Најверојатно си анксиозна, чим се ти е во ред, а сепак стално без потреба се нервираш и паничиш. И симптомите со потењето симптомите на тоа укачуваат . Гледај да не се вознемируваш без причина, знам дека не е лесно... Ако имаш слободно време запиши се на фитнес, или на некој спорт. Добро би ти дошло како издувен вентил од секојдневните проблеми И за кратко време ке се вратиш во нормала позз и се најдобро!
Fizioloska tahikardija imas, najverojatno nema nekoja patoloska podloga, ispitaj nadbubrezna zleza, i mozes da pies magnezium,pokraj bedoksinot. I sekako izbegnuvaj stres i cigari.
Нормалното срце чука 75 пати во минута, а сѐ што е над тоа е непријатно. Кога тоа надминува 100 отчукувања во минута, се работи за тахикардија, нарушен ритам на работењето на срцето. Причините може да бидат анемија (слабокрвност), хипертериоза - зголемено лачење на хормони, стеснување на крвните садови, притисок на желудникот кон срцето или хроничен стрес. Оние кои знаат повеќе, има ли некој посебен третман за да се третира ова? Апчиња или нешто..
мајка ми има тахикардија веќе долг период и она ги пие бипресо редовно имаа уште едно име мислам нешто како конкорд беше или така нешто зависи кој ги произведува и си ги пие редовно секое сабајле веќе неколку години.
8 години имав тахикардија. Ми се јавувасе во годината по 3-4 пати, понекогаш и по често... Во Бугарија во Варна одев кај специјалисти све си проверив и све беше во ред и накрај ми препишаа антидепресанти, демек на нервна база било. Кога дојдов во Македонија ги прекинав апчинјата и појдов во Скопје во кардиологија да се изпитам затоа што тахикардијата не ми прекина, дури по-сериозна стана ... по 220-230 имав со притисок 70/40 со електрошок ме смируваа и една докторка ми каза дека имам алергија од нешто. Си направив алерготест-ништо... и се предадов, до врвот на главата ми дојде од "компетентни доктори"... Пред 2 месеци кога дојдовме во Охрид за сезоната добив пак јака тахикардија. Од спешното ме префрлија во болница, не можеа да ме смират, кога докторот донесе електрошокот и веке ставаше гел на него ми помина од инфузијата и инекциите изгледа... На наредниот ден докторот ми кажа да појдам во Св. Стефан (се извинувам, мислам така се викаше) во кардиологија да се изпитам. Носев пак холтер, направив си и ехо на сурцето и доктор Весна ми кажа дека имам ЛГЛ синдром. Со него сум се родила. Ми кажа дека во месецот еднаж доаѓа доктор от Белград и кога дојде ке ме викнат за да ми направат електрофизиологија (или со терапија, тој ке прецени) Во недела -на 15.07 ми се јавија да појдам на наредниот ден (понеделник) дека докторот е дојден. Појдов во кардиологија со мислата дека на разговор прво, па после електрофизиологија. Арно ама ми отворија историја и прашав " се извинувам но сум во неизвестност што се дешава, денеска ке биде операцијата?" И кога ми рече ДА се наежив. Си влегов во соба си почекав, ме викнаа во 2..за време на целата операција бев во свес, гледав све. Ми предизвикаа намерно тахикардија, за да видат от каде, како и зошто. Цело време ме прашаа како сум. Ми вкараа катетери во слабините од двете страни на главните артерии и кога не можеа да го најдат каде е проблемот вкараа уште еден катетер во градите и во овие цефчици вкарваа едни нешта с кои требаше да изгорат мускулно влакненце, кое предизвикувало тахикардиите. После 3 саати го изгореа и излегов од операционната. 4 саати лежев со катетрите на мен, После тоа ги извадиа и цела нок немав право да станам од кревет. На наредниот ден во 2 сатот ме пуштија и ми кажаа дека сум излечена од ЛГЛ синдрома и е 90% сигурно дека повеке нема да имам тахикардија. Ако вотекот на животот ми се деси да имам тахикардија, значи пак ми е излезено мускулно влакно на сурцето и треба пак да појдам таму. Сега сум добро, ми кажаа да пијам само аспирин за циркулација и после 1 месец да носам холтер за да видат како работи срцето. Фала му на Бога по-убо се усекавам, нито еднаж не ми е прескокнало срцето ( а пред тоа секој ден по неколку пати ми прескокнувасе)... Тоа е мојата историја со хепи енд. Ви препорачувам на сите, кои имате тахикардија, да појдете таму, каде што бев јас, затоа што вистина добри доктори има, а докторот од Блеград- алал да му е... Пред операцијата ми кажаа дека е нај-добриот на Блаканите... Господ здравје на сите! Ако сакате нешто да прашата-слободно
Уште нешто, се извинувам. Докторот овде во Охрид, кога бев во болница, кажа да не чекам, а да појдам во кардиологија за да ме изпитат, затоа што секоја тахикардија го прави срцето по-слабо и по-слабо и ќе дојдело ден, во кој нема да издржи на јаката тахикардија, затоа што веќе ќе е пре слабо ... тоа ме наплаши и затоа одма појдов... не чекајте...заедно со мене имасе оште четворица, кои чекаа за електрофизиологија, јас бев првата која легна на масата...бевме со иста мака, можно е и вие да ја имате истата мака, този LGL синдром, па ако тоа е проблемот, лесно ќе помините и после тоа само аспирин ќе си пиете
ne bi mozela da kazam deka imam tahikardijaa .ama mene srceto zabrzeno mi cuka bez nikakva fizicka aktivnost i bez nervozi i stres, inace imam 13 uste malce 14 god i pred nekoj den na sred cas vo uclistte taka sedejkii me stegnaa levata strana kaj srceto ostanav bez vozduh i pocnaa mn silno da mi otcukuva..gotova bev da se onesvestam i me smirija i eve veke 3-4 dena od vreme navreme vo tekot na denot ke pocnee pak da me stegne levataa strana i ke mi pomine i srceto pak ke pocne mn brzo da mi otcukuva ....sega pred 20 min pak istoto samo so se smiriv cela sum bledaa mi se susi ustata ....majka mi ke me nosi na doktor, ama sto bi mozelo da bide? ..a inacee posle saat vreme koga ke pomine ne mi e nistoo pa poslee nekoee vreme pak istoto ..taka edno 2-3 pati vo denot
Мене ,,нормалниот,, пулс ми е 105. Значи никако да ми се симне. На лекар ми кажаа дека најверојатно е од цигарите. Ми рекоа да пијам витамин Ц. На работа кога одев на систематски кога не прегледуваа мене ми дијагностицираа тахикардија. Бидејки се уплашив, одма отидов кај матичната, таа ме провери и ми кажа дека немам, тоа можело така да покаже ако сум била нешто возбудена во тој момент. Него прашањево ми е, како можам да го намалам високиот пулс?
Неколку дена мерам пулс и ми е 74-75.... но откако ќе се најадам ми се качува дури до 90 и многу ми е тешко и се осеќам вознемирена... можно е да е од тоа покачувањето на пулсот??
Помош луѓее сеа пред 5мин ми кучаше срцето мнг дури и го слушав како ми чукаше мо ги подигаше градите и осекав до грлото ми скокаше зашто така дали ви се има случено или дали ви се познато вакво нешто. И не ми е првпат вака добро пред тоа помачку ама сеа најголемата тахилардија сум ја имала...
Вака прво смирисе не паничи нема ништо!! Кај секој се дешава од следниве причини: замор,нерви,радост,загриженост и сл.. Значи најпрво опуштисе и смирисе .. Јас имам правено ehg на интернист имам одено па ми најдоја и шум и блок на левата предкомора од срцето и пак ми кажаа дека не е ништо страшно и мене ми се има дешавано така ми ги кажаа причините кои ти гои наведив погоре и кажаа дека секој 2 човек на земјата има доживеано тахикардија така да смирисе а ако мн паничиш може и да ти чука уште побрзо а ако ова се пофторува повеќе денови треба да посетиш лекар нели тој е стручно лице и најубаво зна што како среќно и без страв и паника
Тахикардии веќе 3 ипол години како имам. На почетокот беа поретки, до скоро имав напади на неколку дена. Страшно е чувството кога ќе почне силно да ми лупа срцето, да се тресам, ладни ми се рацете и постепено ми се згрчуваат рацете и нозете, ако продолжи имам вртоглавици, заматен вид и еднаш ми се има случено скрос да ми се згрчат нозете и паднав. Исто така кога ќе добијам напад, не можам да си го стабилизирам дишењето. И брзо и бавно да дишам, не поминува. Еднаш морав да примам инјекција, иначе тешко ќе се смирев. ЕКГ-то ми беше нормално. На ехо се виде дека немам ништо освен пролапс на митрален куспис, и нешто дека сум имала како по издолжени залистоци, а за луѓето со такви залистоци било да имаат тахикардии. Ми препорачаа вежби, дека ќе ми помогнат. Сепак се помирив со фактот дека може во секое време да добијам напад, но до негде знам да се контролирам.
Zdravo feminki.Veke nekolku dena custvuvam mn zamor (fizicki ne sum aktivna) imam vratoglavici,na momenti mi e toplo,na momenti mi stanuva ladno kako da mi trpne teloto,i custvuvam bolka vo gradite kako da me stega srceto i mi trpne levata raka,mi se gadi.Dali nekoj moze da mi kaze sto moze da e toa,momentalno sum neosigurana cekam da se osiguram pa da otidam na lekar,a do togas baram vase mislenje
Јас често имам тахикардии, не знам од што може да бидат. Не знам дали е можно да е последица од анксиозност? Се повеќе симптоми имам, а никако да се наканам да идам на психијатар. И ми се дешава некогаш буквално се да ми е како убрзано, не знам како да опишам ич..има тоа некаква поврзаност со ова или слабо?
Аман бе Кимче, да не си во пмс? Оти многу е слично. Земи си B-6 (бедоксинче), тоа смирува тахикардии, исто и чајче камилица, валеријана, маточина... Ајде белким не е анкс
Немам ништо од тоа правено, а паметно е да направам. Камоли да беше пмс. Знам дека не е тоа, зашто не ми се случува само тогаш, туку ретко кога да не ми е така. Чаеви не поднесувам, а за бедоксин и витамини такви мајка ми како и да е само ме тера да пијам И јас се зезам, никако да отидам да се проверам, некако храброст немам. Ама ај ќе биде. Фала ви
Не ја знам разликата меѓу тахикардија и аритмија,ама мене ми открија аритмија кога прв пат ми се качи притисокот.Долго време пиев Атеналол по 1/4 таблета и секогаш кога мерев притисок,пулсот ми беше 80-90 и нешто.Сега интернистот ми ги замени за Биол 2,5 мг. по 1/2 таблета и конечно пулсот ми е 70
Не сум сигурна дали имам тахикардија само знам дека мајка ми на само разговараше со докторката после ЕКГ то .Мајка ми кажа дека не ми чука правилно срцето и ми кажа дека докторката рекла дека сум се нервирала и сум била под стрес што е навистина точно ..Многу често ми се случило да ме стегне срцето и да неможам да земам воздух и да се чувствувам омалаксано или пак да снемам сила и да ме стегаат градите...Дали е сериозно и дали се симптоми на тахикардија исто така често ми отрпнуваат рацете и нозете,повеќе рацете и со поголем интензитет кај левата и висок пулс. Благодарам однапред ,ве молам помогнете.
Како шти знам само тахикардија е брзо чукање на срцето а стегање може и некогаш промена ма време може и да е тоа тахикардија што го викаш ќе видиме други мислења Инаку не се плаши смирисе не биди напната со тек на време тоа ќе исчезне <3