Што е она што привлекува многу жени кон мажи кои се докажани психопати и со кои однапред знаат дека ќе бидат сведени на предмет? Има многу случаи каде познати сериски убијци и манијаци,диктатори или локални психопати се цел на хистерично обожување на поприличен дел од женската популација. Она што исто е индикативно е дека некој со спротивни карактерни особини кои сите ги перцепираме како позитивни би добил многу малку ако и воопшто некакво внимание за разлика од некој манијак... Како во умовите на многу жени се перцепира некој кој иако е инцестуозен педофил и насилник-контрол фрик како Фрицл на пример тоа не е доволно да застане на пат на нивните емоции кон него или можеби сексуалната привлечност поради која од веројатно илјадници жени кои се возбудиле на чичко-Јозеф преку 200 му пратиле љубовно писмо во кое го посакуваат за маж и сакаат да го поминат животот - со Фрицл! But It's get worse. Адолф Хитлер бил обожуван од милиони германки не како Фирер туку како - Маж ?! Нешто слично било и со Бенито Мусолини на кого се влажнеле милиони италијанки... Eве и некој доказ: http://www.guardian.co.uk/world/2003/jan/13/gender.uk Што мислите зошто има голем број жени кои се привлечени од садистички психопати и социопати,луѓе за кои знаат дека се убијци,силувачи,инцестуозни педофили,насилници... Вакви примери и кај нас иако не до вакви екстреми, но секако во вашата средина знаете за понекој брак или пар каде жената е третирана како роб/предмет а истата таа вечно “се разведува“ или “раскинува“ но останува со години и децении со типот...Или локалните криминалци и слични транзициони херои...иако тука до некаде и економскиот момент игра улога... Што е тоа што ги наведува многу жени да се преселат во друга земја,да го напуштат дотогашниот живот за да бидат заедно со човек за кога ЗНААТ дека неговото сфаќање на романтика опфаќа моменти како сечење на жена на парчиња и нејзино фрлање во контејнер или ставање на жена со пластична вреќа и нејзино тонење со куп камења и 50-тина убоди од нож...во најблиската река... Дали е тоа физичкиот изглед? Или е нешто друго што е тешко да се дефинира.. Your opinions my ladies
Јас никогаш нема да можам да сватам како може некои девојки да бидат во врска со некој кој се однесува лошо со нив па и да останат цел живот со некој таков... можно ли е да сакаш некој кој постојано те повредува??? - Колку и да биде некој човек привлечен на изглед ако се однесува на тој начин (според мене) е помалку привлечен и од човекот кој изгледа најлошо.
ас никогаш нема да можам да сватам како може некои девојки да бидат во врска со некој кој се однесува лошо со нив па и да останат цел живот со некој таков... можно ли е да сакаш некој кој постојано те повредува??? - Колку и да биде некој човек привлечен на изглед ако се однесува на тој начин (според мене) е помалку привлечен и од човекот кој изгледа најлошо.Па најверојатно си пронашле некоја заедничка особина инаку што друго. со ова се согласувам
е ајде де и јас истото се прашувам. Мојов случај е колку е поголем кретен и психопат толку повеќе ме привлекува, ама за прав психопат зборам. И ме навредува и понижува лаже итн. пример. Јас трчам по таквите очигледно. А ако е некој мирен паметен не ме привлекува. Неам поим зашто и што точно ме привлекува кај таквите лица
Ќе ви кажам еден виц поврзан со оваа тема. ако го сватите. Си бил еден човек многу очаен.Немал ништо,ниту пари,ниту деца,ниту работа, ништо. Еден ден отичол кај господ да се помали и рекол: Господе што ти сгрешив што сум таков дај исполни ми една желба барем. и тогаш господ се сожалил и му рекол: Ајде човече кажи што ти е што те мачи,ќе ти исполнам една желба ајде кажи ја. И тогаш човекот радосен рекол: епааа вака господе сакам да има еден автопат од овде преку океанот правоо до Америка. Како ќе тргнеш веднаш таму да си. На тоа господ му рекол дека неможе. нема шанси да се изграадат стубови,длабока е водата,нема шанси.Кажи друга желба. И овој човекот: Во ред Господе ајде дај ми памет да ја разберам женската психа. На тоа Господ му одговорил: Со колку ленти сакаш да ти биде автопатот со две или четири??? Спојлер Сака да каже дека ни Господ не ја разбира женската психа
ха ха ха да го знам , супер е вицов инаку што сакав да кажам , а да. Епа вака, женските се палат на лоши момци Има нешто чудно ,секси ,мистично, непоколебливо во нив. Е сега оние кои радо би биле избодени 50 пати со нож а после фрлени во река не се со сите. али тоа е тоа. Hilter uber alles !
не дека женскава психа се пали на такви момци, ами самата помисла е доволна дека женско може да смени таков маж на подобро... Па и овде колку случаеви има на малтретирање од стана на маж или дечко ама не девојкава е упорна да е со него, решена и сигурна дека ке го смени и дека он самиот ке се смени... И го поздравувам цитатот на Ајнштајн кога вели : “Мажот се жени се со цел дека жена му нема да се смени, а жената се мажи се со помисла дека мажот ке се промени. И двајцата се грешка .“ Плус тоа верувам дека има и дел моментот дека ако он е со други таков дека со девојка му не би бил таков и дека напротив ке ја чува и гледа ко капка на дланка. Доста погрешно ама и доста вистина лежи тука .
Темата баш како за мене Истото и јас се прашував неколку години. Да бидам најискрена 6 год трчав по ваквите. За моја среќа не беа психопати, не ме тепаа, но беа лоши момци. (еден од нив беше взатвор) Алоооо до каде стигнав. Ама сепак јас уживав со нив, навистина ми беше прекрасно. И еве сега година, год и пол сакам мирни, учени и сл. Но зошто толку ги сакав? Ни јас сама незнам.
Каков си ти такви привлекуваш,ништо повеке не би додал,нема тука филозофии женска психа,или тајна. Јас како машко не би можел да бидам со некоја девојка што е тотално спротивна од мене,па макар била и најубавата,најсескипилната на цел свет.
Но некогаш спротивностите се привлекуваат. Сега на 21 год се согласувам со тебе. Не би била со некој со кој имаме различни ставови, карактери, размислувања... но кога имас 17 поинаку размислуваш. Сметам дека нас девојките (барем поголем дел) секогаш не привлекуваат лоши момци.
E баш убаво си кажа значи кога си тинејџерка пооинаку размислуваш и таквите се летаат по лоши момци,но над 27год тогаш созревате и си барате дечко кој ке ве разбере и со кој ке можете да си разговарате на сите теми,да биде внимателен,интелигентен итн.
Не се сложувам со ова во целост. Јас на пример имам 17 години, наскоро 18 и не барам некое лошо момче, ниту пак сум сакала такви. Секогаш се загледувам по просечни машки по изглед, дури и под просечни, што се амбициозни, интелегентни и се посветени на науката. Сакам да можам со него да разговарам на сите теми,дури и да дебатирам, да биде подобар од мене за да научам нешто од него. Да можам да разменувам мислења, ама истовремено да биде и емотивен за да може да ми ја возвраќа љубовта која што ја/ќе ја добива од мене во голема мера. Но, на овие години не се најдува такво машко!
Прашањето е навистина сериозно, ама одговорот е многу едноставен. Сето тоа е хормонско, некои личности (за жал, во голем број) го доживуваат насилството како сексуално возбудување. Толку.
абе си има такви машки... не ја губи надата тоа е точно дека машките созреваат малку подоцна, а ние женските бараме да кажам поумни машки од нас, за да нешо научиме како што кажа ти, ама некако од што ги гледам луѓето, прават некоја фасада машките - она да се подигнати или на некој начин по дрски, бидејќи и вредностите на оваа млада генерација се многу по сменети сега се цени (барем во моја околина) по тоа дали одиш на кул места, дали изгледаш убаво, дали contour-от си го погодила, дали пиеш во друштво.. ако не тогаш си досаден, никој не те ферма - не те знае.. за нигде али поентата ми е дека оние какви што бараме, нема да ги најдеме на оние кул места
Ние жените мислам дека ја сакаме моќта на мажите , сакаме да можат да не заштитат,да не одбранат да се чуствуваме безбедно покрај нив а и секогаш мислиме дека ќе можиме да ги промениме , да влијаеме врз нив како што кажа и членката погоре @WildCherry но за жал ние се мењаме околу нив..
Коренот на ова проблематика е таткото и неговиот однос. Од него зависи како ќерката понатаму ќе го бира машкиот род.
Цела една тема базирана врз погрешно изведени заклучоци... Тие што бараат партнер да ги доминира, да им покажува вербална или физичка сила, се за грев, треба навремено да си посетат психијатар, штом приметат такво нешто кај себе. Како тоа што некои персони патат од мазохизам, прави целиот женски род да биде генерализиран? Демек не постојат мажи со таква болест, да сакаат да се потчинуваат, да страдаат...
баш на оваа тема би го употребила потписот на @Kukla994 - секоја девојка сака лош дечко кој ќе биде добар за неа...