Тажни љубовни приказни

Дискусија во 'Разделби' започната од TweetyxP, 31 декември 2012.

  1. TweetyxP

    TweetyxP Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    28
    Еве една тажна љубовна приказна од мене..Во некој мал град се заљубиле двајца млади.Не била обична љубов, туку љубов исполнета со страв да не се разделат, девојката рекла дека не е за него и дека ќе го упропасти..Еден не кога морал да оди , и рекол дека ја сака и дека ќе и пишувал..
    Првото писмо го добила после три дена, во него пишувало дека пати и мисли на неа..
    Второто писмо го добила после месец дена имало многу тага..
    Третото писмо го добила после 3 месеци и пишал дека пати и дека се привикнува на новата средина
    Четвртото писмо го добила после 6 месеци и пишал дека се снашол во новата средина...
    Петтото писмо го добила после 10 месеци и и пишал дека ја заборава и дека ќе ја сака како стара пријателка..
    Шестото писмо го добила после година дена и и пишал за пријателите..
    Седмото писмо стигнало после 18 месеци и и пишал за својата девојка со која излегува..
    Осмото писмо го добила после 2 години и и пишал за својата девојка и се надевал дека и она ќе си најде дечко и ќе биде среќна..
    Деветтото писмо стигнало после 2 години и 9 месеции и пишал за неговата свадба и се надевал дека и она ќе биде среќна..
    Десеттото писмо стигнало после 3 години.. И во него пишувало..
    Опрости ми љубена моја што се убив 2 дена после нашата разделба,овие писма ги пишуваа мојте пријатели за полесно да ме заборавиш.. Те сакам! :worried: ;( :( :|
     
    На EminemsGirl и Samara Morgan им се допаѓа ова.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.737
    Па еве една и од мене,
    но подобро преименувај ја темава во трагични љубовни приказни, оти има ваков сличен наслов,МОЈАТА тажна љубовна приказна -за да нема забуни
    Девојка и момче се возат на мотор.
    Девојката: Немој толку брзо, намали!
    Момчето: Не, супер е.
    Девојката: Не ми е добро, те молам...
    Момчето: Кажи ми дека ме сакаш.
    Девојката: Те сакам и ти тоа добро го знаеш.
    Момчето: Прегрни ме.
    Девојката го прегрнува цврсто...
    Момчето: Извади ја кацигата од мојата глава и стави ја на твојата, те молам.

    СЛЕДНОТО УТРО ВО ВЕСНИЦИТЕ:
    Мотор имаше сообраќајна несреќа, затоа што откажале кочниците.
    На моторот имало две лица. Едното лице загинало, другото преживеало...

    А ВИСТИНАТА Е:
    Момчето на пола пат сватило дека откажале кочниците, но не сакало да и каже на девојката. Затоа за последен пат од неа сакало да ги слушне зборовите ТЕ САКАМ и за последен пат да ја почувствува нејзината прегратка.
    Потоа и рекло да ја стави неговата кацига, затоа што знаело дека таа ќе преживее иако тоа не значело дека тој ке загине...
    ЈА САКАШЕ ПОВЕЌЕ ОД СВОЈОТ ЖИВОТ!!!
    Другиот ден девојката си ги пресекла вените...
    ГО САКАШЕ ПОВЕЌЕ ОД СВОЈОТ ЖИВОТ!!!
     
    На gorde1, LittleGirl626, 95marija95 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.535
    Си била една девојка и била членка на женски форум. Многу го сакала животот, ама форумот го сакала повеќе од него.
    Форумот и девојката делеле вистинска љубов, од зори до самрак. Еден ден, форумот се променил. Форумот се оддалечил и веќе не бил истиот. Почнале да го расипуваат теми за емо булшит приказни.
    Форумот и рекол на девојката: „Твоето членство ништо не ми значи.“
    Девојката со солзи се одлогирала и веднаш потоа си ги исекла вените.
    Умрела.

    Хепиенд и среќна нова.
     
    На Sejfullai, Lolo5, tamche995 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    3.272
    Тажни и вистински љубовни приказни на кои или сме биле сведоци или нас ни се случиле - се сакаат, а не се заедно заради нејзина тврдоглавост, неговото его... На сето ова додадете ИНАТ + ГОРДОСТ !
     
    На Rama и Name им се допаѓа ова.
  5. dame122

    dame122 Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    На 23.08.2016 замина во Лондон мојата сакана..да живее таму и незнам како ке издржам без неа но си ветивме дека безразлика на се,што и да биде,ке продолжиме како и до сега.Јас и така за скоро 2 години треба да заминам во Германија да живеам така да поблиску ке ни биде да може да си доаѓаме на посети,ке се гледаме почесто...уф,тешко е луѓе премногу некој што си сакал да ти замине во странство.Се е онака на брзина,испомешано,ни двете страни несакаат да се разделат ама ете,пустата глупава причина која не тера да си одиме од ова Скопје,не тера да си го замразиме родното место и да си одиме од тука,а со тоа таа причина се обидува да згасне нечија љубов.Не,нема така лесно,бидејки се би направил,макар пешки да тргнам во Лондон и да отидам кај неа да ја гушнам само,да се стутка онака во мене,да збори за некои планови за нас двајцата,да ме држи за рака,да ме бакне...Да знам дека сме заедно,како некогаш...
     
    На tamche995, CrazyGirl15, Bojana.20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.549
    Допаѓања:
    48.079
    Пол:
    Женски
    А овие приказни треба наши вистинити да бидат или измислени?
     
  7. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    12.935
    Пол:
    Женски
    Си било едно девојче со тврд карактер , оштар... Уште како малечка се заљуби во еден .... Но тој беше размазено дете ...имаше све што ке посака .... Си почнале да си одат , да излегуваат ... Детска љубов ?! Хммм... Можеби за некого , таа беше премногу заљубена во него ... Како што поминуваше времето , тој почна да ја вара со други , да не излегува во јавност со неа, туку само кога ке сакаше секс тогаш ја бараше ... поминаа 7 години ... Девојчето се освести иако премногу го сакаше и си правеше филмови дека тој е вистинскиот , и дека за него ке се омажи , таа стави точка на врската . Крај !
    Некогаш ја бараше , идеше низ нејзиното маало со колата , но тАа го игнорираше .... Почна да излегува со друг , па со трет и поминуваа години и години и не успеа никој да и влезе во срцето ... Се додека еден ден доби покана на фејзбук од еден згоден дечко , со најубавите зелени очи што воопшто ги видела , тоа беше љубов на прв поглед преку фб ( ако може така да се каже)...
    Дечкото и пиша прв , онАа леташе во облаци... Така се започна ... Кога и да му ги видеше тие очи она секогаш му велеше "моја срека су та два ока твоја " :)))) Он исто и спушташе ѕвезди ... Романтичар голем .... Кога и да ја гушнеше она се губеше во неговите прегратки .... Она беше сигурна дека тој е човекот на нејзиниот живот ... Тоа и му говореше " Само ТИ и никој друг".... Имаа расправии и периоди ... Правеа паузи .. Тој одеше со други ... ТАа не ! Го чекаше ... Тој се вракаше.. Таа му се лутеше што одеше со други додека правеа паузи, тој и рече со осмех " Куд да кренем теби се врачам поново " .... Она буквално пагаше на неговиот шарм , и со право..беше многу згоден.... Да би бил во Холивуд би бил избран за најзгоден .... Беше совршено со него...поминаа години години.. Дојде еден ладен март...тогаш тој за прв пат беше сериозен и и рече : Јас и ти не сме еден за друг .. Барај си друг ... ! Неа и падна цел свет над неа , ја уништија тие зборови ... Не беше истата.... Се изгуби , но овој пат во очајот ... И идеше да замине некаде и да не се врати ..... Помина време , неколку месеци .. ТАа се смири , но болката во градите НЕ ! ... Разделбата и предизвикуваше физичка болка во градите .... Се до еден ден дознава дека ја верил некоја дроља .... Таа се изгуби тотално .. Она уште го сакаше ! Се прашуваше дали е можно да ја заменил толку брзо за некоја дроља ?? Зарем за дроља???
    Душата ја болеше , ја корнеше , беше беживотна , немаше воља за живот , секој ден помислата ја убиваше нејзината надеж во неа ..Некогаш се будеше сред сон , сред нок и почнуваше да плачи на цел глас... Не можеше да издржи....Се помири ! Но не го заборави !
    И така малечката порасна , но повеке не верува во љубовта....живее сама во самотија... Без љубов...Свати дека лугето се сурови , и кога ке им ја дадеш душата ... Тие и ке те изгорат !

    Крај !!!
     
    Последна измена: 16 септември 2017
    На marlonbrando69, edna_malecka, Milobebence и 4 други им се допаѓа ова.
  8. MrKJ

    MrKJ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Здраво, овде сакам да споделам со вас една приказна. Во делови. Денес девојка ми си замина. По 5 години заедно, 5 преубави години заедно, денес си замина. Си отиде, се спакува. Ме сака премногу, и јас неа ја сакам вистински. Тоа е таа љубов, која што е безусловна, безгранична, безвременска. Баш онаа вистинската!

    Чееекккајјј! Е добро господине КЈ, ако е вистинската тогаш зошто си замина?

    Епа, си замина, затоа што КЈ беше барем една година од тие 5 многу незрел, многу ГЛУП! ГЛУП како труп. Би сакал овде се да ви раскажам. Пост по пост. А интересно е што во исто време и постам. ДАА! Точно. Денес девојка ми ме напушти си ги спакува куферите, немаше доволно зеде и од моите куфери, дури и помогнав да си отиде, и јас еве ме овде седам раскажувам пост по пост за вистинската љубов, додека постам и не јадам!

    Драги читатели мој, доколку ви се допаѓа оваа приказна, како да ја крстиме девојката, за да остане анонимна, ќе ве замолам доколку сакате од публиката да дадете некој предлог. И таа се наѓа тука некаде по форумов златен. : )

    Моментално сум сам, без никој околу мене, фамилијата ме напушти, родители, браќа, се, пријателите исто така, и сега и девојката. : ) Само вие сте драги читатели. ;)
     
    На Prijatelot и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    ????????
    Zasto pa site te napustile???
    Moze Eden covek da te nejke, a ako se toa poise luge znaci problemot e do tebe... Na zalost :(
     
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.104
    Допаѓања:
    35.112
    Пол:
    Женски
    Штом сите те напуштиле значи до тебе е нешто проблемот.
    Можеби си им згрешил нешто?
    Не може така сите да те напуштат, ај да е една личност ок е некако по прифатливо е, ама сите хмм.:^)
     
  11. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    @shz I ja mu go pisav istoto...
    Ili pa si igra majtap :)
     
  12. MrKJ

    MrKJ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Господинот КЈ, моментално е 26 години, а ја запозна вистинската љубов на 21 година. Тоа е многу ретка појава драги мој читатели. На возраст од 21 година да ја најдеш љубовта на својот живот. Тоа е исто како да добиеш на лотарија 10 пати по ред! Ете такви се шансите. И јас имав среќа. Ја најдов, се појави во мојот живот.

    Господинот КЈ, е млад човек, релативно интелигентен, висок метар и 65, со големи огромни зелени очи, лоши заби, убав нос! Ете ви Дескрипшн. Сака јазици, серии, книги, филмови. Завршува новинарство факултет на 22 години. Работи како фриленсер по интернетот. Има потенцијал и желба да биде писател, да истрча маратон, и да стане Инстаграм инфлуенсер. Моментално работи со глуви деца во америка им помага, од дома, преку интернет, а исто така работи со брокертво и инвестирање во Њујорк. Баш оној сонот, работи во Америка, живеј во Македонија.

    Е сега зошто сите те напуштиле а не еден или двајца само? Епа драги мој читатели, форумџии. Значи приказнава ја пишувам, затоа што сметам дека е вредна за пишување, и нетипични работи се вредни за пишување. Кратко за почеток. Родители психопати/социопати тешки. Еден брат исто така психопат. И другиот брат си живееме, но е во Америка одалечен илјадници километри и временски зони. Господинот КЈ по природа е интроверт, и не сака многу да се меша помеѓу луѓе, а со тие кои се мешаше најголем дел си заминаа странство или родија деца и други обврски поради кој имат сменето живеалиште, начин на живот или некоја трета работа. И од пријателите со некои мал број скаран.

    Бацкграунд за карактерот КЈ претходните 2 параграфи.

    Инаку во порака добив идеа за име на женскиот карактер во оваа приказна(Alondra), која што модераторите ми ја ставија во тажни љубовни приказни, иако воведот излгеда тажно крајот незнаеме дали е тажен. : )

    Значи господинот КЈ и Алондра!
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.560
    Допаѓања:
    133.883
    Модераторот т.е јас, сметав дека нема потреба од нова тема.
    Секој од нас си има по некоја тажна или среќна љубовна приказна, ако сите отвориме тема, каде е крајот.
    Ако има среќен крај, ќе ти ја префрлам приказната во соодветна тема ;)
     
    На Milobebence, cresa-jagoda и Independiente им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.445
    Пол:
    Женски

    осеќам интересна комедија..само да земама пуканки..Браво за темава, доста ми е од секс:D
     
    На Dadusicka, Milobebence, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    772
    Допаѓања:
    1.539
    Пол:
    Женски
    Читатели бе (facepalm)
    Потенцијален писателу мајтап играш тука или вистина си толкава дилајла? :x
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    3.398
    Пол:
    Женски

    Јас дадов предлог за женскиот лик,инсиприрана од филмот Алондра:inlove:
     
    Последна измена: 4 ноември 2018
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.445
    Пол:
    Женски
    Браво...едвај чекам да почне претставата..ама касните.

    Убаво име...Алондра..хмм.:)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MrKJ

    MrKJ Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Машки
    Ќе продолжам со крајот, денес, недела. Па ќе стигнеме и назад до почетокот. Живеевме заедно(се до денес). Јас како и обично станувам рано околу 7-8 часот. Алондра најчесто спие до доста покасно, најверојатно затоа што е премногу убава, и, и е потребен Бјути Слип. Во станот кај што седиме, во Штип, имаме 3 соби. Една ми е просторија со компјутер од каде што си работам. Слушам некои звуци околу 8. Јас пред компјутерот, се чудам од кај вака рано наутро звуци, обично е многу потивко.

    Станувам излегувам од работната соба, и ја гледам Алондра прави кафе. KJ: Си станала рано? Никогаш не престануваш да ме зачудуваш. (рандом муабет)

    Невообичаено, како што се разбуди рано, така невообичаено продолжи и денот.

    Го испивме кафето, јас се вратив на компјутерот да си довршам некои обврски.

    Алондра ме повика, во дневната соба, која што зимно време ја користиме и како спална, за да заштедиме на струја. Одам и седнувам на креветот. И ми вели.

    Алондра: КЈ, треба да разговараме. Пак!

    Ова кога ми го кажа ми се стемни поради тоа што овие разговори ги имавме одреден период, за случки којшто нема да ви кажувам сега.

    КЈ: Ох, ок. Ок. Ајде. Кажи. За што сакаш да разговараме?

    Алондра: КЈ, јас ќе почнам да се пакувам и си заминувам. Си одам.

    КЈ: Си одиш а? Епа, ок. Добро. Неможам да ти забранам да си одиш. Ако си одлучила да си одиш, неможам да те сопрам. Но зошто ќе си одиш?

    Алондра: Неможам. Неможам веќе вака да живеам. Не сме среќни, неможеме да го решиме тој проблем, дадовме време, поминаа 4 месеци, и сеуште неможам да заборавам се што се случи. Се чувстувам како да сум надвор од своето тело, се чуствувам сама.

    КЈ: Во ред. Кога, Каде ќе одиш?

    Алондра: Па ќе отидам кај сестра ми денес, и ќе почнам да си барам сопствен стан.

    КЈ: Океј. Значи си одиш, готово е крај?

    Алондра: Да. Неможам веќе. Те сакам многу. (веќе некое време плаче и ме гушка силно и цврсто)

    КЈ: Океј, ако си одлучила да си одиш, оди си, јас те сакам тебе што и да одлучиш ќе го почитувам тоа.

    Алондра: (почнува повеќе да плаче, да ме гушка посилно, поцврсто) И јас тебе те сакам, заљубена сум во тебе, премногу те сакам. Но го имаме тој проблем, и неможам да спијам мирно, да сум среќна.

    (Алондра почнува да се пакува, спакува колку што можеше во нејните куфери)

    Алондра: Немам веќе место во моите куфери.

    КЈ: Ако сакаш ќе ти дадам моите 2 куфери ќе ти биде полесно да се спакуваш

    Алондра: Па да може. Еј чекај, ти должам 800 денари, еве ти 1000ка, врати ми 200.

    (Јас почнувам да барам ситни пари 50ки, 10ки, книжни, железни секакви, и враќам 200 денари, ми дава 1000. Веќе подлго време се пакува. Поминуваат неколку часа.)

    КЈ: Алондра, а стварно сакаш да се иселиш или? Сакаш да бидеш со мене или не?

    Алондра: Па, не, несакам да се иселам. Сакам да бидам со тебе. Те сакам. Но, морам да се иселам, неможам веќе вака. Се потрудивме, и сеуште не се подобри тоа.

    (На КЈ му потекува по некоја солза од време на време)

    Алондра: (плачејки гласно) Немој, не плачи.

    КЈ: Како? Ме сакаш, сакаш да си со мене, убаво ти е со мене, но несакаш да си со мене, сакаш да се иселиш.

    Алондра: (почнува да плаче повеќе) Да те сакам, и сакам да бидам со тебе, но неможам. Ќе си најдеш некоја што ќе е подобра, повеќе ќе ти одговара. Ќе ме заборавиш мене.

    (Алондра се пакува и носи дел од своите работи со такси накај својата сестра. По неколку часа се враќа)

    Алондра: Сакаш да пиеме кафе?

    KJ: Може. Ајде јас ќе сварам ти продолжи да се пакуваш.

    Алондра: Важи.

    (седнуваме на тераса и пиеме кафе по кратка тишина прозборувам)

    КЈ: Шти и кажа на сестра ти?

    Алондра: Ја исплашив, ме праша што се случува, почнав да плачам да се тресам, неможев внуката, бебето да го држам во раце, и реков не ме прашувај што се случува, таа ми рече дека ја плашам.

    КЈ: Океј, но ти ја донесе таа одлука да си одиш, да ме напуштиш.

    Алондра: Да, но те сакам, сакам да сум со тебе. Постојано мислам дали да останам да живееме и да бидеме заедно или не.

    КЈ: И што ќе правиш?

    Алондра: епа ќе се иселам.

    КЈ: ОК:

    (Алондра се пакува, носи пак со такси своите работи накај својата сестра, по неколку часа се враќа. Јас си лежам, размислувам. Влегува во собата кај што лежев, легнува до мене, ме гушка)

    Алондра: Многу те сакам.

    КЈ: И јас тебе. Тогаш зошто си одиш?

    Алондра: Сакам да имам мир.

    KJ: Можеш да бидеш со мене и да имаш мир.

    (Алондра плаче, ме гушка, се гушкаме неколку саати. Веќе станува околу 18 часот)

    КЈ: Ајде оди, веќе е касно.

    Алондра: Ајде поседи уште малку, уште 5 минути да се погушкаме, многу ми е убаво. Те сакам.

    (во овој момент, ме гледа со поглед, како никогаш досега, презаљубена, поглед кој се имаше до неодамна изгубено. Зениците отворени, преголеми, очите силно отворени, плаче, но е заљубена целосно)

    KJ: Ете ова е тоа.

    Алондра: Koe?

    КЈ: Епа вистинска љубов. Во овој момент сега, ме сакаш повеќе од кога било претходно.

    Алондра: (целосно зачудена) Како го знаеше тоа? Кажи ми? Како го знаеше тоа? Како? КАЖИ МИ!

    (По некое време, Алондра станува, ги допакувува последните работи.

    Алондра: Веќе треба да ѕвонам на такси. Да одам.

    КЈ: Ок. Оди.

    (Алондра почнува да ме гушка, не сака да ме напушти. Плаче и ми кажува дека ме сака, и во исто време ми кажува дека сака да е со мене, и ми кажува да си најдам некоја друга)

    Си замина. И еве седнав овде на форумов, да споделам со вас. Таа си замина, без кавга, со плач, и полна со љубов кон мене. Вистинска љубов, која што се гледа во секоја клетка и молекула на двајцата вљубени. И така си отиде. И кажав дека доколку сака може да се врати, кога и да се чувстува дека сака. И таа го потврди тоа, дека доколку ги реши своите психички проблеми кои ја попречуваат да биде со мене, веднаш ќе се врати. Но, не е сигурна дали некогаш ќе ги реши. И кажав дека ќе ја чекам. А додека ја чекам вистинската љубов да ми се врати, ќе си ги пишувам овде приказните мој. Можеби ако ви се допаѓаат, ќе ги споделиме со неа, освен ако не ги најде и види прва таа овде на форумов.

    Тоа ќе ми биде последниот одговор за овој ден. Се читаме пак утре. Можеби, и само можеби, сите вие што седите пред вашите екрани, на телефони, лаптопи компјутери, и ме читате, и ви се допаѓа оваа сторија, можеби ќе можете да помогнете да ја направите од тажна љубовна приказна, во среќна љубовна приказна, со хепили евер афтер.
     
    На macor24, Dust и Juicy им се допаѓа ова.
  19. *Ane*

    *Ane* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    2.191
    Пол:
    Женски
    Mislam deka si dosaden.... :)
    Celo vreme kazuvas deka te saka, ama ke te ostavi... PRICINA???
    STO NEMOZE DA SE POPRAVI???
    ako e tolku golema ljubov moze, ali po se izgleda nesaka
     
    На piksooki, H.VAGA и Amellie13 им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.510
    Допаѓања:
    106.295
    Ако имаш аспирации за писател и бараш "публика" мислам дека треба да конструираш точни реченици од правописен аспект.

    Второ, скокаш да објасниш нешто и наеднаш не кажуваш што објаснуваш, се тоа е малку сувопарно и не задржува внимание. Фрли коска ако сакаш да си пистел и да задоволиш читатели. Сосем е океј да сокриеш детали, да бидиш мистериозен и да не кажиш дел од приказната одма туку покасно, ама не дирек да не се знај шо се случва.

    А вака, за тепање време, на форум, е доста океј, за тој на кој му е интересно. Мене не.

    П.с. Дали КЈ се твои иницијали? Зошто дур читав постојано мислев на КЈ Апа.
     
    На Milobebence и Avery им се допаѓа ова.