И мене ме интересира за мајката. Зошто татково е крив што отишле на одмор, а не и мајката, т.е. двајцата? Зошто таткото е крив што спортува и пие чаеви, а не и мајката што се дотерува? Не мислам дека се криви што си ја одржуваат убавината, ама ете ме интересира. Како тоа за се го обвинуваш татко ти кога што прават и двајцата прават? Како да имаш нешто против татко ти, и се што прави тој ти оди на живци, а истото ако го прави мајка ти е ОК. Да не евентуално ти ја сакаш повеќе мајка ти отколку татко ти (спореди го ова со твојот наслов на темата)?
Ситуацијата кај @Грејси е таква каква што е, секој си има свои проблеми, не може да ставиме се на кантар, па да ја убедуваме девојката дека не е ништо страшно. Ете, имала среќа што ниту има финансиски проблеми, ниту родител- алкохоличар, насилство или не знам што уште што е погоре набројано. Но, нејзе и недостасува љубов и внимание, родителска поддршка и совет, а не би рекла дека тоа е "мала работа". Потполно те разбирам што те мачи, а до некаде можам да разберам како функционираат твоите родители. Не знам дали би можела да го смениш, но барем обиди се. Разговарај отворено дека сакаш да поминувате повеќе заедничко време. Кога веќе татко ти ја нема таа навика, ти биди таа која ќе се прилагоди, ти смисли некоја активност, некое хоби за да учествувате заедно и да поминувате квалитетно време.
Мислам дека таа како девојче очекува многу поблизок однос со татко и, но за жал човекот е таков каков што е, и таква блискост не била воспоставена. Не ретко девојките бараат маж кој што во нешто ќе наликува токму на нивниот татко, се разбира ако е грижлив, помага во домот и ја сака нивната мајка. Таткото е во секој случај многу значајна фигура во семејството, заштитник во ќеркините очи и огледало во очите на синовите. Не можам да кажам дека Грејси е љубоморна на мајка и, само сака многу повеќе внимание да добие од татко и, притоа правејќи многу несоодветна споредба, и поради тоа е лошо протолкувана нејзината приказна овде.
Да, ама мислам дека повеќето на темава се сложивме, дали е тоа македонски менталитет или не незнам, ама ние како девојчиња повеќето не сме добивале љубов како гушкање, бакнежи и галење од татковците, туку поинаква љубов. И сите сме ги сакале татковците, и тие нас не сакале, ама ете не сме очекувале исти нежности како од мајките. И не било ништо трауматично тоа. Се знае, таткото бил 'Tато, дај пари', 'Тато сакам компјутер/тетрис/дискмен' или 'Тато, може вечер да излезам надвор со друштво', значи во глобала за да не финансира и да кажува дали нешто МОЖЕ или НЕ МОЖЕ, а мајките биле за разговор, за доверување тајни, за гушкање, за одење на шопинг заедно итн. Така беше и кај мене и кај повеќето мои другарки. Па никои од нас не сме плачеле дека не нејќат татковците. Значи, пак ќе речам, македонски менталитет, татковците беа за финансии, а мајките за совети и слично. Настрана од муабетов, цекој на свој начин си ја искажува љубовта, и тука нема потреби од трауми!
Така е тоа, како што велите за односот татко-ќерка, барем кај повеќето, но има и татковци кои колку-толку се грижеле за децата. Јас, на пример, бев опкружена со татини мази. Ќерки кои беа многу поблиски со своите татковци отколку со мајките, па дури и чудно ми беше. Но ниту еднаш, барем од оние татковци (во рамки на семејството од страна на мајка ми и татко ми, како и семејства на поблиски другарки) не сум слушнала нешто од типот „да не ја нервирате мајка ви“. Што и да е, се сослушува, се решава, па дури и таткото понекогаш учествува во оние разговори во кои може. Кај мене, на пример, цел живот татко ми одеше по родителски, по аптеки, продавници и слично. Можеби дел од тоа одеше преку мајка ми, но татко ми многу учествуваше во односот со нас. Така што - не знам. Мене тука не ми е се' доискажано, ниту во врска со таткото, а уште помалку во врска со мајката. И во никој случај не наликува на нормална ситуација.
Скоро во сите мислења прочитав дека треба да бидеш благодарна ради тоа што татко ти не е пијаница, коцкар, не ја тепа мајка ти и сл.Дека немате финансиски проблеми и дека си била разгалено и презадоволено девојче али верувам дека не е така.Ние сме во таа возраст на која ни треба здрава фигура како родител, присутна тука до нас.Не сфаќам ете.Далеку од тоа дека татко ти не те сака, али според ова што го пишуваш ми е како скроз да се има затрескано во мајка ти, па ниту деца му се важни ниту ништо.Нели, важно е само да се задоволат детските потреби со материјални нешта, па љубовта и вниманието кој ги е*е.Цело внимание за сопругата, како бе така?Тоа не ми е здраво, не ми е едноставно. Ете и татко ми е поладен човек, не ме бакнал, прегрнал(освен кога се поздравуваме за некаде) или ми кажал некој убав збор али знам дека ме сака.Кога и да го побарам за било што човекот е на прием секогаш.Пари, излегување, одмори, родителски, заеднички шопинзи,пливање, возење точак играње топка, скоро се сме поминале заедно. И ова, отишле повеќе од две недели заедно на одмор а вас ве оставиле сами ми е ненормално неодговорно нешто.Не знам само како мајка ви склопила очи не знаејќи што правите таму.Добро, иако сме тинејџери сепак сфаќаме колку интимниот живот е важен за бракот, па од задоволни родители и децата се задоволни али се си има свои граници.А ова е претерано. Иначе, не мислам дека девојчето и љубомори на мајка и за убавиот изглед, ниту пак ја нервира здравиот начин на живот на нејзините, само сакаше да ни ја долови подобро ситуацијата. Единствено решение ти е да седнеш да поразгфовараш отворено и да им кажеш што ти пречи. верувам дека колку толку ќе се смени ситуација.
Да се надоврзам на она што веќе го напишав, И јас сум една од татините мази и точно знам што и недостасува. Јас сум одгледувана по не баш толку "македонски" стандарди, па од мала сум блиска со татко ми и тоа нема да се смени. Кај мене дома ја нема онаа непријатност, или би рекла стравопочит кон родителите. Блиска сум и со двајцата родители, а со татко ми особено се согласуваме карактерно. Особено внимание обрнуваме на неделните ручеци, пладневно кафе, а таа близина не може да се купи со пари. Пак ќе речам, што сте се фатиле сите со тоа што девојчето има пари?
@Грејси душо а ти да си уживаш во летово со другарки , со брат ти, да си гледаш серии, да си читаш книги, да заминеш на одмор или што и да е друго наместо да се замраш и да си ствараш проблем кај што го нема. Ако сакаш да привлечеш вниманието на твоите родители посебно на татко ти за промена земи ти прва гушни ги нив изненади ги со добро кафе и нешто благичко било сладолед било чоколада и ќе видиш колку таа ситница ќе ја забележат. Во секој случај далеку подобро е тоа што тој ја сака мајак ти и подарува внимание доколку тоа го енма ќе имаш секојдневни караници или не дај Боже да имаш татко алкохоличар што секојдневно ќе ве малтретира па ќе видиш што е вистински проблем. И најбитно додека ти се жалиш заради однесувањето на твоите родители, дури и љубомориш на својата мајка замисли дека постојат деца кои немаат родители и се би дале да ги прегрнат уште еднаш. Така да цени си го мирот во семејството и не прави непотребни драми за привлекување внимание.
И јас сум татина ама и мамина маза Иако сум 25 години јас се гушкам и со двајцата, правиме сите 3 ица ручек заедно кога сум дома и откако пораснав што се вели сум многу поблиска со нив и времето со нив ми е навистина драгоцено, разговараме на секакви теми и обавезно секое лето си терам втор одмор заедно со нив... Татко ми се уште пред да си легнам ми пожелува добра нок и ми кажува дека многу ме сака И во тинејџерските години татко ми не бил само финансиер туку и советник и другар и често на моја страна кога мајка ми била малку построга.. Нема зошто да се оправдува недостатокот на семејна поврзаност оти на вам не ви пречело. Јас сметам дека односите во семејството и искажувањето љубов и емоции со најблиските се многу битни за правилен развој на едно дете. Така да не би рекла дека игнорирањето на таткото не е проблем, оти кај сите така било. Во овој случај според напишаното од човекот не може многу да се очекува, освен девојката да разговара со нив и да си ја олесни маката.. Меѓутоа со сила ништо не се менува, ама не е во ред да се убедува девојчето дека таа е неблагодарна оти сака љубов и разбирање од родителите... Веројатно не може да ги промени ама не треба примерот од нејзините да го смета за нормален и здравје Боже да се стреми еден ден да си создаде свое семејство каде на децата ќе им пружи сето тоа што недоставува... Знам дека и не е некоја утеха, ама не се обвинувај себе си што сакаш поддршка од родителите.. Тие потфрлиле а не ти.
@Грејси, ги прочитав и твоиве мислења, а видов и некои од коментарите и „советите“ кои ги доби. Што се однесува на твојава ситуација, не си мала и очигледно си увидела како стојат работите со татко ти. Се согласувам со тебе, твоево е проблем, не можам да кажам дека не е. За жал, нема многу што можеш да направиш или преземеш во ситуацијава. Тешко дека ќе ги освестиш допрва дека децата се најважни од се, ако тоа самите не го сфатиле до сега. Инаку, имаше прашање во едно мислење, па и мене ме интересира - што прави мајка ти во целава ситуација? Добивате ли со брат ти внимание и љубов барем од нејзина страна, или? Бидејќи од твоево мислење добив впечаток дека сметаш дека само со однесувањето на татко ти е за осуда, а неа воопшто не ја спомна. Чисто да добиеме целосна слика . Не би се сложил дека секој родител го сака своето дете - камо да беше така, ама тоа е за жал далеку од вистината. Еве, од примеров со татко ти и децата негови од претходниот брак може да се види тоа. После се, познавајќи го татко ти и неговите постапки со неговите двајца синови, мислам дека не можеш многу да очекуваш од него. За мајка ти, пак ќе речам, не знам. Во секој случај, мислам дека годините кога најмногу ти требала родителската љубов се веќе позади тебе. Не велам дека родителска љубов и поддршка не е потребна во текот на целиот живот, но клучни се годините кога детето расте и го оформува карактерот. А ти како што гледам, веќе си оформила свој карактер и прилично реално си ја согледала ситуацијава таква каква што е. Татко ти според мене нема да се смени, што и да кажеш или направиш ти - но, во секој случај, да направиш еден сериозен муабет со твоите не е на одмет. Не знам што друго да ти кажам освен да си го земеш примеров со татко ти (или со твоите, ако и мајка ти е како него) за да знаеш како не треба да правиш кога еден ден ти ќе бидеш мајка и ќе имаш свое семејство. Поздрав.
@Грејси oд една страна јас ќе ти речам да бидеш среќна што живееш во мирно семејство каде што нема семејно насилство, кавги, расправии или пак тепачки. Да бидеш среќна што твоите родители се сакаат и почитуваат. Од друга страна седни ги и двајцата или пак само мајка ти ако сметаш дека си поблиска со неа и кажи им отворено како се чуствуваш. Ако не друга ќе ги натераш да се подразмислат. Секогаш можете да правите нешто сите четворица заедно. Дали ќе е тоа пазарување, трчање или нешто трето, важно е и ти и брат ти да бидете вклучени во барем некоја нивна активност. Јас на твое место отворено би им кажала што мислам и како се чуствувам. Многу е важно додека едно дете расте и се формира како личност до него да има родител, инаку голема е шансата да фати погрешен пат. Ниту еден другар/ка, ниту пак професор/ка, ниту пак некој трет може да ја замени родителската грижа и внимание. А пак парите или се друго материјално ништо незначи во случајов. Те разбирам како се чустуваш и не мислам дека лажеш или претеруваш, зошто неможе да е без ич мора да има нешто што те натерало да размислуваш вака. Неодговорно е од нивна страна што ве оставиле сами и заминале на одмор. Мојот однос со моите родители е една голема нула и разговараме строго по потреба, зошто поинаку со нив неможе ама кога сме на повеќе саати сами со брат ми обавезно вртат по неколку пати да не проверат. Пак ќе речам зборувај со нив ако ништо друго ти ќе се чуствуваш подобро.
Ццц незнам како може да имаат мир дете од 10 години да го остават само па макар ти и 15 да имаш , малии сте и двајцата јас не би се осудила така да си заминам сама на одмор а децата да ми се мали , па нема 5 минути мир да имам нон стоп ке ги мислам , свака им част на твоите , ве прашаа вас дали сакате да одите со нив или ? па и лани штом биле може и минатите години биле сами ? Да живеете со баба и дедо во иста куќа да има смисла да ве остават има кој да се грижи за вас , тетка ти неможе се да е со вас , или другите роднини , наместо сите заедно да одите они како залубени тинејџери ке си уживаат а за децата баж им е гајле , ајдее таткоти ама и мајкати ли не води воопшто грижа за вас ?
Татко ми никогаш во живот не бил на родителска ни кај мене, ни кај брат ми. Не знаеше ни кој клас сме Ама отсекогаш сме биле многу блиски, често патуваме заедно, се гушкаме, со него можам да зборувам за се, и послични сме отколку со мајка ми. И јас се чудам зошто само татко ти е крив ако ве оставиле сами 15 дена, за мене тоа не е нормално однесување, особено ако ти имаш 15 години. Ова е проблем за кој мораш да разговараш со нив, затоа што едно е неодење по родителски, ама сосема друго е вакво запоставување и негрижа, две недели не се малку, и ти не си родител за да се грижиш за помалиот брат.
Мајка ми разговара со мене и не ме игнорира, затоа не ја споредувам со татко ми. Ова се негови идеи, не нејзини. Малку е чудна и ладна, тоа е точно, но таа е таква со сите. Можам да ја разберам затоа што знам многу за неа, каков и бил животот пред да се омажи. таа зборува, татко ми не ми кажува ништо и ме гледа како предмет во куќата. Се што знам за него ми го кажаа други луѓе. Не сум љубоморна на мајка ми, не ја сакам повеќе или помалку од татко ми. Не барам да ме носат со нив на одмор, немаше да ми пречи што се таму ако останатите денови се беше нормално ама не е. Јас му имам речено некои работи, но не верувам дека ме сфати или ако ме сфати не го интересираше. Само ми рече дека имам други работи да си гледам, како и секогаш на фин начин за да ме нервира уште повеќе. Ако ја вмешам неа да му рече, ќе испадне дека го терам со сила и ништо нема да се смени.
Љубов не е материјална подршка, и тоа уште од старт треба да биде јасно. Да, може да биде знак на благодарност, гест за предизвикување на краткотрајна среќа но, за жал ништо повеќе од тоа. Така да извини ако бидам груба, но читајќи ја твојава ситуацијава, добив впечаток дека твојот татко не те сака. Знам, звучи грубо, и веројатно повеќето би рекле дека избрзувам со заклучоци, но тврдам дека ниту еден нормален родител не би направил еден олку егзибионистички гест, оставајќи ги децата сами дома за тој да се проведе. Еве, се извинувам да во случај не сум разбрала добро, па на крај испадне дека не сте сами, ама пак, сеедно. Мене лично како родител би ми било шубе, а верувам и повеќето би се согласиле со мене дека нема ништо поубаво од заедничко семејно патување. Освен тоа, ве обезбедија ли со доволно храна? Ти оставија ли доволно пари? Те прашаа колку си способна да го чуваш брат ти? Што ако некој дознае дека сте сами и се обиде да ви наштети? Или нешто не ви е добро? А се случува.. Кој ли ќе одговара? Уште еднаш најдлабоко ти се извинувам, стварно не ми е намерата да стварам беспотребна паника, (а и веројатноста да се случат овие сценарија е многу мала), ама сепак, тоа не го менува фактот дека не размислиле за можните последици пред да ве остават! И ќе ми простиш уште еднаш, но кога сум искрена ќе бидам до крај. Мислам дека и твојата мајка е виновна што воопшто го прифатила неговиот предлог. Велиш таа е ''ладна'' со сите...Објасни, во кој смисол ладна? Карактерно тврда, или речиси бесчувствителна? Зошто пази, постои огромна разлика меѓу овие два поима. Расчепкај малку и сама ќе го најдеш одговорот. Имено, кога сме веќе тука ќе си кажам и за себе, и начинот на кој што јас ги согледувам работите. Значи, од секогаш сум се водела по едно правило кое гласи - ''делата говорат повеќе од постапките''. Така да врти сучи ќе сфатиш дека исходот е секогаш најбитен. Она споредното мање више...
Точно, тоа ми беше муабетот и мене. Мајка и е под еднакво виновна што оставила мали деца дома и заминала на одмор. Зошто само таткото го смета за крив? Не може никој со сила да ја натера. Само нешто ми личи дека девојчево не ја кажува целосно приказната, т.е. само она што и одговара, или пак има доста работи која таа како тинејџерка погрешно ги гледа, не знам. Затоа тешко е да дадеш совет на форум, а уште потешко да очекуваш совет на форум, затоа сите сме далеку од објективноста и вистинитоста на целата опишана ситуација.
Нема да давам совети, освен: ја испуштате поголемата слика. И да се работи за трол, да бара внимание, да е себична, сепак се работи за проблем. И само затоа што е тинејџерски не би требало да се игнорира зошто кога ќе (условно кажано) порасне, проблемот може да стане уште поголем и многу потежок. Дури и да се работи за трол, кај многу од оние кои „дадоа совет“ се препозна еден тежок, прост менталитет од кој сме далеку од надминување. Темата останува и понатаму може некој друг да се пронајде во неа и да побара совет, но малкумина пружија совет и веднаш тргнаа со осудувања. Девојчето не побара да пронаоѓате во кого е вината, дали е прва кокошката или јајцето и слично. Таа само побара совет за тоа како да се приближи до нејзините без да предизвика вознемирувања. Ако имате проблем, го кажувате и вашите блиски ви велат „не ја нервијај мајка ти“ и проблемот го ставаат на игнор и се' продолжува како ништо да не било, дали не би се вознемириле? Зарем не барате совет од вашите блиски за било што, па дури и за ситници како тоа кои обетки да ги носите? Ставете се во туѓа кожа пред да почнете со навреди и претпоставки. Пак ќе напоменам, колку и да е „тинејџерски“ проблемот, имајте во предвид дека е еквивалент со проблем кој кои има возрасна личност и дека ако остане проблем, тој може уште толку да се прошири и да направи големи оштетувања во животот на една личност! Воопшто не помагате со вашите осудувања! Никому!
Љубовта кон партнерите и љубовта кон децата се сосема различен тип емпотивна приврзаност која има поинаква содржина и тежина. Тоа што твојот татко не манифестира блискост каква што ти замислуваш и посакуваш не значи дека тебе помалку те сака од неговата сопруга. Се уште не си во состојба за да ја сфатиш партнерската приврзаност и грижа за другиот, а и не треба да правиш никаква паралела со неговиот однос кон мајка ти затоа што тој е твој родител и обиди се да го прифатиш каков што го познаваш. Од друга страна, за да се изјасниш дека тој не те сака на начин каков што ти посакуваш да те сака треба да бидеш доволно сигурна за го обвиниш во постапките. Секој од нас е различен од другиот. И тој што е интровертен (затворен тип на личност) знае да покаже емоции во поинакви размери, но сепак тој факт не го прави суров и помалку емотивен. Јас и татко ми сме идентични во однос на емотивноста. Многу интровертни и повлечени личности кога станува збор за излив на емоции кои не се гушкаат, освен едно срдечно ракување и блага насмевка што не значи дека не знаеме да се сакаме како татко и ќерка. Така функционираме и со другите.Тој беше мој избор да присуствува на родителските средби во основно и средно обреазование, ама тоа не ја деградира сликата за мајка ми и потребата од нејзината љубов и присуство во животот. Проблемот можеби е во (не) можноста да се прифатат другите со сите мани и доблести за да научиме како да функционираме покрај различните и посебните карактери од нас. Љубовта се препознава преку чувствата, низ малите гестови и допири до душата и срцето. Тоа што и двајцата одлучиле да заминат на одмор е заедничка вина. Тука не гледам простор за оправдување од страна на возрасни личности со родителски улоги. Чувствата ги понеле малку повеќе и заборавиле на одговорноста кон вас. За непромисленоста и негрижата треба да поразговараш со нив. Потребата од одмор и издишка од децата е разбирлива, но не на начин што тие го избрале.
Дали само на мене ова ми падна во очи? Дади му до знаење отворено, како што ни` имаш и нам овде дека за роден татко знаеш повеќе од комшиите отколку од него самиот. Дај му шанса да го демантира сето тоа. Затоа што другите ќе зборуваат од различни причини. Можеби дури и од љубомора што сте добростоечки и тие сонуваат за вашата стабилност на тоа поле. Од искуство, немој за сопственото семејство да се информираш од луѓе вон домот.