Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татко ми ја сака мајка ми повеќе од нас

Дискусија во 'Брак' започната од Грејси, 11 август 2015.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Kаков одговор не можам да поднесам? Прашањата ги поставив затоа што е важно двајцата родители да бидат тука за децата. Очигледно дека девојката го нема тоа. Ти си имаш/имала свои проблеми, ова девојче има поинакви. Со тоа што овде некои членки ја направија плитка и разгалена најмалку и’ се помогна. И ете прикажа повеќе ситуации - одморот, родителската, тоа што се обидува да надомести со материјални нешта, тоа што не ја регистрира... мислам доволно е да разбереме дека не се чувствува сакана.

    Не знам дали разбирате дека секое наше мислење има влијание врз нечија личност. Човек бара совет, а тука само ќе го вознемириме уште повеќе. Ако мислите дека е трол, не се замарајте едноставно. Ама ако не е, и најмала можност дадете да не е - зошто да ја повредувате? Па и да преувеличува, сепак е човек со чувства што дојде тука да најде поддршка.

    А зошто проблемов изгледа нереален за некои од членките уште не можам да разберам. Недостаток на љубов не е мала работа. И да, има родители што не си ги сакаат децата... за жал.
     
    На Lilit, kjukli, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    @<3 pleza4e <3 Нит те прашав нешто, нит те подбуцнав. Си кажав само конкретно и јасно што мене лично ми смета во дискусииве. Не се врти секогаш и се' околу вас, има теми за тоа. Не можете секој проблем изнесен на форумов да го споредувате со вашите. Муабетов иде, јас тешко поминав во животот, затоа ти ќути сега, врска си немаш. Абе се' ќе кажете, само совет нема да кажете.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Грејси, моето мислење и совет за твојов проблем го кажав и немам што друго да додадам.

    Него, муабетов ми е за сите останати на форумов.

    Луѓе, what the f*ck?

    Значи, не можам да разберам како на секоја тема избива трета светска војна и фрчат навреди, препукувања и расправии. Да беше некоја контроверзна тема, ајде и ќе разберев некако, ама ова се случува на секоја можна тема на форумов.

    Значи, ако некој смета дека некој друг е трол, за тоа постои многу лесно решение - не му реплицирајте. Впрочем, тоа е поентата на интернет троловите - да буцкаат и „тролаат“ за да ги испровоцираат луѓето. Со самото тоа што ќе им реплицирате, троловите си ја остваруваат својата дел.

    Ако пак некој смета дека нечив проблем е глупав, смешен или не е проблем, пак има решение - не реплицирајте. Никој од нас овде не работи на норма, па да мора или треба да пише мислење у секоја тема.

    И не ми е јасно, како тоа некој заклучува дали нечиј проблем уствари не е проблем. Во споредба со што? Со проблемите кои тој си ги има? Па, нормално, на секого неговите проблеми му изгледаат најголеми. Но, тоа не значи дека туѓите треба да се потценуваат. Или се раководиме според она - од секое зло има нешто полошо. Колку и да е вистина ова, сепак воопшто не помага во решавање на ништо.

    @JollyGirl и даде добар совет на девојкава - дека во животот ќе се среќава со секакви луѓе и коментари. Но, ми се чини дека овде, криејќи се позади анонимноста, многу луѓе си земаат за право да кажат се и сешто, без никакви последици и реперкусии.

    Дали на форумов секој може да каже се што сака и што ќе му падне на памет? Апсолутно. Но, дали треба? Не би рекол. Лесно е да се напише све и свашта на некој, знаејќи дека тој никогаш нема да дознае кои сте. Но, и лесно е да се заборави дека навредливите зборови и понижувачкиот тон напишани во виртуелниот свет можат вистински да повредат некој во реалниот свет. Кога пишувајте на некој, обраќајте му се како што би му се обратиле да стои пред вас, а не сокриени позади мониторот и форумскиот аватар.

    Поздрав.
     
    На Lolo5, MilaP, kjukli и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Грејси

    Грејси Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Тоа не е вистина, одговорив на сите прашања! Те молам каде напишав така? Се карав со тие што ме навредија и со никој друг, зошто изврте се што кажувам? Ти прво рече дека не ги читаш сите мислења на темата епа тогаш не ја разбираш дискусијата и подобро не коментирај. Ме напаѓате само за парите. Само парите се важни за вас. Едноставно сто пати реков ако мислите дека преувеличувам зошто не ме оставите на мира? Зошто лажете и ми наметнувате зборови што не ги кажав. Што и да кажам јас сум виновна. Заборавете ја темата веќе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    6.145
    Пол:
    Женски
    @Грејси постарите членови на форумов ти дадоа повеќе совети за тоа како межеш да се обидеш да си го решиш проблемот. како што рекоа прво обиди се да му го привлечеш вниманието на татко ти, дали со вежбите што ги прави (пр. кои му се омилени и сл.), речи му да вежбате заедно, прашај кој чаеви ги пие.... ако ова не ти успее разговарај со мајка ти и кажи и како се чувствуваш во врска со татко ти (пр. дека мислиш дека те избегнува или слично). немој да мислиш дека сакаме да ти одмогнеме или дека те исмеваме. на крајот на краиштата ти даваме само совети што можеш да ги примениш ако сакаш. немораш да се навредуваш со тоа што ти кажаа за психологот. и јас имам отидено 2-3 пати, со тоа што ке отидеш (немора ако не сакаш) ке си олесниш сама на себе, а после психологот сигурно ке разговара со твоите за да има каже како се чувствуваш и твоите сигурно ке го променат односот кон тебе.

    ако више нема што да се каже или темава ке користи за да се кажува кој е трол, а кој не подобро да оди во канта.
     
    На Грејси му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Грејси, жал ми е што како нов член те дочекаа толку на нож, да беше постар член дефинитивно немаше да биде вака :(

    Факт е дел од девојките што ти одговорија во твоите проблеми видоа одраз на нивните комплекси и неизлечени фрустации ама знаеш што, нивните мислења воопшто не си ги ставај при срце!!! Тие имаат проблем со себе си, не ти. Исто така, мораш да се помириш дека голем дел од луѓето животот го гледаат низ призмата на парите и затоа воопшто нека не те чудат мислењата дека не треба да се жалиш штом твоите имаат пари и татко ти не пие и не се коцка. Пак ќе речам, тие мислења кажуваат многу за тој што ги пишал, не за тебе.

    Ми изгледаш како културна, воспитана и смирена личност (мене како неутрален читач од такт ме извадија неколку мислења тука а можам да замислам само како ти било на тебе), многу позрела за своите 15 години. Продолжи така! Дел од феминките ти дадоа навистина одлични совети како да постапиш со татко ти, се надевам дека твоите напори ќе вродат со труд. Ти посакувам се најубаво :*
     
    На Lolo5, kjukli, Грејси и 6 други им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.064
    Допаѓања:
    76.860
    Пол:
    Женски
    Бидејки веќе имаш 15 години треба да седнеш со двајцата родители и отворено да разговараш за проблемот што ете подолго време те мачи за да не се измачуваш ти самата зошто е таков татко ти и зошто се однесува така со вас.Кажи си отворено што те мачи,што ти смета,дека сакаш некои работи да се променат,дека ти фали нивната близина.Со отворен разговор се се решава,секој проблем.Вака само на себе си правиш проблем,си ја мачиш душата.Храбро и отворено се што ти лежи на душа и се ќе се реши.
     
    На Грејси и Nausicaa им се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Вие повозрасните и треба да разберете дека секој има свој став и карактер а не да се препукувате и да се електризирате до толку.
    Во ред е дискусија во ред е различно нечие мислење, но не е во ред упорно и упорно од темава да правите малски муабети.
    Се сетивте ли дека девојчето е сеуште мало и дека сите ваши ставови и препукувања сеуште не може да ги разбере, колку и да мудрувате залудно е.
    Таа е во тие години што поинаку ги разбира и гледа работите, да така сите мудрувања пагаат во вода.
    Девојчето сака само љубов од татко и, а вие милион нашта изнакажавте преувеличивте ја доведовте темата во друга насока и ја збунивте уште толку.
    Ако имате совет да и дадете добро ако не престанете да мудрувате.
    Грејзи уште еднаш ке ти кажам, вие најдобро си ја знаете вашата фамилијарна ситуација, сеуште си мала да водиш дебати и дискусии, седни поразговарај си со мајкати, верувај дека на форум ништо неможеш да решиш и смениш.
     
    На kjukli, Грејси, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Κој е паметен ќе сфати што саκав да κажам, за жал јас сум една од ρетκите овде што обρна внимание на сеκоја твоја ρеченица додеκа повеќето читаа меѓу ρедови κаκо ним им одговаρа!
    Исто κаκо и ти, јас ниκаде не ти ги спомнав паρите, јас сум човеκ за κој што матеρијалното е најмалκу битно во животот, ниκогаш не било и нема да биде! Споρедбата со ρаботата беше да им дадам до знаење на дρугите деκа девојче на таа возρаст веќе е способно само да ρаботи а не κаκо што те напρавија деκа си бебе и неможеш дома сама да седиш.
    Ама κој си мислел на паρите, аκа го сфатил, неκој го пишал κаκо човечκа способност а не за матеρијален начин!
    Доκолκу саκаш отвоρен муабет со човеκ κој што поминал веќе слично и полошо нешто, и не се лутиш доκолκу ти ги κажам ρаботите диρеκтно, можеш слободно да ми пишеш поρаκа, затоа што можам да ти помогнам, пρашањето е дали саκаш да соρаботуваш.
    А веќе на темава не κоментиρам за да се сити наρодов, баρем видов κои се матеρијалистите што од цел муабет само паρите ги пρиметија и ништо дρуго! Да тоа κажува многу за вас, не за мене. Поздρав
     
    На vitamina, cresa-jagoda и tessie им се допаѓа ова.
  10. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Добро, како може ова да не биде важен проблем?

    Родителската љубов и внимание се клучни за развивање на една личност. Ова е типичен пример за daddy issues. Утре тоа внимание што не го добила од татко и, ќе проба да го добие од други машки. Ќе почне да се облекува провокативно, ќе менува многу дечковци, ќе останува во лоша врска само за да не биде сама. Ќе прави се, и што треба и што не треба за да го задржи нивното внимание. Ќе се опива, ќе прави опасни работи за да ја приметат дома.

    Познавам вакви девојчиња, што очигледно не им обрнале внимание дома. Машките што ги сакаа ги манипулиираа за внимание, и на крајот ќе ги изневеруваа, а тие што не ги сакаа, се правеа за да ги задржат, дури и имаа односи коа не беа спремни, на некои 14-15, бидејќи според нив, тоа било единствен начин да ги задржат.. И сето тоа заради недоволна родителска грижа..

    @Грејси , ти ги кажувам ова за да те предупредам, бидејќи не мора да значи дека таква ќе станеш, се гледа дека си културно и воспитано девојче.

    Погоре ти дадоа добри совети, пробај ги, но ако не успеат, помири се дека таков е татко ти. Сепак имаш и брат, мајка, роднини, зближи се со нив. Дружи се повеќе со другарките , испаѓај. Сега си млада, имаш време, а еве и парите не ви се проблем, можеш што сакаш да правиш. Само не дозволувај заради недостиг на внимание да правиш глупости и да се понижуваш. Со среќа :hug:
     
    На Lolo5, Sky-butterfly, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Многу зрело од вас да негирате очигледно постоечки проблем.
    Може не е толку сериозен, можеби некој од вас поминал низ пострашно, ама тоа не значи дека не боли. Луѓе поминуваат низ најразлични проблеми, секоја чест што сте се носеле и со полошо, сигурно е убаво чувството да поминете низ се тоа и да останете силни. Ама секој има право да каже што го мачи без да биде осудуван.

    Родителите не можеш да ги одбереш, возрасни луѓе многу е тешко да смениш, за жал се што можеш е да се прилагодиш колку што можеш и да бидеш трпелива. Како што ти гледаш дека ти недостасува љубов од татко ти, можеби и тој еден ден ќе сфати.
     
    На Lolo5, kjukli, theowndemon и 9 други им се допаѓа ова.
  12. jesika.111

    jesika.111 Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    јас ќе ти кажам зошто си несреќна бидејки мајкати го зела таткоти за пари 100 % и му родила две деца како гаранција а тој ја задоволува неа со пари шетање тоа е тоа драга грејси
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    А ти да не си мајка ѝ па што тврдиш со толкава сигурност? Или само тресете било што колку да навредите некого? Ако одиме по оној шаблон по кој одиш ти нема смисла првото со второто оти жена што зема маж за пари не раѓа две деца. Сосем доволно ѝ е едно за гаранција. Ама не постојат правила и затоа ме иритира кога тврдите нешто со максимална сигурност.
     
    На macedonec15 и ku4ence им се допаѓа ова.
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    I se vratija tvoite od odmor kako pominaa kako si ti imas li bar del od sovetite primeneto se sluci li nekoj fam. razgovor?
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Што бидна со приказнава???????:?:
    Ништо, децата не се веќе на распуст.
     
    На MilaP, referentka, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.