Форумџика на годината

Татко ми ми призна дека има друга..

Дискусија во 'Брак' започната од zvezdichka11, 4 септември 2015.

  1. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Душо знам дека ти е тешко , но мислам дека тешко ти е заради тоа што не си во центарот на вниманието , единка си , и научена си да ти угодуваат, таткоти си се заљубил во друга , мајкати сигурно знае и изгледа ешила да си го тера животот како што сака и не ја интесира ништо , прашањее е време кога ке ти соопштет дека се разведуваат и тоа е тоа , гледај си го животот твој веќе си возрасна девојка, познавам мн деца на разведени родители што многу успеале во животот , и немој да го осудуваш таткоти што има друга , ништо нема лошо во то
    а , човекот едноставно се заљубил а љубовта нема граници , мој совет е да не се замараш , да не си го ставаш многу на срце , туку да си се изградиш како личност , прави работи што те прават среќна , нешто што те исполнува , не е крај на свет , а и негледам нешто лоши работи во целава работа, имало и полошо .. :)
     
    На Candid и daylight им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ау уште дискусии.
    Децава на училиште се веќе.
     
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    6.452
    Далеронке верувај дека постојат вакви работи.и полоши има.затоа не верувам дека девојчето измислува.
     
    На Youknow, daylight, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Jas sum sigurna deka ova e izmislica i ne me napagjajte.
    Ima biznismeni so vakvi aferi, ali nikoj ne i kupuva avtomobil na sponzorushata vo period pokratok od 6 meseci (6 meseci pishuva vo vovedniot post). Vreme e potrebno za sponzorusha da dojde do kola.
    Se zbuni koga pishuvashe za fb profilot, samata ne znae dali ne mozhela da ja najde ili ja blokirala.
    Prvo veli deka nejzinite imaat losh brak pred razvod, posle veli tatko i vetil deka kje se trgne od sponzorushata.
    Mi ostana nejasno dali se stvarno nekakvi delovni partneri ili saka da kazhe deka ja lazhel. Ako se delovni partneri, nitu edna delovna zhena duri i da e sponzorusha, nema da objavuva gluposti na fb i da otkriva deka ja sponzoriraat.
    Mislenjata izgledaat nonshalantno napishani za nekoj shto ima semeen problem.
    I zoshto e potrebna nova tema koga vekje postoi tema Brachni neverstva? Zatoa shto nekoj saka da privleche vnimanie :hai:.
     
    Последна измена: 4 септември 2015
    На Perfectgirl5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Dobro, ete, sekoj se potrudi da kaze "zbor-dva":sweat:, I sega taa neka si cita slobodno cela vecer vecerva, ako namine, poso ja nema nesto:?:
    Ako vistinski ima problem I nee izmislica sevo ova, sigurno ke izvlece nesto od site soveti I na kraj ke odlucit so da prajt.
    Aako I ostane pamet vo glava od raznite mislenja na site :D
     
    На Valerin и H.VAGA им се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Ако си во можност под итно вработувај се и замини од дома. Евентуално ако сеуште студираш, стрпи се уште некоја година, патот под нозе и бегај!

    Околу татко ти би те советувала да не бараш ништо, бидејќи тој е изгубен случај. Заслепен е од љубовта на таа жена. Штом е спремен да одзема од тебе за неа да и удоволи, нема повеќе место за дискусија, се е јасно како ден. Во вакви ситуации за жал, сешто можеш да направиш е да се тргнеш на страна, и потајно да се надеваш дека еден ден ќе се освести дур не е премногу доцна. Меѓудругото, ми фати око следнава реченица:
    Најлошиот пат по кој можеш да тргнеш моментално е токму тоа, да се омажиш и му ја исполниш желбата на татко ти. :nod: Повеќе од очигледно е дека му пречите во плановите со ''идната сопружничка'' и ти и мајка ти, па како демек случајно уз муабет ти споменува за мажачка. Млада си и треба уште многу да преживееш. Патем, да знаеш мајка ти воопшто не е виновна. Нејзината љубомора му послужила само како изговор во целава ситуација.
     
    Последна измена: 4 септември 2015
    На Nausicaa и fff3 им се допаѓа ова.
  7. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Оној дел ми падна во очи "ме блокираше не можев да ја најдам па ме одблокираше" (чекај, правеше стално проверка or what) е тоа ми е доста сумливо, да кажеше ѕиркала од лажен профил можеше да пројде. Плус никаде ја нема со апдејт како се одвива после советиве... Дајбоже да е измислица, но некогаш некој стварно ќе се најде во слична ситуација, ќе му затреба совет. Овде се губат време и живци луѓево со реферати се трудат да помогнат од петни жили, па еден ден и ним ќе им дојде преку глава и после скептици, епа скептици.
    А може и да е вистина, во прашање да е некоја стална ченка, сега од нов профил ради тоа што може се срами да пише од правиот, оти некако малата ми стои доста навежбана како за тазе зачленет. (Знае цитирање знае да скрие профил итн) Ама се си бива.

    Е сега, во случај да е вистина, мислам дека не може многу да превземе, таткото губи глава за спонзорушата и тука спорот веќе е изгубен. По мене, најдобро да се зближи со мајката (за која се надевам дека порано не била како овие од темата дали сум бремена туку е некоја зрела нормална жена која ќе обрне внимание на детето и ќе знае да се носи со проблемот и никако нема да дозволи детето да страда. Значи мајката треба да е свесна дека родила дете и колку и да има години детето е секогаш на прво место, а не изгледот. Е ако и со неа не бива, куферите и работа, ќе се осамостоиш и мирна глава. Ќе го надминеш ова, ќе ојачаш. Ни прв ни последен случај со разведени родители, а многумина успеале сами.
     
    Последна измена: 5 септември 2015
  8. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Мислам дека болдираното е причината за оваа тема. :D

    Има луѓе желни за внимание и 5 минути слава, ситуацијата на девојкава е одлична за да се прослави и да и се пренатрупа инбоксот и она да биде предатор и да лови.

    Yeah наречете ме луд, но... луѓе што ловат на емционална карта (клучен збор: сожалување) се опасни предатори и веќе има класификација за нив во психологијата. Самопрогласен доктор по психологија сум, рамо до рамо со Фројд анализирам, не се зезам колку и да е нарцисоидно кажано ова еве пратете ме редовно ќе видите. :D Уште не сум пишувал на тема психологија, дополнително ќе распалам таму уште се загревам.

    Премногу детали кажува “ѕвездичката“ наша со цел да ја направи оваа приказна веродостојна (уфрла и вистина и невистина бидете во тоа милијарда % сигурни). Многу од нас збуни со некои нелогичности, така?

    Не апелирам на бездушност и срце од камен, но бидете секогаш внимателни кога некој сака емоционално да ве издрибла пошто тоа е најсилното оружје на тие луѓе. На тој начин сакаат да ја добијат вашата доверба, а и вие да им верувате нив.

    Тоа што мајката на ѕвездичката посветува многу внимание на изгледот после 21 година брак браво секоја чест... but what if...
    - мајката на ѕвездата е таа што вара и го дрибла татко и' и мора да одржува витка линија за да мами воздишки и ерекција
    - таткото е вистинската жртва, дознава за ова и наоѓа утеха во друга жена (за негова несреќа спонзоруша) која ја купува и држи до себе со подароци и кола

    Во овој случај таткото е вистинското гревче и жртвата. Гледате како се менува аголот на гледиште со извртување на тезата која што на крај може да испадне дека е точна. Да беше претставена мајка и како таа што вара и го прави ова, сигурно многу од вас ќе ја осудевте, ќе ја извреѓавте и темата ќе отидеше во канта, но пошто виновен е татко и еве ѕвездичката наша навистина сјае и добива огромно внимание и популарност што е токму тоа што она го сака(ше). :D

    Не мора да се согласите со мене и можете слободно да ме сметате за луд :lol:, но ви давам оружје и алатки секогаш да го испитувате авторитетот кога некој нов член ќе отвори ваква тема (премногу детали и сето тоа спакувано во хаотичен пакет, 100% намерно направено така).

    Ако сепак сето ова е вистина еве упатувам извинување до @zvezdichka11 меѓутоа сигурен сум не ја кажува целата вистина, there is more to the story, ајде чекаме!

    Ако ѕвездичката ја снема за ден-два гарант е ова фејк story на која некој си прави семинарска, магистратура, докторат или едноставно е социјален експеримент. Претставува замрсена приказна како од сериите, а ние “обичните“ смртници си ги даваме мислењата како првачиња. :lol: Едно е автентичен проблем и барање совет за љубовен или секс проблем, друго е ова холивудско сценарио кое не викам дека не е вистинито, затоа што може да е вистина!

    Ете така да си знаете.

    Вашиот badass доктор,
    NightBreaker
    Нормално не сум ова јас на сликава, но еве со ваков поглед го пишував ова мислење.
    Question the truthfulness. Seek for answers. Be crazy. Reach out to the truth!
    [​IMG]
     
    На m.i.g, jacqueline.s, Ethrnity и 6 други им се допаѓа ова.
  9. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Негирање на постоечки проблем заради тоа што ти се сметаш за самопрогласен доктор според мене е некако полошо.
     
    На theowndemon, Priroden, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Прифаќам критики какви и да се, само не ме тепајте. Имам чувство како да многу ќе сакаат со јајце да ме гаѓаат ако продолжам во стил како погоре да пишувам. :D

    Ајде ќе се смирам и средам. Сакав само да фрлам ново светло врз случајот пошто после првичната порака, ѕвездичката како да ја снема и одбива да дава нови детали и да објасни тоа што е нејасно на некои членови, зошто? :^)

    Не е полошо. Дадов свое мислење кое верувај ми може да е многу точно! Ако си ја имаш мувата на капата кажи ќе продискутираме слободно. :)

    Мојот претходен пост накратко сумиран: не дозволувајте да бидете жртва на нечија бујна фантазија. Не секој што ќе пише нешто е вистина. Ако повеќе се сомневаат во нешто значи нешто не штима. Кај што има чад, има и огин!
     
  11. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Ама и кај што има досада има и тролање "докторе":D ^
     
  12. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Таман работа, не иди на тепање одма :D
    Туку некако веќе на форумов кога и да прочитам некој да побара совет или мислење, одма е нападнат дека лаже или измислува (што фала богу неможе да се исклучи и таа опција, се има)
    Но реално, вакви случаи има многу, знам за еден по далечен роднина истово го прави. Сите знаат ама си ќутат а тешко на децата моја генерација се, 18 - 19 години.
    Ако мислите дека некој толку измислува, барем батали не пишувај, ако е вистинска ситуацијата уште такви глупости им фалат..:)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.189
    Допаѓања:
    169.693
    Тезата на докторот од погоре држи вода ако е проблемот вистински
     
    На Lella, Candid, Avokado и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Добро, зошто за сите мислите дека се тролови? И за тоа девојчето со темата дека татко и ја сака мајка и најмногу на свет, и за секој што ќе пише некој проблем и сега и за ова.
    Некои се зезаат не викам не, ама на некои стварно им е потреба помош.
    Еве и оваа девојка ако се зеза, ако си потполнува време од досада ок е, пошто на темава се даваат убави совети што може на некој друг да му послужат.
    Ама сепак мислам дека не би пишувала толкав реферат ( и толку работи да измисли) од досада. Може не ја кажува цела вистина, нешто е измислено (ама вие барате влакно во јајце), ама тоа е суштината на нејзиниот проблем.
    Како и да е, добра е темава и некој друг што има сличен проблем може да си ја отвори душата.
     
    На Youknow, daylight, nadja29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Мене ли ми се чаламиш ова? Или на моја страна си? :D

    Не би пишувал глупости и тролал колку и да имам време, а верувај ми немам премногу, крадам кога можам. Туку да не ја спамираме темава, назад кон “проблемот“ на ѕвездичката.

    Решение: развод и секој кај својот љубовник, мајката кај помладиот дечко, таткото кај спонзорушата, ѕвездата кај што сака. :)

    (y)
    Ако ѕвездичка продолжи да пишува на темава и докаже дека проблемот навистина постои со тоа што ќе разјасни некои нејаснотии тогаш мојот пост или нека биде избришан или нека се отвори нова тема со мојот пост како потсетник дека... има опасни луѓе по планетава наша! Вие мислите дека тролам и пишувам глупости, ама заживејте во реалниот свет малку. 100% со некого со кого контактирате на дневна база има тенденција да си подлажнува и да ја извртува вистината за своја цел и придобивка (при тоа го прави тоа без грам совест), да игра на емоционална карта за да ја добие вашата доверба и сл. и после да ја изигра и да ве истреска од земја како што напален мајмун тресе мајмунка. :D

    Отварам очи само, нејќам да бидам перцепиран како некој главуч кој се прави дека знае се. Ако станувам таков, карајте ме ќе се сменам. :D

    Бидете среќни што некои работи ги споделувам бесплатно, некој за вакви филозофии и текстови наплаќа дебело, малку респект девојки и жени тоа е се што барам, не мора да ме сакате само почитувајте ме. :lol:
     
    На Candid, ALISA0000 и kim.k им се допаѓа ова.
  16. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Можеби затоа што сме виделе премногу. :lol: И таман кога човек ќе помисли I've seen it all, доаѓа ново апокалиптично сценарио.

    Мирни жени не скокајте на мене, веќе чувствувам како ме тепате со сукњите ваши. :lol:
     
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Не, скраја било, не ти се чаламам хаха..само ја надополнувам изреката и воедно само да ти напоменам, со добра намера :mm:
    И нигде не спомнав дека тролаш или тоа шо го кажуваш се глупости:D

    А главната ѕвездичка да се појавеше од некаде не ке беше лошо да кажи и таа нешто на ова вашиов труд со големи постови.
    Ако е вистина сево ова можеби и сега се соочува со некој проблем од истава тема...или пак ако сето ова е измислица, сигурно вечерва не и е досадно па не наминала:D
     
    На NightBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што има чудно во проблемот што го пишала? Мислите нема такви случки?
    Татко и имал друга жена и што? Прв маж ќе биде што изневерил, заминал со друга жена и го напуштил семејството? Не е ни прв, ни последен туку за жал разводите се се повеќе застапени во денешно време.
     
    На Priroden, daylight и NightBreaker им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Стандардно да си прашам, ако велиш ти имаш 21 година а таа од татко ти е помлада 18 години, колку имаа таа години или татко ти? Таквите податоци можат да фрлат и малку дополнителна светлина на проблемот.
     
    Последна измена: 5 септември 2015
  20. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Легенда си. :lol: Математичко прашање поставуваш. :)

    Еве јас да прогнозирам. Девојката има 21 година, татко и има 50 години, неговата девојка има 32 години, а мајка и има 45 години.

    Има такви случки и те како. Можеби проблемот е на ѕвездичка што не го опиша убаво проблемот или не ја кажува целата вистина (крие или извртува нешто), па збунува со некои контрадикторности. Не се ни прв ни последен пар што ќе се разведат или каде што еден партнер губи глава на поодминати години и посакува младо мевце. :D