1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Талент ДА, но можности НЕ

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од guitar, 10 август 2011.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    literatura-i-umetnost/vasi-dela-poezija-ili-proza-t265/730.html

    75 страни,со талентирани луѓе,од некои сум останала :o ,а верувам и многу останале такви од нивните мали дела.

    Искрено,од тебе не останав.

    Вкус ли е,што ли е ?! :?:
     
  2. guitar

    guitar Нов член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    18
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Секој си има вкус, а и секој не се разбира во литертурата, немој да се навредиш но... на моите другарки не им се допаѓаат Шекспир, Спаркс, Горјан Петрески , воопшто не ги сакаат... па не знам до кого е , тие се веке докажани писатели...
    Инаку благодарам. Успехот на еден писател е да прифати комплимент, било позитивен или не... така да.. :)
     
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Талент ДА, Но Можности НЕ

    Па супер е да видиш дека некој има желба да направи нешто, да постигни. Супер е што имаш желба имаш цел и кога тогаш ќе успееш. Арно ама мулти талент имаме тука. Ни самата не знаеш што сакаш да бидиш. Имаш таленти. Не еден, повеќе. Сите ги имаме, ама мора најпрвин да си одлучиш што сакаш да постигниш па да работиш на тоа.

    Велиш не се просперира во Македонија. :) Е не би рекла. Како оние што се успешни тука кај нас успеале ако нема можност??? :^) Странство е мислиш полесно/ Е не е. Секаде треба да работиш, не паѓа од небо. Сите сакаат да си одат од Македонија. Убаво е тоа, ама не е странство само шетање и посета на егзотични места. И ај да не бегам од темата. Ако си ја наредиш може и тука да ти биди многу подобро.

    А зошто велиш дека немаш можности? Имаш талент, желба - ОВИЕ ТИ СЕ НАЈБИТНИ, имаш финансии. Каде гледаш проблем?
    Каде би сакала на пример???

    Совет еден-пред да почнеш да остваруваш нешто мораш да знаеш на каде ќе се движиш и што сакаш да постигниш. Целите ти требаат.

    http://www.ted.com/talks/simon_sinek_ho ... ction.html Рече знаеш англиски. Немој да те залажува насловот од видеото да мислиш дека се однесува само на бизнисмени. Обрни внимание на делот со круговите. И размисли зошто сакаш да почниш со нешто... па натаму :)
    Види си ти самата за да не излези на крајот дека кој многу се фали нешто му фали.

    И верувај ми дека те рабирам. Знаеме сите како е кога сакаш нешто а сите ти велат дека си се 'мрднала'. Јас ти посакувам среќа и да успееш во се што ќе зацрташ понатаму во животот. :D
     
  4. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Да го фати страв човек пред да отвори тема,сите се дурнувате,напаѓате,критикуватете,исмејувате :^)

    Подобро јасно и гласно да зборува за своите квалитети (дури и само таа мисли дека се ) отколку да глуми лажна скромност !
    Гитар премногу си амбициозна,знам дека во Македонија е тешко да се просперира воопшто во нешто,секој гледа можност некаде надвор да се истакне али ако навистина сакаш да напредуваш треба да се определиш за 1 професија.Викаш те бива за глума,пеење,пишување ? Определи се за 1 од овие работи и усоврши се во таа област,едноставно неможе човек да биде одличен во се.
    Ако имаш талент навистина и се трудиш да успееш,верувај дека ке биде работата.А седејќи дома,жалејќи се дека никој не те приметува а всушност никаде се немаш пријавено ништо не правиш.
     
    На guitar, Srekicka и enca.69 им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Нема потреба да се затвора темата, може да се потсредат некои мислења, за да не биде толку напаѓано девојчето. Тема како тема е добра, само малку отиде во погрешен правец.

    Ах, па и јас не би му купила на 14 годишно дете Канон од 25 000. Ништо лично, но еве малку од друга перспектива. Сепак си дете. :?: Не е играчка тоа, ако ти се здосади по некое време, м ? Не викам не, може и стварно ти фаќа окцето добри слики. Ама па и ти, причекај малку.... :D Многу пари се тоа за еден апарат, купи си некој така, добар, но, еве нека биде до кај 10 000. Има бааги солидни апарати за тие пари. Експериментирај со таков некој, се во свое време.

    Не знам што очекувате да направите на 14, 15 години. Револуционарно откритие, нова теза во математиката, топ модел... :?: Пак ќе речам, не се лажете дека НЕКОЈ и некогаш нешто направил, еден прави, милиони не прават. За се има време, не се преоптоварувајте со вакви работи. Мааалку назад во реалноста, молам. ;)
     
    На MacaLove и belieber им се допаѓа ова.
  6. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    82
    имам талент и ме одбија на драмски но незастанав тука продолжив да го развивам својот талент напишав неколку сценарија и што никој несака ни да ги види а камо ли да се обиде нешто да направи од нив сепак не се откажувам од тоа по дипломирањето ќе најдам средства и сам ќе реализирам бар еден проект да видам што ќе биде понатаму
     
  7. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878

    Јас вакви песни во второ одделение пишував.... :D :D

    MacaLove...вкус е душо, се согласувам со тебе :)
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Обрати се во Театра,прв приватен театар кај нас.Млади и интересни луѓе,подготвени за соработка,а колку што знам и не читаат тука и се смешкаат.Поздрав до главната! :D

    Инаку,темава се исцрпи јас мислам...све си е кажано.
     
  9. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    82
    Чичко google неможеше да ми каже каде се наоѓа па дај кажи ми ти
     
  10. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    [/quote]

    Песните се долги..па од секоја по некое стихче ке извадам но од тие на ПЦ што ги имам..
    1.
    Ах, тие розови цветови
    Што ја красеа мојата коса,
    Се вивнуваа кон небото како ангелчиња,
    Ги одврзуваа панделките
    И од нивните косички
    Се разлетуваа најсветлите ѕвездички
    На темното небо.

    Ах, тие ѕвездички
    Кои како светли точки блескаа,
    Како да ставија точка
    на се што беше наше.
    2.

    Патувам по улиците на скршени соништа
    И моите мисли ги обземаат
    Слатките мигови од детството
    Кои веќе не се на мојата дланка.
    Погледни нагоре, ене ги
    Таму горе во небесните височини
    На облакот на незаборав качени,
    Издигнати, возвишени,
    Таму се, таму во таа руменливост,
    Во таа непроменливост,
    Таму каде и што треба да бидат,
    Каде што им е местото,
    Каде што припаѓаат.
    И, јас газам понатаму
    Без да ми одекне чекорот..
    Напоменав дека имам освоено и наградии. но тие епесни иги немам тука..еве чекам коментари за овие неколку стихови..[/quote]
    а да му ги испратиш такозваниве песни на некој од авторите на читанките или за во буквар може ке ти ги прифатат :D дефенитивно до вкусот е како што прочитав погоре :rofl: а да заборавив да кажам и јас идев во хор а врска немав од пеење :lol:
     
  11. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Е имам апарат Sony 12 мегапиксели (сега ќе речеш дека претерувам) али правев споредба на слика од Канон и од мојот и не е тоа тоа сепак Канон е професионален..
    Леле и јас вакви пишував во второ... Гитар мислам дека ако стварно имаш талент не би напишала вакво нешто.. Ај снимај се како пееш и прати ни линк да видиме :)
     
  12. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да почекаш. Не се залетувај веднаш по професионална опрема, од проста причина што едноставно може да ти помине меракот за фотографија. Користи го апаратот што веќе го имаш, научи нешто повеќе за него - дури и со поефтин фотоапарат се вадат задоволителни слики. Научи повеќе, основи на фотографија, правила за композиција и сл. Читај по интернетов ќе најдеш многу добри совети што ќе ти помогнат да се усовршиш во полето на фотографијата. И за крај - мегапикселите на апаратот не го одредуваат квалитетот на фотографијата :)
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Леле ептен го нападнавте девојчето,па она има само 14 год,срамота е,повеќето овде сме возрасни,треба да имаме малце разбирање,во тие години е и мисли дека така лесно се исполнуваат соништата...за жал девојченце не е така.Прво ке треба да слушнеш стручно мислење од стручни лица за твоите таленти,а не сама да си даваш оценка и доколку добиеш добра оценка имаш и кај нас колку-толку шанси за пробивање-Идол,Јас имам таленат(во Белград мислам беше,ама не е далеку) и слични такви аудиции.Второ-нема да биде лошо малку да се спуштиш на земја,овие американскиве филмови ви го исушија мозокот,срека во мое време немаше такви ср*ња.И трета и најбитна работа,ти си уште дете,биди дете,го имаш цел живот пред тебе за да се нервираш за неисполнети соништа и неукажани можности...со среќа ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Прочитај го коментарот на Даки, се согласувам од збор до збор. Една фотографија не зависи којзнае колку од мегапикселите. Имам една другарка, која прави многу оригинални фотографии, секогаш се восхитувам кога ќе и видам некоја. Девојчето дури годинава, значи на 18 год, си купи добар, професионален апарат, затоа што тоа веќе го прави 4-5 години и и е еден вид на хоби. Затоа најдобро ти е да почекаш, а во меѓувреме да вежбаш со тој што го имаш. ;)
     
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Гитар, од мене имаш поддршка...
    За разлика од останатите јас те сфаќам сосема...
    Твојата храброст гласно да го изговориш она што повеќето од нас го чувствувале во себе, за себе, е верувам она што те прави различна, и тоа ќе биде можеби и пресудно за да успееш...
    Постот да, е нарцисоиден и егоцентричен, но мислам дека нема поинаков начин да ги кажеш, сублимираш овие работи, кои ти сметаш дека еве ги поседуваш а да не изгледа така, па и нека е така, нарцисоидноста и егоцентиричноста се главна одлика на сите звезди, надвор од обидите пред светот да глумат добри и присупачни, напатени луѓе кои ете посвојуваат деца од сите краеви на светот, колку да го импресионираат истиот, позади параванот тие се егоцентрици, самобендисани, самоуверени до бескрај, и затоа тие се тоа, звезди...
    Несомнено и докажано е дека секој човек е мултиталентиран, тоа што ти си свесна за тоа, е само плус за тебе...
    Јас би ти рекла да не чекаш, сите викаат мала си, мала си, ама верувај, како да е секунда временска разлика до времето кога ти викаат, а стара си за тоа, помина твоето...
    Мене твојата песна, посебно втората ми се допадна, и сигурна сум дека повеќето што те искритикуваа, да беше напишана од некоја друга феминка веќе ќе имаше многу лајкови, како што на мене 70% од најлајкуваните песни тука ми се безвезни, ама така ти е овде на форумов, горе доле како и во реалниот свет, од друга страна стварно е вкус, така да нека не те разочарува тоа...
    Второ, доста си зрела, што на сите навреди и циничења не им одговори, како што би одговорило било кое разгалено, умислено и улетано девојче, -,,што ви е кокошки, како да не, вие многу знаете, ај марш,, - туку им врати смирено и културно...
    Мој совет, немој пред другите да настапуваш вака како во постов, не за друго, туку луѓето да, љубоморат, завидливи се и злобни, и да, вистина ќе останеш сама, ама не по твоја вина, туку секој сака во свое друштво ништожна особа, за да тој истиот ништожник може да биде супериорен, да си глупа, и да немаш две чисти, сите ќе сакаат да се дружат со тебе, да ти помагаат демек, а тоа е уствари за да се чувствуваат супериорни, да вредат нешто, а кога ќе видат дека ти си високо над нив, не им останува ништо освен да се чувствуваат индиферентни во твоја близина, па затоа и ќе те одбегнуваат...
    Продолжи вака, самоуверено, стартувај одма и сега, и тука, нека те подгурнат твоите, тоа воопшто не е лошо, нека ти овозможат шанса за промоција, бидејќи денеска и неможе поинаку, а понатака сама ќе се избориш, бидејќи на крајот, животот е суров, селекцијата неминовна, самиот тек на настаните ќе ти покаже дали си била во право или не...
    Се најдобро од мене...
     
    На tessie, guitar, Asterion и 9 други им се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Енца неможам во целост да се сложам со тебе! Али сепак сите имаме различни мислења
    Јас несметам дека е храброст да ги наведеш квалитетите кои сметаш дека ги поседуваш на анонимен форум. Па овде и брачни неверства се признаваат дали и тоа е храброст?
    Не сме ние тие што можеме да помогнеме за девојката да успее на правилен начин да ги искористи ‘‘сите квалитети‘‘ ако сметаш дека за нешто си талнтирана обрати се на правилното место!

    Ако имаш талент за пеење незнам како 14 години ти е во мирување :^) и велиш дека те мрзи да одиш на хор па тоа е повеќе од доволно кажано.
    Велиш дека имаш талент за глума, па зошто не се пријавиш на правото место?
    Имаш страшно тело па зошто не се појавиш на некој од изборите за убавина?
    Или пак немаш време за сите да ги искористиш во исто време?

    Талентот е вроден ама тој мора да се надоградува и да се вежба, а ти како мултиталент жално е да седиш дома и да се жалиш на анонимен форум!
     
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    ^^^
    И не мораш ;)
    Кога реков гласно да ги изговориш, не мислев на пишувањето на форумов, повеќе на тоа пред себе да ги изговориш гласно, а понатака и пред другите, но еве што се случува кога ќе ги изговориш пред другите, па макар било и анонимен форум, што по мене е добар начин, тука кај што не ја познаваме да си каже како чувствува за себе, затоа што сепак не ја познаваме, и нема зошто без веза да пишува, за што, за да ни се пофали? ...
    Девојчето има 14 години, и се што побара беше да ја упатиме кај да се обрати, баш поради тоа што најверојатно во реалниот живот наидувала на вакви одговори, ама за жал истите ги доби и тука...
    Со самото тоа што пиша тука, и размислила дека подобро, вака анонимно да ги наведе квалитетите и да побара помош кај да се обрати, говори дека прави нешто...
    Но секој со своето мислење, тоа е моето, од мене има поддршка и ми се виде баш о.к млада личност...
    И да, споредбата со признавање на неверствата не ти беше на место... ;)
     
    На tessie и guitar им се допаѓа ова.
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Абе таков ни е менталитетот македонски, знаеме само да исмеваме, реметиме и да си играме со луѓето.
    Да ти е страв да кажеш и да покажеш што знаеш, треба да си убер добар за да те прифатат како прилично добар.
    Некој спомна дека во Македонија има успешни луѓе. И да има успешни луѓе, приметени од странци, не од наши. Не за џабе младиве бегаат на мастер во некој прилично престижен универзитет. И тие успешни луѓе како познати пијанисти, оперски пејачи и слично си градат кариера на страна. Каде што и живеат.

    Гитар, вакви коментари како што прочита сега, ќе те сретнат многу во животот но ќе ти бидат плескани во лице. За литературата, твоето пишување не би сакала да коментирам, сепак си мала и тоа треба да го развиваш. Да напишеш сега книга - ќе ти пропадне, искрено. Читај многу, батали Спаркс, иди на Хемингвеј и други што ти ја знам па ја писатели, читај светска литература а не бестселери. Така ќе ти се изостри рачето за пишување.
    Ја нападнавте, знаела да плаче да мења гласови. Па глумциве кај нас шо праат, од толкава толпа 10 се навистина талентирани. Ако сакаш да ти ги познаат твоите квалитети, треба некаде да вложиш, да се истакнеш. А тоа во овој розовсив свет, кој повеќе е сив него розов ќе го постигнеш со пари. Јас би ти препорачала средно да учиш некаде во странство, за пеење, глумење што знам, одбери нешто што најдобро го правиш, како мултиталенат од старт никој не успеал. Лиглана Хилари Даф почна со глумење па виде дека знаела да писка и почна да пее. А сигурно не просперирала без пари, а среќна била што е родена Американка. А ти Македонка, па да успееш без пари? Е тоа е мишн импосибл.
    Информирај се на нет за некои средни школа во странство, каде што би можела да работиш и учиш на твојот талент. А не ако да учиш биологија, ако не те бива да си хемичарка :lol: Финансиски си обезбедена - а многу слични како тебе го немаат ни тоа. Сепак не дозволувај да ја згаснат твојата желба негативните коментари. Ако навистина е така како што ти кажуваш, ќе успееш. Само ти се потребни вистинските луѓе покрај тебе, бидејќи ако пробаш сама потрнлив е патот. Со среќа.
     
    На tessie, guitar и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  19. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Го прочитав :)
    Али таа пуста желба по професионален Канон неможам да ја сменам. Пошто сигурна сум дека нема да ми се здосади, тоа е тоа што ме исполнува :(
    Татко ми неделава или другата сака Iphone 4 да ми купи |( , али зашто наместо тоа да не добијам за истите пари апарат? :(
    А за учење секој ден по нешто од интернет учам. Читав што пишувал професионален фотографер и од него многу научив.
     
  20. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Имав една другарка што имаше 13 години и знаеше прекрасно да пее. Откако ја слушнавме повеќето деца и наставници за нејзнито пеење дозна цело школо така што секоја приредба, секој значаен настан поврзан со нашето училиште ја одбраа да пее, дури пееше и на отварањето на општината во нашата населба. И така она се пријави за М2 , но најверојатно зашто имаше 13 години ја одбија иако испеа прекрасно. Но, она продолжи да пее и пееше и во една наша позната емисија и на крај еден човек и понуди да ја снима во неговото студио. И она иако уште од мали години имаше талент за пеење, одеше на музичко, од неполни 7 години кое штотуку го заврши и сега се запиша средно музичко. Ти си пишала нешто дека немаш можности, ама ако толку си била заинтересирана ќе си се пријавела на М2, ќе си одела музичко или хор, а поготово тоа што финансиската состојба може да ти овозможи да одиш на различни курсеви, пеење, глумење и така натаму. А, тоа ако навистина имаш убаво лице ќе си одиш кај Владо Геогриевски, како и да се викаше да ти направи фотосесија. И не знам ти што очекуваш на 14 години, да станеш пејачка, глумица, фотомодел? Викаш дека не сакаш да посетуваш курсеви или такви работи, епа како сакаш да бидеш забележана од другите? Не можеш ти да напуштиш школо и да станеш пејачка, фотомодел или глумица на 14 години. Стварно не си ми јасна :)