Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајни од сопругот

Дискусија во 'Брак' започната од anina, 7 декември 2011.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Сето она кое треба да го знае, кое е важно за нас, нашата врска, брак, заеднички живот го знае. А се она што било од минатото , а воопшто не е поврзано со него нема ни потреба да го знае.
    Секогаш разговараме за работите и ситуациите кои се однесуваат на нас двајца, сето она кое не е важно нема зошто да се спомнува.
    Со оглед на тоа тајни пред сопругот немам, уште додека бевме во врска функциониравме на принцип, искрен разговор, секогаш и во секое време.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми сум 5ипол години во врска, да сокријам нешто од него не ми текнало, ама научив да не го замарам со глупости кои знаев секојдневно да му ги кажувам а тој на крај и да не се сети што сум му кажала. Некои работи искрено ни јас не се сеќавам по некое време а камоли тој, за сите работи кои сум го излажала на крај ме открил, едноставно кога јас ќе решам да излажам премногу се оправдувам и се осеќа дека има нешто, па така и ова, се сеќавам за банални работи кога сум сакала да го замафтам нешто па ме провалил, не ме бива мене за такви активности :rofl:
    Сметам дека искреноста е вистинска работа, тој знае за мене се, што има да се криеме или да филуваме според потребите, нема потреба. А што се однесува до цените на кпената гардероба, јас не купувам скапа гардероба така да знам честопати да се фалам со тој факт :lol:
    Иако темава е за сопрузи, сметам дека е многу битно пред бракот работите да ни се на чисто, ако завлезете во вртлог од лаги и измами уште во врска, бракот нема да биде ништо подобро. Искреноста од нашата врска и понатаму ќе биде сигурен темел на кој ќе го градиме понатамошниот заеднични живот :)
     
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Тајни??Па тоа што треба да го знае му кажувам,тоа што не треба мудро си молчам. :wasntme: А и каква корист да му изреферирам што сум правела муабет со другарка ми ,или за некои мои проблеми што тој не може да ги сфати.
     
    На НаталиЛили, tessie и Springy им се допаѓа ова.
  4. Kalina10

    Kalina10 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Тоа што треба да го дознае го дознава, останатото си е меѓу мене и мајка му/ми, мене и другарка ми, мене и брат ми и слично. Не можам секој муабет или секоја случка да му ја кажувам, од едноставана причина, нема потреба да го замарам! :)
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Ве молам за помош:Јас и маж ми пред еден месец правевме свадба.Собравме стварно убави работите што ке ни требаат повекето беа од мои гости од кај неговите пари, небитно.Пошто си имаме спрат и решивме да си направиме горе кујна и купатило.Гледавме прашувавме за кујни, рековме ке погледаме на повеке место.Одвод и довод на цевки наместевме.Требаше мои мои братучеди да ни ја местат струјата пошо ке ни треба за кујна, за купатило.Се договорија за денес да дојдат да наместат, јас отидов да спиајам кај моите.Мажми паметниот им се јаввува им вика дека го викнале на работа, и да остане за попладне.Доага попладне, мувикам што направи.Ми вика сега еве имаме мајстори за кујна гледаат ке оставиме за утре.Фактички моиве роднини ги извисија требаше за денес а он неозбилен едно збори друго прави, втора работа што ме изритира мажми паметниот биле мајстори кај нас и си порачал кујна ,а мене ништо не ме известил нити ми кажа дека ке порачува, муабетот беше да видиме на повеке места заедно па да изберереме, а после во склпо со тоа и плочки за кујната, значи тоа ме нервира ем лаже ем начекал да е сам да си одлучи добро сигурно не се сомневам и дека мајкаму и сестрму успат се мешале.Не ми е јасно како са заеднички пари собрани сам си одлучува,нели треба се да се решава заеднички.незнам малце е твдоглав аи нее образован за разлика од мене ап може тое ке не кочи:цтварно више незнам што да правам, го научиј аи моите дека не човек од збор.Незнам мислам дека ако вака почната да се одвиваар работиве, ап не значи дека ако не работам,па сеа се по негово треба да биде е не може така.Не знам ако вака одта и понатака работиве незнам дали ке може да издржиме долго,а тазе сме што се вика, катастрофа невидена не ми се верува што ми направи , па уште ми вика па готово сум порачал веке и капар остававив.Леле ми идеше да вриснам, аи моиве знаат за ова ми викат ке си имаш проблеми уште сега вака штом ти прави:Има ли некој ваква слична ситуација, некад си помислувам ако биде вака и понатака не ма да можам да издржам краен случај развод незнам. :o
     
  6. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    139
    Една работа што мажите не треба да ја знаат е со колку мази пред него сте биле. Затоа што тоа само би ви донело проблеми а никако не би придонело за зацврстување на вашата врска.
    2. Никогаш не му плескајте во очи на мажот онака Апансас, доколку има помегу вас некој проблем од типот неможеш да доживееш квалитетен оргазам, а тој за себе мисли дека е голем љубовник. Тоа правете го секогаш одоколу но никако дирекно, бидејќи тоа ќе го повреди партнерот и ќе предизвика чувство дека е неспособен што доплнително ќе ја влоши ситуацијата.
    3. Никогаш не му кажувајте на мажот доколку некој друг ви упати комплимент. Да, тоа вас ви годи но кај него може да предизвика чувство на љубомора и страв дека сте го, или ќе го изневерите.
    4.Исто така не расфрлајте се пред него со комплименти за друг маж.
    5.Исто така флертувањето, и неверството ако се деси никако не треба да му кажете мислејќи ете згрешив, па сега ќе му признаам и ќе ми прости. Никогаш нема да ви прости и доколку го направите тоа сметајте го тој брак или таа врска за завршена.
    6. Никогаш особео не на дечко не му се отварајте до крај и не му раскажувајте за вашето семејство и за односите внатре во семејстото, бидејќи немора тој да знае некои работи кои не се дирекно поврзани со вас.
    7. Никогаш не признавајте пред партнерот дека мастурбирате, бидејќи тоа ќе предизвика инфериорност кај него и обично машките за тие девоки веднаш стекнуваат погрешен впечаток особено ако таа бројка на мастурбирање е позачестена и обично за тие девојки имаат некое мислење дека се незаситни или нимфоманќи. Но доколку дојде до разговор на та тема најдобар одговор би бил, па да го правам тоа ама не толку често.
    Ова беа само неколку примери во кои се обидов да ви покажам дека сепак има работи кои се сепак само наш интими и кои треба да ги сокриеме од партнерот.
     
  7. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Според мене не треба се да му се кажува затоа што и тој има некои тајни со гаранција. На пример, јас пред 2 недели дознав дека неговиот брат се развел пред 7 месеци!? (Живееја во друг град и 1-2 се гледавме во годината, за јавување па ич и не се чудев што ги немав видено заедно поодамна) Се чудев де што државна тајна ќе беше тоа? А ни мајка му не спомнала ич. Е сеа нивна работа ама јас не се чувствував убаво оти ако тој го преќутил тоа како близок семеен проблем толку време па што остана за други тајни кои тој ги има? Зар јас треба од тетки негови кои патем знаеле за тајни ?
    Друга работа, како совет , ако сте финансиски независни и не полагате сметки како јас колку можете помагајте им на своите родители оти тие си тргале од залакот на времето за да ве школуваат. Тоа го правам и јас и секако не го кажувам тоа а знам дека и тој прави така иако не ми признал.
    Исто така не се изнесуваат пред него муабети за моето семејство, за моите тетки,вујни и слично, во секое семејство има караници особено за имот па и во неговото, и кај него не живеат со вујкото па не го истакнува проблемот.
    Има и работи кои сум си ги купувала а не сум кажала дека јас сум ги купила туку моите ми ги подариле или ми дале пари за некој повод да си купам за успомен.Е тоа го правам оти од него ништо не добивам иако не е за жалење за пари, има административна плата. ..
    И на крај, како што вели мајка ми муабетот меѓу мајка и ќерка е затворен во кутија, мајката никогаш нема да ја издаде вашата тајна а вашата другарка која денес е другарка а утре не ќе ве пренесе.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Засега немаме скриено, ниту од финансиски, ниту од емоционален/фамилијарен аспект.

    За второво, некако самата се чувствувам должна да му кажам за некои поважни настани во моето семејство, затоа што од тоа семејство јас сум му најблиска и најмногу заслужува да дознае од мене (зборувам за работи кои секако ќе ги дознае). А и тој секогаш ми се исповедувал за проблемите и на некој начин емотивно „ме задолжувал“ без да знае. Претпочитаме трезвено да разговараме за нив, доколку може да се најде некое решение, да се обидеме и да помогнеме, или во најмала рака да се исслушаме и да се утешиме еден со друг. За злоупотреба, никогаш не би, такви луѓе сме, дури и кога се караме (што е ретко, но кога се случува тоа е страшна сцена), се караме до пепел и партал правење, но никогаш, никогаш си немаме префрлено ниту во најголема лутина нешто што сме си кажале во мака. Дури и во состојба на најголем афект се контролираме и двајцата.

    Oд финансиски аспект исто, не криеме ни двајцата ништо затоа што сме се договориле мојата и неговата плата (или само мојата/неговата ако периодот само еден носи плата) да се стави во заеднички буџет кој е на „ачик“ и и двајцата може да видиме колку и зошто фали. Сум против скришно давање пари на родители (сум пишувала и на др теми како и зашто) и се договоривме ако едниот „фати“ другиот да дава пари на родители и тоа подмолно и скришно, тогаш тој е единствениот кој финансиски ќе го подмирува домаќинството, а другиот ќе си ги чува парите за него. Кога има пари за цела негова фамилија, ќе има и за партнерот. Сме давале, заеднички, со договор, инцидентно, ако видиме дека или едните или другите се на мака, или пак рекле дека им треба ова/она, дали некој предмет/некоја поправка/заостанат долг. И без да им најавиме, сме им го носеле тоа како подарок, во форма на тоа што им било потребно, затоа што сме сакале да бидеме што подискретни во тоа, да не се почувствува никој помал од нас, а ете, да бидат свесни дека мислиме на нив и најмногу да имаат корист од она што ќе го добијат од нас.

    Сега веќе се договоривме, парите од буџетот се исклучиво за нашето домаќинство. Доволно беше, мислам дека на сите им се оддолживме и повеќе од тоа. Нашето време допрва доаѓа, а со него и трошоците кои не можеме да очекуваме дека некој друг освен нас ќе ни` ги подмири.
     
    На slavica999, imelda, artemidis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Nikogas ne krie maz mi za finanski ili neki vakvi raboti,,,no od snosti ke poludam sto poraka procitav kaj nego,,,vo brak sme edna god, bremena sum tri meseci ,,,nikogas ne sum imala somnez vo nego deka moze da pravi nesto a i toj vo mene nema somnezi,,, snosti mu zvona navodno eden negov drugar go nema pisano so ime no ne se javi,,,posle nekoe vreme mu pristigna poraka no toj nevide go imase staveno dase polni,,,porakata vaka bese : " milp moe me sekiras zosto ne digas tel sto e problemot sepak jas mi te sakam " vaka nesto bese,,citam i poludev,,go zapisav brojot na mojot tel,,baram no nese javuva ,, odam kaj nego i mu ja kazuvam porakata toj veli deka eden negov drugar na greska ja ima prateno,,,ne misli na takvi raboti mi veli ako sakam nesto sa pravam nema na ovaj br da pravam,,,i rece ako sakas ke go pobaram drugarov pred tebe da go prasame,,,no bidejki bese mn rano izutrina nese javi,,podocna koga stana otide dase tusira i jas go pregleduvav negoviot telefon,,,gledam vo korpata kaj sto gi izbrisal porakite,,pisuva ako slucajno te baram ili nekoj druk te bara nemoj dase javuvas,,,potoa i tie poraki nu gi pokazav i rece srugarov noj e nadvor os drzavava no negovuot br i go dal na zenskamu od bitola i sega toj mene mi praka poraki i jas nea i orakam misli deka sum toj,,,ako e taka zosto kries od mene rekov,,a on veli pa jas imam mn drugi obvrski i nese za m aram so toa,,,sega
     
  10. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    Sega sum stvarno zbuneta okolu ovaa rabota :worried:
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Зошто збунета? Појасно не може да биде...
     
    На buba4e89, stetoskop, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Е ајде де....ама како да кажеш вака на форум?
    Сепак, мислам дека јасно е уште од моментот кога си му го земала тел да провериш....си размислила што те наведе на тоа?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    :( :( :'( :'( :worried: :(
     
  14. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    skoro sekogas go cepkam negoviot tel no nikogas nisto ne sum videla ili nesto cudno :(
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Прво сакаш да му се јавам, а после во странство е другарот. Од една во друга лага се заглавува. Ај да не те плашам, ама нешто има, не е така безопасно. А кој е тој другар за кој зборува а (со име и презиме) зар ти не му ги знаеш другарите :^)
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    И јас знам да го земам тел на сопругот, и да ги прегледувам сликите од ќерка ми, ама НИКОГАШ не сум кликнала на Пораки и таму „случајно“ да чепкам....ме сфаќаш? Што те натера да му ги прегледуваш баш пораките?
    Или секогаш му ги прегледуваш? Оти ако е така, тогаш од старт не си му верувала....
    Има нешто необично во неговото однесување во последно време?

    п.с. И зошто е воспоставена таа релација - другар му негов од странство НЕГО му праќа пораки, за тој да ги праќа кај девојката НЕГОВА, и обратно?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Јас му го чепкав на маж ми телефонот додека бевме дечко и девојка. Му го чепкав за да ги слушам песните што ги има. Еден ден ми текна да ги отворам пораките (тоагш немав баш некоја доверба во него) и оправдана беше недовербата. Најдов пораки што не треба да ги има. Кога му кажав дека знам за пораките, тој ги избриша. Ми вети дека нема да се повтори такво нешто. Така и бидна. Откако се зедовме не сум му ги отварала пораките.
     
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Заради истата причина поради која штркот ги носи бебињата, а некои се купуваат и во продавница...ц.ц.ц. :x

    Mine03 жал ми е, ама многу сомнителен е мажот ти.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Па уште и:

    Офф леле...зошто „медијаторот“ не би смеел да се јавува?
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ама луѓе па ти се во брак, значи таа колку толку му ги знае другарите (логички нели). Што не каже на Станко, на Петко што отиде во странство да работи тоа и тоа. А вака "еден другар" многу сомничаво изгледа.