Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татко ми ми призна дека има друга..

Дискусија во 'Брак' започната од zvezdichka11, 4 септември 2015.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Пред некoлку денa мaлиoт oнaкa нaјнoрмaлнo, сепaк мaлку нaтaженo, ме прaшувa кoгa ќе сме живееле сo тaткo му вo рaзличнa куќa. Си слушa дете вo грaдинкa кaкo си збoрaт другите, a вo земјa сo oкoлу 50 прoценти рaзведени, сoсем нoрмaлен е муaбетoт -денес бев кaј мaмa, нaредни двa денa сум кaј тaтo. И тукa некoгaш бил рaзвoдoт и швaлерките незaмисливи, aмa кoгa ќе видеш декa се случувa честo мoрaш дa гo прифaтиш кaкo нoрмaлнo. Џaбе сo глaвaтa вo ѕид, тoa е, се случувa.
    Oстaнувaaт зaеднo нaјчестo oд финaнсиски причини и зaтoa штo пoсле oдреденo време к.. ги бoли штo мoрoнoт шврљa, тaa влoжувaлa вo тaa куќa цел живoт и тукa ќе си седи, тoј некa крши глaвa штo сaкa некa прaви.
    Пoсебен живoт, ист крoв. Дa имaaт сите пoдoбри плaти нaјнoрмaлнo, безбoлнo и дoстoинственo ќе си зaминaт вo некoе стaнче и ќе си пoчнaт нoв живoт, aмa тие се услoвите и ќе се прилaгoдувaш. Стрaшнo звучи кoгa ќе слушнеш вaквo нештo нa 20 или 30 гoдини, aмa ете се случувa и тoa честo. Акo рoдителите се пoмириле, истo oстaнувa и зa децaтa.
     
    На duffi, okcenzi, anel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @zvezdichka11 веќе си направила нов профил и ќе ја чекаме со некој нов сочен проблем. Само да не забега во темата-дали сум бремена, со тие куршуми-не.
    Што друго да помисли човек кога само постави тема и ја снема.
     
    На duffi, Lella, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Пa aкo немa тaкви ќе се дoсaдувaме нa фoрумoт. Некoј се труди интетеснo дa ни биде a ние неблaгoдaрни.
     
    На sesilija, Sanjichka007, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.730
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се извинуваш,јас свесно влегов на темата.Иако можеби не требаше.Ми проработеа личните чувства и одговорив во склоп на тоа.
     
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Jad mislam devojcevo treba da se obrati kaj Karamela vo PRELJUBNICI. Slucajot samo tamo ke bide resen i javno obelodenet.
    Po koj znae koj pat- trolanje na NIVO.
    Ovde site se trudat da pomognat so razlicni soveti, a od druga strana nekoj igracki si igra i gubi necivo dragoceno vreme.
    Do koga vakvi bolesti ke pistojat? Psihopati.
     
    На cresa-jagoda, Lella и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ок знаеме болно е. Во ред. Ајде кажи дали некој најде решение за нејзиниот проблем и дали може да го врати времето назад, па ова што се случило да го спречи? Да не се лажеме и фантазираме. Се случило. Дошло на нејзина глава таква лоша ситуација. Не може да и речеме да оди да се тепа со швалерката од тато, ниту да му прави филмови на тато дека се дрогира или дека е во врска со мигрант итн. Не може да ја советуваме да го врзе тато дома и да мора да ја сака мама. Не може да ја советуваме мама да го сака тато или мама да се секира за друго освен за себе.
    Ова е реалноста.

    И даваме совет како да се помири со фактот дека веке тука пукнало и дека искрено таа нема сила да смени нешто. И ако пак нејзините се смират, секогаш ке остане тарага која не се заборава.

    Она материјалното кое е споменато во твојот пост дека и го вадиме низ нос, е истото за кое таа зборува во нејзините постови. Не вели дека и и криво што татко и не ја сака мајка и и обратно, туку дека таа не добила материјални добра. Колку повеке очекуваш од другите, толку повеке се разочаруваш. За тоа и реков дека веке е способна сама да заработи и да се грижи за себе. И татко и сам заработувал и стигнал до заработка да може да и купи кола на швалерката. Така и девојкава наша нека се мачи нека заработи и нека не го прави грешките на тато.

    Искрено јас не би се притресулава кај одат парите на татко ми, ако тој веке го растури нашето семмејство.
    Ке речете не е до материјалното, ама многу голем дел е. Девојкава е веке возрасна и може да се сноси со тоа, да нејзините се во врска која не е функционална. И нејзе може еден ден истото да и се случи и што треба да прави? Да седи во брак поради децата и да не е срекна? На други теми други совети се делат. И да ги направи децата мекуши па цел живот да чекаат од мама и тато, а овие кај во несекен брак, па и задолжително некој да ги оптеретува со материјални барања.

    Сакам да и кажам на девојката ( ако приказнава е вистинска) дека залудно е да прави напорни демонстрации, да бара почит ако ја нема, да бара љубов ако ја нема ( иако мене така не ми изгледа) и да се бори за нешто кое одамна непостои. Да не се меша во одлуките на нејзините родители и исборот на нивните партнери, дека не сите се олоши и користољубиви и дека можеби еден ден тие ке бидат оние кои ги направиле срекни нејзините родители. И секако немој да бидеш родител како твоите. Ете ти пример од прва рака како не треба во животот.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Ма ако не се овие и слични теми, ќе подзачистевме повеќе по дома, вака не се наоѓа време за се. Дали совети да даваш на форум, дали ручек да направиш, на работа да отидеш, да испереш, исчистиш. Тежок е нашиов живот :D
     
    На do-re-mi, Bridget и joy1 им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.348
    Допаѓања:
    249.490
    На мене ми боде во очи она што упорно го нагласувате, дека матријално ништо не им фали.
    И овде е проблемот, матријално.
    И не е проблемот колата, девојкава е револтирана и ја боли што татко и купува скапи подароци на швалерката.Мене по нормално ми е на детето да купиш отколку на швалерка помала 18 години.
    Нека си има тој свој живот, спомнав дека бракот им е оддамна завршен и дека глумат лудило.
    Некогаш и самите сме свесни дека бракот е готов, ама секогаш постојат околности кога ни е тешко да се разделиме.
    Не секогаш е поради пари, си вложил во тој брак, иако јас би оставила се. Мене матријалнотото не ми вреди јас би почнала одново. Јас можам единствео емотивно да се скршам, и поради тоа да не ставам крај. Поради такви околности кога во прашање се чуства и слични ситуации.
    Шо знаеш, може и татково, изгубил син, се плаши и тој да ги остави. Исто и со мајкава.
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Мила за почеток швалерката не е 18 год помлада, тоа го пиша како пример некоја друга феминка. Второ ако татково немаше толку пари да си дозволи коли за швалерката, дали нашево девојче ке беше толку повредено, или ке речеше нека си замине побрзо од дома кај неа. Да не си правиме филмови и ептен повредени. Овде се врти само околу материјалното. Ниту еднааш не спомена за чувства. Очигледно дека и пред тоаа немаало некоја блискост, ама сега е потешко дека има некоја друга што троши.
    2+2=4 тоа е. Предходно друга феминка бараше внимание од татко и исто како што има мајка и. Овде не се бара тоа. Овде секој пост се споменува материјалното од страна на девојчево. Еве јас никаде не прочитав дека и е тешко што тој ја дели љубовта со друга, наместо со мајка и. Плус не прочитав дека татково се откажува од детево-семејствово, туку дека нашол некоја што го исполнуа, а сепак мисли на девојчево. Таа не кажа дека тој веке не иде дома и дека им скратил секаква помош и поддршка, напротив, чека таа да се омажи па и тој да си има спокој во староста.
    Тој веке решил и нема што друго да е стори.
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @okcenzi
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ок моја грешка.

    Еве што зборувам цело време

    Каде се чувствата и мама во приказнава?

    Еве баба лаже трап не лаже.
    Не прочитав до сега ништо освен подароци мене-неа. Никаде плачам поради мама или поради што ке го изгубам тато, туку дека не добива ништо. И да мислам дека е измислена приказна.

    Доста со тоа дека секое дете е повредено ако се случи вакво нешто. Не. Тоа само овде на форум. Од близок пример знам да дете се радува што се разделуваат неговите за да може повеке да црпи од двајцата и да има повеке време за скитање а помалку внимание од тазе разведените. Ептен сите ги направивте совршени.
     
    Последна измена: 7 септември 2015
    На daylight и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.348
    Допаѓања:
    249.490
    А пак сметаш дека секого треба така да се однесува, да е среќен поради развод бидејќи ќе шета повеќе.
    Треба да е среќен што неговите конечно ќе се средат, тоа да, ама овој пример воопшто не ми е нормален.
    И јас пак ќе пишам, за мене по нормално е таткото да ги троши парите на ќерката отколку на швалерката.
    Вие заборавате дека живеете во МК и дека без помош од своите тешко ќе купеш и кола и било што.
    Па така да кога има, нека ги даде на ќерка му, а не на швалерката.
    Да идеално е секој сам да си заработува па каде сака да си ги троши, ама кај нас условите се тие.
    Што ви е чудно, во едно нормално семејство постои таа љубомора ако на едното дете пример купиш кола, а на другото не, а камо ли за швалерката.
    Се изјаснив бракот оддамна требало да завши, ама ете поради некои причини сеуште трае.
     
    На joy1, Nausicaa и tessie им се допаѓа ова.
  13. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Луѓе, тие пари што ги троши не се негови туку на семејството. Кој колку заработува тука не е важно. Нека има доблест да се разведе, подели имот, пари, па со своите што сака нека прави.
     
    На MilaP, joy1, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    8 strani se ispisale be :o :o
    A be uste li ste tuka a?!
    Ajdee ne raboti veke temata, aj aj brkajte si rabota ne si go trosete vremeto tuka.
    Aj Pozz :*
     
    На MilaP, Petar80 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Сигурно и сама гледаш дека твојата тема е најактивна моментално, па дај пиши ни нешто, не не оставај во искушение за сами да си погодуваме што било и како било....барем заблагодари се за советите ако ништо друго :)
     
    На cresa-jagoda и Petar80 им се допаѓа ова.
  16. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    34.460
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се заблагодари за зимски распуст :lol:
    Моментално има обврски со школото
     
    На ALISA0000, okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  17. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    А она што следи понатаму во текстот е уште понелогично.Како може да знам за некој точно датум и година на рагање а,да не му го знам името????Значи прво пресметала дека швалеркава е 18 год.помлада а,дури потоа дознава која е,со име и презиме и профилот на фб.Од каде јас да знам колку години има некој кога не го познавам?.Каде е логикава тука?!
    Ѓаволот се крие во малите нешта,се е во деталите!Очигледно е дека се работи за трол.
     
    На Lella и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Грешката на твоите родители (и на двајцата) е во тоа што до твојата 21. година не те научиле како самата да си заработуваш пари од кои самата ќе можеш да си купуваш поклони. Тоа немаше да промени многу кај татко ти или мајка ти, туку ќе променеше како ти се чувствуваш во однос на целата работа.

    Се наоѓаш во ситуација кога стануваш сè попринудена да пораснеш. Не е пријатно, знам, од искуство. Но мора да разбереш дека тоа е природно и неизбежно. Ако не вака, тогаш најдоцна еден ден - колку и да бегаме од тој факт - смртта ќе ве раздели. Кој тогаш ќе ти купува поклони? И уште поважни, кој тогаш ќе ти овозможува егзистенција?

    Доколку студираш, гледај што побргу да го завршиш факултетот и да најдеш платена работа - за почеток, било каква, само да е легална.

    Секој има право да одбере кого ќе сака. Но не е во ред поради тоа да ги запоставува своите најблиски.
    Поклони татко ти не е должен да ти дава - не си мало дете нити пак си му сопруга или љубовница. Знам, ова звучи сурово но во реалноста е така. Кога ќе го прифатиш тоа, нема толку да се нервираш.

    Доколку татко ти тебе ти обезбедува нормално храна, кров над глава, платени сметки за комуналии, облека и хигиена и можност да се школуваш на факултет (патем, студираш???) тогаш, иако емотивно ти е во моментов тешко, имаш добра материјална основа сето тоа да го пребродиш и станеш постепено самостојна. Тогаш нема да можат ваквите или слични ситуации толку да те повредуваат.

    До другите учесници на темава: Не се замарајте дали е трол-не трол. Вакви ситуации постојат, сум бил во повеќе наврати сведок. Со разновидните одговори овозможувате некој друг што има сличен проблем да му светне некоја позитивна идеја како да ја надмине таквата состојба.
     
    На okcenzi, eloves и kim.k им се допаѓа ова.
  19. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Можеби е навистина трол, но имам другарка со слична приказна. Татко и се прежени со 2 години постара од неа која наводно и се правеше другарка и со неа има бебенце. За жал се откажа од другарка ми и нејзината мајка те. ги отпиша од живите и се посвети на новиот живот заборавајќи го минатото. Другарка ми тогаш беше средно, цел живот работеше некоја работа колку за живот.
    За жал решение јас не гледам во ситуацијава на ѕвездичка, односно гледам решение, но тоа зависи од нејзиниот татко. Ако сакаат нејзините родители нека се разведат, но да не биде запоставено сопственото дете. Премногу боли. На крај краева родителите работат за да си овозможат добар живот за нив и нивното дете, а не за некоја кокошка. Не дај господ, но татко ми да се швалерисува и на швалерката да има да и купува, а мене не би чувствувала бес во себе. Зарем швалерката е поважна од сопственото дете?
     
    На daylight, Nausicaa, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Дали девојката трола или не и не е толку битно, битната и болната работа е што секојдневно народот доживува и се справува со проблеми од ваков тип, причина за проблемите од овој тип се сведуваат на самата денешница и денешниов суров свет.

    Баш убаво што се дискутира за една ваква честа појава и се искажуваат ставови и мислења бидејки верувам дека има многу девојчиња за жал што се жртви на вакви тематики и проблеми.
    Не е лошо воопшто да се прокоментира и на секое девојче да се најде сето ова во пресрет и да се помогне.

    Ваквиот тип на луѓе се се само не и фраери и мачомени како што се преставуваат пред помладите девојки за да си ја нахранат самодовербата и своето его и да имаат чуство дека постигнале троа многу бидејки ќариле "млада лавица" и го постигнале врвот на светот.
    А тие се само всушност исфрустрирани и искомплексирани луѓе кои молат очајно за "внимание" од околината а притоа немаат ни трошка памет за да се сетат на своите најмили и својата жена, забораваат на нивните потреби, љубов и подршка.

    Мора да си до толку нечовечен и бездушник за да дозволуваш да си ги повредуваш децата и да ги "одминеш" за да одиш кај некоја недорасната што очајно моли за материјалност.
    Кога тој човек според кажаното не знае да се цени самиот себеси што оди кај некоја да го "молзи" што да очекуваме за најмилите и за жената.
     
    На JuLleE, cresa-jagoda, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.