Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Тајни од сопругот

Дискусија во 'Брак' започната од anina, 7 декември 2011.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.209
    Пол:
    Женски
    Мислам дека од секого криеме некоја тајна па дури и од сопругот без разлика што го делиме испиот покрив. Не видов никаде слична тема па решив да ја отворам оваа тема за да може да подискутираме. Јас на пример кријам некои работи од мојот сопруг кои не би ми го уништиле бракот но би донеле голема кавга. Дали криете и вие? ККој е најдобар момент да се кажат нештата?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    4.940
    Освен неверство и згаснување на љубов меѓу двата партнера, друга причина не гледам за уништување на еден брак (според мене). Кавгите настануваат од проблемите кои сами си ги правиме или незнаеме како да ги решиме, а секогаш 2 глави подобро размислуваат од една.
    Едно научив, каков и да е проблем седни веднаш и решавај го а не чекај да ти се натрпуваат. Значи, најпогоден момент да се кажат нештата е ,,веднаш,,. И да чекаш добро расположение на маж ти со тоа што си криела од него, ќе му го расипеш расположението аи кој е ефектот од сето тоа !?!.
    Едно знам, дека кога тогаш се излегува на виделина, само прашање на време е.
    Немам тајни со мм, така функционираме уште од старт на нашата врска. Нема лажи, нема преваре :D а и што да кријам од него, пари, облека, кафе испиено со пријател/ка :) , абортус, швалер :^) немам, а и не давам повод за такво нешто. Несакам и не дозволувам да си ја уништам брачната идила. Абе убаво ми е со него.
    Не гледам причина, а и ако нема доверба во мене и јас во него, мислам дека не би можеле да функционираме.
    Не чувам тајна (ако може да се нарече така, иако повеќе би кажала лажење) и за негово добро. Мислев дека е за негово добро за да на крај сватам дека многу грешам и бев фатена во лага од негова страна (безвезе, баба му беше пред умирање и мајка му ми кажа да не му кажувам. Тогаш тој не беше во државата а до одмор имаше уште 2 месеца. Е кое е тука негово добро? Демек да не се нервирал таму и да не не мислел како ние 2 жени сами ќе се снајдеме-нејзин изговор, а после тоа демек тој кога ќе дојде ќе ја крене од гроп. Глупости, ама бев тазе снајка тогаш и неуиграна :D ).
    И ај сега што тајна имаш ти?
     
    На do-re-mi, srcekrsacka, Gea и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    38
    јас мислам дека некои работи сепак треба да си останат во нас самите засекогаш!Тоа што сум во брак не значи дека мм е мој господар и дека ме поседува па да морам да му кажаувам се и сешто.Има работи кои треба да си ги знаеме само ние и никој друг.Ако е кажана лага или прикриена со цел да не се повреди другата страна тогаш е болје така.
     
    На Osamena devojka, Kija94, VladeMila и 4 други им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    4.940

    Никој никого не поседува, туку некои работи правиш затоа што сакаш. Градиш иднина и знаеш што сакаш во животот.
    На момент мислиш дека ако кажеш лага дека така е најубаво ама полоша казна од совеста немаш. Еве сега и тебе те гризе совест затоа што криеш нешто во себе па пишуваш.
     
  5. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    75
    Мое мислење е дека некои работи треба да останат закопани во нас самите,од проста причина што би донеле само проблеми и ништо повеќе.Тоа не значи дека го лажеме партнерот туку некои работи си ги задржуваме едноставно за себе.
     
    На Osamena devojka, flowersss, Palchica и 5 други им се допаѓа ова.
  6. sanjickar

    sanjickar Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    38
    славица еве ти добар одговор.....
     
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.209
    Пол:
    Женски
    Не мислев на тајни како излегување на кафе или работи кои ги чувам само за себе а имаат врска со моето семејство. Мислам дека едните не се причина за криење а другите никогаш не треба да се кажат. Еве на пример што ми се случи мене. Пред три години за мојот роденден мајками ми даде во плико 500 евра (беше при пари а јас и мм бевме во голема криза). Потрошивме само 100 евра и се договоривме другите да ги ставиме на мојата дебитна картичка. Дента кога отидов да ги ставам парите на картичка пликото некаде ми падна и јас загинав 400 евра. За тоа мојот сопруг не знаеше. Мислев дека можам да скријам некако но сватив дека само навлегувам во друг проблем. Парите не ни затребаа скоро 8 месеци и воопшто не се спомнуваа но кога ни затребаа почна да ме фаќа паника. Не знаев како да му кажам дека ги загинав, не дека ќе ми речеше нешто туку ќе се искаравме бидејќи криев. Па така кога разбра дома настана голема кавга, не за тоа што сум ги загинала парите туку зошто сум криела толку голема работа од него. Тоа помина и сватив дека јас сум сама крива за тој проблем ама ете се деси. .
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    4.940

    Тоа е твое мислење и на Подарок а јас си имам свое мислење кое го напишав погоре
    Зошто да не знаеш како да му кажеш, се плашеше од караница поради твоја небрежност. Па на секого може да му се случи -недај Боже и самата пиша дека не е поради парите туку што си криела, значи сепак излегло на виделина. Кога тогаш се се дознава, само прашање на време е
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.060
    Можеби затоа што досега сум немала работи за криење па ми е полесно да кажам-искреност пред се.
    Но ако нешто си го носиш како тајна во себе, нешто што никој не го знае а и не би го дознал, нешто што мислиш дека би донело само негативност во врската или бракот ако го кажеш, тогаш може да се зачува за себе, но ако притоа успееш и да го мавнеш од мислите, да не те оптоварува толку...
    А во случајот како овој пример со парите, нема смисла од криење кога знаеш дека ќе се дознае...
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    12.867
    Пол:
    Женски
    Еве размислувам, но не можам да се сетам дали имам некоја работа несподелена со сопругот.

    Мислам дека единствена тајна остануваат цените на работите што ги купувам. Ако чевлите биле 3000 ќе му кажам 1500 и се така. Што да правам, таков е човекот, мајка му го научила дека не се фрлаат многу пари на облека. А јас си сакам да си купувам работи асални, поскапички, 20 години работам, мислам дека заслужувам, а неговата филозофија е поинаква и затоа се одлучив цените да останат тајна..Се разбира внимавам тоа да не се одрази значајно на семејниот буџет.

    Е сега некои други мрачни или помалку мрачни тајни немам, но мислам дека покрупните работи кои кога тогаш ќе ги открие, треба на време да се споделат.

    Но, не сум за кажување на секоја глупост, кој колега што ми рекол, кој што ми дофрлик, кој како ме погледнал. Едноставно тие работи можат само беспотребно да го изиритираат.
     
    На flowersss, jana31 и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.305
    Кога маж ми е дома, ако видам пајак, трчам во кујната земам чаша, трчам назад, го поклопам, ставам лист хартија одоздола и фино го изнесам надвор. Кога тој не е дома, ако видам пајак, трчам, го газам, или мавам со што ми е при рака и тогаш го фрлам надвор :wasntme:
     
    На do-re-mi, Osamena devojka, Makedonka007 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.305
    Me изнамсеа Имелда :D И метафорички го протолкував :clap: :)
     
    На srcekrsacka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.989
    Допаѓања:
    90.502
    Секоја мудра жена ќе скрие од мажот колку потрошила за чевли. Нема ништо полошо од постојано напнат сопруг заради твојот комплекс дека си стоногалка!
     
    На Liu, Osamena devojka, Kija94 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.788
    Не кријам што сум си купила, не кријам цени, знае дека не забегувам со трошење. Има доверба во мене, дома јас сум „касата“ :) . Порано му кажував се и сешто, сега селектирам, не за да биде тајна, ама знам дека многу работи не го ни интересираат. Баш тајни се работи кои со мене ги поделиле моите блиски другарки и за кои знам дека не би сакале да ги раскажувам наоколу, па ни на маж ми. И тој знае да ме зафркава некогаш дека сме биле како во „Сексот и градот“ и дека некогаш го фаќа језа од тоа што си кажуваме една на друга :D . Во принцип, јас сум "What u see is what u get". Маж ми е повеќе по тајните :P .
     
    На roksen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    515
    Пол:
    Женски
    И само уште да додадам дека тука спаѓа и козметиката и некое парче гардероба, кое не е задолжително за во нашиот плакар, ама жена ко жена, ``мора`` да го има :)

    Мојот маж се еже од цените на пудрата, кремата за лице и парфемите, па затоа често ги ``губам`` фискалните. За други работи немам некој проблем.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.151
    Допаѓања:
    63.723
    Сањичка те молам!!! Мислам девојката постави прашање а некој даде свое мислење,така да нема потреба само одговорот- ШТО СЕ САКА да се чуе -да се смета за валиден :^) ;)
    Ова е индивидуална работа и секако зависи од тоа за што се работи.Човек треба да процени ,сам.Да,сум криела,ама не големи тајни.Зависи која е таа голема тајна! Нешто големо не би трпела да го носам на совест,неспиејќи и прашувајќи се дали ќе открие и да се уништи се.Јас сум за разговор и искреност.Да бидеме искрени,секој преќутува по нешто.Нема безгрешни.Дали е тоа цена за чевли(ко што спомна Лилит),или што ти знам ,сепак има по малку ;) Сепак,без искреност врската не би постоела и не би можела да ја замислам.Секогаш седнувам и разговарам за мојот проблем,грешка......добивам подршка од него,без која не би можела.......
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    732
    decki imam eden problem ve molam za pomos so mazmi praevme veridba pred nekolku meseci vaka i edobar kon mene ali me nervira so se dopisuva so drugi na fb a setoatoa vika deka mu e zaebancija a mene tyoa me nervora duri nesa nekogas da mu gledam zasto posle mu vikam vaka ne izlaga sam posle rabota odma e doma.help
     
  18. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    316
    за битни и важни работи мислам дека не треба да се крие ,али за некои не важни како на пример малку повеке потрошени пари за некои убави чевли или ташнамислам дека не треба да се кажува мислам дека треба шшшшш :lol:
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.467
    Зависи каква е тајната.
    Има тајни и тајни.

    Јас строго се држам до правилото дека некои работи не се споделуваат со никого и остануваат сами за себе, до крајот во животот.
    Брачната заедница е сепак друга работа, имаш сопатник и треба да си ги споделуваш маките и грижите.

    Ако се работи за сериозен проблем, јас не би преќутела.
    А и ќе ми се познава, јанѕа ќе ме јаде што би се рекло и ќе се излајам на крај, од мука.
    Тука во прв ред ги ставам здравствените, финансиските проблеми, проблеми на работното место, семејни кавги, разни дилеми, недоумици... значи сериозни работи за кои ви треба помош и поддршка.

    Тука не вбројувам глупости од типот прераскажување на денот од А до Ш, детали како - мажуле знаеш што ми се деси? Прднав денеска, така ми дојде. :^)

    Е сега, има еден вид на тајна, за која со мислењата сум поделена.
    Пример, вашиот колега ве опсипува со комплименти, но останува само на тоа, ништо повеќе, чист безопасен флерт.
    Жена тип 1 - Колегата ме свиѓа, ми вика дека сум секси, ме манијачи бре (а со насмевка, а со сериозен тон кажана тајнава, после ќе ви се треска од глава, и од мува сте си направиле слон, некои мажи во мозокот веќе скроиле теорија на хаосот како на службено патување ве плеска во собата |( )
    Жена тип 2 - мудро си премолчува вакви глупаштилоци. И волкот сит и овците на број.

    Арно ама... после гледаш мистер колега си добие слобода и почнува малку поагресивно со пуштање, смс пораки, не можете сами да се откачите и нема бегање - му кажувате на сопругот.
    И колку време траело ова? А што не ми кажа? Аааааааааа, бааааааааа ... |(

    Јес да е ова фантазерско-хипотетичка ситуација, ама ајде де... најди нзс за ваков тип на тајни.

    Што се однесува на цените за козметика, чевли и облека, јас не би криела никогаш.
    Од проста причина што мојот вкус е далеку поскромен од тој на дечко ми.
    Веројатно он ќе крие од мене колку ја земал последната кошула. :D
    Шала.
     
    На srcekrsacka, ana-banana, tinkerbelll и 2 други им се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.748
    А, зошто да му криете за козметика??? Сакаш да сум ти младолика, со убава фаца - епа морам поскапа козметика да ставам на лице, а не што годе!

    Зошто сум купила пак облека, нови чизми? За да сум ти убава. Ако сакаш модерна жена, епа драги тоа кошта пари!

    Зошто сум купила пак секси долен веш? За да те заведам, да зачиниме малку в кревет.....

    :^) Малку ми се несфатливи овие криење и плашење! Нека си знае дека секоја жена троши и сака да троши на својот изглед за да изгледа убаво и за себе, ама и за него! ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.