Татко ми ме тепа

Дискусија во 'Психологија' започната од Leat, 2 август 2016.

  1. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Ме тепаше татко ми.
    Имам 20 години и живеам во семејство кое е крајно среќно или крајно несреќно, зависно од моментот. Како сведок на неколку обиди за самоубиства на членови од најблиското семејство па се до закани дека ќе се самоубијат или ќе си заминат од дома уште од мои 7-8 години, денес длабоко во себе ги кријам и психичките и физичките последици кои полека но сигурно излегуваат на виделина... Опсесивно-компулсивно растројство поттикато од фобија за распад на семејството, немоќ да патувам и да се делам од нив бидејќи чувствувам дека нешто лошо ќе се случи а јас не можам да спречам, проблеми со срце на психичка база и чести напади на паника. Пред два часа, седевме и се водеше дискусија поврзана со мене, ми упати критика која тешко ми падна и така тивко се расплакав, ме виде и избувна, почна да ми вика и ме фати за врат, јас се бунтував, продолжи да ме удира и јас тргнав да си заминам од дома не знаејќи ни кон каде се упатувам, тргна по мене и ме турна по скали, уште ме тепаше а јас стоев и само му викав дека нема право да удира врела крв и живо месо..
    Заробена сум во своето тело и душата, сакам да си заминам од дома но се плашам дека зад себе ќе оставам приказна со фатален крај, некој ќе се самоубие или ќе се распаднат, чувствувам должност да ги држам заедно...
    Помогнете ми, ве молам.....
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.206
    Допаѓања:
    121.326
    Пол:
    Женски
    имаш модрици по телото? видливи траги на насилство? пријави го татко ти...
     
    На Istata od vcera, ku4ence, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. stejsi2005

    stejsi2005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.168
    Пол:
    Женски
    Пријави,така не би требало да дојде до несакани работи,немаш зашто да се плашиш да го направиш тоа...Нормално можеби не сакаш поради тоа што ти е татко,но да заминуваш од дома е тешко,другите блиски ќе останат дома,ако не тебе,на друг ќе се нафрли....Ако овие се чести испади и ако со збор неможе да се реши проблемот на сила...Ниеден родител нормален да речам ни би кревал рака врз детето ако стварно нема некоја силна причина,а кај тебе за без врска те фатил за врат...Посакувам ова да го решиш што побрзо...
     
    На maca cvet, cresa-jagoda и Leat им се допаѓа ова.
  4. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    @Sesil @stejsi2005 Не ми се познава по телото, во текот на целиот живот трпев многу психичка тортура, секојдневна и некогаш физичка но во последно време зачестено...
    Најчесто јас ја окркувам работата зашто јас не се плашам од болка и ќотек, мајка ми е поповлечена и мирна и го трпи, ја има удрено еднаш, јас сум била бебе а сестра ми е мнигу толерантна и ретко влегува во конфликти, многу трпи... Јас не трпам, он е е бог и не може да биде како каже, го сакам многу и сум ептен искрена кога нешто не е океј, кажувам но он не прифаќа критики... Морам да заминам, не знам што да правам, јас сум хиперсензитивна, преемотивна особа и секогаш имав огромна поддршка од семејството но тоа никогаш не го добив...
    Инаку јас ги бранам сите а мене никој, дури и како да застануваат на негова страна само за да го смират, се плашат најверојатно.....
     
  5. stejsi2005

    stejsi2005 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.168
    Пол:
    Женски
    Незнам што да кажам,можеби не ќе биде лошо,да му дадете нешто за смирување...Можеби нешто псички проблем да има,со нервите...Пробувам да најдам решение за ова да заврши со убаво ,но некако тешко...Дали пие?Дали има други проблеми?
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Тоа сакав да кажам, нема никакви пороци, не пие, не се коцка, ништо... Добро сме ситуирани... Да кажам на луѓе што не знаат што ни се случува зад затворени врати, никој не би поверувал...
    И јас знам дека нема начин ама викам ајде ќе ја каќам маката и за да ми олесни и може ќе има некаква помош, се надевав...
    Јас морам да си ставам во главата дека сум сама на овој свет, да зајакнам психички и да продолжам да се борам и да успевам сама, кај и да е ќе помине... Што не поминало... Или ќе се преселам, ќе се вработам, можеби ќе се омажам, еден ден сигурно ќе заврши. Мора...
     
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.337
    Пол:
    Женски
    Бегај девојче, бегај побрзо. Дури останало во тебе здрава психа. Да не биде касно за некоја година. Не си должна да држиш такво семејство, тој што е должен тоа да го прави го растурва. Барај работа, стан со цимерки нешто и бегај. Подобар совет од ова нема. Таков човек не се менува. На тебе си е да си го промениш сама својот живот.
     
    На Milen4etooooo, Istata od vcera, anichka94 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. elenkata20

    elenkata20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со Сандра.Остави неможеш ти допрва да опоравуваш некого кој е цел живот таков..Навидум среќни а дома со психичко нарушување..Жално е премногу,толку млада а такви проблеми да имаш. И јас сум за тоа да одиш од дома,што не секогаш е добар излез но за тебе очигледно е. И НЕМА што да мислиш како ќе им е дома,кога тебе не те почитува тој што те створил ( у реду некогаш има недоразбирање ) немој да седиш дома и да се ДОКРАЈЧИШ бидејќи,колку и да сме имале лош ден..срам..страв..На крај очекуваме помош и потпора и храброст од своите Родители..Бидејќи ти го немаш сето тоа остави и имај став и одлучност..Биди успешна дали во школо,дали во брак..цепај не подлегнувај и не дозволувај да се уништиш..Биди горда со тоа што ќе го постигнеш,а минатото остави да избледи и гледај да не ти остави траги понатаму во Животот.Поздрав
     
    На s1a1n1d1r1a1, LadyInTheDark и Leat им се допаѓа ова.
  9. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    леле ;(;(;(
    да земиш веднаш да го пријавиш не чекај уште време да помини.Остани силна како што до сега си била.:)
     
    На teressa и Leat им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.951
    Допаѓања:
    55.776
    Пол:
    Женски
    Не сакаш да заминеш за да не се направи белја зад тебе, да не се самоубие некој? Свесна си дека тој тебе ќе те доведе до самоубиство ако останеш? Во животот и ти треба да се ставиш на прво место колку и да е себично. Другите можат и тие сами да си се спасат ако имаат храброст. Како рекле, среќата храбрите ги прати. Сепак мислам најпаметно ти е да го пријавите, сите заедно. Имала немала физички знаци, сведоци ќе имаш крај себе.
     
    На maca cvet, ku4ence, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    17.612
    Од искуство на мои блиски со слични и многу посериозни проблеми односно фатални...за жал
    можам со сигурност да кажам дека полицијата во такви случаеви нито не превзема, за жал
     
    На maca cvet, ku4ence, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.402
    Само ти знаеш како ти е и што можеш да направиш, а што не. Никој овде не може ни од блиску да замисли како ти е, освен ако не го поминал истото. Еден совет што можам да ти го дадам е, бидејќи рече дека и ти си бунтовна, да пробаш да се смириш малку, да не бидеш толку бунтовна, да премолчиш кога ќе настане конфликт. Колку да видиш дали тоа ќе смени нешто. Не велам дека ќе биде подобро, но можеби и тој нема да се нервира и ќе имате барем понормална атмосфера дома. Не е решение ако и покрај тоа продолжите да живеете во терор, но можеби малку треба за мир, ако го фатиш со убаво можеби и тој ќе увиди дека греши. Попаметниот попушта. Ајде полека.
     
    На Girl-Rabbit, cresa-jagoda и Leat им се допаѓа ова.
  13. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Сега сфаќам дека јас цел живот одбирав да дејствувам онака како што он би посакал само за да нема карања и несакани последици, дури и за банални работи... Имам вкоренет страв, кога бев мала секогаш со сила останував будна до доцна за да видам дека сите се во ред, чекав сите да се вратат од работа, одев во соба да проверам дали спијат па дури тогаш ми се смируваше душата и заспивав и јас а кога беа будни за да не осетат што правам седег во мојата соба и слушав да не тропне врата и некој си заминува од дома или да не го чујам автомобилот и некој си оди, често заради страв се разболував, качував температура а некогаш и потсвесно се разболував вистински зашто тогаш сите беа покрај мене и како да не оставав простор за лоши работи...
    После сфатив дека колку и да потиснувам свои желби и чувства пак ќе се иживуваат, јас почнав да правам како мене ми одговара ама нему тоа не му одговара и ме удира... Ајде да неше шамар, два, пет ама луѓе ме фати за врат со двете раце...
    Најтешко е кога не можеш да побегнеш од себе, јас не живеам туку преживувам само обидувајќи се да ги држам сите во живот.
    А тоа што се случи вчера не беше заради бунт туку затоа што се расплакав и потоа јас почнав да се бинтувам откако почна да ме удира и да му викам дека имам право да си плачам кога ми е тешко и дека тој е слабак бидејќи ме удира наместо цивилизирано, како човек, разумно да зборува иако немаше некоја караница, едноставно стана и почна да ме тепа затоа што ми појде солза...
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka tatko ti e psihicki nestabilna licnost. Pa poradi svoite nekoi nezadovolstva vo zivotot dali sega ili vo minato pridonele da se odnesuva taka nasilno.I deka eden edinstven spas i za nego i za vas e da pie lekovi za smiruvanje no ako mu predlozis ti nesto takvo on ke zbesne. Dajdobro bi bilo skrisno da mu se davaat so predhodna konsultacija so lekar.
    A za napustanje na domot neznam sto da ti kazam. Jas imam 22.godini recisi sme generacija. Ama svetot e tolku surov i los i kako ke se snajdes vo tolku los svet sama neznam. Razmisli ke treba da najdes rabota, a rabota ne se naogja lesno. Potoa i da najdes rabota so ogledn deka nie sme mladi vednas nema da si platena kako sto treba. em ako plakjas stan pa potoa tuka vkluci gi smetkite. Ne e lesno da se izdrzuvas sama. A em ako studiras i rabotis.
    Ja bi ti kazala da izkuliras da ne mu se sprotivstavuvas pa i da ne se soglasuvas so toa on sto go zbori ti pravi se deka on e vo pravo.Barem dodeka ti ne si se obezbedis finansiski ,a posle se e polesno koga ti ke si imas svoja plata :) Em vikas neli deka glasite za mokjno i srekjno semejstvo pa izkoristi go toa da te vrabotat tvoite negde i posle napusti gi.drugo nz
     
    На maca cvet, Girl-Rabbit, Leat и 2 други им се допаѓа ова.
  15. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    7.199
    Пол:
    Женски
    Неможам да сватам ваква ситуација(facepalm)
    Кој е крив,кој е прав:(
    Карактерот на луѓето,или некаректорот на луѓето:(
    Мислам дека и двете страни се виновни:)
    Ни окривувам ни одбранувам:)
    Еден родител (без разлика мајка,татко) да дигне рака на свое дете е многу болно:(
    Дали децата претеруваат или родителите,треба да се преиспита ситуацијата(fingers)
     
    На Girl-Rabbit и Leat им се допаѓа ова.
  16. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    После ова,уште седиш дома? ;( Имаш 20 год и имаш право на свој живот...ако имаш дечко заминувајте заедно или ако не,зимај куферите и право кај некоја другарка..можеш и од местово да се одалечиш...тој нема НИКАКВО право тоа тебе да ти го прави,колку и да ти е татко...се згрозив...многу ми е жал за тебе...ако неможеш да го пријавиш,нека...со тоа што ќе заминеш,тоа ќе му биде најголемата казна за ова
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    @Leat ситуацијата изгледа толку лошо што само со манипулации можеш да се извлечеш. Македонијава наша нема да ти пружи поддршка како жртва, па мораш сама да си бараш излез. Биди силна, не дозволувај да те скрши психички, знам како ти е а и врснички сме. Размисли како можеш да се обезбедиш себеси прво, па после можеш да заминеш, иако јас не би ги оставила другите во негови раце. Поздрав
     
    На Leat и lunchy им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Машки
    Душичке а да идеш на психијатар/психолог онака чисто муабет да си напраите?
    Сигурен сум дека многу повеќе помош ќе добиеш со стручно лице него тука на форум.
     
    На Jasminkabibibi, КикиМаус, ku4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Лесно е таа да си оди, но што ли ќе биде со нејзините стравови... Добро ми е познат тој страв. И јас како дете секоја вечер демнев над мајка си, дури и се обидував дали видам дали дише.
    Ако си отидеш, можеби нервозите ќе останат. Мој совет е да ги седнеш сите од семејството на разговор и заедно да одлучите што понатаму. Можеби ќе ви биде потребна и стручна помош за да се опоравите од таквиот живот, но не премислувај се. Најдобро би било сите заедно да одлучите што да правите со татко ти.
    Во случај да не соработуваат, ќе мораш да се откажеш од таквата грижа за нив. Тоа ќе значи само дека тие ја одбиле твојата помош и иницијатива за подобар живот. Ако дојде до тоа, да си заминеш и не би било лоша идеја.
     
    На blackwave, ku4ence, Leat и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    4.247
    Пол:
    Женски
    Каде е мајка ти во приказнава ???
    Прво ништо во животот не се решава со бегање, второ ти не си таа што го држи семејството, трето од себе тргнувам и ти кажувам ако некој тргнал да се самоуништи ти можеш и животот да го дадеш ЏАБЕ Е.
    Да не ти се случи уште еднаш некој да те мава ти да стоиш простум !!!!!!!!!!!!! кој сака нека е !!!! или ќе се бориш или ќе бегаш, немој да стоиш.
    Заробена си додека ти сакаш да бидеш заробена, знам дека на др лесно е му е се да каже ама мора да се кренеш и да се бориш за себе, боли многу за фамилија ама па, и тебе да те скинат и тоа не оди.
    Кој сака да уценува друг со самоубиство нека изволи, нека се самоубие, бутни го ако нема гз за тоа, тешки манипулации.
    Тој сигурно се кае после ова и сега како ти да си му родител седни го и отчитај му една убава лекција и кажи му следен пат ако се случи такво нешто ... налет и пари и се дома ако немаш мир.
     
    На blackwave, Victorian и Leat им се допаѓа ова.