Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татко ми ја сака мајка ми повеќе од нас

Дискусија во 'Брак' започната од Грејси, 11 август 2015.

  1. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Грејси, наместо да пишуваш по форуми седни и поразговарај со нив. Не се сложувам со тоа дека одењето сами на одмор претставува љубов. Јас со моите одев заедно до 16 години па тие се сакаа и се сакаат. А ако сакаат да останат сами можат да отидат на викенд. Неможам да разберам вакви несовесни родители...
     
  2. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Еј па ако напишала вакво нешто незначи дека е трол,девојчето може стварно неможе да го издржи тоа иако има 15-16 години,подобро разговарај со твоите родители ете мој совет:)
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  3. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Zavisi od covekot,imam edna komsivka mala e 1god sredno,taa vika tatko mi ne e kako nekoj da kupi nes za da dokaze deka te saka,no znaj deka stvarno te saka.E sega nez zs gi spomna i prvite deca,no sepak sekoj e razlicen na razlicen nacin iskazuva ljubov,nekoj ja ima vo sreceto no ne ja iskazuva,koj ne si gi saka decata pozz
     
  4. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @Грејси ме интересира како можеа на толку време да ве остават сами ? колку години имате ти и брат ти .. сами се гледате или некој близок баба дедо ?
     
    На crimson, Lady Phoenix и Ekstaza им се допаѓа ова.
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Абе и да е трол и да не е, важно има некој шо се осеќаат осамено затоа шо немаат другарки, од дома не им обраќаат многу внимание, па плачат за тоа. За да не иде до тоа нека си најде ново хоби, нека си ја преуреди собата, нека научи како да се шминка (на пример) и летниот распуст ќе и биде поинтересен. Нека најде некоја другарка за на кафе и нека се шетка низ паркови или кај сака со нејзе. Ете се шо ти треба е да најдеш другарка! А јас па плакам моите пак да се заедно и да го имам сето тоа ти шо го имаш! Треба да сфатиш дека има деца шо плакат за родителите повторно да им се заедно, а мене дури ми е и чудно да имам се, моите да се заедно и пак да кенкам и да не ми е погодено.
     
    На littlevampire и joy1 им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.670
    Допаѓања:
    167.996
    Пол:
    Женски
    Очигледно девојчето е тинејџерка, тинејџерите паничати за ситници. Никој неќи да се осети осамен. Стварно не сфаќам зошто толку ја нападнавте ... како и да е, немој да се споредуваш со некој возрасен, во огледало гледај се себеси и биди задоволна. Не секој родител искажува чувства на ист начин и тоа сега нека не ти е главна преокупација, можеби си „поинаква“, но верувај секогаш ќе има некоја ко тебе, ама обиди се да прајш работи кои ќе ти го намалуваат стравот и ќе ти оттргнуваат мислите од твоите проблеми. Релаксирај се, безпотребно нервирање не помага на никој. Ти имаш среќно семејство, уживај во тоа што ти е пружано.
     
    На Lolo5, Someonespecial, littlevampire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Луѓе зошто ви е чудно? Има секакви случки. Мислам не лаже, ете сакала со некого да зборне и да ја отвори душата. Плус делува како да е културно и воспитано девојче по пишувањето.
    И јас би ти рекла да зборнеш со мајка ти и да и кажеш како се чувствуваш, не чувај во себе, па може таа ќе превземе нешто и ќе зборне со татко ти.
    Само немој да мислиш дека не те сака татко ти. Ете некои луѓе не знаат да ги искажуваат емоциите, и мојот татко е нешто слично. Така е повеќе затворен ама сепак знам дека не сака и мене и брат ми.
    Колку и да не го покажува тоа секогаш знај дека ве сака, секогаш вие имате посебно место кај него.
     
    Последна измена: 11 август 2015
    На Lolo5, Someonespecial, LittlePinky и 7 други им се допаѓа ова.
  8. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Родителите ти се супер, ТЕ САКААТ и тоа МНОГУ, биди сигурна. Љубовта помеѓу сопружниците и онаа кон децата е сосема различна, и ти тоа го знаеш, затоа немој да се оптоваруваш со такви мисли. Тоа што татко ти е луд по мајка ти, е всушност клучно за здраво семејство.
    Што се однесува до тоа дека имаш полу-браќа за кои татко ти не се грижи (според твоето кажување), размисли дека можеби и ти не ги знаеш причините зошто е тоа така, можеби проблемот е многу подлабок.
    Оди во темата семејни проблеми и ќе се увериш колку прекрасно семејство имаш. ;) А тоа што се грижат за својот изглед е прекрасна особина, а секако и финансиите им дозволуваат, па зошто да не.
     
    На karak, cresa-jagoda, Ekstaza и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Абе ајде кој родител не си го сака сопстввеното дете глупости.
    Јас не се сеќавам татко ми да ме гушнал, да ме бакнел, да ми каже некој убав збор ама тоа не значи дек не ме сака, едноставно таков си е човекот тешко покажува љубов.
    И татко ти е најцеројатно таков, само ете ти си во тие "луди години" кога ти треба внимание, кога мислиш дека никој не те сака.
    Тоа што цело негово внимание го насочува кон мајка ти е поради тоа што му е страв да не ја изгуби нели таа млада, згодна, убава а тој стар "чичко"
    Замисли да беше обратно секој ден да ја тепа, да се курва, сите пари да ги фрла по жени и алкохол.
    Дали би ти било убаво така.
    Уживај си во мирот и не си прави од мравка, слон.
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    101
    Не се грижи татко ти нема да добие инфаркт од вежбањето, баш напротив ќе го спречи. Не разбирам што толку ти пречи твоите родители што се грижат за својот изглед. Секој ден на улица гледам епидемија на дебели и се подебели луѓе, кои се помалку и помалку се грижат за својот изглед и здравјето, а што е најтрагично најголемиот дел се млади луѓе. Еве на пример моите родители, изгледаат десетина години помладо и никогаш не ми пречело што спортувале и здраво се исхранувале. Напротив, тие своите добри навики ги пренеле на мене.
    Искрено, во овој конкретен случај сметам дека се работи за познатиот синдром на ,,богато разгалено детиште" кое е желно за внимание кое не го добива од родителите. Твојот татко најверојатно добро заработува, толку добро што твојата мајка не чувствува потреба да заработува. Таа е неговата млада ,,жена-трофеј". Своето цело внимание и го посветува на мајка ти, а тебе и на брат воопшто. И мајки ти поради разгалениот живот се откажала од сите животни обрврски, вклучувајќи ги и децата.
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Грејси

    Грејси Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Татко ми има роднини што живеат многу блиску, колку да се каже дека не надгледуваат, за него и мајка ми тоа е доволно. Имаме преспивано кај нив, се има случено и тетка ми да остане кај нас, некогаш сами преспиваме. Дење сме сами. Брат ми има 10 за 11 години. Ете да видите колку се грижи татко ми. Треба да се вратат пред да почне овој викенд, но минатата година останаа 12 дена иако ветија дека ќе се вратат порано. Не можам да ви одговорам на сите во иста порака. Ги спомнав првите деца за да покажам дека не зборувам без причина и дека татко ми веќе има запоставено свои деца. Не се сака исто партнерот и детето, ама јас знам дека детето треба да биде на прво место. Мајка ми заработува свои пари, но добива и од татко ми затоа што тој и дава.
     
    На Lolo5 и Ekstaza им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.728
    Допаѓања:
    322.845
    Ама ти постојано татко ти го обвинуваш.
    И мајка ти е со него...
    Ако пак толку е таа совесна, немало да отиде и да Ве остави сами...
    Немој толку човекот да го оцрнуваш, секој си има различен пристап кон децата.

    Знаеш ли зошто вака ти зборам ?
    Бидејќи децата на твоја возраст знаат да преувеличуваат и да си измислуваат ситуации во глава
    Сигурно тие не отишле скришно од вас без да ве известат...
    Сигурно и вие сте биле понудени да одите со нив
    Зошто тогаш не си реагирала пред нив ???

    Не сваќај дека те вреѓам.И јас сум мајка на деца.Знам убаво дека има моменти кога ,,нит се водите, нит се терате,,
     
    На okcenzi, MilaP, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Би дала многу работи да сум на твое место и да не ги имам овие проблеми.Бар гледаш среќен брак мајка и татко што се сакаат.Татко кој се грижи за тебе за брат ти и за мајка ти и прави се за вас.Како што кажа и самата ништо не ти фали тебе се ти е овозможено од материјална страна,а замисли некој немаат ни за леб а ти имаш дозволено какви алишта сакаш,телефон или било што да не набројувам.Заминале на одмор без вас,кога ке се вратат речи им дека сакаш и ти да одиш на одмор со нив или ако можеш со друштво со друштвото оди.Татко ти е секако дека те сака.Мислам дека си премногу љубоморна на мајка ти за физичкиот изглед,за добиената љубов од страна на татко ти што не треба да е така.Седни поразговарај со нив ке те ислушааат и ке сватиш дека не е така како што мислиш.И мислам дека татко ти води толку грижа околу мајка ти зошто несака да ја изгуби,веќе се разведел еднаш а нејзе ја сака и несака да ја изгуби и + предност е што е млада и убава.Би ти препорачала да отвориш во темата Семејни проблеми и да разгледаш барем 1-2 мислења и ќе сватиш уствари колку среќа имаш што живееш во такво семејство.
     
    Последна измена: 11 август 2015
    На Lolo5, Angelina11, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @Грејси, јас повторно ќе те прашам за мајка ти и нејзиниот однос кон тебе и брат ти.

    Да, се сложувам со сите дека е убаво кога е и повеќе од очигледно дека родителите ти се сакаат, но ти само за татко ти зборуваш. Татко ти е луд по мајка ти, татко ти се одржува и вежба, татко ти ве запоставува.

    Дали тоа значи дека мајка ти не е нешто многу заинтересирана за него? Или можеби не може да „дише“ од него (можеби тоа му била целта), па мора да му обрнува внимание? Или можеби не ја интересирате исто како што не го интересирате ни татко ти? Или пак сте подмирени од нејзина страна? Повеќе од јасно е зошто тој толку се грижи за својот изглед (што не е лошо, добро е дури и за неговото здравје), но љубовта не се покажува со материјални работи.

    И за таквото искажување на љубов можам да раскажувам од близок пример, децата се сега тотално по погрешни патишта и плус - материјалисти, ама не е битно, битно е ова што тебе ти се случува, па ако има потреба, ќе спомнам нешто и од туѓово искуство.

    Јас, колку и да сум слободоумна и толерантна и полна со доверба во своите деца и се', никогаш не би оставила деца на ваши години, речиси сами на себе препуштени, за да одам со мојов на одмор на толку денови. Особено во тебе не знам како може толку слепа доверба да имаат, кога си во многу критични години кога се прават најмногу глупости. Јас не би можела мирно да спијам, а не да одмарам.

    И нема што да и' љубомориш на мајка ти за изгледот. Секој во животот си поминува низ една „грдо пајче“ фаза, кога навистина нешто му „фали“ надворешно (но е минливо), или пак си замислува дека нешто му „фали“.

    Ајде, чекаме уште информации.
     
    На Lolo5, cresa-jagoda, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Oд чoвек штo си ги зaбoрaвил децaтa oд прв брaк и oженил 20 гoдини пoмлaдa, и не требa бaш мнoгу дa се oчекувa. Си фурa чичевo, дoбрo штo финaнсиски дoбрo стoи (a кaкo инaку би ќaрил згoднa млaдa кaкo мaјкa ти) пa бaр oд тaa стрaнa ништo не ви фaли, иaкo нa тие гoдини и не ви е бaш дo пaри дoјденo туку си бaрaте стaбилнa рoдителскa фигурa зa пoтпoрa. Не мoжеш дa ги бирaш, ниту пaк нештo пoсебнo дa ги смениш, нo бaр се тукa вo близинa пa мoжеш дa прoбaш дa влијaеш нa нивнoтo oднесувaње. Бaрaј си oтвoренo внимaние, рaзгoвaрaј сo мaјкa ти, пa aкo не бивa и тaкa штo дa ти кaжaм, тaкoв си е чoвекoт, немa чaре.
     
    На Lolo5, LittlePinky, girl-miri и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    А не ти е вака мило што се сакаат мајка ти и татко ти? Верувај многу потешко ќе беше по дома да имаше караници, тепања и ред други полоши работи. Убаво е да се сакаат, не гледам зошто ти смета тоа.

    Сега мислиш дека татко ти те запоставува но верувај не е тоа така, а тоа мислам тек ќе го сфатиш како ќе почнеш да растеш па кога ќе треба да се запишеш средно (ако не си) или на факултет.
    Татковците обично не искажуваат чувства, го знам тоа и по мојот. Ама доколку имаш проблем и искрено му се обратиш на него, сигурна сум дека ќе те подржи во се'. Лошо е што така мислиш. Ок сфаќам можеби ти смета тоа, но тоа е само фаза.

    Утре другиден баш ќе ти биде мило за тоа што е така. Плус и самата си кажа дека имаш подршка од мајка ти, што мислам дека е нешто најбитно.
    Има деца кои се во многу полоши ситуации од твојата и не паничат како ти. Нема никаква потреба од дома да си заминуваш, тоа е нешто ептен претерано.
    Ќе се реши ситуацијата, сигурна сум во тоа.
    Доколку толку многу ти смета разговарај со мајка ти, види што таа ќе ти каже и како ќе изреагира на твоето мислење.

    Ти посакувам се најдобро, верувај ќе се средат работите. Само извади ги тие црни мисли од глава. :)
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  17. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Едноставно морам да ти дадам кометнар и за одморот.

    Родителите имаат потреба и да останат сами понекогаш, тоа што не го гледаш тој пример често кај нас, па ти се чини дека ве запоставуваат, е најмногу поради финансиски проблеми во семејствата, па повеќе од еден одмор е луксуз или немање време за два одмори, или поради поради тоа што немаат на кого да ги остават децата да ги причува, а верувај дека некои луѓе и немаат воопшто пари за да мрднат било каде, но тоа не значи дека не сакаат да поминат еден интимен ‘‘младалачки‘‘ одмор сами.

    Твоите родители ете можат да си го дозволат тоа, па си користат. И тие сакаат да бидат сами, тоа е голем влог во бракот, интимниот живот на партнерите е многу значаен за бракот и воопшто за семејството, ако тој е нарушен и бракот повеќе не е ништо друго, туку формалност. Биди среќна што се среќни тие еден со друг и што сакаат да украдат време само за нив двајца. Ако нивниот интимен живот е богат и ако ги задоволува нивните стандарди, и вие покрај нив ќе бидете задоволни и среќни.
     
    На simply-red, okcenzi, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе, но зарем треба да се остават децата дома за тие да си го подобруваат бракот...
     
    На littleflower, Nausicaa, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    И само уште имам да го кажам во врска со темава.

    Сметам дека нема потреба да навлегуваме зошто, како и што било со првиот брак на човекот, не е секогаш во прашање она, ако може така да кажам ‘‘стандардно‘‘, ‘‘ја остави жена му за 20 години помлада‘‘. И исто така не сметам дека треба да нагодуваме дали мајката на девојчето му го растурила бракот на татко и. Тоа не би требало да не интересира, затоа што не ја знаеме приказната и само можеме да ги повредиме чувствата на девојчето, сепак, тој и е татко и таа си го сака најмногу на светот :)
    Не викам дека тие така го подобруваат бракот, туку си ја одржуваат страста. Тоа е многу важно за успешен брак, ако бракот е добар, тоа е еднакво на среќно семејство. Секакви не има, различни погледи на животот, скоро сите имаме различна перцепција за успешен брак и семејство. Има родители кои ‘‘до вц‘‘ да не речам не одат без децата или пак спијат со децата во ист кревет а одвоено од сопружниците. Тоа од моја перспектива е брак кој не функционира. Сметам дека ниту односот помеѓу сопружниците не би смеел да страда поради децата, иако децата се секогаш најважни.
     
    На okcenzi, eloves, littlevampire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Според мене логично е мајката во секое семејство повеќе да е приврзана за своите деца,на крај краева таа ги родила и израснала.И јас со татко ми не правам некој длабок муабет,но знам дека секогаш ќе е тука за мене.Кога и да сум болна тој ме води на лекар,кога имам некој проблем само ќе му ѕвонам и ќе дојде.Секогаш се грижил за мене и за брат ми,но никогаш не го покажувал тоа.Мојот татко многу ретко и да ме рече на име.Но не ми вели сонце,срце татино и слично.Едноставно не сме толку приврзани.Но не можам да речам дека не ме сака.Бидејќи тој оди на работа и работи и прекувремено и трета смена само за нас.Само ние да живееме убав живот,да сме најадени,облечени и едуцирани.Едноставно тоа што велиш дека не те сака е нешто како неблагодарност.Биди среќна и благодарна бидејќи ти е татко,и бидејќи да не бил тој ти си немала да постоиш. :)
     
    На stefanija70, littlevampire и tessie им се допаѓа ова.