Немав намера да пишувам во темава, иако секојдневно ги читав новите коментари. И навистина, некои од вас (нема да именувам) ја поминаа границата. Што ако девојчето НЕ лаже и НЕ го прави ова од досада? @Грејси, еве јас ќе ти го кажам моето мислење за целава твоја ситуација. Со оглед на тоа што татко ти е 15-20 години постар од мајка ти, а нејзе не и давам повеќе од 35-40 години, биди свесна дека тогаш настанува таа фамозна "средовечна кризa". Затоа тој континуирано вежба и пие чаеви а мајка ти се шминка бла бла. Плус, татко ти има еден брак зад него, а мислам дека ти не ги знаеш причините зошто се развел од таа жена и зошто надовно "не ги сака" другите деца, според тебе. Не го осудувај така татко ти, бидејќи не знаеш зошто се разведени и не си ги гледа децата. Можеби не е негова вина што се развеле. Можеби нема пристап до децата. Тој неможе да не ги сака децата. Имам другарка што е дете од втор брак. Но во нејзиниот случај таа има полубрат и полусестра од на мајка и страната. Таа неможе да ги гледа децата од првиот брак бидејќи нејзиниот бивш маж има доста пари и има висока функција на работното место и жената не смее да им се приближи на децата, а камоли да разговара со нив. Не е се црно и бело, верувај. Секојпат приказната има две страни. И ти самата кажа дека "трчал" по мајка ти, можеби претходната жена, пример го оставила и тој не сака да ја изгуби и мајка ти, со оглед на тоа што е доста помлада од него и е убава и згодна и сите тие работи. Јас потполно се согласувам со мислењето на @x.Daisy.x и мислам дека ти треба да му се приближиш на татко ти и ти прва да воспоставиш контакт. Еве пример, кога ќе си дојдат сега од одмор, прашај го него, не мајка ти, како си поминале, па прашај го дали може да вежбаш со него, нешто во таа смисла. Ти заинтересирај се малку, не чекај на него. Биди упорна и силна. Ако сакаш да разговараме, би ми било мило да ми се обратиш, бидејќи и ја сум скоро твои години и скоро исто размислуваме.
Да се жалиш од таткото кој вежба, здраво се храни и купува се што ке посакаш, да ја сака твојата мајка, е проблем со твојата глава. Сигурна сум дека во твоето школо има некоја девојка која има татко алкохоличар, кој ја тепа сопругата и кој сите пари ги остаава по кафани, додека тоа исто девојче 3 год по ред носи туѓи патики. ПУБЕРТЕТ и се нешто е недоволно, никој не ги разбира, нив им е најтешко итн.....
Зошто не разбирате дека не е се во парите? Или па мислите дека проблем постои само кога некој некого тепа или пие, или се кара? Тебе маж ти ако не ти посветува внимание и не те погледнува, ти дава само чоколадо ќе се задоволиш со тоа што не брка други жени, не пие и не те тепа?
Маж и татко не исто. Да го прашам девојчево наше за 2-3 год кога ке оди ( а ке сака и тоа многу) со дечкото на одмор, дали ке го земе и тато? Мислам си нема работа па си измислува проблеми. Колку пати го спомена одморот? Па и тие се луѓе кои израснеле две деца и на кои и нив им е потребем мир и одмор, а се разбира и интимност. Колку пати спомена дека татко и повеке пари и давал на мајка и и дека повеке и купувал? Па зар треба на 15 год девојче се да се дозволи и да и дава плата нејзе на пр. Се гледа дека љубомори на мајака и. Јас и посакувам да си најде партнер ист како татко и и да ја чува како принцеза, дека премногу ретки се таквите. Мислам ајде ве молам доста ја тешите. Си немала баба работа, па си тресела сукњата. Да не треба на 14-15 год девојче кондоми да и купува? Се разбира дека треба чоколади и телефони и ете таблет ( бидејки сама кажа дека се има). Ајде нека наполни девојчево 18 и нека заработува само, па да види како таа ке ги троши нејзините пари. Не видело мака, за тоа збесува. Не ја напаѓам мајка и, ама од каде пак знае девојчево дека таа не е виновна за распадот на првиот брак и сега децата негови не сакаат да го видат? Чудно е што цело време го обвинува таткото а никаде мајката. Мајка ми за мене и брат ми очи ке вадела ако требало. Колку пати спомена дека се било масло на татко и, па зар мајка и има 15 год па овој ја вози? Ако мајка и сакала да ги земе на одмор, татко и нема шанси да ја натера сами да одат. Значи ништо нема посилно од мајка. Мала е за дечко, голема е за криенка и нема што па ајде татко ми вака така. Девојче биди благодарна на тоа што го имаш. Можеби не е се, но верувај дека многу сакаат да го имаат она што тебе не ти е доволно.
Не сфаќате дека партнерот Не смее да биде пред децата, никогаш ама баш никогаш.Поготово не во тинејџерските години.Не го прави татко тоа што троши пари и им купува се што ќе посакаат.Не за џабе се рекло во животот не те исполнуваат материјалните нешта. Тој е само болно опседнат со неговата жена и цел живот го посветил на тоа да се држи до неа ко бебе за градата на мајката, бидеки му прпа да не го остави за помлад.Годините го совладуваат и то е то.Ама тоа не е причина децата да ги фрли во канта бидејки партнерите одат и си доаѓаат(не можеш да си сигурен дека цел живот ќе ти бидат верни)додека пак децата се секогаш со тебе.
Љубовта не се купува со пари, но за грижата за децата парите се и те како неопходни. Обично негрижливи родители по развод бараат начин да избегнат алиментација, на пример, или пак како било да вложуваат во децата. А, алиментацијата се плаќа со ... да ... со пари. Во доброто на децата се вложува и материјално и духовно. И од каде знаете дека тој не се грижи за децата од првиот брак? Можеби не сака никого да оптоварува со тие информации а си се гледа редовно со децата, само ги држи семејствата на одредена дистанца, што можеби е и подобро. И онака видовме не е човек којшто труби за сопствените емоции.
Разлика се малку повеќе од 20 години. Тој ги остави децата, тие не биле мали за мајка им да им забранува да го гледаат. Кога јас бев многу мала барем разговарале а сега воопшто не се гледаат.
Не е исто, го користам за пример. Секако дека не можеш да споредиш едно со друго, АМА внимание си е внимание, ти веројатно не сакаш маж ти само да ти купи телефон, таблет а у меѓувреме ич муабет да не ти прави. @Грејси се обиде ли да направиш муабет со татко ти?
@Грејси дали татко ти вечера,руча со вас?Ве прашува ли некогаш како е на школо,што има ново и прашања од тој тип? Воопшто ли не комуницира со тебе на ниедна тема? Кога сте болни кој ве носи на лекар?
[ Ама претеравте веќе! како сум јас виновна што има алкохоличари и деца што носат стари патики? Да им ги давам моите патики? Кога бев мала мајка ми ме учеше ако видам дека некој од класот не јаде на одмор да му понудам од мојата храна. Се има случено да ми купува по два сока или две кифли за да дадам на некој што нема. Но имам сфатено и тука гледам дека луѓето те мразат ако видат дека имаш повеќе од нив.
Утре ќе си дојдат. Јас не им се јавувам, ми се јавува само мајка ми. Ние го гледаме татко ми секој ден ако не е на пат, секогаш е покрај мајка ми за се ама јас и брат ми за него сме предмети. Ви кажав не го интересира ништо за на училиште.
Се ви е одговорено. а вие не знаете како се вика, немам електрин комплекс. Имам читано за тоа и нема врска со мене.
Добро ајде не го знам јас поимот како се вика,ако ти е полесно. Мислам дека во однос на морална поддршка,совети и критика луѓево ти дадоа. Млада си, но сепак мислам дека ти доаѓа времето кога ќе мора да сфатиш дека никој не може да ти помогне освен самата ти. Добро е што си решила да разговараш отворено во врска со тоа што те мачи,доколку така се испразнуваш.Но не можеш да очекуваш ништо повеќе од нас бидејќи ''проблемот '' нема да го решиме ние туку ти.Ние не можеме да дејствуваме,туку ти.Иако сега сметаш дека ова е голем проблем кој те преоптоварува,сакала или не ќе имаш низа на вистински проблеми со кои ќе треба да се сносиш.Сфати дека светот не е розов,не е бајка многу пострашни нешта ќе ти се случуваат.Пробај,промени го ставот на татко ти кон тебе, но доколу навистина не успева,крени ја главата и живеј си го животот свој. Кога не оди,не оди.Ѕид со глава не се крши. Можеби ќе се променат околностите,па кога ќе пораснеш ќе му биде жал и нему. Учи од неговите грешки и не го прави тоа на своите деца.
@Грејси не дека те осудувам, ама не ни те оправдувам. Некој тука реферати ти пишува, од земја се треска, ти на се одговор имаш, ти се знаеш како што е. Има тука повозрасни од тебе што знаат и што поминале повеќе работи. Не биди тврдоглава, и послушај барем некого. Ем ти иска, ем ти стиска, како што викаат.
Јас не гледам ништо лошо во тоа што мажот си ја сака жената, обрнува внимание на неа, што се грижат двајцата за своето тело и покрај годините што ги имаат. Вие сте веќе големи, зошто да не отидат сами на одмор? Зошто да не си го негуваат бракот? Кога ќе пораснеш ќе гледаш малку подруго на работите. Немој да отчекуваш дека ќе добиеш нежност и внимание од татко ти како што го добиваш од мајка ти, маж и жена не е исто. Тоа не значи дека не те сака, или дека му е гајле за тебе. 90% од мажите не покажуваат емоции пред секого, тоа не значи дека не ги имаат. Плус ти сега влегуваш во пубертет, немој да мислиш дека татко ти не мисли каде одиш, со кого, дали имаш дечковци, дали може да ти наштети некој, да не тргнеш по лош пат, триста грижи поминуваат низ главата на еден родител, посебно на таткото за својата ќерка. Иако тоа не го кажува и покажува, јас ти гарантирам дека му се вртат овие работи во главата. Дури и да сака да ти каже некои работи, верувај дека му е потешко, отколку на мајка ти, да седне со тебе и да направи муабет за се што треба. Отсекогаш мајките биле поблиски со децата отколку татковците. Пристапот од таткото кон децата, и од мајката не е ист во ниедно семејство. Не ми се допаѓа начинот на кој што ја опишуваш целата ситуација. Најверојатно затоа што го гледаш само тоа што сакаш да го видиш. Да можеш бар на една недела да ми влезеш под кожа, па да видиш какво детство јас сум имала и што значи да имаш вистински семејни проблеми и да растеш во таква средина како што сум растела, тогаш ќе почнеш да цениш тоа што имаш - а верувај имаш, ќе ги гледаш работите од друг агол. Сеуште си мала, ќе ти бидат појанси работите кога ќе пораснеш. Не ми се допаѓа што љубомориш на мајка ти, сеуште си дете и се оформуваш... Не е срамота што татко ти е постар од мајка ти, љубовта не бира години. Не е срамота тоа што се сакаат и си посветуваат внимание. Позитивна особина е тоа што се храни здраво и се грижи за своето тело и покрај своите години, гледај го тоа како пример за вас децата во иднина! Не е прв човек на светов што е разведен, и што има деца од двете жени, тоа не значи дека не си ги сака децата, можеби не покажува пред вас за да не предизвика љубомора... Да почне да ги спомнува постојано пак ќе му најдеш мана, дека ги сака повеќе од вас...врти-сучи ако сакаш на човекот милион маани ќе му најдеш. Велиш дека татко ти не те сфаќа сериозно, искрено ти ги прочитав сите мислења, ниту јас не би те сфатила сериозно...не поради возраста-туку поради созреаноста и однесувањето. Незнам што ти значи ова-мајка ми заработува свои пари но добива и од татко ми тој и дава? Во едно семејство нема мои твои пари, кој на кого дава. Сите примања се заеднички кога оформуваш семејство. Како можеш да кажеш тој повеќе пари троши на мајка ми? Парите се заеднички, не ги троши тој на неа, а и тие се возрасните во вашето семејство кои одлучуваат за финансиите каде одат и колку ќе одат. Сигурно нема ти да ги донесуваш тие одлуки. Грешка си за тоа дека луѓето те мразат ако видат дека имаш повеќе од нив. Луѓето може да те мразат само ако ти ги гледаш од високо и понижуваш поради фактот што имаш повеќе од нив. Не е прв пат некој со повеќе пари да навредува или омаловажува сиромашни луѓе на форумов.