Кога ви ги читам советиве, се враќам во реалноста зошто го гледам она што го гледам често. Се враќам во реалноста колку луѓето се игнорантни, а потоа се жалат над својата судбина. Ако ова е вака сега, исто ќе се чувствува и кога ќе има 50 години - невидено и несакано дете од својот татко. А од таа причина огромна е веројатноста и таа да се омажи за 20 години постар човек каде што ќе ја бара таа љубов и ќе се докажува. Не сте ни свесни што сте изнапишале и опростете ми, ама е огромна глупост. Па уште биди среќна што не живееш во вакво или онакво семејство?!?!?!? Па јасно ми е онда зошто се среќаваме со толку емотивно осакатени личности секојдневно. Нефункционално семејство не значи само да е еден од родителите коцкар, пијаница, наркоман, тепач или курвариште, како тоа вам не ви е јасно? Нефункционално семејство има различни форми, но по едно ќе го препознаете - НЕМА ЉУБОВ и не тече љубовта слободно. Тоа што тој не разговара со своите деца од првиот брак и девојчето не си ги знае браќата е огромен показател.
Не знам како и вие да ме разберете. Мислев дали да пишувам повторно. се што кажав досега се најде некој и погрешно го сфати. Овде читам и се чувствувам полошо. но да не испадне дека не ви одговорив. Куќата е безбедна, никој не може да ни направи ништо. Имаме се што ни треба освен што ми здодеа храната што ја јадам. Тие требаше да се вратат вчера или денес а испадна дека тргнуваат во недела. Тоа ќе бидат 9 дена овој пат ако не им текне да продолжат. Мајка ми е фина. Мислев на друго кога реков ладна. Нема причини да ме распрашувате за мајка ми, таа не се однесува како да не постојам, тука е за мене кога ќе и прозборам. А ова е се негово масло. Викате дека треба да му бидам благодарна затоа што можам да си дозволам многу работи, да но тој сигурно повеќе пари троши на мајка ми и 1.000.000% она што го добивам е тука затоа што мајка ми така му вели. Да не беше таа и да не ја сакаше толку многу, којзнае што ќе беше со мене и со брат ми. Лесно е за вас да зборувате кога немате таков татко. Вие да сакате да му се доближите, а тој да не ве регистрира... епа мене ми е тешко и не можам повеќе. Никој не ми зборува против татко ми, сакав да ви објаснам дека не знам ништо за него од него. тетка ми и мајка ми ми кажуваат за минатото што го има. не комшиите. тетка ми и мајка ми не го оцрнуваат него, мајка ми никогаш. Ниту јас не сакам да го оцрнам кога пишувам овде, само сакам да најдам совет да му го привлечам вниманието и да ме засака веќе еднаш. Но џабе е се.
@Грејси јас потполно те разбирам што сакаш да кажеш.Тебе ти недостига активната љубов од страна на татко ти.Само ова ќе кажам, не очекувај да се промени возрасен зрел маж.Треба да се случи нешто што ќе го продрма па и тоа не е гаранција дека ќе биде по твој аршин.Така е тоа како што рекол Достоевски "сите среќни семејства се налик едни на други а сите несреќни се такви на свој начин".Очигледно твоето семејство е пример за овие вторите. Јас би ја искористила блискоста со мајката.Со неа имаш близина кажи и што те тишти.Кажи и дека сакаш да бидеш поблиска со татко ти.Дека на брат ти му е потребна машка фигура во животот.Тоа е единствен начин освем ако не си доволно храбра да поразговараш отворено со татко ти. За жал не можеш многу да сториш.Ние би можеле да те советуваме како ти да се однесуваш, за жал него не можеме да го советуваме а уште помалку да измислиме некое соломонско решение.
Ако навистина чувствуваш дека тој не те сака доволно, тоа е друго. Но, ако единствено постапките и начинот те тераат да мислиш така, можеби си грешка. Еве ти кажувам, искрено во фамилија немам ниту едно машко коешто така се однесува со деца, во стил да седи со нив да разговара. Кога е ќерка во прашање, дури сум имала прилика (од луѓе коишто навистина се докажале за своите ќерки) да слушнам фрази од типот: Каква храброст е со татко да праиш муабет за тоа? И да бидеме реални, многу дедовци го викале тоа на нашите родители, затоа што во таа генерација уште позастапено било. Не велам дека е правилно, ама тоа не значи дека не те сака родителот. Башка, на некои татковци им е понезгодно поотворено да комуницираат со ќерките. Не ти го негирам проблемот, само ти викам убаво да размислиш за да не се измачуваш со заклучоци коишто можеби не се вистинити затоа што самата на себе штета ќе си направиш. Ќе се повредиш самата себе без причина. И јас на одредена возраст сметав дека сум им најзрела по дома, ако сум најмала, дека никој не ме разбира и не ме сакаат доволно. Денес, богами е тешко да ме убедат во тоа. Сите убаво ти викаат биди поблиска со мајка ти. Арно ти рече Нена, најверојатно утре таа многу повеќе ќе ти се најде во животот.
Абре девојче, тоа се трудиме да ти кажеме цело време. Некои татковци се такви, и ете не има неколку на форумов што сме немале блиски односи со татковците, поладни биле, па пак сме здрави и живи и не се осеќаме хендикепирани. И уште не ми е јасно зошто го обвинуваш татко ти за одморот, кога и мајка ти е со него. Треба да бидат подеднакво виновни. Мислиш со сила ја тера? Море јас ако сакам детето да не си го оставам само, или да се вратам порано децата да си ги видам ни Свети Петре не ме задржува таму. Размисли пред да го обвиниш само едниот од родителите, не си ставај грев на душата. Гледај ги реално работите малку.
Можеби татко ти чувствува некоја криза во бракот... како да ќе ја изгуби мајка ти можеби заради разлката во годините, или па се плаши да не побара развод затоа толку многу се приврзува кон неа. Јас мислам дека се плаши да не го остави за некој помлад. Немој да мислиш дека не ве сака, татко ти можеби не знае да искаже емоции, затоа се труди тоа да го надополни со материјални работи. Сигурно е на работа кога се родителските. Јас мислам дека ти треба да му предложиш барем еден ден во неделата да го поминуваш во повеќе дружење со него. Да одите некаде на ручек или заедно да правите нешто. Сигурна сум дека нека да те одбие. Можеш и кога ќе стекнеш доверба да го прашаш дали има некаков проблем во врска со мајка ти. Ова е моето мислење значи треба повеќе да се зближиш со татко ти и ќе дознаеш зошто се однесува така
Што сте запнале таков бил татко и кога очигледно дека тој единствено е заљубен во својта помлада жена. Ниедно дете не го интересира, ни оние од претходниот брак, ниту овие. Колку и да звучи сурово, но така е. Едно да не си близок со родителот, друго е ваквото однесување. Далеку дека оваа е добро семејство, јас се гледам освен нормални односи во него. Во пакет со мајката. И џабе им се парите.Со нив бетер е работата, демек парите ќе заменат родител.
Или избегајте со брат ти од дома на некоку дена и ќе видите колку навистина ве сака Инаку вака џабе сите ви кажуваат што да правите...
Сите ние имаме различни потреби во животот, ама она што го немаме секогаш ни недостига нели? Ја прочитав твојата приказна и малку читнав од советите на другите феминки и можам да ти кажам дека искрено сочувствувам со тебе, те разбирам на некој начин иако не потполно. Имам и јас родители кои љубовта ја искажуваат на подруг начин од кој јас би сакала. Ама тоа се тие, знам дека ме сакаат и не им замерувам (повеќе). Додека растев јас ја немав таа блискост со мајка ми што ја имаа другите девојки на мојата возрст и тоа ми беше пречка, а и ден денес ми е лош спомен (и верувај остави последици врз мене). Тешко ти е многу знам, тешко ми беше и мене дури читав што имаш пишувано. Имаш едноставно потреба од внимание и љубов, кое ти треба, не затоа што си разгалена, туку затоа што едноставно тоа ти фали во животот. Совет не знам да ти дадам, верувај ми, што и да направиш тоа е тоа, такви се тие, се така ќе си функционираат. Ова ти го велам заради тоа што на таа возраст што и да кажеш и направиш нема да ги смениш. Едноставно пробај да не се гришиш за се околу себе, уживај, дај си слобода, шитај, шетај колку можеш... Знам дека е поедноставно да се напиша отколку да се исполни, ама дај си сила сама на себе.... Те чекаат нови и убави работи понатаму во животот.
mislam deka kolku i forumot da e virtuelen svet ke te molam nikako so vakvi komentari. Sepak stanuva zbor za devojce vo ranlivi pubertetski godini i nikako vakviv soveti ne se dobrodojdeni so begsvo od doma ne se resavaat problemite. Begstvoto od problemite ne e nacin da se resat istite
Е ако де, на 2-3 дена нека појде кај роднини или другарка....и ќе види ситуација после, дали ја сакаат или не, дали ќе забележат дека ја нема или не И таа сама е доволно паметна да размисли чиј совет ќе послуша. Не значи дека стварно ќе замине, ете дадов поинаков совет од сите. Не мислев лошо.
Ok megutoa momentot zasto te citirav e deka nikogas ne znaeme so kakov profil na lica raspolagame i nekoj vakov sovet moze i da ne zavrsi bas ubavo. Ne deka ete ona te poslusa i zsmina no ete nekako ne gi sakam takvite soveti. Fakt e deka sekoj od nas rekol mi ide da isceznam i da izbegam no vo vakvite virtuelni svetovi nekako ne mi se dopagaat takvite soveti. Izvinete za obj. Nadvor od temata
Не верувам дека мајка ми и татко ми се несреќни. Веќе напишав дека не ми е проблемот во одморот, не ми е криво да одат на одмор ако останатите денови е се како што треба да биде. И тука уште пишуваше дека татко ми е зафатен и затоа не може да ги врши обврските кога мајка ми е спречена но тоа не му е оправдување што еднаш дома пред мајка ми рече дека ќе оди на родителска, а кога дојде време заборави или намерно не дојде и после и се извинуваше и и се правдаше на мајка ми на разни начини а јас пак како да не постојам. Друг пат не се грижам за родителските и не ми треба никој да доаѓа но токму на таа родителска ми требаше некој да се појави и цело време чекав на него а тој не отиде. Можеше да каже дека нема да оди, а не да гледа да помине полесно пред мајка ми и после можеше мене да ми се извини а не да и се правда на неа и да гледа како таа ќе реагира. А кога се работи за нешто за неа остава се и оди таму каде што треба. Ако решам да заминам од дома ќе си одам сама, нема да го мешам брат ми.
Боже,боже..навистина не очекував дека ваква тема ке има толку ммногу коментари но ете сум згрешила. Ова е класичен пример на малолетно пубертетличе кое е љубоморно на својата мајка а заљубено во својот татко......психијатриски случај или некој голем трол.
@Грејси Ти не си среќна и задоволна и зар тоа не е доволен доказ дека нешто не функционира.Зар не е цело кога се има се? Кога би пополнувала прашалник за твоето семејство што би заокружила а)задоволни исполнети членови б)незадоволни неисполнети членови Ако одговорот ти е под а тогаш не знам што се замарам и јас и другите нешто да ти укажат, а ти го потенцира во горниот пост. Ако е под б имаш избор на постови што да примениш. Имаш овде избор што ти одговара. Опушти се дете, допрва те чекаат проблеми во животот.Не дека овој не е голем во твоите очи има многу поголеми кои ќе те сопнат.
Психијатриски случај и трол е некој што може да помисли вакви работи, каде напишав дека сум љубоморна на мајка ми, дали си нормална ?!
@baba Rada еј ај престани да го напаѓаш девојчето така,приметив дека превише провоцираш па дај престани неможеш да се рамниш со 15 годишна и да вреѓаш некој дека е психијатриски случај или трол ..лошо многу лошо.
Психијатриски случај е навредливо, особено на тинејџерка да се каже, ама мој најискрен совет е да си зборнеш со психолог, сигурно имате училишен психолог, па кога ќе почнете со училиште, јас мислам најдобро е да разговараш со психологот. Ќе и/му објаснеш се искрено, и најискрено, ќе кажеш што се случува, како се осеќаш, па може психологот ќе ти помогне, ќе ти даде совет, или пак преку прашања и разговор ќе открие од каде извира целиот проблем. Затоа се психолозите по училиштата, да разговараат и да им помагаат на ученици кои имаат семејни или училишни проблеми.
Ако мислиш дека си Анџелина Џоли гледаш која е ненормалната и сакам да ми се тргнеш, нема тебе да ти дозволувам ти да ме навредуваш. Не ми треба да ми пишувате веќе ништо, не сакам да се појавуваат вакви личности да ме нервираат. И нема да одам кај психологот да му кажувам лични работи. се е во ред со мене.