^Секако да појдиш на доктор едно ЕКГ да ти направи. Moжно е заради тоа што се зголемила работата на срцето и електричниот импулс се шири побрзо, па заради тоа да си го почувствувала пецкање. Си имала некоја стресна ситуација пред тоа? Затоа што од тоа може исто да настане. Исто да си провериш маснотии колку имаш и холестерол. А и добро би било да знаеш број на еритроцити и леукоцити колку имаш во крв. Сите тестови да си ги направиш. Исто да те прашам пред колку време имаше ваква ситуација, затоа што читам дека ПАК си пишала...?
Бројче, и мене последниве 3 дена многу ми чука срцето, имам пулс 92 . се чувствувам вознемирено без причина, и некогаш се будам од сон заради треперење А не отидов на лекар. Се тешам дека б6 ке помогне.
Бројче добро ти кажа спаркс... Појди кај твојот доктор да направиш пред се ЕХО на срцето.. Обавезно.. А исто и мастите во крвта зошто имам професор по хемија тој зборува многу за тие работи.. Кажуваше дека на млади години доаѓа до пецкање на срцето бидејќи вените почнуваат да се запишуваат од големите масти во крвта но тоа запишување не е екстремно туку помалку почнува да се чувствува а кај стари луѓе доаѓа до инфарти и сл... Можеби донекаде е точно тоа но проф некогаш кажува некои работи во врска со медицината што ние после ги прашаме инструкторките тие велат дека нема врска.. Така да ти кажувам што сум проживеала и јас и ти кажувам што сум слушала и учела.. Инаку истото го имав и јас пецкање, забрзен пулс итн но отидов кај интернис ми правеше ехо и ми кажа дека не е кај мене ништо страшно но кога бев на систематски докторката ми кажа дека слушнала како шум на срцето... Да не ти разложувам многу најпаметно ќе биде да одиш на ехо зошто ако ти прават екг тоа ке биде само моментално.. Екг-то моментално ќе ти го забележи отчукувањето на срцето.. А со ехото ќе се види поубаво.. Гуд лак се надевам дека не е ништо страшно (стискам плаци)
Вознемирувањето немора да ти се појави со причина... Ако многу конзумираш течности што содржат кофеин т.е. кафе (турсно, нес, капучино) било какво или црни сокови и цигари... Од нив најчесто доаѓа до забрзан пулс.. Јас 1месец од тоа ништо не конзумирав и имаше подобрување.. Но пак ја почнав старата песна и пак имам забрзан пулс без причина.. Ниту возбудена ниту сум нервозна...
^^ Истото, дури и полошо ми се има случено пред еден месец, баш и имам пишувано тука. Стресови во последно време немам. ЕКГ ми направија тогаш и пред 2 недели пак, ок беше последниот пат, немаше ништо, ама сепак изгледа ќе морам да направам и ехо, за да ми биде мирна душичката оти ептен болно пецкање е ова А не ми е јасно само, јас имам 45/46 кг, од што би можело да дојде до зголемување на мастите, кои се факторите кои го предизвикуваат зголемувањето? Не внесувам многу калории, а најмалку мрсна храна. И да, притисокот многу одеднаш ми се зголемува, и ептен го чувствувам, и тогаш најчесто ја добивам тахикардијата
Притисокот може да ти се зголеми ако пиеш газиран сок... А да те прашам пушиш ли ? А и кажав и на Кукличка дека стресот немора само да ти се случи од возбуда, нервоза или вознемиреност (еве прочитај погоре)... Еве јас сега моментално имам тахикардија но се навикнав на неа веќе кога немам излез и се обидувам сама да ја контролирам.. А тоа со ехото обавезно да отидеш на доктор.. Зошто знам како ти е
Значи вака, не пијам газирани сокови многу, не јадам благо скоро никогаш, мрсна храна исто така, кафе пијам, ама од пред еден месец многу ретко го конзумирам.... е цигариња си пафкам, ама не многу, некогаш ми се случува и по 5 дена да не запалам цигара. Не ми се проблем многу голем, ретко кога ме фаќа криза за нив. Најчесто кога сум во друштво, тогаш ептен ми одат. Е сега можеби причинител за ваквата состојба се и моите килограми? Можно е тоа? На 21 год јас да имам 45/46 кг? Ама како и да е, морам на сериозно да одам да ми направат ехо, и да не паничам постојано, што и да е , подобро да си го знам на време и да знам како да си го истретирам со некоја терапија. Фала ти Каролинче на одговорите, ако има нешто, обавезно ќе го пишам овдека.
Се надевам дека не е ништо страшно... Се случуваат вакви работи.. А ништо се надевам дека барем малку помогнав бидејќи и јас се сочувам со истиот проблем.. Поминав многу време низ болници и испитувања.. Па отприлика се обидов да ти објаснам нешто.. Позз пиши како помина и стискам палци
штотоку дознав дека мојата мајка има тахикардија многу сум исплашена за неа. не знам за оваа олест многу.. дали се лечи? дали се умира од неа? и навистина ми е ст рав
Прво здраво на сите ! Вака јас имам 13 години и докторите уште од мала ми имаа кажано дека сум имала шум на срцето..а мене од мала нешто исто така како да ме боцка од левата страна и лесно поминуваше..но еве пред неколку месеци бев на ехо и на ЕКГ и ми кажаа сум имала шум на срце ама не му пречел во работата на срцето..но пред некој денн имав многу нервозии и кога отидов на гости одеднаш нешто почна по малку по малку да ме боцка ( а јас секој пат коа кје ме боцка малку кје ја измасирам таа страна токму каде што ме боли и поминува ) ова нејкјеше масирам масирај уште повише ме боцкаше после почна и како во грбот малце како да ми се запушува нешто и исто осекјав и од предната страна после отидов во ВЦ и соблеков маицата и прслукот дишев длабоко дишев не престануваше ама коа кје се наведнев со главата надолу и со рбетот тогаш престануваше но коа ке се кренев..после 30 мин. помина .. но вчера во школо нешто почнав да се смеам и коа почна нешто да ме боли ( не да ме боцка) мегу градите ( над градниот кош) и коа кје се пипнев таму т.е. коа кје стиснев ме болеше но и без да стиснам ме болеше..? Што може да биде тоаа..?и сеуште ме боли тоа место сега..од вчера ! Може некој да ми каже ?? Страв ми е плс кажете ми..! :'(
Здраво, Јас пред 6 години имав тахикардија но повеќе ја немам благодарејќи на зафатот што ми го направи д-р Тајков на кардиологија во државна болница. Сега како повторно да сум се родила. Зафатот сега веројатно е многу подобар. Тогаш беше со помош на цевчиња кои треба да се стават од кај ципата на ногата и од кај вратот за да се продре до срцето. Лежев само ден во болница.Верувајте вечно сум благодарна за ова затоа сега ми е супер. Кој има ваков проблем нека го исконтактира д-рот Трајков во државна. Поздрав
Јас имам тахикардија и тоа понекогаш силна.Бев на лекар и ми дадоа да пијам блоксан.Целата таа работа е последица на секојдневен стрес и премногу емотивно сфаќање на работите.За жал јас сум таква,и многу се плашам како ќе биде понатаму.Со лековите ми се намалија отчукувањата на срцето но тахикардијата ја чувствувам пак понекогаш.Се плашам од тоа колку тахикардијата влијае врз бременоста,докторката ми рече дека нема да има проблем,само ќе треба да се следи почесто состојбата,но како и да е,страв ми е.Најголемата иронија е што ниту сум пушач,во живот цигари не сум пробала,ниту пијам газирани пијалоци,еднаш во три четири месеца ако се напијам,но дали и толку.
Не знаев каде да го поставам прашањето , ама најверојатно припаѓа тука. Веке неколку дена си го чувствувам срцето како ми чука. Значи веќе почнува да ми оди на нерви. На почеток го чувствував кога беше тишина и кога лежев. Но веќе денес цел ден го чувствувам како ми чука во градите силно. Прво мислев дека ми чука брзо , но потоа си го измерив пулсот и некаде беше 75 исчукувања во минута што е во нормалата. Но , не знам како да престанам да го осеќам, не можам да заспијам , плус страв ме фаќа... Некој имал слично чувство ?
Кала ,јас се чувствував така додека ги пиев слимлајн софт гел капсулите.Срцето толку силно и забрзано ми чукаше што имав чувство дека секој момент ќе ми излета низ градите.Само што јас знаев -претпоставував дека ми е од слим лајнот.Ваквото срцебиење,тахикардија ме натера да ги оставам капсулите и после 2-3 дена се си беше нормално. Размисли ,види да не ти е од некои вакви диет-препарати.Како и да е ,провери се ,посигурно ти е така.Во Филип 2 го имаш најдобриот тим на лекари од оваа област .Прегледот ќе го закажеш,ќе се прегледаш и се ќе биде во ред.Позздрав најголем до тебе и неплаши се.
KalaV не е тоа тахикардија, тоа се палпитации. Надразнет ти е нервниот систем. Зголемена активност на симпатикус. Не е страшно, само е страшно непријатно. Земи било што за смирување, 1-2 б6 витамин, персен ако те смируваат, ако не земи нешто појако дијазепам од 2,5 мг половинче. Потреба нема, не е ова нешто опасно само како што кажав непријатно е чувството, а делува и стравот нормално. Смири се, намали кафе, цигари ако си пушач, и б6 витамини мислам дека ќе биде доволно.
Забрзана работа на срцето - тахикардија е најчестата аритмија. Карактеристично за неа е што нормалниот ритам е побрз од 100 отчукувања во минута.Состојби како: емоционална напрегнатост, уживање никотин и кафе, пиење кола – пијалоци, зголемена функција на штитната жлезда или хипертиреоза, слабокрвност( анемија), се најчестите причини за појава на тахикардија. Исто така, заболувањата на на срцето, како воспаление на срцевиот мускул (миокардитис) и срцевата слабост се придружени со тахикардија. Мајка ми има тахикардија,и редовно пие Атенолол...
тахикардија не е болест. се појавува од било која причина , немир , вознемиреност , страв , напнатост... со кофеин , ред бул , кока кола , цигари , умор , неспаност само се потенцира. не е ништо страшно и не дозолувајте да ве клукаат со лекови беспотребно и не трчајте по лекари . научете да се релаксирате .
[/quote] Мене понекогаш ме боцка таму на левата страна баш кај што се наоѓа срцето и не знам пто е, сите викаат дека е тоа мускул ама не знам, страв ми е.. сега кога бев настината ме болеше и од позади на грбот ама сега веќе не, страв ми е за ова боцкањава, јас порано како помала имав една многу јака тахикардија, траеше околу 20тина минути, пола саат максимум, и од тогаш ми се има појавено два три пати пак, ама не толку долго, ми рекоа дека ми е од пубертетот или од стрес, сите испитувања ги правев, ми рекоа со срцето дека се ми е у ред, ама тогаш не пушев цигари, и сеа за ова боцкањево не знам од што е особено кога земам воздух знае да ме пресече по некогаш, страв ми е да не е срцето. му се има ли на некој друг ова случувано да осеќа како боцкања на левата страна под градата? [/quote] Jas imam bockanje i steganje skoro sekoj den i veke dolg period.Bev na privatno,prvo mi rekoa deka e sum na srce,no na kraj ne bilo toa tuku malo stesnuvanje na descedentna aorta od 1,7 i mi kazaa deka ne e stasno.Od tamu me ispratia na kardiologija,so ekg se vospostavi tahikardija,doktorkata mi rece da odmaram,da ne se zamoruvam itn kako da sum stara baba hhh a imam samo 21 sepak kaj mene vo familija ovie srcevi maani se nasledni...jbg sega ke cekam eho pa da vidime na kraj sto ke ispadne.Sepak kolku sto mi kazale steganjeto i bockanjeto se slucuva od zamor,stres,nervoza,golema kolicina na kafetin,nikotin isl.Gi ostaiv cigarite,kafeto go namaliv,no stresot i nervozata kako za inaet se zgolemuvaat....
Во последниве две недели ми се појави тахикардија (до душа периодично ми се појавува,трае некое време и престанува). Проблемот е што притисокот ми е ужасно низок постојано ( и многу се нервирам кога некој рандом ќе се пожали,леле денес ми е низок притисокот,ах,крај на светот,не можам да функционирам,зошто јас сум среќна кога ми е 90 со 50 ,поголемиот дел од времето другар ми што ми вика,го поминуваш у клиничка смрт ),прееска го мерев ми беше фамозни 70 со 40. Ритамот е правилен,само во даден момент почнува силно да лупа и пак продолжува нормално,го губам здивот. Сега почнаа и ушите да ми шуштат... Никогаш не му придадов значење,ама прееска се сепнав и постојав неколку минути во место,моиве по дома се исплашија,па ми кренаа и мене тензија. Што по ѓаволите е,поим немам,деновиве одам на лекар.