Тепање време на форум. : ) КЈ, мои оригинал. Се запознавме на интернет, на Фејсбук, и си правевме муабет можда цела година, можеби повеќе или помалку. Разговаравме за се што може под сонцето. Разговаравме за филмови, за музика, за дечковци, девојки, симпатии. Разговаравме за животот, за случки луди. Јас работев на дипломската работа и си пишував со неа. Истражувачка сторија за дипломска. Јас привршував со факултет, таа започнуваше. Инжињер по компјутерски науки. Обожавач на Господарот на Пристените, Хари Потер и што уште не. Целосен Нерд за научна фантастика и фантазија. Секој има различен поглед на совршенството. Но тоа беше за мене совршенство. Убав, фин карактер. Убава душа, чиста, мирна. Алондра. Големи румени образи, големи зелени очи, убава коса, кожа. Преубава насмевка. Кога те гледа, ти влегува во душата, ти ја чисти, ти го затреперува срцето. Нема ништо вештачко кај Алондра, целосно природна девојка. Ретка појава.
@MrKJ се надевам дека ќе привршиш кај и да е. Стварно без врска е ова.. Ако планираш книга да издаваш, напрај со блог. Нас баш и не не интересира да читаме во 20 делови зошто те откачила
Јас ќе магистрирам, ќе се омажам, на меден месец ќе заминам, деца ќе исчувам а @MrKJ уште ќе е на средиштето на приказнава
Поука : Не се замарајте воопшто околу машкиот пол , зашто ќе дојде време како јас сега да не се сеќавам за кого воопшто сум пишала