babylove овошни кашички

Тактики за освојување на машко?

Дискусија во 'Сингл' започната од CVETENCE, 29 април 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Тактики за освојувајње на машко?

    Абе што ви е на вас тактика каква тактика :) му се приближуваш , му кажуваш отворено дека го сакаш , ако имате положено возачка го киднапираш во кола и некаде на пат луд провод и забава :lol: ... Така му кажав на девојкава пред неколку време и видиш му успеало се врати презадоволна и таа и тој и си гинат во очи :) и тие среќни а среќна и јас што успеа мојот совет и зближив два гулаба, лесни во паметот ама лудо влубени , а не си знаеа како еден до друг... а мене ми досади да ги гледам како играат криенка , па малку до едниот збор , малку до другиот и работата бидна .. е сега чекам нобелова награда и ќе дочекам :lol:Ова беше озбилна а овие двајца демек повозрасни а памет ко деца па морав прсти да замешам јас :!:
    но бајката заврши со среќен крај ...
     
    На srcekrsacka, crazylady, anu666ka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    190
    Тактики за освојувајње на машко?

    zoki-poki баш ми е мило што имаме исти погледи за девојките и сите останати работи поврзани со нив а и за тоа дека треба некој да ги посоветува за да ги насочи на правиот пат. ;)
    Не велам НЕ за тоа дека eнтузијазмот со тек на време се намалува. Многу е нормално тоа... се во свое време, па така и тоа :). Сепак ти веќе си го поминал тој период и најдобро знаеш низ се што си поминал
    А инаку кога сме веќе кај ситуацијата за во библиотека - сеуште не сум дошол до таква ситуација(се надевам дека наскоро ќе има) но сум препознал многу други такви моменти кога незнаејки како да ми се доближат, девојките буквално кружат од околу и бараат начин некако да ти проговорат нешто. :) Тоа е тоа... btw со извинување за одговоров кој е малку закаснет.
    П.С. Се уште им стојам на располагање на сите девојки на кои им е потребен "стручен" совет од машка страна. Поздрав
     
    На akita му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Тактики за освојувајње на машко?

    Ми се допадна што имаме ваков член на фемина како The bunny да видиме како размислуваат машките :D (их камо сите да се како него ...)
    инаку можeби ние девојчињата се плашиме од тоа, ако ние го направиме првиот чекор што ке помислат за нас, дека сме лесни женски и дека тоа можеме да го направиме и со други па да ги заборавиме? :^)
    Па ајде едно машко мислење :)
     
    На srcekrsacka и IndieGirl им се допаѓа ова.
  4. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    190
    Тактики за освојувајње на машко?

    Поласкан сум од ваквиот одговор :$ :$ :) а воедно и баш ме радува тоа што на многу од вас девојките им се допаѓаат моите размислувања.
    Драга anu666ka, според мене во никој случај не би требало да постојат такви размислувања и стереотипи од страна на машките, дека доколку некоја девојка му пријде на некој тип таа е лесна или што знам што друго. Сепак (како што кажав и во претходните размислувања) ова е 21век и едноставно нема ни место ни простор за такво нешто. Никогаш не би можеле само од еден гест(пристап за запознавање) да дознаеме за каква личност се работи или пак кои се нејзините намери, ако не и дадеме шанса да се запознаеме подетално со неа. Тука е најголемта грешка на повеќето. Според мене тоа е изговор или пак може да се рече збунетост од самата ситуација затоа што не пишано правило е машките први да направат чекор. Но времињата одмна се променија така што ништо не е невообичаено и девојките први да го направат “судниот“ чекор(барем според мене).
    Може да се рече е смешно но знам дека некаде прочитав од некое истражување(не можам да се сетам каде) дека таквиот пристап кај машките од страна на женските(први да пријдат) бил во некои случаи одбивен затоа што уште од пра, праисторијата мажите биле секогаш во улога на ЛОВЦИ и главни за обезбедување услови за живот на жените и останатите членови на родот и сега демек тоа е во гените на машките СЕКОГАШ да бидат тие што ќе ловат некого. Па така и сега демек во овие урбани услови се пренело тоа и по некоја вородена навика од тогаш би било за очекување машките да бидат “ловци“ на жените и дека тие (т.е. ние) требало да бидат тие што ќе треба да покренат иницијатива и да се потрудат да ја освојат девојката. :!: :rofl:
    Како и да е ова е друго време и таквиот период уште од МНОООГУ поодамна е поминат па верувај дека има и такви кои би сакале некоја девојка да им пријде прва.Мора малку да бидете похрабри и самоуверени... верувај и во невозможното и ако ништо друго барем испробајте си ја среќата и ВИЕ бидете тие што ќе го направите првиот чекор. Никогаш не се знае, најмалку кога очекувате може среќата да ви се насмевне.
    Па и што и да помислат не е важно. Важно е тоа што имаш желба ако ништо друго барем да го прошириш кругот на луѓето кои ги познаваш и важно е тоа што си либерална по тоа прашање. Ако се толку конзервативни не вреди да си го трошиш времето. Не знам што друго да кажам. Ако имаш некое поконкретно прашање, стојам на располагање. Само напред девојки!!! ;)
     
    На crazylady, akita и julie77 им се допаѓа ова.
  5. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Тактики за освојувајње на машко?

    хехехе :rofl: абе арно ти ке не советуваш(нас девојките)али јас да те посоветувам малку дај отвори една тема на пример: на совет кај The bunny ;) бидејки не одговара темава за сите прашања :D ,а баш кога се понуде би сакала да те прашам оти во катастрофна состојба сум :(
     
  6. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    361
    Тактики за освојувајње на машко?

    Мала, имаш 19 години, не 39! Ти не си видела катастрофална состојба! На 19 машките (како the bunny) уште имаат и време и желба и храброст да се пуштаат на девојки....Е да го имав овој памет а неговите години!!!!
    Него доста кризираш, туку преземи ги работите во свои раце, како што ти вели the bunny!
     
    На utkovski му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheBunny

    TheBunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    190
    Тактики за освојувајње на машко?

    anu666ka најмал проблем е тоа за да отворам тема за совети од машка страна. Еве уште сега ќе го сторам тоа.

    zoki-poki за таквата ситуација има една многу добра изрека: Младоста кога би знаела а староста кога би можела... ;) Инаку се согласувам со твоето мислење за тоа дека треба да се преземат работите во свои раце без разлика каква и да е состојбата и да не се кризира. Сепак мора да почнеме некогаш од нула без разлика за што се работи :)
     
    На akita и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    68.807
    Пол:
    Женски
    Тактики за освојувајње на машко?

    Прво флертувам, насмевка, поглед, ако не упали, ако мисли дека си играм со него, му кажувам дека ми се допаѓа. Не ми е срам на машко да му покажам дека ми се допаѓа. Не секогаш треба тие први да приоѓаат. Иако ова го правам со момци што не ми се допаѓаат многу.
     
  9. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Тактики за освојувајње на машко?

    TheBunny бидејќи неможев да ти ја најдам темата што си ја отворил ...за совет..еве ке те прашам тука..дали на машките им се допаѓаат постари девојчиња..еве на мене ми се допаѓа едно момче што е помал од мене 1годд..ама ми е страв да му пријдам..незнам како ке ме прифате..бидејки е помал од мене...и незнам што да правам..да го заборавам..да не мислам на него веќе или... :|
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Тактики за освојувајње на машко?

    Еве ти ја темата на Зајко singl/soveti-od-maska-strana-za-site-devojki-t3147/
     
  11. Lebedev

    Lebedev Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36
    Тактики за освојувајње на машко?

    Jas sum masko. mene mi trebaat dva-tri pogledi i edna nasmevka. e, stom ja vidam nasmevkata, mestam kosata, gazeto i go vklucuvam pametot, a ne k***t kako sto praat najgolemiot br muski, pa se petljaat neznaat sto da kazat. baska glumec sum, pa ke izvadam par interesni repliki od nekoja uloga so sum ja odigral, i gotovooo... odma si porazlicen od drugite, pa uste ako ja ispostovas na slednite dva - tri sostanoka - imas nova cura garant - inace devojki samo hrabro, obozavam koga nekoja samoinicijativno ke mi se priblizi. e togas epten se trudam da ja osvojam - pozz L
     
    На Mrs.Styels, Name, ivimis и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Lebedev

    Lebedev Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    36
    Тактики за освојувајње на машко?

    i btw ako naletate na mene slucajno nisto ne praime posto imam edno devojce sto si go sakam :D ama zatoa tuka se drugarite, pa ke vi mestam nekoj od niv :D hahaha mala shala ne na izmet... pozz4e L.
     
  13. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    3.112
    Ако не запали мојот ПОГЛЕД од прва - мењам на друг немам време за мафтање
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.070
    Допаѓања:
    6.346
    Пол:
    Женски
    Знаете која е мојата гледна точка, дека СЕ започнува со еден поглед кога очите ќе се спојат како стрелките на часовникот. :o:
    Не би рекла дека е тактика, ама многу е важно девојката да биде своја и да биде тоа што е секогаш.
    Ако во вас ја познае харизмата, ако му дадете "зелено светло" што го викам, ако не тргне во акција, немојте вие да тргнувате по него.
    Сепак не е убаво да бидеш нападна и да не го тргаш погледот од него, ако воопшто е заинтересиран за тебе самиот ќе те побара, некои машки сакаат кога женските "трчаат" по нив и се прават за нив недостапни, па затоа некогаш и погледот " не сум заинтересирана за тебе" може да успее .
    Со тој поглед некои машки уште повеќе се заинтересирани за девојката во која го фрлиле погледот, а не сакаат да им пријдат, а пак некои сосем го губат интересот,сепак мислам дека златна средина е најубаво, всушност очите се прозорци на душата, па затоа еден поглед може да ни каже многу повеќе одколку илјада зборови.
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    3.257
    Пол:
    Женски
    Тактика Топло-Ладно најуспешна! Испробано, докажано, искусено! :) :D
    Прво му даваш до знаење дека се инетересираш, а потоа следи Ignore! ;) Со среќа!
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Хахаха мене тоа некој да ми го направи јас ќе му ставам Block а не Ignore. Па бидејќи не сакам мене ова да ми го прават, ни ја не би го применувала :) Или се интересирам или не, нема лабаво :)
     
    На crazylady, shiningstar, IndieGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Nikolina66

    Nikolina66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ако стоите позади тезата дека всушност не мора да изгледате како божица за да заинтересирате некој...веројатно прелистувајќи ја темава се обидувате да најдете некој (со надеж) поискусен кој би ви помогнал да ја докажете истата. Некои се очајни како мене, со таков карактер што за да некој ви биде дечко мора да ги исполнува вашите критериуми кои лично си сметате дека не се строги, па без разлика на околината не би прифатиле ништо помалку. Од една страна не сакаме дечки кои не привлекле посебно внимание од нас...а од друга 2 години сме немале ни мувач. Звучи проѕирно да, но добрата вест е тоа што проблемот е дека ни се потребни повеќе совети и тактики како би ги добиле тие што ни се допаѓаат :wasntme: Конкретни примери мислам дека се и најкорисни :D
     
  18. Sramezliv

    Sramezliv Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2

    Не се потребни тактики не е фудбал ова....пушташ 2-3 насмевки, ако не ти пријде или не те разбрал добро,или е многу срамежлив (како мене де),или е кретен.Доколку мислиш и тој тебе те шмекнува со поглед обиди се ти да му пријдеш едно здраво како си што си и натаму се ќе си дојде со тек.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.388
    Пол:
    Женски
    леле душичка бе јас мн го сакав тој филм како мала 100х го имам гледано :) тогаш и времињата биле поубави

    Инаку он топик, јас мислам дека нема правила, индивидуално е од дечко до дечко.
     
  20. Nikolina66

    Nikolina66 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Не се потребни тактики не е фудбал ова....пушташ 2-3 насмевки, ако не ти пријде или не те разбрал добро,или е многу срамежлив (како мене де),или е кретен.Доколку мислиш и тој тебе те шмекнува со поглед обиди се ти да му пријдеш едно здраво како си што си и натаму се ќе си дојде со тек.



    Па ова се што го кажа, всишност се тактики.