Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татко ми ја сака мајка ми повеќе од нас

Дискусија во 'Брак' започната од Грејси, 11 август 2015.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Ја мислам да се преиспитате пред да коментирате, очигледно многу од вас им има влезено у мозок дека се на форум па можат се и свашта да пишуваат.
    Гледам многу примери на "gaslighting". Како можете така да зборите јас стварно не знам, малце совест немате ли.
    Има различни карактери и очигледно девојчето сака да си е блиска со таткото и да се дружат и да поминуваат време заедно а не да се понаша со неа како кукла, и само коа на него му треба нешто да ја бара. Додека не сте искусиле такво нешто не може да зборите. Кога живееш со себичен човек кој гледа само за себе и ете во овој случај на жена му не е се едно. Попрво за себе ќе направи нешто отколку за детето.
    @Грејси
    Вака прво јас би ти рекла да го прашаш дали може да одиш ете со него во теретана, таму да ти покаже нешто да вежбате заедно, или да го прашаш што вежба, кои вежби му се омилени, нешто прашај го за чаевите што ги пие, дека сакаш да пробаш и сл. Најди нешто што него му се допаѓа па за тоа да зборите. Или речи му ајде ќе одиме да возиме точак некаде, или да трачаме, да возиме ролери итн.
    Биди упорна, и ако не сака речи му дека сакаш да правите нешто заедно, да поминете време заедно.
    Ако ова не ти успее едноставно гледај си го својот живот.
    Знам дека е тешко и знам дека „не можеш“ и јас така се осеќав ама полека полека губам интерес.
    Си гледам да си се грижам за себе, си одам си вежбам, си гледам рецепти некои интреесни на интернет па ги правам после дома, гледам видеа за шминкање, се занимавам со шминкање. Си бркам мои работи, си гледам серии. Излегувај повеќе, дружи се, и гледај да не те погодува тоа толку многу.
    Тешко е да се прифати, ама има една поговорка теле се учи, вол не.
    Најверојатно и со него така се однесувале неговите родители, не му обрнувале внимание па сега тој проектира врз вас.
    И чим со мајка ти си блиска, излегувај си со неа, одете на шопинг, правете некоја торта или колачи заедно, одете на кафе, на пица и сл. Поврзи се со неа повеќе :)
    Се надевам дека ќе се осеќаш подобро за некое време.
    ПС пиши ми ако сакаш во порака :)
     
    На Lolo5, LivingGlam, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Овде на форумов има секакви личности,како и во реалниот живот така и во овој виртуелен, и не се жести,треба да се чиличиш и да научиш нормално да ги прифакаш ..овде нема бркање,секој има право да си каже што сака и што мисли се додека е културен.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Уште една тема за категорија летен распуст.
     
    На ku4ence, Doozy, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Од кога на психолог одат луѓе кои не се во ред? Јас не ти реков на психијатар да одиш, туку на психолог, тие две не се исти. Психијатарот лечи психички пореметени, а психологот помага на НОРМАЛНИ луѓе, ало... основни поими се тоа. Ама битно на форум лични работи ќе кажуваш, а кај стручно лице нема... (facepalm) Ама малку инаетчивче си по природа, гледам по постовиве... и многу избрзуваш непотребно без да размислиш. Одма самоодбрана, мислиш сите те напаѓаат... ако одиш на психолог мислиш дека треба да си пореметена.. одма се дуеш на совети. Се надевам не си ваква и дома!
     
    На Lolo5, ku4ence, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Срам да Ви е на годините, ова сериозно го мислам.Да наречеш некого психијатриски случај без никаква причина, па и 15 годишно девојче не знам стварно.Мизерно,многу мизерно.
    Да не можеби се пронајдовте во родителите на девојчето или?:?:
     
    На LivingGlam, Someonespecial, promeneta и 9 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Нема ИЛИ ..тоа е мое мислење и точка а она нека ги чита тие што и одговаарат по немизерија:
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    А и да е и трол, јас ништо не губам ако кажам мислење. Ако на некој му било тешко може ќе му помогне советот, а ако измислувал јас ништо не сум изгубила. Плус може ќе се најде некој во слична ситуација па ќе го искористи тоа. Сепак чувства не треба да се занемаруваат, ако на некој му е тешко па дури и заради најбанална работа, никој нема право да го прави тоа „помалку важно“ зошто имало поголеми проблеми во светот.
    Како што секој човек е различен така и нашите карактери, мислења, чувства проблеми и сл, затоа се е релативно!
    Некој видел повеќе некој помалку, ама ако тоа е нешто најлошо што ти се случило до тој момент во животот секако ќе се осеќаш мизерно, зошто пред тоа немаш ништо полошо искусено. Не знам кој колку ќе ме разбере ама ајде.
    Исто ко на бебе што плаче да му речеш, ејјјјј ти се јаде па и мене ми се јаде па можам да бидам гладен и да чекам за да јадам. До раѓањето се му било обезбедено автоматски, се му било удобно и во еден момент чувствува нешто што пред тоа никогаш не го осетило - глад, па тоа му е најголем проблем, и некој вид „неудобност“, најголемиот проблем со кој се соочило до тогаш.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Грејси

    Грејси Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Доста се правите паметни. ако не ме земате сериозно не ве терав со сила да читате и да пишувате. ви реков најдобро оставете ја темата никој ништо да не коментира. Ја знам разликата помеѓу психолог и психијатар но зошто да одам кај психологот? Татко ми ги остави синовите, татко ми е опседнат со жена што нив можела другарка да им биде со тие години, татко ми заборава колку години има а вие ме терате мене кај психолог. Не, нема да одам и толку од мене. Не мачете се да ме навредувате уште не ви одговарам повеќе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Миличка, не се лути. Има скептици ама така се со причина, имаше многу теми кои на крај завршуваа со "епа досадно ни беше со другарка ми хаха хихи" и завршија во канта. Не велам дека си ти од тие, некако многу културно, воспитано и паметно делуваш како за една тинејџерка и секоја чест за тоа. Замисли само колку ги има твои врсници кои самите родители не можат да ги приберат дома, да разговараат отворено е мисловен поим, а види кај тебе се случува спротивно. Нормално е тоа што го бараш, што недостасува... Знам дека е комплицирана ситуацијата, може да се отвориш барем на мајка ти, верувам дека ќе те разбере и ќе дејствува. А и пробај примени ги советите на x.Daisy.x, (секоја чест дејзи) па ваљда не се од камен, мора да реагираат.
    Ти посакувам среќа :hug:
     
    Последна измена: 15 август 2015
    На Lolo5, Грејси, littlevampire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.350
    Допаѓања:
    249.512
    Значи се работи за 15 годишно дете, а вие барате сериозност, што всушност очекувате?
    Нормално дека вака ќе се однесува, возрасни луѓе одбиваат да одат на психолог не па девојче во пубертет.
    Трескате совети од ракав, па и психијатриски случај ја нарековте.
    За вас што е проблем, семејното насилство, коцкањето, алкохолизмот? Само тоа?
    Ова што е?
    Човекот мува не го лази за децата, он единствено се грижи за младата жена, и направил деца за да не му побегне. Он ти е уствари женска верзија на жени кои ги врзуваат мажите со дете.
    Овој проблем е голем, затоа што е коренот на секој нареден.
    Децава растат во една нефункционална средина, со родители кои се грижат само за себе, со татко кој е заљубен во својата жена единствено, со мајка која ги исполнува хировите на својот маж, која очигледно се омажила и поради добрата финансиска состојба.
    И секој си го живее животот, освен децата.
    На нив еве им куќа, пари и кој ги *бе. Извинете на израз, ама така е.
    Од вашите коментари излегува дека ако родителите имат пари тогаш се е во ред. Да, парите се потребни, ама тие не заменуват родител.
    И тука е проблемот. Недостиг на родителска љубов и грижа. Многу голем проблем е тоа, деца растени без љубов.
     
    На kjukli, Dennings, LivingGlam и 12 други им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    А со кого сакаш да биде ОПСЕДНАТ таткоти, со комшиката!??
    Аман бе дете,таа ЖЕНА е мајкати, и има ли нешто поубаво кога родителите се сакат!??
     
    На ku4ence, kajl, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Па има - кога родителот си го сака детето.
     
    На Lolo5, Someonespecial, Jordanovska-K и 7 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Никаде не видов дека нејзините родители не ја сакаат,ниту дека ја малтретираат и....
    Несакам да грешам душа и да окривувам некого само врз основ на нешто пишано кое не ми делува на нормално размислување.
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.519
    Допаѓања:
    166.152
    Пол:
    Женски
    @baba Rada вака провоцираш зошто мислиш дека девојчето е трол. Јас и претходно се изнаснав, безразлика дали ти мислиш дали некој е трол или не гледај ја ситуацијата онаква каква што е, безразлика кој седи зад тастатурата. АКО ИМАш решение пиши за проблемот, АКО НЕМАШ речение немој да замараш девојче во најпроблематичните години зошто НЕ ЗНАЈШ како таа ќе реагира на твојот коментар. Во тие години и најмал проблем изгледа големо. Како што забележав ни ти не ги сакаш ваквите реплики на тоа што го напиша, па верувај ни таа ги сака тие како твоите. Радо би рекла ти си трол него она.

    @Грејси мех, нормално да неќиш да одиш на психолог ама еден ден јас ќе бидам психолог и не само ради то, јас велам дека некои проблеми неможиш да ги збораш со твоите. Некогаш ти треба да се испразниш на некој кој не те познава, кој ти не го познаваш, кој не знај никој околу тебе и буквално му раскажваш имагинативна приказна таму. Психологот нема да знај дали е вистина или не ама ќе ја земи како една целина. Ќе се испразниш, ќе разговарате. Ќе ти олесни. За твое добро е. Не треба да „е се во ред со тебе“ или да си „нешто специфично болен“ за да одиш на психолог. Секоја здрава особа оди, за свое добро. И ти не си за ништо крива, ама ете, како и во реалноста така и тука има некои кои би извреѓале наоколу, би те омаловажиле. Таквите личности било кога занемари ги. Небитни се.
     
    На Lolo5 и Грејси им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Напротив сето твоево а како што велиш дека и ти ке бидеш еден ден психолог,треба да знаеш дека во тие години децата знаат да си увртат некои "филмови" во глва и навистина е потребно построг однос наместо да им приуштиш жалење и навредување на таткои за кого немаш право да го судиш без да имаш и негова изјава....сите такви совети некогаш знаат да имаат спротивен ефект, инаку немам намера никого да провоцирам.
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.519
    Допаѓања:
    166.152
    Пол:
    Женски
    @baba Rada ако дете е во тие години сосем нормално е да си преволичува работите ама безразлика на тоа ние треба да имаме сериозен пристап зошто неможиме да знајме дали е преовеличување или се работи за нешто сериозно. Па и да е преовеличување, шодека? Ајде да се собериме да ја отепаме, а? Нема смисла. Дете е, секое дете сака внимание. Секое недоволно внимание го ранува секое дете особено во оваа возраст и најмалце на дете на оваа возраст што им треба е да се вреѓа на таков безличен начин. Дури и повозрасен човек некогаш ќе има потреба од внимание, ќе има плач за внимание и тоа не значи дека е егоцентричен и само гледа да ги задоволи своите потреби туку тоа значи дека нешто не е океј со него, нешто му фали и најмалце шо сака е да биди нападнат за то.
     
    На Грејси му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Во ред е душо, нека биде така а и како велат луѓето...стар човек ти е големо дете.....изгледа и мене ми недостасува внимание....ај ск на дедо да му приплачам....се шалам..поздрав
     
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Прочитав секакви коментари и изгледа дека масовноста на троловите на форумов не направија многу бесчуствителни, ладни и груби небаре ако пишале на форумов (макар и реални личности со реални проблеми) ги камшикуваме поради искуството од минатото тука.

    Очигледно е дека не знаете каков проблем е кога сте игнорирани од таткото и го имате само потпишан во извод дека ви е татко. Без разлика дали е опседнат со жена му или и неа не ја глада како и децата, тоа е огромен недостаток поготово во таа возраст Иако е татко и никогаш не е исто како мајката, таткото е носечка фигура и сигурснот во животот на детето. Само секое дете различно се соочува со ситуацијата кога ќе ја увиди и различно реагира на истата. Еве од лично искуство зборувам. Aко вие тоа на своја кожа не сте го осетиле неговото психичко а некаде и физичко отсуство и незаинтересираност, Ве молам, немојте да зборите. Зашто не знаете како е. Не значи дека ако вашиот татко е идеалниот како што секое дете си го замислува, дека истиот и постои во секое семејство.

    И искрено толку сте заслепени од троловите што веќе не знам зашто веќе воопшто се трудите да коментирате ако на прво место заклучите дека е трол. Премногу грубост од вас. Сакајќи да и дадете до знаење дека сте сигурни дека е трол, со зборовите што и ги изнакажавте несвесно повредувате други членови тука.Еве лично мене и тоа многу длабоко. Што ми дава потпора на тоа дека иако сум стар и реален член, не секогаш можам да се исповедам тука, зашто еве веќе мислењето си го кажавте. Во друг случај, но се пронајдов во истиов.

    Останете поздравени.
     
    Последна измена: 15 август 2015
    На Lolo5, kjukli, LivingGlam и 8 други им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.763
    Пол:
    Женски
    На ниеден родител било маж или жена не смее партнерот да биде пред децата.Нема оправдување.Каква е таа заслепеност од жена му,немање време,премногу работел...
    Жена е жена неможе со синџир да ја врзе за да не му побегне.Ако решила помлад да најде ке си најде.
    Детето засекогаш останува негово дете.Во случајов децата за него се невидливи.
    Она е во период кога и треба татковска грижа,љубов и совет.Со чоколада ли ке ја залажува и ке и надокнадува отсуство?
    Он фигуративно постои во семејството но не си ја врши добро улогата на татко.
     
    На kjukli, ivi1987, macedonec15 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Pucanka

    Pucanka Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Tvojot tatko samo ja saka privlecnosta na majkati nejzinata ubavina i mladost i ostatokot go nadopolnuva so rabotata ladnokrven ....
    Ti ne se zamoruvaj najdu si celo vreme zanimacija da ne mislis na niv...
    Vezbaj ednostavno pravi raboti sto te pravat srekjna....
    Mn.mi e zal ali postojat i takvi licnosti...
    Se ke bide vi red samo ne se nervirajj...
     
    На Lolo5 и Грејси им се допаѓа ова.