1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татко ми ме тепа

Дискусија во 'Психологија' започната од Leat, 2 август 2016.

  1. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Што и да решиш, не избрзувај, немој со нагли одлуки. Дали имаш приватност? Дали ти остава простор за тоа? Дали ако се повлечеш, ако не си му на патот ќе има помалку конфликтни ситуации?

    Јасно е дека се соочуваш со огромен проблем, моментално непремостлив (инаку времето лечи се). Но, размисли, што можеш ти да направиш да ја стишаш ситуацијата. Смиреност, трпение. Убав збор железни врати отвара. Тоа што кажа дека ти се нафрлил додека си плачела ептен е несфатливо, обилно плачот буди сожалување, не е мотив за раздразливост.Како и да е, мораш сама да одлучиш, па и да се консултираш со струлни лица, тие нема да ти го решат проблемот, бар не на начин како ти би посакала. Многу внимателно. Совети од страна е лесно да даваме кога не сме ти во кожа. Јака ти душа девојче.
     
    На Girl-Rabbit, Leat и Dabria им се допаѓа ова.
  2. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Чист случај на семејно насилство. Пријави во полиција. Ако не за овој случај, за следниот пат кога ќе те тепа. Осигурај се дека ќе има докази. Пробај и другите во семејството да ги убедиш дека тоа е така.
    Ангажирајте адвокат и ќе го отстранат од домот.

    Мораш да престанеш да се секиршј за другите. Кој се секира за тебе? Мораш да бидеш посебична. Тие луѓе не се твојата иднина. Твојата иднина е твојот иден сопруг и деца - фамилијата што самата за себе ќе си ја створиш. А како ќе ја створиш кога дозволуваш да те трауматизираат и психички да те разболуваат?
    Заеби тоа. Најважната личност во твојот живот си ти. Другите нека се секираат секој за себе. Ти гледај да извлечеш жива глава и што е можно психички поздрава, од таа ситуација во која си.
     
    На eloves, blackwave, pink95 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.111
    Полицијата во вакви случаи ама БАШ НИШТО не превзема ! Сепак, нареден пат кога ќе се случи слично, одма оди во полиција и барај да се направи записник, ама и ти лично сликај се.

    Татко ти, кој ве млати без да биде под никакво влијание на супстанци, значи дека е психопат и садист, Ви го влеал стравот во коски, и продолжува да ве малтретира затоа што гледа дека нема отпор од ваша страна 20 години и јаче.

    Мој совет ти е да си одиш од таа куќа, оти на мајка ти и сестра ти, па и роднините не им е гајле са себе, па камо ли за тебе. Единствено ако можеш да ги убедиш секогаш кога ќе крене рака на некоја од вас, убаво да го измлатите. Имаш тавче, прачка, шипка...
     
    На galapce, Leat, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    После ќе ме убие што сум го избрукала ако отидам да пријавам... Како и да е, по се изгледа мора смртно да му се налутам и збор да не разменувам со него, финансиски сум зависна од нив и мора да трпам додека барам било каква прилика да излезам од тука ама ќе го ставам на тотален игнор.
    Го слушнав денес ја прашува мајка ми за мене, ја цел ден не излегов од соба. Го мразам!!!!!
     
    На blondie100 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Како што читам и да го пријавиш нема фајде... како реагира мајка ти на ова ? или никој не смее да претне ? Завсна финансиски точно ама тоа се решава, само тие не се било кој, тие ти се родители, каков таков сепак татко ти е ... како сакаш разбери ме, не знам како си останала мирна, само секој од нас не носи иста доза отпор во себе веројатно ... си се смирила денес и седни разговарај со двајцата, мајка ти не треба да е надвор од ова. Не знаеме зш била кавгата и ќотекот, што и да било со ќотек не се решава ... не знам што да т кажам друго, полнолетна си можеш да работиш и сама да се издржаваш. Секоја куќа ма кавги ама да те тепа не ми е сфатливо, се има, бог да чува само.
    Пак ќе ти речам родители ти се, седни и со ладна глава, стабилно разговарај ќе се најде некоја средина. А не знам кој ти набил во глава самоубиства и распад на фамилјата тој е некој тежок манипулатор. За вакви работи, кавги фамилија се распаѓа да, ама децата не се тие кои ја држат туку родителите.
    Не знам, можеби ти се чини ги бранам твоите, ама како родители ќе ти се најдат во животот (некогаш и нивните стравови ќе ти го згорчат ама пак) никој нема.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    1.808
    Родителот да го искара своето дете и на 20 години е нормално, но да го малтретира на психички и физички начин е неподносливо.
    Најчесто финансиските проблеми се причина за вакви стресови и нервоза, а ќе напоменам и работното место на татко ти.
    Доколку ова сега во подоцнежните години започнало, со староста како велат: Се губат нерви, но тоа не е оправдување за ова што ти го прави.
    Од дома да избегаш може се причинува како да е најлесно и најбрзо решение, но најпрво од се би те советувала да разговараш , не со твојот татко, туку со некои членови од семејството кои го делат ова со тебе и да превземете мерки.
    Доколку никој не ти дава поддршка и разбирање, би те советувала да си одиш и да не се вртиш назад да паѓаш на тешки манипулации...
    Не е себично од тебе да се сетиш на болката која ја трпиш, себично е од нивна страна знаат за твојата болка и да очекуваат да трпиш, давајќи ти надеж дека ќе се промени нешто.
    Човек не се менува преку ноќ.
     
    На okcenzi и Leat им се допаѓа ова.
  7. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Си се разбудив сега, си направив потсетување на се што сум истрпела и добро се изнаплакав...
    Почувствував болка на рацете кога ќе се допрам, станав и погледнав во огледало, луѓе имам четири модринки...
    Инаку зарем би барала совет јас ако во мене е вината? Ќе прифатам дека сум виновна па и преку тоа што ме тепаше ќе пројдам но луѓе, не се ни скаравме, не му се ни обратив, апсолутно ништо, стана и почна да ме удира затоа што искажав емоции.
    Многу се плашам за сестра ми, кога им вика на неа или на мајка ми јас се карам повеќе од нив. Мразам насилство и одвратно ми е. Мајка ми јс нема удрено ама низ нервоза крева рака, замавнува а сестра ми да и јас секогаш реагирам додека она за мене не, не и е сеедно гледам но седи и молчи, никогаш не реагира, не дека очекувам сите да му скокнеме но се плашам дека ќотекот го сфаќа како нормално нешто и во иднина може да го применува...
    Сега ќе помислите дека бурно реагирам, му се спротивставувам и затоа ме удира но верувале или не јас и тој имаме многу добар однос, за многу работи се согласуваме и често сме на иста страна но кога не е во право јас реагирам а тој очигледно не прифаќа дека не е во право.
     
    Последна измена: 3 август 2016
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Чекај бе дете, кога имаш работа со некој што не прифаќа дека не е во право, ќе ја свртиш политиката, сам да види дека не е во право, трпение треба и прашање е дали вреди напорот на крај ама не кажуваш дали имаш поддршка од мајка ти и сестра ти, не може некој мрно да седи и да гледа од страна, мајка ти е 20год. и кусур во брак со него какво сака нека е чудовиште ќе рипне бре.
    Матно ми е ова, ма нешто што не кажуваш. Имаш баба и дедо ти ?
    Ќе одиш кај тие што можат да го здрмаат, да се контролра, што е тој џандар па, тепањето и малтертитањето е нормална работа?
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.075
    Пол:
    Женски
    Па никој не зборува за овие работи затоа што за сите нас се болна тема, кога се случи ова овој пат мајка ми не беше дома, беше на работа и кога си дојде легна до мене на креветот и кажал татко ми веројатно но ниту таа ниту јас не се осмеливме да проговориме за ова... Така е кај нас дома, за болката се молчи.. Инаку баба и дедо од страна на татко ми се починати а родителите на мајка ми живеат во друг град и со нив долги години воопшто не контактираме..
     
  10. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Навистина не сакам ова да звучи грубо, но време е да престанеш да се самосожалуваш и да превземеш нешто. Уште денеска седни го остатокот од семејството на муабет. Кажи им дека ти си подготвена да го решиш проблемот и да се спасиш. Ако успееш да ги убедиш, имате многу опции. Најдобро би било да се здружите финансиски и да најдете некое мало станче под кирија - заедно да го напуштите. Но верувам дека кога би забележил промена во вашето однесување, дека сте посилни, порешителни и одлучни, дека и тој ќе го промени своето. Па дури и да нападне некого, тројца (верувам дека сте тројца) против еден, можете да му се спротиставите. Некаква прачка, метла, можете да му се нафрлите... Нека види како е.
    Верувај ми, веднаш ќе ја свитка опашката. Сум поминала низ слична ситуација и добро знам како човек реагира кога личноста која молчела пред неговите испади се врти против неговата тиранија.
    Ако твоето семејство сеуште се плаши или едноставно не се заинтересирани за промена, биди подготвена з многу психичка болка. Сум го имала баш истото чувство - должност да го чувам семејството и да се грижам за сите. Можеби ќе ти биде потребен психолог да се опоравиш и да се одвикнеш од тоа, но верувај ми, мораш да си го спасиш менталното здравје додека сеуште имаш време. Почни да си бараш работа, најди си скромен стан под кирија, уште поубаво со цимерки. Ќе биде многу тешко но верувај ми, десет пати потешко ќе ти биде ако останеш во таква средина.
    Ако некогаш ти е потребен разговор, те молам пиши ми.
    Те гушкам.
     
    На Leat, okcenzi, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Никој не зборува ? па, ти биди прва што ќе зборува, мислуш попаметно е на форум што пишуваш ? Не е, ќе прочиташ икс работи зш пред се ние на форумов не знаеме се за тебе и твоето семејство. Седни дома кажи се, сите на куп и пред сите, никој од нас не може реално и физички да направи ништо па, ни полиција ... каков таков ве одгледал и мора да си го решите ова па, и џандар да е, и тој е од крв и месо не е од олово, не се плаши.
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DiFlove

    DiFlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба малку да ги смириш нервите и да прифатиш компромис,а за тоа време оди на работа собирај пари за поцеток и избегај од дома
    Но доодека да избегаш трпи и прифаќај компомис
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  13. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Повеќето те советуваат да разговараш со татко ти, но со таков човек верувам дека не можеш да разговараш. Ќе се налути што “му солиш“ памет и повторно ќе те нападне. Жалам што ќе ти кажам но тој човек не се менува. Да го пријавиш во полиција е ептен ризик. Може е најдобро да разговараш со мајка ти и сестра ти, да ја натерате мајка ти да се разведе. Само тоа ви е спасот. И секако да се вработиш, да не зависиш од никого. Друг излез од ситуацијава не гледам..
     
    На okcenzi, cresa-jagoda, teressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. @RokerkatA

    @RokerkatA Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Искрено,по све ова што го прочитав не ми е и мене свеедно.Не те познавам и искрено не сакам да те сожалувам зашто и ја тоа не сакам луѓето кога ми прават.Ако има татко ти брат или сестра,комуницирај со нив.Пробај и на психолог или нешто друго,зашто ќе ти олесни верувај.Пробај да најдеш работа,ако ништо друго барем нема да го гледаш.Едно прашање сестрати застанува на твоја страна кога тој ти вика тебе,или мајка ти?Зашто ти кажуваш дека ти секогаш се караш за нив.
    ОСТАНИ СИЛНА:muscle::l::*
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    723
    Имав нешто слично со мојата мајка, таа беше психички уништена, сакаше да се самоубие цело време, и се друго. Порано имав последици, сега и не, ме тепаше еднаш се онесвестив. Но никогаш немој да изгубеш надеж за подобро, ако имаш последици по телото, можеш слободно да го пријавиш, или да ја раскажеш твојата ситуација на полицијата и да побараш помош од нив. Никогаш немој да бидеш слаба пред татко ти, крени и ти рака, да сум ја ја би го ударала со зборови никогаш не би плакала пред него или да покажам слабост. Немој ни ти, главата горе млада си уште ќе се појави среќа. :l:
     
    На ku4ence и Leat им се допаѓа ова.
  16. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Слична ситуација сум имала дома, татко ми е добар човек но кога ке се напие е сосема друг. Тогаш се кара му текнуваат разни муабети до порано кавги итн. Претходната година додека баба ми ( на мајка ми мајка) беше кај нас ја чувавме бидејќи болна беше, и една вечер баш во очи на Велигден тој се напи се караше расправаше со сите дома, исто како тебе трпам трпам ама веќе преку глава ми дојде кога не е у право и башка пијан е сега наоѓа да се расправа да ја криви мајка ми за све живо и со сестра ми ни преќипе и му се спротиставивме зашто ова го збори кога е пијан а кога е трезен не му текнува и почна со сестра ми да се расправа овошјето што стоеше на масата почна да го фрла по неа јас го молев да прекине бидејќи не дај Боже ако ја фатеше сестра ми сигурно ќе направеше нешто за кое после ќе се каеше, и дури мене почна да ме бутка и искрено ви кажувам ми пукна филм му викам Жими Господ ти кажувам ако не престанеш ти викам полиција.
    Прво му кажав да го заплашам да се тргне ама он пак продолжи со тоа неговото малтретирање, и земав свртев на полиција им се јавив им објаснив и дојдоа. Малце глупо ми беше што својот татко го пријавив, ама кога гледам некој да ми малтретира мајка сестра дури и баба е не дозволувам и крај!
    Дојде полицијата правеа муабет тогаш се повлече он, мислам дека се исплаши му рекоа дека уште една ваква пријава и мислам дека ќе го привеле нешто така му рекоа не се сеќавам. Луѓе од тогаш се смири човекот, не ме сметаше за способна за такво нешто дури ни јас сама не се сметав, ама не можам да замижам додека моите најмили ги малтретираат и тоа без причина. Дури следниот ден се каеше за тоа и не му се повтори тоа да го направи.
    Ама јас имав поддршка од моите а ти како што гледам ја немаш. Мајка ти и сестра ти молчат тој ги навикнал дека се такви и ве малтретира. ама еднаш покажи му сила или убеди ги мајка ти и сестра ти да му се спротиставите како што кажа Дабриа ке си ја свитка одма опашката. Многу ми е жал што поминуваш низ ова, знам како се чувствуваш и најискрено се надевам дека ќе се среди ситуацијата што побрзо.
     
    На LadyR, ku4ence, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    @RainBow тема за местење.
     
  18. Jasminkabibibi

    Jasminkabibibi Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Oд сето кажано и пишано од твоја страна јас мислам дека само ти ке настрадаш ...Консултирај се со стручно лице ..
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Melisa96

    Melisa96 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Доколку се решиш да пријавиш - процедурите се долги но исплатливи!
    Те замолувам што побрзо да го решиш ова, тука се социјалните органи кои многу помагаат во вакви ситуации. Никој не смее да биде подложен на било каква тортура, и секој што ја извршува таа тортура заслужил да биде казнет согласно законот и сите морални норми. Немој да се плашиш и стравуваш да не испадне нешто што не треба, затоа што со решавање на овој потег - помагаш на сите од твоето семејство. Се` ќе биде во ред, татко ти нема да ти се лути, затоа што му помагаш и нему!

    А секоја тортура се повторува, верувај ми.
    Тоа е зависност која се стекнува и го нарушува психичкото здравје, затоа е потребно да се реагира што е можно поскоро.

    Не дозволувај твоите најубави години да ти бидат одземени. Буквално одземени!
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Jas ke ti kazam kratko i jasno prijavi go ne molci dete ne molci se unistuvas samata sebe so toa sto molcis baraj nacin da begas od kaj nego mojata majka sto vika za vakvi ednas nasilnik sekogas nasilnik
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.