И самото име кажува, Танатос- бог на смртта. Мислам дека патам од танатофобија. Луѓе, претешко ми, очајно ми е потребна помош. А кога ќе добијам прилика, одбивам. Два месеци, долги непроспиени ноќи, страв од смрт, страв од загуба на блиски. Ме фаќаа кризи. Се повредував себе си. Се изолирав едно време, никого не поднесував освен брат ми и братучедка ми, најблиските. Постојано размислував за мојата смрт. Цел ден и цела ноќ. Мислам дека помина одредено време. Кризите поминаа, станав позафатена со училиштето. Пред малку дознав за смрт на една млада личност, другар мислам дека е на мој подалечен роднина. И повторно тие кризи, повторно исто однесување, солзи, страв до коска. Не можам повеќе, ќе полудам... Еднаш се обидов на моите да им кажам. Видов дека оваа моја состојба ги прави крајно несреќни и како и секогаш се преправав дека ми е добро. Ги лажев дека е период, не сакам да патат поради мене. Ќе се преправам дека ми е добро, и онака имаат премногу проблеми. Ама мене ми е тешко, а не можам да гледам како патат поради мене...
мила незнам како да ти помогнам, но ке ти кажам дека и јас ова сум го поминала, но денес не се плашам од смртта
И јас го поминав сето ова,ужасно е,пробај да поразговараш со психолог ќе ти помогни,немој да страдаш ти и твоите дома,ако му кажуваш само ќе страдаат а неможат никако да ти помогнат,најдобро побарај стручна помош.
Највеќе имам страв од смрт, од загуба на некој близок и општо од иднина. Ме излудва. Секој ден се обидвам да не мислам на тоа ама на вечер кога неможам да спијам или тоа глупави мисли, знаеш мозкот тогаш наоѓа да си игра со мене, за време на часој неможам да се концентрирам зошто постојано мислам како ќе биди понатаму и што тогаш ...
Порано како помала се случи еднаш да ме обземе таа мисла што кога ќе умрам, веќе ќе ме нема, животот ќе продожи а јас нема да постојам, толку многу размислував за тоа што почнав да плачам, но тоа беше само период. Сега воопшто не размислувам за тоа.