Зошто сум јас виновна? Благодарна сум на членовите што културно советуваа но некои ми пишуваа дека имам проблем со главата, ме нарекоа психијатриски случај и уште погрди работи а јас на форумот се отворив. Како да се однесувам со такви личности? Мене не ми требаат совети од такви луѓе, тие нема да комуницираат на тој начин ако знаат да кажат нешто паметно. Зошто да не одговорам, морам да одговорам ако згрешите на крај направивте дека татко ми се гледа со синовите а знам дека не се гледа, кaко може вие да знаете повеќе како е кај мене дома? Како можете така да извртувате, каде ги навредив и омаловажив сиромашните? Никогаш не ги делам луѓето колку пари имаат, но имам почувствувано на своја кожа како тие мене ме делат. И сега на форумот почувствував, цело време кажувате за парите и за подароците како да е моја вина што некој нема. Како ми е тешко и овде уште потешко, само да можев ќе ја избришев темата. Оставете и не се заморувајте да давате совети, сама ќе се снаоѓам.
Се водржувам од самиот почеток, ама веќе не можам. Желна си за внимание, па дури и на форумов го искажуваш својот гнев кон непознати личности кои што од твоето напишано извлекуваат претпоставки. Соред тебе и некои други јас не сум добра мајка што одам сама на одмор со партнерот, да одам, затоа што времето ме гази и не значи дека не ја сакам ќерка ми, за татко и не можам ни да зборнам затоа што го има еднаш во годината па дури ни толку.Љубоморна си и тоа многу иако се ти е пружено. Љубоморна си на нивниот живот кој што е се пократок и грабаат да проживеат уште малку, додека цел живот е пред тебе. Исполни си го времето со другарки, ако воопшто ги имаш, организирај се појди некаде на дружење, а не си седнала дома и се самосожалуваш, желна за внимание. Имам уште многу да ти напишам, ама сепак ќе се воздржам од дискусии со размазено дериште кое наместо да си ги живее своите тинејџерски години седи дома и кука и си ја труе душата со гнев и љубомора. Ако продолжиш со овој став кој што го имаш ќе немаш никого покрај себе.
Колку пати напишав дека најмалку што ми пречи е што одат сами на одмор но не разбирате ништо! Фала на навредите нема да се спуштам ниско да враќам уште еднаш.
Грсјси, миличка јас те разбирам потполно што сакаш да кажеш, и потполно ги разбирам твоите години каде ти треба љубов и внимание од таткоти. Сметам дека овој муабет најдобро треба да си го направиш со мајкати, да и кажеш дека се чуствуваш лошо и запоставено од таткоти, таа најдобро ќе те свати и ќе ти помогне, воедно човекот според описот ми изгледа на несовесен кон своите деца и тука не гледам некаква помош и разбирање од истиот. Не се нервирај и живеј си го животот, животот не е така црн како што мислиш дека изгледа, ако тој е нечовечен и крут верувај ми дека кога тогаш ќе си ја плати заслужената казна, а ти бори се и биди си до мајкати, обиди се на неа да и ги кажеш овие работи и секогаш стој и потпирај се до нејзе. Не се оптеретувај толку ако можете да сменете нешто со мајкати добро, ако не едноставно помири се, не си единствената верувајми. Ке дојде време ќе пораснеш, и ќе ги гледаш работите од друг агол, и тек тогаш ќе сватиш многу работи. А до тогаш учи и фокусирај се за самата себеси, дружи се живеј и уживај во тинејџерските години, и запомни дека секој човек има некоја мана и некоја празнина во душата, на никој не му тече мед и млеко, не си единствената.
Не знам дали некои читате воопшто што ви пишува девојчето или не? Повеќето ја гледате нејзината ситуација паралелно со вашите проблеми. Споредувате како вие сте биле, сте во моментот или како би можело да биде. Работава ќути и трај дете, има и полошо, пари имаш друго не ти ни треба. Не, девојчето воопшто не е психијатриски случај, не знам кој го напиша тоа, да не мислите индиректно се обраќам на некој член. Само бара љубов и внимание. И да, тоа е нормално, не е комплекс, не е љубомора, не е психијатриски случај, не е електрин комплекс... Само е најнормално нешто детето да бара внимание од своите родители во случајов сопствениот татко. Посебно во нејзините години кога е најранлива. И не ми кажувајте дека ова е нешто ново. Ова го има на секој чекор, буквално. Само не се сите деца вакви да размислуваат за проблемот на ваков начин, повеќето тоа внимание ќе го привлечат со пороци. Колку деца имаме што се зависници од дрога, пушат цигари, лошо се однесуваат, само заради тоа што привлекуваат внимание на нивните родители, кои пак се премногу зафатени со правење пари? Дури јас сум и изненадена, девојче од 15 години вака да размислува, да се обидува на нормален начин да привлече внимание и со убави постапки да ги подобри односите со родителот. Девојчето многу добро знае што сака, многу добро знае што и' треба, а што не и' треба, јас тоа го сметам за зрелост на нејзини години. Вие овде направивте дека е љубоморна на мајка и и чувствува сексуална привлечност кон татко и. Браво. И не е нормално да оставиш 10 годишно дете со 15 годишен тинејџер сами повеќе од 10 дена. Со кој памет? Мали се. Ќе заборават пегла, шпорет уклучен, куќа ќе запалат, не се зрели и возрасни. Што ако се случи нешто, се разболи некој од нив двајца, сешто може да се случи. Другарка така ја оставија дома сама, помали бевме, нејзините на одмор отидоа, таа со другарка и' земале компири да пржат, цел врел зејтин врз рака си го истури. Триста проблеми се случија. Мали деца дома да оставиш е играње руски рулет. Тие двајца ако сакале да го живеат животот и да шетаат, не требало деца да раѓаат. Не можеш да се правиш дека немаш мало дете и да се шеташ кај ти текне само зашто тебе ти изминуваат годините. Како сакате сфатете ме, јас си стојам на ова. Децата треба да се пред се'. Ако тие не можат еден одмор да прескокнат заради децата, тогаш што останува за друго? Не е лесно детето да се обидува да дојде до разговор со родителот. Наместо родителот да се обидува за подобра комуникација, детето да размислува како да му пристапи. @Грејси татко ти е таков каков што е. Можеш да се обидеш да направиш нешто ама никој не ти гарантира успех. Мој совет е прво да се обидеш. Кога ќе дојде, почесто разговарај со него, прашувај го за неговото секојдневие, како поминал на работа, што е тоа што го пие за добро тело, заинтересирај се за неговото вежбање, речи му заедно да вежбате, знаеш сигурно што го интересира, одете на пливање, на куглање, на сладолед, еве велиш парите не ви се проблем, значи можете да одите на многу места заедно... Крај краева измисли некој проблем со некоја другарка, нешто онака, било што, па прашај го за совет, види на кој начин ќе ти одговори, како ќе реагира, што ќе ти каже... Пробувај, само тоа ти останува. Јас да сум на твое место, познавајќи се себе, кога ќе ми дојде преку глава, ќе го седнам и ќе го прашам се' што ме интересира и ќе кажам како се чувствувам. Па да разјасниме, ме сака како свое дете или не ме сака. Не знам ти каков карактер си, ама јас на крај и вака би направила. А во меѓувреме живеј си го сопствениот живот. Немој да се ориентираш само кон ова, а другото да го запоставиш. Ова ти се годините кога треба да шеташ, излегуваш, да се дружиш.
И мене не ми се допаѓа што така и се нафрливте. Како одвај да чекате да се фатите за нешто и да судите, навредувате, попувате...особено кон помлади од вас. Сосем нормален проблем и сосем нормално дете да чувствува потреба од родителска љубов. Ви пречи што побара совет на форум? Можеби и згреши оти форумов стана сеирџиско место. Јас потполно ја разбирам затоа што и јас сум растена без љубов и внимание и тоа од двајцата родители. И сеуште е така иако имам веќе оформено свое семејство. Никогаш не се јавиле да прашаат како сум јас или пак внучето. Не сакам да звучам како другите “биди среќна што барем мајка ти е ок“ оти знам дека со право сакаш внимание од двајцата. Имаш право на тоа. Секое дете има право на тоа подеднакво од двајцата родители. И јас би те советувала како и другите погоре. Најди некој заеднички разговор со татко ти, прашувај го за теми за кои обожава да зборува. Само немој ни случајно да судиш зошто тие се среќни заедно, зошто се со голема разлика во годините, како ги живеат нивните животи или како ги трошат парите. Тие се родители но имаат и свој живот, свои потреби, свои задоволства. Не се замарај со тоа, само гледај да си надокнадиш тоа што ти недостасува. Ако не бива (како во мојот случај) тогаш не знам што да ти кажам, само дека трат си е трат. Излегувај, дружи се и гледај некако да ја пополниш празнината која ја чувствуваш.
Прееска ја исчитав цела тема и најпрвин морам да се согласам со @srcence1607, дека за жал искуството со толку измислени приказни предизвикува секое барање совет и олеснување душа, придружено со некоја реченица што ќе ви боде очи и може да биде погрешно сфатена плус 16- возраст, веднаш од многумина да биде прогласено за шпанска серија измислена ради досада на распуст. Девојчето баш ми изгледа културно, писмено и доста зрело и свесно за вистинските вредности за своја возраст, мислам дека не ги заслужи осудите и навредите тука. За дијагнозиве упатени кон 15 годишно девојче од типот на психијатриски случај, Електрин комплекс, макар и виртуелно на личност што се сомневате дека е трол (што патем во тој случај не мора да трошите времето на совети)... дали сте сериозни и со кој памет? Да беше "разгалено детиште", при таква ситуирана фамилија нема ни да ги размислува вака чувствително за овие работи. Јас се сеќавам на овие години некои мои врсници се радуваа сами да останат и да лудуваат со друштво дома. И да, според мене на 15 и 11 години децата се мали за да ги оставаат толку време сами дома. Ситуацијата е сосема реална и ја има на секој чекор, а онаа утеха "од лошо има и полошо" и споредбите со екстремни ситуации на дисфункционални семејства не го намалуваат проблемот. @Грејси мила, како и повеќето феминки би ти советувала да се зближиш со мајка ти, штом ја осеќаш дека е секогаш тука за тебе отвори ѝ се барем за тоа како се чувствуваш ако не можете да смените нешто. Поминувај повеќе време со неа, излезете на шопинг, седнете на кафе... Исто така шетај и дружи се со твоите врсници, читај и продолжи да ја развиваш твојата креативност. Ти посакувам се' најубаво и наместо да се оптеретуваш душичката, уживај во тинејџерските години на твој начин.
Ова е едно од најпаметните мислења што ги прочитав во темата. Зошто си го трошите времето бесцелно пишувајќи коментари ако сметате дека приказнава е измислена? Искористете го тоа време на друг начин и оставете простор некој друг да одговори во темава, некој што можеби навистина ќе помогне. Да бидам искрена, очекував уште 'Не се секирај, уште малку ќе се омажиш и ќе се тргнеш од таму' да ѝ кажете.
@Грејси добредојде во светот на возрасните Подготиви се за во животот да се сретнуваш со секакви луѓе од кои ќе добиваш секакви коментари. Не мисли дека на некој непознат му е гајле за тебе, и затоа овде ќе налеташ на секакви коментари и разни мислења за кои не треба да се лутиш, ни пак да се навредуваш туку како зрела личност прими ги тие критики....ама извади го тоа од глава дека никој не те разбира. Те разбираат повеќето од форумов пошто скоро поголем дел од тука сме ги поминале твоите години. На сите ни било потребно поголемо внимание во твоите години, и верувај дека секакви глупости се правеле за да се привлече внимание. Убаво што си ја кажа маката, убаво што сподели со нас верувам дека малку ти е полесно. Уште полесно ќе ти биде кога ќе зборуваш со мајка ти, зашто и таа ги поминала тие години и ќе те сфати. Ти реков овде ќе добиеш секакви коментари од луѓе што не се грижат толку за твоите чувства, ама затоа мајка ти ќе ти даде совети, ќе те послуша а воедно и ќе се внимава да не те повреди. п.с. Во темава може ќе се пронајдат и други девојчиња на твоја возраст, па рачунај дека луѓево додека ти даваат совети тебе, им помагаат и на други кои се наоѓаат во твојата состојба..
Се воздржував да коментирам на темава затоа што се поминаа нормалните граници на коментирање и се удри на навредување. Прво не верувам дека некој родител би оставил деца на возраст од 10 и 15 години да се грижат сами за себе, без да помисли на тоа што тие ќе прават во куќата, дали ќе им влезе некој крадец, дали ќе се приберат во нормално време од ноќта или ќе скитаат туку сигурно тие деца имаат баба , дедо, тетки, чичковци кај кои со сигурност би можеле да бидат на гости, каде што некој ќе се грижи за нив додека да се вратат родителите.( феминки родители што се тргнете од вас дали и што би направиле со вашето дете во ваква ситуација?) Грејси уште сте на возраст каде сте можеле да заминете на семеен одмор но друга е ситуацијата ако вашите родители сакаат поголема интимност и време само за нив . Трето можеле да ве пратат и вас некаде на летување па кога ќе се вратите сите заедно да имате што да си кажете. Тоа што некои феминки упорно ја ставаат желбата за љубов и внимание на еден тинејџер еднаков проблем со живеење со алкохоличар, коцкар и сл. е малку без врска затоа што тој што живеел со вакви луѓе знае дека од вакви луѓе не им треба ниту љубов ниту внимание туку само мир во куќа. Колку и да се обидуваме да си докажеме што е потрагично дали немање љубов или алкохоличар во куќа нема да си да докажеме затоа што не секој минел низ некакви ситуациии ама реално во секојдневнот живот голем број на жени и деца се жртви на семејно насилство и ред ствари а Грејси кука затоа што татко и ја однел на одмор мајка и, неа и купувал се, парите сите оделе кај неа , па вака изгледале, вака се оддржувале во форма и сл. Mоже ќе звучам сурово но што љубов да се очекува од човек за кого не му е грижа ниту за децата од првиот брак ? Нив демек сеедно им било детството што го минеле без татко и сега иако се возрасни верувам не им е сеедно да се разминуваат како странци или воопшто да не знаат за него? На крај @Грејси уживај во деновите додека сте сами со брат ти и без родителите, викни си другарки правете си забави. За некоја година кога ќе имаш дечко едвај ќе чекаш твоите да заминат на одмор па може тогаш нема да ти биде гајле што ти заминале родителите туку ќе ни пишуваш како да го избркаш брат ти од дома за да можеш да си уживаш со дечко ти.
И јас читам и се чудам, како не ви е срам толку повозрасни членови кои и самите вие имате деца, вака да го нападнете девојчево?! Добро е што не бил алкохоличар и барем добра била финансиската состојба дома? До толку ви сече паметот, озбилно? Кај мене дома финансиската состојба не ни е сјајна, но љубов од татко ми секогаш сум добивала! И сеуште е така за тоа неможам да се пожалам. Едно дете во оваа возраст највеќе сака љубов, и верувајте тоа е многу важно за тоа да искочи на прав пат. Не е психопат ако и е жал што татко и воопшто не и обрнува внимание. @Грејси зближи се со мајка ти повеќе, ете чим викаш дека финансиите не се проблем предложи некој викенд кога татко ти е слободен да идете некаде сите заедно цел ден и некои такви слични активности што можеби ќе ве зближат
Јас ниκаκо неможам да ρазбеρам κаκо за повеќето овде 15-16 годишно девојче не е способно да седи сама дома 10 дена, со надзоρ од блисκи ρоднини м(или сите го пρомашивте тој дел κаде што девојчето ρече деκа е безбедна дома)??!? Или моρа да биде полнолетна да ја остават дома? Во стρанство постојат заκони на оваа тема κаде е κазниво да оставиш дете до 12години без надзоρ само, а девојчево има 15-16! Нема тоа ниκаκва вρсκа со гρижата на ρодителот, па што исповρеѓавте овде κаκви ρодители биле, мислеле само на себе, а мајκа и сеκој ден и се јавува на девојчево да види κаκо се и што пρават! Или и тој дел од нејзините постови го пρомашивте?? Јас на 15 години и чистев, пеρев, готвев, на 16-17 ρаботев сама се финансиρав и поκρај учењето! Таа неможела да седи 10 дена дома и здосадило да јаде исто.... Ги исчитав сите нејзини постови селеκтиρани без вашите, јас од постовите добив впечатоκ на ρазочаρаност, огоρченост, голем бес во повеќе моменти, избувливост, изолиρаност, непρифаќање туѓо мислење освен аκо неκој и се умилκува, очигледно девојчето не излегува од дома, можеби нема пρијатели, не се движи низ наρод, па сеκоја ситница ја повρедува и веќе нема за што повеќе маана да најде. И очигледно е деκа саκа внимание, да не ρечам саκа центаρ на внимание да биде!
Aма не е работата што останала сама дома. Проблемот е што не се чувствува сакана од родителот. Не споредувајте со татко што не искажува емоции, ама секогаш е тука да помогне кога има проблем, да даде совет, да те однесе со кола за да не чекаш такси, да те земе од некаде за да не наврнеш, да ти свари кафе наутро и да те пофали кога ќе зготвиш нешто сама. Овој татко едноставно нема љубов во него, не е дека не може да искаже. @<3 pleza4e <3 што мислиш, од каде доаѓа таа разочараност и бес? Секако и’ треба внимание кога домашните не и’ го даваат. Ти си се финансирала сама во текот на учењето. Што има врска тоа со овој проблем? Дали твоите родители те сакаа и те поддржуваа, ти беа утеха во тешки моменти? Би одбрала пари пред љубов? Како ја свртевте работава - 'имаш пари, ќути не се жали'. Ми се допадна советот за теретаната и заеднички одмор. @Грејси, би можела да предложиш такво нешто, барем еден викенд да ви посветат и да бидете заедно како вистинско семејство. Дружи се повеќе, читај, запиши се на аеробик... најди некаква активност што ќе ти го исполнува времето. Барем нема да мислиш толку на секојдневната ситуација дома.
@LivingGlam. Јас не и ρеκов имаш паρи не се жали, ама јас аκо отвоρам уста да κажам што сум пρеживеала ќе си ја затнеш устата и ти и таа. Имам пишано κρатκо за моето детство на фоρумов, биди паметна па пρобуρичκај и види. Не сум станала јас самостална и јаκа личност од аρно во животот! Финансиите ниκаκва вρсκа немаат во ситуацијава ниту во мојот муабет! За да вие донесете таκва одлуκа за човеκот тρеба таа да κаже во повеќе ситуации κаκов е, ама κога ја потпρашаа почна да се ρаспρава и ρече немам јас што да ви κажувам. Тоа за мене значи деκа пρеувеличува па κога наиде на нешто што не и одговаρаше почна да се κаρа.
Aко си имала тежок живот, не треба да ги потценуваш проблемите на другите. Секому сопствениот камен му е најтежок. Нема да и’ стане полесно ако дознае дека други имале потешко детство. Девојката се искажа барајќи совет како да се постави, овде доби коментари дека преувеличува и дека не е страшно што татко и’ не ја забележува. И те молам @<3 pleza4e <3 прости ако со нешто те повредив. Не сум те читала овде, скоро се вклучив пак, само одговарав на твое мислење поврзано со темава, што милам дека не е правилно.
Не е ок да ги потценуваме туѓите проблеми. И јас може ако проговорам за некој мој проблем, не ти, може цел форум ќе остане со затворена уста, и што има врска тоа со проблемот на девојчево? Каква врска има што јас, ти или некој трет станал самостоен уште на мали години? Зошто веднаш споредувате со вас и вашите лични работи? Одма е она, еее а јас да видиш што имам поминато, јас каков татко сум имала, јас во какво семејство растев... Е добро, фала што не' информиравте, дај сега кажете ако имате што да кажете за конкретнава и моментална тема, доволно слушнавме за вас.
@Daydream @LivingGlam Епа кога прашувате и подбуцнувате зошто не поднесувате одговор? м?? Што ви беше гајле на вас дали моите родители ме сакале и поддржувале ? дали ми биле утеха во тешките моменти? и дали би одбрала пари пред љубов? Јас си го кажав моето мислење на темава ама како по обичај мора некој да те разкопка, да те подбуцне како ти врска си немаш од животот, божем мене ружи ми цветале па сега се ситам тука...други беа тие што ја нарекоа трол, психопат итн итн, не јас!
@Грејси најдобронамерен совет од мене,прави тоа што срцето ти го вели.Ние овде само да погаѓаме како се чувствуваш,но сигурно само ти знаеш како ти е.И ако подобро размислам и кај тебе не е се розово. Девојкава не е искомплексирана со изгледот на мајка и,очигледно е.На крај мајка и е .Дали вие би и љубомориле на мајка си?