tahikardija e samo zabrzano cukanje,a bradikardija e namaleno cukanje na srceto pa mozi devojki da vi e ili muskulen bodez od promaja najcesto,a mozi da e i srceto.to nikogas ne se znaj duri ne ve vidat na doktor. [mod-kirilica:1yo4yswb][/mod-kirilica:1yo4yswb]
Тахикардијата е почест облик на срцевата аритмија. Некои тахикардии се создаваат во преткоморите. Аритмиите на коморите по правило, се потешко заболување. Дури, ненадејната смрт поради заболувањето на срцето во најголем број случаи е последица на аритмија на срцевата комора, а не на срцев удар, како што се верувало порано. Особено е позната коморната фибрилација, што се создава кога, поради насообразената работа, коморите почнуваат да се стегаат па срцето речиси целосно престанува да пумпа крв. Ова нарушување може да предизвика смрт во рок од неколку минути, ако грчењето на комората не се прекине.
Пред некое време добив тешка тахикардија која докторите ја истретираа како прединфарктна состојба. Во таква состојба бев половина час, а може и повеќе. Мислев дека ќе умрам. Бев толку бледа, модро бледа, дури и мајка ми се исплаши, што во суштина таа не е паничар никогаш, ама баш никогаш (во такви случаеви). Пиев некое време седативи секоја вечер, бев како издрогирана, постојано спиев. Сега преминав на постојана терапија од витамин б6, за смирување... Кај мене цела таа реакција испаднала од потиснати нервози, стресови ( и + од недоволно јадење)... и дошло ден да пукне целото насобрано. Оттогаш, гледам да не се нервирам (иако тешко ми оди ), и едноставно да не се замарам со се околу мене. Е сега дури го ставив здравјето во преден план, откога видов што ми се случи, и откога ми кажаа што би можело да се случи... И да, цигарите се доста штетни за ваква состојба. Пушач сум, иако не смеам да пушам, но ете, барем ги редуцирав цигарите колку толку, сега ми се случува и по 4 дена да не запалам цигара. Гледам да пешачам почесто, не смеам да се заморувам (а баш сакав на аеробик да одам, ама ете.. тоа е).
Божеее Бројче ?! Зарем до таму дошла работава?? Пази се девојко па многу си млада.Кркај, биди опуштена и уживај во младоста.
Леле и јас го имам тој проблем со болки во левата страна кај срцето и позади во грбот. Особено кога ке се изнервирам за нешто одма ме заболува.Некогаш и кога ќе се напијам кафе или пак запалам цигара (кои решив дека морам да ги оставам ) знае да ме заболи. Многу ми е страв да не имам некој срцев проблем.Ова се случува веќе 2 месеци. Планирам деновиве на лекар да идам ама многу се плашам....
navistina neznam dali e seriozno ili ne megjutoa chuvstvoto e uzhasno. tret pat mi se sluchuva srceto da pochne da mi lupa zabrzano, mnogu silno, osekjam treperenje vo gradite, isto taka mi se temneshe pred ochi i nemozhev da disham i stojam .. dali nekoj ima nekakvi informacii za vakvo neshto ? [mod-kirilica:1gxkfyow][/mod-kirilica:1gxkfyow]
Srce Нешто вакво ми се има случено неколку пати и мене,само што јас буквално во тие мигови не можев да си ги помрднам ниту рацете ниту нозете. Многу неубаво чувство, ги гледаш дланките а неможеш да се исконтролираш да ги мрднеш. Бев и на доктор и прегледи триста и ми кажаа последица на стрес. Тогаш имав некој поголеми проблеми. Веќе една година да чукнам од дрво немам никаков таков проблем со здравјето. Но сепак оди си на доктор, најубаво ќе ти каже, а до тогаш не стресуавј се повеќе,не си помогаш така.
Дечки, имам прашање до докторкиве на форумов. Пулсот ми е секогаш од 85 до 95 отчукувања во минута. Знам дека ова е ова е висок пулс, но јас не чувствувам ама баш никакви симптоми. Ниту го чувствувам срцето како забрзано куца, ниту сум задишана ама баш ништо. Дали е страшно? и од што може вака да ми се случува? Благодарам
Па види вака... Зависи и од докторот... На пример тетин ми цел живот има висок притисок, многу висок, ама и тој како тебе не чувствува ништо, т.е се чувствува најнормално. Беше кај повеќе доктори, едни му велеа дека нема гајле, дека не треба да се труе организмот ако нема потреба (Зошто ако испитуваме кај човечкото тело, нема шанси да не се најде некоја ненормална бројка на нешто), други му дадоја апчиња за смалување на притисок. По мое, најдобро ти е да не го труеш организмот доколку навистина немаш потреба. Појди, направи тест, ако е се другото во ред, мислам дека нема сигурно да имаш потреба, но ако има уште нешто што не штима, секако консултирај се со твојот лекар за понатамошни инструкции
Кукличке, можеби твојот организам е навикнат на таков пулс. Можеби кај тебе тоа е нормално. Но сепак, ако имаш некои сомнежи во себе, појди си на доктор, направи си еден рутински преглед, и најубаво ќе ти кажат. А дали чувствуваш замор? Можно е да е од замор, или пак од постојан стрес. Не е на одмет ако пиеш некое време витамин б6, ама како терапија, значи постојано (цела доза). Па види дали имаш подобрување. Но, ако не чувствуваш тешкотии, изгледа не е ништо страшно.
Мене некогаш до 99 отчукувања ми стигнува. Бев и на лекар и ми рекоа дека нормално било за наша возраст. Е сега незнам колку е така, ама ми рече да си пијам бедоксин секој ден, ама не пијам.
Сето тоа може да произлезе и од тироидната жлезда, примена на времето (има некои тахикардии се појавуваат во одреден временски период од годината), или пак ако е во прашање анемија (значи од недоволно внесување на храна и витамини, доаѓа до глад на срцето за крв, и тешко ја испумпува), или значително покачена тежина.... И во вакви случаеви, доста голема улога има психата. Само без нервози, без стресови, правилна исхрана, и доста физичка активност. И секако б6, обавезно. А ти Марамке, не ја игнорирај терапијата од овој витамин, Па не е ништо страшно, а најмалку штетно. Дури и концентрацијата ќе ти се зголеми.
Имам прашано претходно ама никој не ми одговори,дали некој знае нешто повеќе за блок на срцето.И јас имам тахикардија отчукувањата ми се 124/125 знам дека е многу и имав проблеми ама сега некако гледам дека сум подобра,пиев и апчиња Верапамил ми ги препишаа,имам приметено дека мн зависи од тоа колку ви е стресен периодот,порано имав многу повеќе нервози и почесто ми се случуваше ептен забрзано чукање,да ми се тресе целото тело да морам да пијам апчиња или на лекар да треба да одам,а сега годинава само еднаш така ми се случи малку да се почувствувам.Па сакам ако некоја од вас знае нешто малку за блок на срце да ми каже,да сподели тука.Фала
Јас имам се од ова.. и замор и постојан стрес денес пуслот ми беше 106 и чувствував дека srceto ке ми излезе од градите. А кажи ми како оди дозата со б6? Јас ја пијам само еднаш на ден, две апчиња.. И да ми поминат испитите ке одам на лекар. Фала Фал
Кукличке, б6 јас го пијам 3пати по едно (на ден), или сабајле и навечер по две. Се надевам дека за една недела ќе се подобриш, а и не е лошо да си посетиш кардиолог, сепак тој најубаво ќе ти каже. И ако чувствуваш болки во левиот предел од градниот кош, и при тоа имаш тапо затегнување на раката, можеш да се напиеш и аспирин (не е штетно), мене заради таквата болка ми го препишаа.
Да, на мене ми се има десено ова и бев на лекар и ми кажаа дека се е во ред, тоа ми било од нервоза, стрес и сл. и мене ми е страв али ова веќе почнува да ми станува секојдневие
И јас патам од тахикардија ... Пред пола година во школото ми се слошуваше 3-4 пати во род од 2 недели ама тоа беа страшни напади... Едниот пат отидов до болницата пошто учам медицина и болницата ми е блиску инструкторките ме пратија таму ... Ми ставија 3 инекции... Тој пат го занемарив но не многу ... Наредниот напад беше уште пострашен завршив со болничка во брзата помош... Во тие 2 недели ми направија незнам колку многу EKG.... Бев кај доктор интернис на државно а потоа и на приватно... Ми правеа EKG и EHO на целиот абдомен и на тироидната жлезда... Но не беше до неа проблемот... Кај друг интернист ми правеа EHO на срцето ми кажа дека нормално ми работи ... Но сето тоа ми се јавува од преголем стрес, нервози најповеќе а во некои случаеви може и да се јави од страв... Ми препишаа 4 видови на апчиња (веќе и заборавив како се викаат сите) но редовно си пијам B6 заради смирување... И доктором ми препорача многу малку конзумирање на кафе особено нес, капучина и други кафиња, црни сокови и исто така други течности кои содржат кофеини бидејќи тоа многу влијае врз работата на срцето... Веќе почнав да му се навикнувам на неговата работа ми се случува пак да добијам напад но се обидувам да го контролирам некако
Жени, вчера добив пак тахикардија, ми се качи плус и претисокот, се напив апче, легнав малку и за среќа ме смири, ми помина. Е сега, после некое време, а и денеска многу чудно чувство има во мене, не сакам да ги загрижувам моите, па затоа вас ви пишувам, можеби некоја од вас знае Чувствувам како некое пецкање внатре во срцето, затегање дури и ми се повраќа Што би можело да е тоа? Од што може да е произлезено? Минатиот пат кога бев на кардиолог, тој ми рече кога ќе бидам послободна да одам кај него да ми направи ехо на срце, немој нешто внатрешно да ми правело проблеми Знае ли некоја од вас што би можело да е?