1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајни од сопругот

Дискусија во 'Брак' започната од anina, 7 декември 2011.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас му кажам на маж ми колку обично плаќам за чевли, за да знае да купи поскапи за под елката? ;)
     
    На srcekrsacka, rossonerka, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Немам тајни пред мојот сопруг,не кријам од него ама баш ништо. Зошто да го правам будала, магаре со уши до земјата за еден купен кармин, чевли или било што....Баш напроти тој знае што ми се допаѓа па често пати знае да ме изненади со парфем,кармин па дури и гардероба. Не се сложувам со тоа дека некои работи не се споделуваат со никого. Мислам дека довербата не се гради на тој начин...а ако немаш доверба во сопругот и тој во тебе.....е тогаш тешко дека бракот функционира како што треба.
     
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Не знам кај да го напишам ова, па ајде овде.... :$
    Што кога вие му ги кажувате вашите тајни на мажот, а тој мамино синче (стандардно :lol: ) ги пренесува сите тајни на мамичка, а таа ги шири по комшии и роднини??? :?:

    Конкретно, женскава неколку пати го опоменила мажот да не издава тајни, но тој брзо-брзо се` и кажувал на мајка си, која и воедно успешно ги `вадела` сите работи.

    Последна случка беше дека на мајка и` требало да ја пратат на снимање на магн.резонанса (мислеле на најлошото), никој не знаел, но свекрва и` од синот дознала и предвреме по цел комшилук ја направила жената болна од рак. :^)
    (бај д веј на крај открија дека не било рак).

    Што би превзеле во ваква ситуација?
     
    На eli25 и soco им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Oд А до Ш се согласувам со Трендафилка. За премолчување или намалување на цени немаме проблем, јас сум поскромна, кога купуваме заедно, ме тера да си купам нешто поскапо, а јас обично кенкам дека е скапо, па ќе си најдам нешто поевтино... :)
    И за другата ситуација се сложувам, ни вака-ни така не си. Знаеше еднаш за еден таков, му кажав пропратено со превртување на очи, дека е досаден глупак. Среќа на тоа остана. А и се знаеме доволно веќе за вакви работи да се расправаме.
    Јас и да сакам не можам да сочувам тајна од него. Еден поглед и знае дека нешто не е во ред. А и обично не сакам тајни од никаков тип, ако се дознае секогаш следи разочарување.
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Имам тајни али не некои огромни.Премолчувам ситници,во однос на тоа-колку пари сум купила да речеме чевли,фустан....и тоа никогаш не ми нити пререко,нити забранил,незнам зошто ама секогаш си ја намалувам цената :$
    Кога работев,скришно праќав пари дома на мајка ми.Не знам зошто,ама ете криев.Тој знаеше во каква ситуација беа тогаш мајка ми и сестра ми,и некогаш му кажував дека ќе пуштам пари некогаш не,иако ништо не ми рекол,и кога сум му барала пари да им дадам на заем секогаш давал и еднаш нејќеше ни да ги земе.Ете незнам зошто,ама мајка ми иако се противеше да не и давам пари,не сакаше да земе од мене,јас ќе и поуштав-колку можев на сметка,барем за сметките.На него не му кажував,а и никогаш не ме прашуваше пример колку пари имам на сметка ,или за што сум ги потрошила,иако буџетот ни е нормално заеднички......Некогаш осеќам грижа на совест,ама тоа е :tmi:
     
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Не сум мажена,ама не би му кажувала се се од а до ш дневно да ја кажвам азбуката по 10 пати.Некои тајни се мои и само мои!!!
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lara-s

    lara-s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Jas obicno nemam tajni pred nego nemozam da lazam ako se obidam za nesto neseriozno odma ke me oseti :wasntme: ama ne mu kazuvam kolku pari trosam na garderoba a i samata neznam samo plakam so kredit karticka a na kraj na mesec sepak mu kazuvam kolku treba da stavam na kartickata...
    Toj i ne go interesira mnogu sto kupuvam ako primeti ke mu kazam ako ne i ne mora da znae...
     
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас сум по природа човек што не знае да лаже ,може 5 минути да скријам нешто и после да си признаам,а маж ми е спротивен од мене он се си крие од мене и сама ако не откријам тој нема ни да каже,па за џабе не е речено ниедна тајна не е трајна
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Некои посебни тајни немам.За тоа колку трошам на облека и кондури,не го замарам ,ако сака да знае(а никогаш не го ни интересирало)може да праша,ќе му одговорам искрено.

    Е сега,па не му кажувам баш се што разговараме со другарките,во смисла не му кажувам за нешто што некоја блиска пријателка ми се доверила(здравствен проблем,со мажот и сл.).Не дека сакам да му сокријам нешто,туку сметам дека не би го интересирале вакви работи.

    Еднаш му кажав една тајна што ја имавме со ќерка ми,дека имала симпатија.Тоа го извади од памет.Како можело девојче од 6 год.да има симпатија?!
    Сега не му кажувам повеќе вакви работи,некои работи си се само за мајка и ќерка. :)
     
  10. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    На маж не се кажува се :x
    не во смисла нешто да го лажете туку во смисла да не се открива она што некој трет вас ви го доверил :!:
    а и за ситници и за вас може да се преќути :lol:
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Хмм....се мислам и мислам, и не можам да кажам дека имам некакви тајни од сопругот :?:
    Кога купувам нешто прв знае од каде е и колку е (најчесто кријам цена од мајка ми, не од него :D ), ако некоја другарка има проблем двајцата не` седнува и ни кажува, оти знае дека се` што ќе излези од негова уста ќе е искрено и од машки аспект :lol: така да и тоа не го кријам....ако се скарам со мајка ми - пак тој знае; кажувам се` што ми се случува на работа, обично глупостите знам да ги прераскажувам до детали :lol: и така....

    Под „работи за прераскажување“ не го ставам животот пред врскава - ниту за него прашувам до детали, ниту тој за мене сака да знае, ионака е нешто што се случило пред да се запознаеме, па не не` тангира и не бараме вистини или лаги за истиот :)
     
    На Annath и eli25 им се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Имав многу долга врска со него,потоа следеше брак нормално. Тајни нема, меѓу нас барем од моја страна тој многу убаво знае каква сум сакам искреност и фер разговор подобро нека боли отколку тајна тоа некако ми е бедно поради бесцелна тајна може довербата да се разниша
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    иако секоја врска или брак се базираат на доверба помегу брачните другари сметам дека некои работи требаа да си останат само за нас.Не зборувам за проблеми кои понатака би ги засегале и двајцата партнери како што се финансиски проблеми ,здраствени проблеми и сл. но на пр. ако детето дојде и ми се довери за нешто на мене и ми каже не му го кажувај тоа на тато (а не станува збор за нешто сериозно) сметам дека ако го искуцам кај татко му ке направам само лошо и нема да дојде пак кога ке има мака кај мене бидејки ке знае дека ке нема да може да ми верува.Исто ако некоја другарка ми се довери за нешто што е нејзина работа нема што јас проблемите на моите другарки да му ги кажувам на него (дури и мене ме нервира кога на некоја другарка ке и кажам нешто и одма после тоа гледам дека праела муабет со дечкото за мојот прблем без разлика дали било тоа добронамерно).Исто така кога станува збор за шопингот,ако знам дека мажот ми би се наљутил или би му сметало што јас трошам повеке одошто он смета дека треба зошто па да му кажам дека штиклите кои сум ги купила се 3000 кога можам да кажам дека се 1500.
    Така да иако навивам за искреност и отвореност помегу партнерите мислам дека немора баш СЕ да си кажуваме. :) :)
     
    На НаталиЛили и ROSII им се допаѓа ова.
  14. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    Моето мислење во врска со оваа тема е дека па баш и се немора да се кажува,што мислите дека мажите кажуваат се,нормално НЕ.Да сокриеш нешто што никого не повредува мислам не е ништо,а ако го кажам и во моментот добро,кога за нешто ке се скараме може да ми ппрфрли па според тоа подобро и да незнае.Зборам за ситници,или ако се скарам за нешто со мајками ,сестрами,што мора да знае,или некогаш сакам нешто да си купам што мора да ја знае па точната цена ако мисли дека е многу,а мене многу ми се допага тоа.
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Добар момент во животот нема или ти ке му кажеш или некој друг ке го направи тоа кажи му со време и готово ем ти ке си мирна.
     
  16. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    285
    за ова многу се караме со мама. јас ќе и кажам нешто неа таа одма дрн дрн на тато требало не требало |( кога ќе се омажам и ќе имам деца никогаш нема да правам така... некогаш треба да сватиш дека децата во мајката гледаат некој кој ќе чути што и да им кажеш а ако таа не го прави тоа многу јасно дека уште еднаш нема и да и кажеш. се разбира има и работи што мора да се кажат ама не треба се ;)
     
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    и јас не му кажувам се.. (мислам на банални работи и ситници) некогаш подобро да преќутиш отколку да кажеш а и мајками е таква не му кажува се на татко ми тоа ми е рецепт од неа за успешен брак :) :) :) :) а инаку за се друго сакам Искреност искрена сум кон него а и тој кон мене.
     
  18. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Тајни од секого!!!Постојат некои работи кои треба да си ги сочуваме само за себе.
     
  19. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Немам што посебно да кријам, но мислам дека е страшно глупаво да се споделува па и секоја небитна ситница и информација. Апсолутно има работи кои треба да си останат во нас. Не зборувам за тајни од типот на неверства-лажење-криење-скришно позајмување пари и не знам што уште, туку за мали секојдневни работи...за глупости кои само би предизвикале поголеми дискусии и не би придонеле до ништо добро... Ние си веруваме еден на друг максимално и затоа не сум во потрага да му ловам ситни работи, ниту имам потреба све да му кажувам, бидејќи не правам ништо против нас.
     
    На gerdanche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Животот на тацна нема да му го ставам никому! Мислам дека некои работи треба да си останат само за нас и нема потреба се и сешто да се кажува.
     
    На izabela.nik и Palchica им се допаѓа ова.