Јас не сум никаков дистрибутер, ниту пак имам некоја корист од компанијава, ги пиев истиве капсули и не ми се случи ништо. Имав сосема спротивни ефекти за разлика од вас, немав апетит, не чувствував никакви тешкотии, баш ослабнав и за чудо после 3 испиени дози крвта ми беше во состојба за која сум можела да сонувам (со оглед на тоа што бев анемична). Порано сум пробувала со секакви препарати, па затоа желудников партали ми беше... едно добри 4-5 години се помирив со фактот дека сум дебелка ... Ги пробав таблетиве одкако ја следев цела ситуација со килажата на мој близок. Единсвено што ми помогнало да намалам тежина беа таблетиве и нормално здраво се хранев. Искрено ми е жал за тоа што ви се случува, тоа е сериозен проблем се работи за здравје и мора да се реши. Контактирајте со нив, пријавете во соодветни институции.
Јас ги пијам капсулите слим лајн софт гел веќе 50 дена... Многу сум среќна што сум ослабната повеќе од 5кг незнам колку точно ама се приметува на мене... Имам пробано секакви диети но без резултати.. Исто така пред некоја година ги пиев апчињата турбо шланк на божен ама крајно сум незадволна од нив наместо да ослабнувам јас се здебелував од нив... Слимот многу ми ги фалеа и си купив и јас и како што кажав пресреќна сум од резултатот. Апетитот скроз ми се намали јадам многу малку обично јаболка за појадок и ручам во 5/6 часот нешто овошје или зеленчук а за вечера немам време ниту пак чувствувам глад... Порано неможев да си го замислам денот без благо а сега воопшто немам каснато 2 месеци веќе ниту пак чувствувам потреба од благо Е сега стварно ме загриживте со нус појавите што ги наведувате т.е. проблемите со крвниот притисок, тахикардиите и сл. Јас исто забележав дека ми е покачен притисокот на 130/90 а мене нормалниот ми е 110/70 Плус срцето никогаш претходно не ми чукало како сега, сега буквално ми чука како на зајак И незнам што да правам дали да престанам да ги пијам или не (со оглед на фактот дека најмалку 20кг треба да ослабнам)... Ако престанам да ги пијам чувствувам дека никогаш нема да ослабнам Сепак се тешам со фактот дека сепак 130/90 не е многу висок притисок ама здравјето е во прашање и стварно незнам што да правам... Може ли некој да ме советува што да правам??? Однапред ви благодарам
Како јас да се читам. Само што мене и циклусот ми го пореметија, депресија ме мавна, главоболки страшни. А со таа марија и јас имав блиска средба како dzevrie !!!Тоа е простотилок на ниво!!!!
И јас се сложувам со вас едно време и дистрибутер бев нарачав два пати и од тогаш крај , истите симптоми ги имав како вас и кога им реков дека нема ефект некаат да слушаат негативни критики абе ајде нашле овци па ке стрижаат ама ете им падна рејтингот скрозззз.
NOT AGAIN!!!! (ќе ве тепаммм само апчиња купувате, се фалите, ми правите лиги ) што пари се??? и колку кг за колку време ослабе? и ако се до 400 денари каде може да се купат?? а ако се над 400 HE HE HE не могу веќе банкрот сум од апове
еј и мене ме интересира каде ги има овие РСИ гледам во асоптиманот нудат и витамини за зацврстување на коса и регулација на шеќер (совршен поклон за мама) ве молам одговорете од каде ги имате набавено
вака сега, што се однесува до овошните влакна ВИ ГАРАНТИРАМ дека нема НИКАКВИ нус појави. Сум пробала све и свашта. Само овие ми делуваа. Кога бев матурантка имав за симињање 15 кила. За 9 месеци ги симнав со помош на овие таблети, не се чудотворни, не се слабее за 1 ден 2 кила. Значи се работи за овошје. Бидејки никој од нас не може да изеде толку многу лимони, помаранџи и цитрони колку што треба зада може да истопи масти, овие апчиња се токму тоа. Сушено овошје. Нема хемикалии, теба да внимаваш што јадеш, не се како се друго " јадеш се а слабеешЌ'. Се пијат 20 мин пред јадење од 3 до 5 таблетки со вода. Ако сакаш можеш и да ги гризеш. Дејствува како да си јадел овошје!!! Малку повеќе се мокри ама не е страшно. Регулира столица. Мајка ми ги пие за тоа веќе години. Не се продаваат по продавници туку преку дистрибутери. Јас лично не работам со тоа но ако има заинтересирани пратете ЛП ќе ви пратам контакт. Цената е на малото паковање од 80 таблетки е 10,22 евра а на големото 240 таблети 28,00 евра. Кој сака нека пише ЛП ќе ви дадам контакт. Цената може да варира затоа што има попусти секој месец. Повторувам не се чудотворни, бараат диета, ама не гладување и немаат хемикалии. Но делуваат!
аууу...па ако се 240 таблетки, а се пие по 3 на секој оброк...Многу брзо ќе се потрошат...Алал да ти е, што не си штедела на пари и си била упорна со апчињава
Е па да. Ослабев тогаш 15 кила ама јас бев малку недисциплинирана па за 14 години пак си ги вратив, можи некое плус. И јас сакав ОДМА да ослабам, па робував све и свашта ама најверјатно пак ќе си ги земам овие. Како што кажав не рекламирам, не терам никој со сила да ги купи, само споделувам мислење со вас на тема слаебење. Инаку јас од оваа фирма пијам секакви витамини. Поскапи се ама квалитетени. Поената ми беше дека за да ослабеш треба ДИЕТА! НЕ може да јадеш торти и да слабееш. Тука мора да има некоја зафрканција и некоја хемикалија.
STO MISLITE ZA SEGA MNOGU AKTUELNIVE SLIM LINE TABLETI.MNOGU LUGE VO MOMENTOV GI PIJAT I ZA EDNA NEDELA PROSTO SE STOPIJA,PO 5 KG ZA EDNA NEDELA.STETNI LI SE,HEMIJA LI E,NEMAS NIKAKOV APETIT.AMA DALI POTOA SE VRAKAAT KILOGRAMITE?
И јас ги пијам капсулите слим лајн софт гел и навистина има резултати. Апетитот ми се намали многу и на почетокот имав проблем со спиењето, но сега се е ок. Но, ако сакаш да не ти се вратат килограмите ТРЕБА и физичка активност!
dieti/slimline-t3529/ Овде имаш споделено доста искуства, прочитај добро има доста негативни коментари.
Ги пијам апчињава веќе една недела ама не сакам да се измерам се додека не ги испијам сите 36 капсули slim line а уште вториот ден почнав да слабеам. Пред да ги пијам апчињата стомакот ми беше цело време надуван а сега конечно можам да речам дека немам таков проблем. На почетокот имав вртоглавици, тахикардија и се јавив веднаш да ми објаснат што се случува и тогаш сватив дека проблемот е во тоа што јас не пиев доволно вода и не јадев ништо освен по една јаболка на ден затоа што немав ама баш воопшто апетит. Ама сега почнав да јадам варени јајца со нешто друго во комбинација за доручек, јадам месо со салата за ручек или тестенини или било што.Колку повеќе јадеш толку повеќе слабееш.
хахахах.....ова истово и мене ми го рекоа. им се јавив и ги прашав зашто имам тахикардија, зашто ме боли глава, и сите тие нус појави како што прочитав дека им се случувале на сите, и као...па девојко ти треба да пиеш многу вода.... а јас пиев по 3л на ден зашто ке умрев колку ми беше сува устата. после па сум требала да се хранам а не ништо да не јадам....а јас јадев како луда, само на почетокот, првите 15 дена немав апетит. и не знаеа да ми одговорат , и ме нападнаа као ја да сум некоја ретарда и не разбирам ништо...демек јас сум имала и друг проблем пред да почнам да ги пијам, што е тотална глупост.....во животов имам поправено само 1 заб, а за друго да не зборувам, освен што имам послаба крв, што ми е наследно од баба ми и мајка ми. е сега стомакот и мене ми беше надуен нон стоп, а со апцињата само првите 15-17 дена ми беше ок, е после тоа почнува хоророт, неможев по 1 недела да одам во вц. и верувај да не беше интернетов и искуствата од другите девојки верувај дека немаше ни да се посомневам дека ми е од нив. незнаеш само колку ги фалев, за што сега искрено се каам и не само што се штетни за физичкото здравје туку се штетни и за психичкото....со тек на време се појавува некоја нервоза, почнуваш погрешно да расудуваш....и што уште не ...што досега од тие што ги пиеле не се ни посомневале дека оваа тн магична таблета го предизвикува. еве оди тука и прочитај ги искуствата на сите досегашни корисници dieti/slimline-t3529/120.html#p328078