како прикладна за ова.
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.849
    Е такви машки треба да се истребат !!! :@
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.996
    Токму така ;)
     
  11. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    388
    Дали има потреба од такви нечесни игри? Секако дека нема,но ете се случува.А кој е кривецот во оваа ситуација? Па тој е кривецот,како што кажа за танго се потребни двајца.Знам дека воопшто не е лесно,но ете се случило,па нели подобро сега отколку покасно.
    Таа слатка,мала ете му го привлекла вниманието,можеби некогаш ќе свати дека погрешил зошто девојки секогаш не е се во убавината.Има и други многу поважни работи.
    Нели искреноста и отворениот разговор треба да бидат најважни во една врска? Да треба да бидат,но секогаш не се.Денес малку се ценат,всушност тие ја бараат од нас искреноста и верноста а колку тие ја практукваат?Прават филмчиња де ова-де она и на крај оппп се појавува некоја така слатка мала и збудалува.Хормоните до небо,паметот не функционира значи повеќе мисли со другата глава како што се вели. Па незнам што да кажам човек неможе секој да сака.Можеби некој и да е најубав и да е со тебе,но џабе ако нема чуства и емоции.Затоа не се нервирај,уживај во животот,не ти е потребен ниту тој,ниту таа (другарка),едноставно биди таква како што си,биди своја и оригинална ќе најдеш некој кој тоа ќе го знае да го цени и чува.
     
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    928
    Се пронајдов во темава и постот на Георгина. Се гледав јас со дечкото повеќе време. Сите не гледаа заедно долго време дури и пред да бидеме официјално во врска. Една вечер бевме излезени со цело друштво во еден кафич. Разговаравме со него нешто и за сосема глупава работа се закачкавме и тој се налути и седна на другата страна. Јас горделивата си се завртив со грбот и си се зазборував со една другарка. Кога ја гледам малечката од мое маало доаѓа и разговара со него. Не ми падна ништо чудно зашто се дружевме со неа ја знам од дете. После некое време, веќе доцна беше, сите си заминаа и другарка ми реши да си оди и ај си реков да одам да му речам на дечково да си одиме да не се глупирам. И ја гледам неа уште стои со него и кога јас се упатив натаму само ми се насмевна и замина. После тоа се се смени. За една недела се скаравме со него и другиот ден ги гледам заедно. И тогаш се почувствував како најглупавото суштество на светот. И уште па лепотицата таа не зборува со мене си ја врти главата кога ќе ме види, таа се лути :x . Па не го пуштала таа него да ми зборува мене, а ние во исто друштво и ај помина некако. По еден месец му се скара и се фати со другар му. Е така му треба кога не гледаат со кого фаќаат работа :D
     
  13. Monce89

    Monce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    9
    takvi maski postojat i ke postojai...zosto ziveeme vo rasipan svet, svet vo koj gleda sekoj sekogo so nesto da go zfrkne...
    a i posle takva situacija, i 2ra sansa da mu se dade toj pak istoto ke go napravi, go kazuvam od licno iskustvo...
    odeveme 4 godini me izvara ednas na pocetokot, mu prostiv.. i posle 4 godini pak go fativ deka me laze so druga..
    jas mislam deka nisto vo zivotot ne treba da se svati tolku tragicnio, se e minlivo... kako rekle sekoj kraj e nov pocetok...zatoa ne se zamarajte so minatoto, zosto ne znaete sto ve ceka vo idnina :) :) :)
    uzivajte devojki.... sega ni se godinite za toa... ;)
    [mod-kirilica:3db0pmwg][/mod-kirilica:3db0pmwg]
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.030
    Се најдов во улога за малку да расипам врска, можев да го направам тоа со еден потег.
    Тој ми беше дечко едно 6 месеци (кога бев раскината со бившиот дечко што многу го сакав) бев со него затоа што совршено си одговаравме, тој многу ме сакаше, а мене ми годеше тоа но за жал не успеав да го засакам како бившиот. Одкако раскинав со него се смирив пак со бившиот дечко, но премногу ми фалеше, тоа сепак не беше љубов ми фалеше вниманието со кое ме опсипуваше што не го добивав од претходниот.
    Една вечер му се јавив и се видовме следуваа бакнежи, потоа се покајав за тоа затоа што тој веќе имаше фатено девојка и беа заедно неколку месеци, а знаев дека не ја сака како мене.
    По некое време тој ме побара, а јас му реков дека несакам ништо со него дека само сум се зезала кога му се јавив(очајно ми требаше но несакав да му ја расипам врската, затоа што со мене пак би бил на несигурно, јас не бев вљубено во него, додека девојка му најверојатно го сакаше). Тоа беше тоа, спушти слушалка. По 2 дена дознав дека раскинал со девојката тогаш кога ми се јави, а јас направив огромна грешка повторно го повредив, а незнаев дека раскинал со девојката, најверојатно поради мене. Добро, немав лице да му се јавам пак, само видов дека по неколку дена пак се смири со девојката. Сега е сеуште со неа, јас сум таа која е сама и во последно време многу мислам на него и како незнаев да го чувам тоа што тој го правеше за мене, сфатив дека не вредеше да го оставам. ЈБГ се дешава.
    Малце забегав со муабетов, сакам да кажам дека сум среќна што се ставив во кожа на девојката и не му ја расипав врската, се надевам дека сега е среќен.
    Има многу девојки кои не заради љубов туку заради обичен каприц расипуваат врски, се упикуваат во врска итн... среќна сум што не сум една од нив.
     
    На Bibko и puflaa им се допаѓа ова.
  15. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    21
    И јас сум се нашча во ситуација да растурам врска. Со дечкото идевме и имавме убава врска , многу убави моменти заедно.. но ете заврши пред година дена. После следниот месец тој фати нова и мене ми беше премногу тешко, се обидував на сите начини да го заборавам, но тој ме бараше, ми велеше дека кога ме гледа мене доаѓа во искушение да бидеме пак заедно и сите тие работи, дека сеуште не ме заборавил, но мене иако ме болеше, сепак му реков не, готово е, нашето заврши, нема никави искушенија и глупости, јас продолжив со животот (иако немаше врска, јас премногу го сакав сеуште), ти биди со неа.
    Можеби тоа го направив и за да се заштитам самата, бидејќи нашето заврши поради негови неверства, но и бидејќи знаев како ми беше мене и не сакав да и се слуши истото и на тоа девојче и не сакав да бидам негативец во приказната.
    Сега со тек на времето сфатив кој всушност бил вистински во мојот живот, но тоа е сосема друга приказна...
    Само сакав да кажам дека навистина после тоа иако многу го сакав, бев среќна поради тоа што цврсто успеав да останам на своето и да не ја расипам таа врска..
    Поздрав :) :*
     
  16. Gjavolce

    Gjavolce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Ееееее под ист покрив сум со такваааа (цимерката)!!! Какво лицемерие еејјј...па то требе оскар да и се додели за глума бре... :drunk:
     
  17. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    499
    Според мене виновни се само маживе. Значи колку и да е некоја згодна, со убав карактер или не знам каква, ако тој има девојка, а не ја сака девојката можи фино лепо да и објасни дека сака да прекинат, па после глава нека крши со која што сака. А мене стварно ме чудат девојки што се вмешуваат во врска и формираат нова врска со дечкото-па кога тој ја изневерува девојката со тебе, утре тебе ќе те изневерува со друга.
     
  18. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    60
    па што ако била слатка и убава,може да е убава а да нема ни 2 грама мозок не за џабе рекле памет и убавина не оди..не се потценувајте самите себеси ....после секоја разделба треба да се застане цврсто на земја ..дечкото очигледно дека не ги видел твоите квалитети а сигурна сум дека откако ќе му поминат мувите ќе се врати е тогаш мисли му ја дали ќе сакаш пак да бидеш со него или ќе го баталиш...да простиш на некој значи дека доволно си му се одмаздил :devil: :D
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    570
    хаха :D а замислете таа СЛАТКА МАЛА е на форумов ваша пријателка и ја советувате.. се е можно мал е светов :D :D
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.758