1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татковска фигура

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 25 септември 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.479
    По повод муабетот во СДК каде горе-доле прочитавте за што се работи еве нова тема. Химна и е песнава...
    http://www.youtube.com/watch?v=9Z68UW5c ... r_embedded
    :D
    Се шегувам...

    Значи,дали би сакале вашиот партнер да претставува своевидна татковска фигура која ќе ви дава насоки, која ќе се грижи за вас во секоја смисла, во замена за вашиот татко?! Некој на кој ќе гледате како бог, како почеток и крај, како некој на кого безрезревно ќе му верувате во се она кое што ви го кажува и поучува,се она на кое ве насочува?! Некој кој ќе го сметате за одговорен за вашите одлуки или таков кој ќе го има последниот збор?! Личност која ќе ви даде емотивна поддршка нешто налик на вашиот татко или таква каква што никогаш не сте добивале од вашиот татко?!

    Дали ве привлекуваат такви момчиња или ја сакате вашата индивидуалност?!
    Има две состојби. Татко кој отсуствувал и се однесувал лошо со својата ќерка или татко кој бил присутен, не донел лошо, но не донел ни добро, не партиципирал во воспитувањето на ќерката или пак се однесувал пасивно и мекотело,што би се рекло,повеќе биле мамини девојчиња,па татковската улога и не ја почувствувале.

    Обично се работи за идеализирана фигура која почесто може и да злоставува ако се бара пандан на својот татко кој бил насилен или пак емотивно недостапен за мајките на децата и за самите деца, па кај ќерката се јавува потреба да го промени или пак татко кој бил пасивен,па ќерката се труди буквално да го проси доминантното влијание на некој маж кој ја игнорира и одбива од било која причина, што може и да значи дека не ја гледа како партнерка.

    Во поширока смисла,има поврзаност и со електра комплексот,како и едиповиот комплекс во спротивна насока односно мажи кои бараат мајчинска фигура кај својата партнерка.

    Сепак да не биде само на критика на татковците кои не си ја одработиле добро својата улога,има и такви кои биле прекрасни татковци,па нивните ќеркички бараат лика и одлика на првиве. Сепак и тука има сериозен недостаток. Како и да е, љубовта ја осознаваме преку нашите родители, примерот го зимаме и од нив,логично е да бараме слично на примерот, но во овој случај се работи за патолошки состојби.

    Тешко дека некој ќе го признае истото...ама ајде да се обидеме да поразговараме на темава.
     
    На Lejla8, ♡BuBaLe♡, Skyfall и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Лилит те читам и останувам :o (во позитивна смисла на зборот).Како машко на форумов нема да коментирам мн , за мене тотлано непознато и незабележително било доколку постоело ,па еве ми прилика нешто да научам од тука за девојките .Мене ме плаши на некој начин тоа размислување на таквите личности ,незнам дали сум имал искуство со таква личност до сега :( до мене ли бил проблемот или до критериумот на личноста што си поставила норми што се очекувале но од друга особа .. оф леле убива темава :D
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Јас сакам целосна спротивност на него:tmi:

    Од друга страна пак, познавам жена која што се омажи само поради таквиот однос што го имаше со партнерот... тоа и недостигало и го нашла..Ја тинтра, пази, разгалува, советува.... дури и влијание преголемо има на размислувањето и ставовите..ама па ниедна одлука со своја глава не ја донесе..

    Мене ми е :shake:
     
    На Lejla8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.775
    Пол:
    Женски


    :nod:
     
    На Lolo5 и Lejla8 им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Нех, јас сакам партнери карактерно слични на мене. Е сега, јас во многу работи се истерав на татко ми, ама нема врска тоа, во многу други работи па сме се разидувале. Немам ваков проблем или нарушување.
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.675
    Пол:
    Женски
    Не.Премногу ми смета такво нешто.Океј е да се грижи за мене ама да ми изиграва татко?Не фала таков не ми треба.Имам татко и нема некој на светов кој може да го замени не па некој си копук кој се нарекува себе си дечко.