1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајна венчавка

Дискусија во 'Брак' започната од Umbrella22, 6 август 2015.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали воопшто и да ја отворам темава, се мислев во која категорија да ја сместаи на крај се одлучив на овде.
    Ме интересира ваше мислење за ваквата постапка, како би реагирале вашите родители, пријатели доколку се венчате тајно?
    Што е тоа што вас и вашиот партнер би ве однело пред матичар без ничие знаење?
    Лично за мене се сакаме ама ете од Х причини неговата мајка не ме прифаќа, на мал милион начини се трудиме да и докажиме дека навистина се сакаме и никој и ништо не може да не раздели.
    Сме разговарале на оваа тема и и двајцата се согласуваме дека доколку не се среди ситуацијата наскоро, ова би било најдобро решение.
    Ама што после тоа? Мене тоа ме плаши.
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На crazylady, okcenzi, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    А и зошто да биде тајна, некако детска ви е постапката за толку сериозен чекор... Дечко ти треба да си ги расчисти работите со неговата мајка и ако сте сериозни во намерата да се земете да им соопшти на неговите па кој сака нека дојде кој сака нека не иде.... А вака криење од мама ми личи на многу незрело

    Не е убав почеток на брак ако се криете како двајца тинејџери... Возрасни луѓе кои одлучиле да стапат во брак немаат потреба од вакви работи.. Мене лично ништо не би ме натерало на вакво нешто, не дека сакам помпезни свадби и триста чуда ама кога ќе стапам во брак сакам да бидат најблиските покрај мене и во никој случај не би се криела како мало дете... Стојте си зад вашата одлука гордо и исправено, влегувате во сериозни води и треба да се однесувате така... А мајка му ако не го прифаќа тој брак, ќе треба да научите да се носите со тоа, најмногу дечко ти, те да се соочи со родителите и да се однесува како маж.

    Што би сменило ако се венчате тајно? Ама баш ништо, нема преку ноќ да те засака, т.е уште повеќе ќе те замрази, вака барем бидете отворени и возрасни и ако решила дека не сака да биде дел од вашите животи, нејзин проблем.

    А верувам и твоите би биле разочарани..
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На mila25ve, anina, ku4ence и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Ако тој навистина те сака и ако веќее нема друг излез треба да биде подготвен да и се спротивстави на мамасита, ретко која свекрва ја сака снашката па ке си живеете под кирија , и нема потреба од тајна венчавка ако може да се среди работата така таа ако не се согласува немора да биде присутна госпожата.
     
    На JustFun, joy1, SimonaTino и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Нема потреба од такво нешто...
    Ако вие сакате да се земете слободно може да го направите тоа. Испланирајте си се и организирајте си се како што е редот и како што сакате вие двајца, а на мајка му може само да и испратите покана за свадбата. Ако не те прифаќа немора да учевствува во ништо, нема потреба во ништо да ви се меша.
    Ако барем малку го почитува својот син ќе си дојде како гостинка. Тебе немора да те сака, немора ни да те прифаќа, ама барем од почит и љубов кон синот може да те удостои со здраво/чао муабет.
    Не ги сфаќам ваквите женишта, па нема таа да живее и да спие со тебе, син и ќе го прави тоа. Таа несака син и да биде среќен???

    Инаку јас не би направила вакво нешто, незнам која причина би ме натерала да помислам на тајна венчавка, но штознам... Постојат многу така да кажам забренети врски и љубови па што се одлучуваат на таков чекор, а родителите после тоа сакале нејќеле ќе мора да си легнат на брашното. Ама пак мене ми е многу филмски ова со тајно венчање, ако сакам да се земам со некој ќе им упатам покана барем, ќе им кажам да знаат, сакале дошле, сакале не, битно би им кажала.
    Најверојатно кога ќе видат документ и кога е веќе се официјално завршено гледаат дека нема излез и дека мора да прифатат, пред тоа не сфаќаат сериозно, се надеваат дека ако го загорчуваат животот на оној што не го прифаќаат дека ќе се откаже и дека толку ќе биде па затоа така се однесуваат. Ама одкако ќе се официјализира се одма е подруг муабетот, сфаќаат сега дека може да си го изгубат чедото ако продолжат со истото однесување и се поправаат (во најголем број од случаите)... Ама пак ми е некако без врска...
    Ај да не зборам многу зашто не се знае животот што може да ти донесе, јас би те советувала прво да им кажете за вашите намери. Може нема да ве сфати сериозно, ќе си продолжи по старо и слично, може нема да ви поверува дека стварно ќе го направите тоа, ако и дадете покана може нема ни да дојде, но потоа ќе мора да попушти некако... Секако тоа највеќе зависи од дечко ти, како он ќе се постави.
     
    На anina, ku4ence, do-re-mi и 9 други им се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Nisto ke i legnat na brasno. Naravno prvo ke digaat dzeva, lutenje, nezborenje, mozda da trae dodeka dete ne se rodi i na kraj ke dignat race.
    No nema smisla za tvojte roditeli koj vo situaciava ni krivi ni dolzni treba da pominuvaat.
     
    На vitamina и joy1 им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    93.757
    Со сегашниот памет и скромно животно искуство - ниту тајна, ниту јавна венчавка во ваков случај. Јас би бегала што подалеку! Разбирам, се сакате и се тоа, ама има сакање, има и одсакување. Во животот, посебно па во првите години од бракот кој што е период и на адаптација и на најголемо заедничко уживање и радување потребен е рает, а не да се мислам секој ден што би можело да и истекне на неговата луда мајка. Биди разумна пред се. За жал, во нашево општество родителите успеале да расипат толку љубови, бракови, лишиле дечиња од мајчинска или таткова љубов...само за нивната да е последна. Ги имам неколку примери околу себе... се бориш, се бориш... ама некогаш лончето прекипува, пошто никој не е со челични нерви, а башка што старите најчесто се поупорни и одат против се кога наумат. Има и успешни стории со вакви и слични препреки, ама барем во мое опкружување тие се многу помалубројни од неуспешните.
    Балкански прост старец ако ти се намерачи, ни документ, ни дете, ни три деца не го натеруваат да си легне на брашното. Гризе како црв. Може нема да успее да ги раздели младите комплетно, ама нервози и кавги ќе успее секогаш да створи. А како што спомнав, за мене РАЕТОТ е најбитен. Да ме почитува и да ми е мирна душата, не мора да е некоја најлуда љубов. Ќе исчезне таквата ако хармонијата е нарушена од било каков фактор.
     
    На SummerGirl, stefanija70, anina и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Прво да прашам, бидејќи немаш појаснето.
    Планирате да живеете во заедница или одвоено? Зошто ако живеете во заедница, биди спремна на тежок брачен живот, и мешање од нејзина страна онаму каде не е потребно. Но, доколку имате обезбедено простор за живот, можете да го спроведете планот со тајната венчавка, во спротивно никако.

    И аман бре веќе со ваквиот менталитет, како да сме среден век па бараме дозвола за
    мажење/женење. Па, згора на се` сапуници, перипетии. (facepalm)
    Застани на свои нозе па одлучувај. Ако не можете да се осамосталите, процени ситуација како му е дома, пробај недела две поживеј кај него без да се мажиш, види дали оди, па ако не собери си ги парталите и ајт у материну.
    Не знам што комплицирате толку. Та само од љубов не се живее..
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На ku4ence, do-re-mi, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Природата на секој човек, се што денес мислиме дека ни во сон не би прифатиле, доколку ни се случи со тек на време почнуваме да го прифаќаме, свесно или несвесно, времето има чудна моќ, а љубовта уште почудна, успева да омекне камен, а не пак една обична мајка или родител.
    Знаете ли некој кој успеал да го слуша разумот пред срцето ? Пробале многу, ретко кој успеал.....викам, нема вечна љубов, само родителската е вечна, мислиш дека така лесно би се откажал родител од своето дете? Љубовта е најсилното оружје што еден човек може да го добие...
    Јас искрено мислам дека освен првичниот шок и неверување, нема ништо друго на долг рок да се случи, таа можеби нема да те прифати и нема ни да треба, доволно е да се почитувате. Некогаш се плашиме да направиме многу работи и да бидеме храбри, но што е животот без миговите за паметење, а обичните работи не се паметат, не дозволувај друг да ви ги крои плановите, ако ништо друго бар покажете дека вашиот живот е ваше право и ваша одлука, зошто ако не, тогаш цел живот друг ќе одлучува место вас или цел живот ќе одите на потпис за донесената одлука :)
     
    На mimiiiii, Umbrella22 и vitamina им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Мила, ако вие работите и си имате приход, зошто толку даваш значење што ќе ви каже свекрвата?!
    По тоа што кажуваш дека мислите да се венчате тајно највероватно сте соституирани и возрасни личности кои се способни сами да си продолжите со животот.
    Ако ти ја имаш целосната подршка од дечкоти љубов и почит не гледам причина зошто да се занимавате со таа жена и да и објаснувате.
    Ти ќе си бидеш со сопругот, ти ке живееш со него и ќе спиеш, а таа што рекла мање битно.
    Направете си прослва или свадба не битно што ќе одлучите и поканете ги, ако не дојдат тоа си е нивна работа и нивни грев. Иако мислам дека со тек на време до свадбата таа ќе попушти, тоа е најверојатно.
    Но и да не биде така, не си единствена во таква ситуација не треба да ставаш при срце, едноставно живејте си сами и продолжите со вашиот живот. Јас знам дека тоа боли дека не е сеедно, но штом таа жена нема ни срам ни грев према син и не треба ни вие да имате.
    И не сум за тоа да се венчате тајно без никој, вие не сте сами сигурно си имате роднини и пријатели покрај вас, имате луѓе што ве почитуваат, и не сте од вчера заедно.
    А таа ако ја дига толку опашката, слободно нека продолжи со тоа, ич да не и се нервираш.
    Е сегга зборот ми беше, во случај да не работите и да не можете да си дозволите покрив над глава, во најскоро време соберете сили и почнете да работете на случајот, за да утре некој не ви плеска по лице, и не ви кажува закони.
     
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    @Valerin не е дека бараме дозвола од неа, ние и без тоа планираме да се зимаме
    само ете сакаме со убаво да биде цела таа работа, среќата да ни биде комплетна.

    Да ти одговорам на прашањето
    На почетокот планираме да живееме во заедница, некој месец додека не си го средиме другиот дом :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.535
    Пол:
    Женски
    Во тој случај никако тајна венчавка.Ке те замрази уште повеке.
    Да можевте одма да се делите ај некако,ама под исти кров а вие тајно венчани ке се влоши ситуацијата.
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Некаде те прочитав дека бараш стан по кирија па претпоставив дека планирате да си живеете сами.

    Но овој случај е најглупавото нешто што можете да го направите.. Жената не те прифаќа а ти ќе и одиш во куќа како тајна снаа :worried: Мислиш дека работата ќе се среди со тајната венчавка, најискрено не си ставај трн во здрава нога.. По тајна венчавка да идеш у куќа и да се надеваш на хармонија е смешно.. Верувај ќе ти се одмили и брак и се... Дај почекајте некој месец и средете си го другиот дом ако види дека сте сериозни со средувањето и дека не се зезате може и ќе легне на брашното а и да не легне ич да не ви чуе, нема да чекате од неа..

    Ептен не ми е јасна работата, ние сме во брак за кој не ви ни кажавме ама сакаме да живееме со вас.:o Знам дека не ви е лесна ситуацијата ама уште потешка ќе ја направите вака.. Во целата ситуација ме плаши незрелоста на дечко ти што не сака да се соочи со родителите а сака да им донесе снаа дома без да знаат...
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На ku4ence, do-re-mi, Lella и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Средете си го прво новиот дом за неколку месеци и онака подобро ти да си живееш со твоите тој со неговите отколку да одиш таму на неколку месеци барем дома нараат ке си бидеш и ти и тој нема да се кара со неговите а и ке одбегнеш многу кавги и расправии ем вереникот нема да знае дали на мајка му да и погоди дали на тебе, неколку месеци не значат многу почекајте , а и можее кога ке живеете посебно ке те засака а така близу една до друга не верувам. Ако е ептен идотка жената. :!:
     
    На butterfly* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ау, со среќа тој месец. :whew:
    Со надеж дека нема да ве читаме у црна хроника дека сте се затепале дур сте правеле запршка. :rofl:
     
    На ku4ence, Lella, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    @Umbrella22 се сеќавам дека и порано сум те читала низ темите за овој проблем со идната свекрва, дека не те сака и не те прифаќа. Баш ми е жал што ништо не се сменило во меѓувреме...
    Не ја познавам жената, ама од искуство на моја другарка - колку и да не те сака како снаа, ќе ѝ биде мерак да присуствува на свадбата. Со тајна венчавка само ќе ја влошите ситуацијата.
    Ако не планирате да живеете во заедница и спремате нов дом, тогаш јас би ти рекла да почекате за брак. Потписот во матично е најмал проблем. Во меѓувреме можат многу работи да се случат ако живеете заедно со свекрвата. Ако не те прифатила после толку време и убава врска, се сомневам дека нешто ќе се смени. Само може да тргне на полошо работата. Подобро почекајте, па кога ќе имате нешто свое, ќе се венчате и ќе почнете заеднички живот без стресови и нервози :)
     
    На crazylady, cresa-jagoda, SV1911 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    @Umbrella22

    Амбрелче и јас се согласувам со се што е погоре напишано.
    Со тајна венчавка може само да ја влошите ситуацијата и да ја разлутите уште толку.
    Почнете со средување на новиот дом, малку по малку..
    Па и мислите ќе ти се оттргнат од целата ситуација. Потпис во матично нема да ви смени ништо , кога веќе сте пребродиле толку препреки и сопки.
    Според мене најдобро е да седнете и да разговарате со мајка му, отворено кажете и ги своите намери, на крај ќе види колку сте цврсто решени и ќе си легне на брашното.
    Мислам дека нема родител кој не би сакал да присуствува на свадбата на своето најмило. :)
     
    На angela19 и Winter Lady им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако некој не те сака во негова куќа, и венчана и невенчана пак нема да те сака. Демек ќе ја ставите пред веќе свршен чин и ќе мора да ве прибере? Тебе ти е битно таа да те смета за човек или да ти даде кров на глава неколку месеци додека да се средите, па небитно е што не те сака воопшто? Може да попушти и смени мислење ама со тек на време, инстант да и промените однос со тоа што ќе кажете дека сте се венчале, нема.
    Инаку не гледам проблем да си се фатите за рака и сами без никој или со двајца-тројца да се венчате. Кај пишува дека сите роднини и пријатели мора да знаат? Ама тоа може да го направите ако ви е желба вас, а од страв или вина или инат или не знам кое друго чувство према мајка му, нема потреба, ништо нема да постигнете.
     
    На ku4ence, okcenzi, SV1911 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Не сакам да ме сфатиш погрешно, ама да знам дека неговата мајка не ме поднесува и тоа не крие, и веќе долго време да ни прави проблеми во врска, и јас сепак да планирам да и влезам дома, па макар и на неколку месеци.... не знам, никогаш тоа не би го направила.
    Да влезам некаде каде не сум пожелна, па не би можела до тоалет да одам колку не би била опуштена, џабе и љубов и се.

    Исто мислам дека не треба да се венчавате ни тајно ни јавно, додека не си најдете вашето мирно гнездо.
    Не си почнувајте заеднички живот воопшто на такво место.
    Ако се одвоите со тек на време и ќе можеби попушти жената, ама да и влезеш во куќа, на нејзина територија, да те смета за натрапник, без разлика што е тоа и куќата на твојот избраник ќе биде многу напната атмосфера... немој, имај малку достоинство, почекајте додека не го најдете/припремите вашиот личен дом. Во секој случај, со среќа:)
     
    На stefanija70, Luna91, SV1911 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Конкретно за тајно склучување брак ништо немам против, кој не сака помпезни забави и многу луѓе...бујрум. Битно на вас да ви е убаво и да си правите како ви одговара.
    За ситуацијава ако би коментирала, ни одалеку не личи на решение. Едно е да се сакате и да сакате да поминете преку се заедно, ама да се венчате тајно, а потоа да одите, да не речам тупосате од ведро небо да живеете под кровот на жената што ви ја оспорува врската од самиот старт е бесмислено па како и да се врти работата. Освен што ќе се зголеми тензијата, друго нешто дека ќе постигнете - тешко. Луѓето не се помируваат веднаш, а некои и никогаш. Мајка што посесивно се однесува кон својот син и толку бурно и отворено го искажува мислењето за идната снаа нема туку-така да се помири и во знак на примирје да ги рашири рацете и да ве повика во својот дома, па макар и на неколку месеци.

    Јас да сум во некоја ваква слична каша, иднината ќе си ја гледам исклучиво во лично наш дом, па нека биде и шупа пред распаѓање. Во куќа каде сум непожелна не одам ни на викенд, а не да живеам.
     
    На purple..m и joy1 им се допаѓа ова.
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    @Umbrella22

    Реално во тешка ситуација сте. Не ја гледам причината за тајно венчавање, а потоа да живеете во домот од свекрвата. Дури мислам дека така би се влошила состојбата, бидејќи кога тогаш таа ќе разбере.
    Зошто не почекате, ако сте чекале досега, можете уште некој период, досредете го вашиот заеднички дом и фино лепо венчајте се без разлика дали тајно или јавно.
     
    На stefanija70, Valerin и kim.k им се допаѓа ова.