Драги "феминки", се наоѓам во многу тешка ситуација што ке се обидам да ви ја објаснам.. Најпрво, бракот на моите е пред распаѓање, слободно можам да кажам дека веќе секој си ја гледа својата страна и ама баш ич не се интересираат за мене. Имам 21 година, сама сум ( имам починат брат пред 13 години) и нормално единка како единка, бев разгалена се додека не започна да се случува следново: Таткоми пред 6 месеци започна да се враќа дома подоцна, да го крие мобилниот од мене, кога му вртам да не крева, а некогаш знаеше и да не се врати дома по 2-3 дена, оттогаш се појавија моите сомнежи. На секаков начин пробував да дознаам нешто, но безуспешно.. Пред една недела некако успеав да го земам телефонот и да му прочепкам.. имаше и што да видам.. пораки од една 18 години помлада девојка од него, провокативни слики од неа.. Го видов нејзиниот број, и го дознав нејзиното име, но никако неможев да и го најдам Фб профилот.. Ситуацијата се решив да ја превземам во мои раце со тоа што и пишав смс порака во која и кажав која сум, дека сум дознала за неа.. не поминаа 2 часа откако ја пратив пораката, ми се јави таткоми и ми рече дека под најитно сака да разговара со мене, секако претпоставувате и зошто. Се согласив да разговарам, иако морам да признаам дека од почит према него не ми беше сеедно, чуствував и страв, бес, лутина, гнев, нервоза, се... Првото нешто што ми го кажа беше: Зошто го направи тоа?. Се правев наудрено, и упоорно го прашував се додека не ми рече за пораката.. Го замолив да го правиме муабетот со отворени карти, се согласи незнаејки дека во меѓувреме дознав многу работи за неа. Директно го прашав која е таа, и му покажав една од сликите во неговиот моб, не очекуваше такво нешто и се обиде да ме излажа, ми кажа дека е некоја негова деловна партнерка, упорно продолжував со сликите и другите докази иако он стануваше се понервозен и викаше на мене.. Ми призна дека со неа е веќе скоро година дена, дека неговите "деловни состаноци" надвор од земјава ги поминувал цело време со неа на различни места, дека откако ке се омажам јас тој планирал да ја претстави дома. Кога го прашав зошто го прави сето ова неговиот одговор беше премногу љубомора од страна на мајками. Го завршивме разговорот така што насилно ми го зема телефонот и и пиша порака од мое име како извинување, оставајки ме мене расплакана на улица и замина кај неа. Изгубена сум и навистина незнам што да правам.. Таа секојдневно објавува слики на фб од изненадувањата што и ги приредува ( пр. и купил кученце, за какво што јас "пекам" одамна, разни букети, накит, телефони, КОЛА(замислете јас немам кола иако веќе 2 год имам положено). Ве молам за совет што да правам бидејки се изгубив самата себе како личност...
Ау, ептен лошо. На мајкати ништо не и кажа? Со него живееш ти, или заедно живеете сите? А да му кажеш на татко ти дека ке и кажеш на мајкати?
Живееме сите заедно сеуште, мајками не ја интересира ништо друго освен нејзиниот изглед, пробував да разговарам залудно е..
А ако и кажеш директно, ни тоа нема да ја допре до срце? На татко ти да му спомниш дека ке и кажеш на мајкати? Нема да го засега?
И да кажам, него нема да го засега бидејки неговиот збор сите го почитуваат а јас важам за тотално небитна кога се во прашање вакви работи.......
Мене ме интересира, како прво не можеш да и го најдеш ФБ профилот, а после пишуваш дека слики од поклоните реди?
Го претпоставив тоа, има логика, сакала да се заштити и била во предност што она те знае тебе, а ти неа не. Мајка ти со вас живее? Каде беше она дури траеше кавгата меѓу тебе и татко ти?
Знам дека тие ти се родители и на ваков или таков начин ги сакаш и сакаш да се заедно среќни.Но оваа ситуација е многу деликатна , јас дури и кога замислам дека некој од моите родители може да биде со друг многу сум бесна од самата помисла. Пробај да зборуваш со татко ти и да му доловиш малку од твоите чувства, малку тебе како ти е да разбере се надевам (зошто имам близок случај човек по мажена жена се шекна и не го интересира ништо освен таа) . Или пробај да ги ставиш заедно и да разговарате сите.Многу е незгодна ситуацијата, мајка ти не е заинтересирана и ти испаѓаш криеш од неа како сметка на тоа. Јас дури искрено би пробала да му ја растурам близината со другата жена ( ова не ти го многу препорачувам и ти велам да размислиш првин убаво ако ептен некако се одлучиш за ова, ама јас едноставно ваква сум и нема да попуштам туку ќе се уништувам и ќе пробувам се ). Се надевам дека ова ќе се реши на некој начин, ќе си ги уидат грешките и да увидат колку зло ти нанесуваат тебе, а ти згора на тоа ги трпиш и страдаш нивните недоволно размислени чекори во животот. Ти посакувам секое добро.
Па кажи и на мајкати тогаш па што ке биде нека биде...Штом е незаинтересирана не се плаши нема да се испаничи многу...веројатно.
Можеби нашла во меѓувреме. Со оглед дека совет бара нов член и нема никаква сигурност дека сторијата е автентична (а не гледам зашто некој би се тролал и лажел но сепак има такви! ), нема премногу да се трошам и ќе одговорам кратко. Во многу лоша ситуација си @zvezdichka11 тоа е факт. Жално е што поминуваш низ ваква ситуација. Дисфункционална фамилија. Се надевам нема да искочиш со трауми од ова. За ова крив е татко ти. Изгубил глава по неговата деловна партнерка. Можеби ќе звучи глупо, но можел со неа да си има секс средби, а да ја сака мајка ти и заедно да функционирате како фамилија. Он се решил да губи глава и да изиграва попален мајмун и љубовник на постари години. Ако велиш дека мајка ти ја интересира само нејзиниот изглед мора да изгледа добро, дај потврда на ова? Не знам што да ти кажам. Лоша ситуација. Мајка ти знае ли за ова? Сигурно да. Ако не знае подобро да не дознае пошто развод ќе биде неизбежен освен ако не е луда па да остане да живее во ваква ситуација. Подобро развод отколку пекол, караници, виканици, па и тепаници. Што биде биде одржавај ја темава во живот и давај update редовно. Пробај да разговараш со татко ти и да му го вратиш паметот. Потсети го како било пред 21 година кога он и мајка ти влегувале во брак, како биле среќни тогаш, па ти кога си се родила итн. Мора да му разбудиш емоција и да сфати дека прави грешка со тоа што сака друга, но... не можеш да му забраниш да ја сака. Ако ја сака со срце а не со Спојлер к*р тогаш има право да биде среќен со неа, ако со мајка ти не е. Тоа е бе луѓе се' си бива. Климактериум, втор пубертет, па нови љубови, живеење на втората младост итн. Со еден збор тоа е животот да не се распекмезуваме многу додека сторијава не биде верифицирана. Дај да ја видиме љубовницата закачи некоја сликичка.
И јас истото го помислив дека можеби таа веќе знае па затоа сега си обрнува внимание и си се грижи сама за себе повеќе
Тогаш кажи и дека и ти знаеш, разговарајте си како мајка и ќерка. Јас незнам што би правела без мајками а зошто сте така ладни вие незнам стварно Посилни ке сте ако сте заедно со мајка ти а татко ти нека си го живее пубертетот кога веќе дошло до тоа...
Далеку од тоа дека е измислена темата, верувај ми. Ми требаат секакви совети бидејки пробав и разговор меѓутоа самиот тој не си стој на збор( вели дека ке се оттргне од неа, а веќе наредниот ден и купил часовник. Вели дека јас нема да бидам повредена што и да се случи, но кога тој мене ми подарил едно обично цвеќенце?) Работава е да продолжувам упорно со добро, или пак да уништувам на секаков можен начин.. Инаку сликичка можеби е подобро да не прикачувам, од кај знаеш можеби и таа е "феминка"