1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татко ми ми призна дека има друга..

Дискусија во 'Брак' започната од zvezdichka11, 4 септември 2015.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Бидејќи мајка ти гарант знае, прави се дека не знаеш дека знае и почни од околу да го уценуваш татко ти. Барај му да ти даде пари за некое патување, за облека, обувки, барај да ти купи кола како таа на женска му, речи дека и кученце такво сакаш итн... Кога решиле веќе да не функционираат заедно барај го тоа што ти следува од родителот, кој решил да го дава твојот дел по ороспии. И уживај, не се нервирај многу, зашто гледаш дека и они кренале раце од све.
    А таа сигурна биди дека ќе го остави кога ќе го исцеди, е тогаш ќе се освести можеби и татко ти.
    А за што мислиш дека мајка ти внимава толку на изгледот? Сигурно не за татко ти.
     
    На 123.Maki-first, Victorian, Lella и 22 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    По расипано млеко не вреди да се плаче.А ти како што читам си веќе возрасна и свесна си дека вакви работи се случуваат.Штом се во фаза на развод не знам што очекуваш.Знам дека ќе бидеш повредена зашто сега и двајцата се како тинејџери на кои родителите им отишле на одмор,па се чувствуваат дека треба да надокнадат се што пропуштиле.Љубовта за жал не трае вечно и ако не се вложува во неа ,се гаси.Кога ќе дојде до тој степен ,тешко е нешто да се поправи.Треба да се прифати.
    Тоа што татко ти има друга не можеш во никој случај да го забраниш тоа.Ти можеш да ја прифатиш неа,без разлика колку години има,можеш и да ја игнорираш,на што имаш полно право и да му го дадеш тоа на знаење на татко ти.Мајка ти можеби моментално нема никој,можеби ќе најде и таа некој,можеби нема воопшто да најде ,небитно ,нема да промени ништо.Работите почнале да течат како вода и нема да запрат.Тоа е животен тек.
    Искрено подобро да се разведат и да бидат среќни отколку во брак а несреќни.Млада си,те боли што ти се растура семејството ,ама тоа е.За жал се слујчуваат и такви работи.
    Јас не се согласувам дека треба да го уценуваш,туку треба еден отворен разговор.Да му кажеш дека се уште ја има обврската спрема тебе и должен е да се грижи за тебе ако веќе те створиле.Ако го уценуваш може да има контраефект кај него,зашто нема полошо од маж во години зацапан во друга жена па уште и помлада.
    Верувам дека сега ти изгледа дека ти се распаѓа светот,по некоја година сето ова ќе го гледаш со други очи.
     
    На Dream-Girl, daylight, Sunshine_1979 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Прво, ова не е воопшто невообичаена ситуација туку баш секојдвена во мојата околина. Јас сум мажена и гледам што се дешава со малку постарите колеги мои, на маж ми итн. Тука мислам дека најмалку ти треба да се секираш.Твоите да се смират во моментов е мнг тешко. Татко ти да го предомислиш за фуфата исто така тешко. Мајка ти што не ја дира многу ситуацијава е супер бидејки замисли колку полошо би било да праите драми дома со молење тегнење а татко ти никако нема да ја остаи другава ако мајка ти моли и пати пред него. Е сега јас сум малу сурова но најдобро за тебе е да си се гледаш себе. Ако можеш да си го изгладиш односот со мајка ти и ти она во сојуз би биле непобедливи. Би му земале се и нека ја части после фуфата. ЕЕј маживе бе после 40 год се страшно ГЛУПИ.
     
  4. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Се сложувам за се напишано но не се сложувам ако индицираш на тоа дека мајка и има друг чим се средува. Колку и да се први незаинтересирана сигурна сум дека за секоја жена е понижување да биде заменета со друга од мажот на кој му го посветила животот). Се средува за себе, да се осеќа убаво, младо и негувано.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ај да се престане со етикети, фуфица, ороспија, курва, спонзоруша итн.
    Зошто да не, ако некој им дозволил да се однесуваат така. Скоро сите сме жени овде и не знаеме која и каква се крие позади мониторот, а сите до една светици. Искрено да ви кажам кога гледам дека некои луѓе (општо) газат се пред себе за да ги постигнат своите цели, се мислам па и јас ќе газам.

    Не можете пред девојчево да сугерирате дека таа другата е ороспија или како и да ја наречете.
    Ќе се случи еден ден како возрасни и разумни личности да комуницираат и оп ороспијата и станува пријателка.
    Ако не можеш да го победиш непријателот придружи му се.
    Од неколку реда напишани веднаш етикетиравме се и сешто.Јас го разбирам нејзиниот моментален гнев, што немора да значи дека ќе остане по одреден период откако ќе слегне бурата од измешани емоции.
    Ете толку и мислам дека повеќе ќе ја збуниме колку повеќе пишуваме.
    Како баби на чешма сме.
     
    На makedonkamak, Madam-A, Viktorijaaa5 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Добро сега, женскава оди со постар, оженет човек, прифаќа подароци од него, и кога сфатила дека ќерка му знае за неа, ја одблокира од фб за да види колку добро си поминува со татко и’ и какви подароци добива од него. Како да не ја етикетираат? Што да си мислат - си се вљубила и го заслужува татко ти?

    Ситуацијата е јасна, колку и да се трудиш да оправдаш некого, не се работи за добра личност. Нема врска со светици, секој си носи заклучок според своите вредности. И какви цели би постигнала со газење?

    Се извинувам што те цитирав, не е лично за тебе наменето мислењето, само сакав да се надоврзам затоа што некогаш оправдување е едноставно невозможно.
     
    На Abeja, Youknow, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Вака јас размислувам, што од искуства што од лична перцепција.
    Не можеме да слушнеме само една страна и да судиме. Јас да би била на местото на девојчето исто би се однесувала, затоа што мене не ми одговара ситуацијата односно од мравка слон ќе направам.
    Тоа ми беше поентата со постот.
    Околу нас има милон примери на гневни деца каде што родителите се разделиле и ги замениле со други партнери.
    Имаше еден случај таков кога децата на мажот (разведен дали по нејзина вина или нечија друга) лупаа на вратата на другата жена во 02 по полноќ и извикуваа непристојни зборови за потоа да се свртат работите во друга насока.
    Така да низ многу примери може да се види првичниот гнев на децата.
     
    На daylight и referentka им се допаѓа ова.
  8. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Има неколку нелогичности, не велам дека тролаш, можеби не си се изјаснила убаво. Таа ти го блокирала фб уште пред ти да дознаеш за неа? Од која причина би го направила тоа? Од каде знаеш дека работите со кои се фали на фб и ги купил татко ти? Татко ти како причина за неверството ја навел љубомората на мајка ти?
    Не те напаѓам, само прашувам.
    Не можеш да решиш проблем што не е твој. Тоа е проблем меѓу нив двајца. Можеби ти си најмногу засегната во случајов, ама не можеш да го подобриш работите. Можеш само со разговор да ги разјасниш и да го убрзаш она што мора да се случи. На маж кој влезе во средовечна криза нема начин да му укажеш дека греши, се додека сам не сфати. Мајка ти ако е љубоморна нема да биде незаинтересирана. Љубомора се покажува на поинаков начин. Не е незаинтересираноста љубомора туку страв да не ја изгуби сигурноста. Разговарај отворено и со неа. Сами ќе решат што треба да прават, а ти биди паметна и извлечи што повеќе можеш од татко ти. Парите не значат љубов, па ако е така нека види дали неговата нова партнерка вистински го сака.

    Мислењево од утрово почнав да го пишувам, се извинувам ако се повторувам
     
    На daylight и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Ако и купува кола, саати, ја води на патувања, тогаш не е ништо друго туку спонзоруша, ороспија. Што не му ја покаже на јавноста, да ја запознае со роднините, да признае дома. Знае и сам дека го молзе дотичната а тој ужива додека има пари. Не размислува што ќе прави кога ќе банкротира.

    Колку што жената би се осеќала понижено ако мажот ја замени со друга, подеднакво ако не и повеќе мажот ќе се осеќа понижен ако жена му го замени со друг. Можеби се свесни дека не функционираат ама не можат да се осмелат на развод поради ќерката, поради тешкотии во делба на имотот, поради роднините и сл.

    Таа пробала да разговара со татко и и не и успеало. Нема потреба за разговор со некој кој некоја спонзоруша ја става пред ќерка си. Ќерка му е таа на која треба да и помогне, пред се емотивно па потоа и финансиски. Тој на нејзе не и купил кола а и купува на некоја која секојдневно го молзе а тој е свесен за тоа ама му се може се додека му игра тасе меѓу нозе. Кога тој можел така, зошто ќерката да не настапи ладнокрвно па и она да го молзе, да види после дали е способен да ги задоволи материјалните потреби на двете.

    А и ситуацијава сигурно долго трае, сигурно оваа спонзоруша не му е прва. Нема врска овде љубомората од жената, ова може влече корени уште по смртта на нивниот син. Човек одлепува по такво нешто, не треба да осудуваме. Којзнае што им се случува во главите.
     
    На Janina, jacqueline.s, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Абеја, абе ние видовме ли или само на девојчево му веруваме!?
    Таа не знае ништо за неа можеби татко и не купува?
    Куче, кола, разни поклони и таа на фб става слики од тоа, а што ако и таа лаже за да покаже колку е среќна?
    Можеби повеќе заработува од тоа мулето?
    Можеби јас не се соочувам со такви луѓе кои што поради друга жена си ги отфрлаат сопствените деца, што знам.:?:
     
    На daylight и referentka им се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Епа баш поради тоа стои и тоа АКО на почетокот на реченицата, значи ако и купува.
    Затоа и напоменав дека има многу работи кај нив, има многу -ако, има-можеби, а ние не знаеме каков им е животот. Мислам дека секој сам ќе си процени до каде може да оди и колку е во право.
    Ах ма Далеронке ти па си запнала за спонзорушата :D глеам ја ненаспана си, и јас сум таква од сабајле, спијам во автобус, дремам на работа, среќа имав некои обврски па се размрдав.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Од шпанската серија и журката синоќа, ај доста и овде ќе не пометат.:rofl:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.077
    Пол:
    Машки
    Што значи промислена мисла и искажана , стабилност искуство и добар карактер ете убаво кажано се во неколку реченици со добра поука за сите. Браво дадо
     
    На daylight и Daleron им се допаѓа ова.
  14. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Ај пиши ми во приватна порака :)
     
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Убаво што си ја отвори душата, само што ние не можеме да ти помогнеме...туку ти сама можеш :)
    Зборувај со мајка ти (сигурно и таа знае), ама ете дај и до знаење дека и ти знаеш за ситуацијата. Сигурно со неа си поблиска па прашај ја што планираат понатаму да прават, зашто ваљда нема да останат на тоа што се сега.
    Обиди се да им покажеш како се чувствуваш.
    Сигурно ти е многу тешко, чувствуваш гнев, бес, љубомора.. ама ако ја споделиш тагата со некој близок верувај дека барем малку полесно ќе ти биде.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.749
    Пол:
    Женски
    Исто како и повеќето мислења на форумов мислам дека мајка ти и тетка ти веројатно знаат. Не велам дека мајка ти има некој друг или има нешто такво во план, но има нешто шо ми вели дека таа знај за девојкава. Првично таа е незаинтересирана и на еден начин можеби и нема да ѝ е толкава грижа ако тој има некоја друга према тоа што опиша или пак од друга страна нејзината незаинтересираност потекнува од тоа што тој има некоја друга. Да те прашам, од кога мајка ти е ладна кон татко ти?
    Разбирливо е татко ти да зборувал со девојката и таа да те блокирала - таа знаеше за тебе додека ти не знаеше за неа така да таа беше во предност да превентира се што е во нејзина сила ти да не дознаеш пред време за неа. Но, татко ти не знаел да превентира. Бил преочигледен, не? Откако девојката те блокира, дали побароците кои го постира на фб, дали нагласува дека се од татко ти или онака рандом ги клава без напомена од кој се?
    Мислам дека еднаш седни да разговараш со мајка ти, со сите карти отворени зошто веќе разговараше со татко ти. Дај ѝ до знаење дека ти си свесна за ова што се случува, ако не знае биди ти таа која ќе ѝ кажи. Потоа по извесен период седни да разговараш со двата. Како што беше веќе споменато погоре, потсети ги на себе, на брат ти. Веројатно работите се искомплицирале кога брат ти починал, Бог да го прости. Ретко кој родител останува нормален после тоа, без траума и тешка емотивна болка. Дај им до знаење дека имаат уште едно дете, замоли ги да не те унесреќуваат. Ако веќе нема љубов - подобро нека се разбедат место да се мачат и тие двата па Богами и ти. Кога чекаш нешто да се случи, си во неизвесност и постојано те боли, те пецка, се нервираш. Кога нештото ќе биди завршено можеби ќе можиш да се соочиш со тоа полесно.
    Друго и неможиме ние да ви помогниме, проблемот е баш меѓу твоите родители, се надевам дека ќе биди се во ред. <3
     
  17. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Твоите не се среќни, и не се ни први ни последни што се разведуваат. Доколку не им функционира заслужуваат да бидат среќни макар и со други луѓе

    Можеби сега не разбираш и тебе ти изгледа како да е крај на светот но тоа е реалноста и мораш да ја прифатиш. Доколку не им оди подобро да се разделат отколку ти да растеш во несреќна околина.

    според тоа што го читам мајка ти сигурно знае едноставно можеби има многу работи што и се случуваат и не сака да размислува за тоа. Јас мислам да оставиш времето да си покаже и да не им вршиш многу притисок најдобро е да го прават тоа што го сакаат а не да мислат дека заради тебе треба со сила да останат заедно
     
  18. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Мене ми изгледа дека бракот на твоите емотивно завршил уште по смртта на твојот брат, не е редок пример сопружниците да се оттуѓат поради такви трагедии во семејството. Ние тука ја напаѓаме едната страна зошто ја знаеме само твојата приказна (т.е. приказната на татко ти) но можеби има и повеќе од ова... сепак има многу работи кои вешто се криени од родителите само да не се уништи сликата што ја имаат нивните деца.
    Не го оправдувам татко ти (во никој случај!) но никој не знае што претходело на тоа тој да се одлучи на ваков чекор... за бракот да успее се потребни двајца.
    Каде е тука мајка ти? Ние жените сме толку препредени и не дозволуваме ништо да ни се промакне, не знам како е можно таа упорно да не знае... како одеднаш толку бизнис патувања, останувања и до 2-3 дена надвор од дома а да не се појави барем малку сомнеж? Очигледно се навикнале на оваа ситуација да живеат како странци во својот дом.
    Ти веќе не си дете, имаш 21 година и мојот совет е како возрасна личност да поразговараш и со двајцата и да им дадеш до знаење дека нивната незаинтересираност за семејството не те прави среќна, туку напротив си бесна и растргната помеѓу нив двајца.
    Се надевам дека се ќе се реши и ќе дојде на свое место. :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    А какво мисење треба да имам за жена што прифаќа подароци од типот на автомобил од маж со жена и деца??
     
    На Dream-Girl, IronLady, NightBreaker и 3 други им се допаѓа ова.
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Што му требало друга кога ја има мајка ти :?: , Дали е за изгледот не знам, а може и е а ако се 18 години разлика нема да трае долго врската, одма ќе се појават проблеми ќе раскинат, не се секирај, ама после нема да биде исто и ќе се кае за тоа што го направил :) ама ќе биде доцна.