Колку е само проѕирен! Ова последново што ти го кажал, за другар му, дека бил во странство, не го ни сфатив- не пак да го оправдам со тоа! Кој мисли дека е тој? Другарот и' го дал бројот на женскаму и сега тој и пишува неа и таа него и мисли дека е тој.... ГЛУ-ПОС-ТИ! Лошо е да ти кажам директно, тазе земени сте плус бремена си, како што те читав, ако си "копа очи" со некоја страм да му е!!!
Ама колку и да се трудам да не бидам емотивна, не можам. Кога ќе видам какви животни постојат и што се` преживуваат заради нив жените кои им дале се`... Од нервоза, додека типкам тука ми се затресоа рацете. Убаво си вика julie77, ништо во животов не треба да се зема здраво за готово. Од овој суров свет се` може да се очекува. Мине злато, знам дека многу си приврзана за него, а имате и дете и мислиш дека ако најдеш и најмал изговор да му поверуваш на лагите ќе ти се залечат раните, но вистината е таа. Подобро е сега да здоболи и да ја прифатиш. Што подоцна ја прифатиш, тоа поболно ќе биде за сите. Ти предлагам да продолжиш понатаму без него. Како не му е срам да те понижува со овие лаги? Како ќе растеш дете покрај човек кој нема основно почитување кон тебе како личност и те мота со финти кои и второодделенец би ги провалил? Како тоа што го направил не е доволно срамно... А за таа др**ичка, искрено се надевам дека еден ден на своја кожа ќе ја почувствува твојата болка.
Nikogas nese odnesuval cudno so mene sekogas e mil i vesel nese ponasa nekako cudno,,,nikogas ama bas nikogas ne sum se somnevala vo nego,,, ,,,ne ne ,, go znam negoviot drugar i toa mn dobro vistina uste od vcera ojde stranstvo,,preska razgovara so nego i toj rece da ne se somnevam vo nego zosto go znael kako dise i nikogas ne bi odel po drugi zrnski duri i mobolniot mi go ostavi za da vidam dali nekoj kese javi ili pise,,,neznam
Од искуство ... на негови другари не верувај. Само уште тоа сакав да го кажам. За останатото, за жал, веќе си решила во што да веруваш. A тоа што ти го оставил мобилниот, ме потсети на овој дел од твојот пост. Жално е тоа што во самиот пост ти се состојат сите потребни одговори и имаш среќа во несреќа што типот е толку проѕирен и неспособен да лаже, а ти решаваш да му веруваш. Твоја одлука, секако. Ти посакувам многу среќа. Ќе ти треба.
Premnogu sum povrzana so nego i navistina mi e mn tesko ,, ne mozam da se zamislam da legnam a toj da ne e pokraj mene :'(
Тоа е и лошото душичке. Затоа и сакаш потсвесно да го оправдаш, да најдеш објаснување, па макар и најпровидното. Стави му ултиматум вечер, „или ќе разговараме ко луѓе и нема да ме мавташ со детски финти туку ќе си доволно доблесен да ми ја кажеш вистината или си заминувам.“ Ако ти почне муабет уште понеповрзан и позбунувачки од претходните два, не знам што да ти кажам. Од ваков исход во бракот искрено имав голем уплав. Затоа на неколку пати сум му потенцирала на мм „Ако некогаш има нешто, те молам не ме понижувај и кажи ми веднаш. Тие работи лесно се дознаваат и ќе завршат со поголеми последици за сите. Најубаво да разговараме ко луѓе, ако треба и да се разделиме, зошто и како ќе остане меѓу нас и нема никого да обременуваме. Да излеземе од бракот како луѓе, без префрлања и викање.“ Затоа што не е грев според мене да посака друга, тоа може и мене да ми се случи и на секој човек. Но голем и за мене непростлив грев е да ме мавта и да ме прави будала некој кому сум му дала се`.
Со оваа реченица само докажуваш дека му слепо веруваш и несакаш да веруваш во ,,недоверба,, а од друга страна тој е недораснат и се однесува ко мало дете. Ајде бре колку години има да се однесува така и да ,,демек штити,, другар на сметка на свој брак кој го води на стаклени нозе ?!?!
Mине, типов се плетка со таа што му пратила порака. секое друго објаснување е објаснување на кое можеби ќе поверува некоја тинејџерка ама тинејџерка од 13 години. ти имаш 21 една и можеш само да му кажеш да оди и да порасне затоа што ова што го прави и начинот на кој се обидува да го покрие не доликуваат на маж кој чека бебенце. можеш и сама да го подигнеш своето дете, можеби борбата на почетокот ќе биде тешка ама барем ќе имаш достоинство, нема да живееш во сомнеж и пред се нема да биде доцна да го поправаш својот и животот на твоето дете. срам да му е за ова што го прави, срам !
Snosti razgovarav so nego i mi rece nemoj da me svatis pogresno ke ti ja objasnam situacijata,,,abe toj nikogas nisto ne kriel od mene,,,ednas duri koga i imase pisano edna skolska prijatelka mi gi pokaza porakite za da ne svatam pogresno,,,on rece deka drugarov sto mu e stranstvo negoviot br i go dal na zenskamu,,,a od kaj maz mi poveke pati se pisel so nea koga nemal krd,,i seg drugarov negov ne sakal zenskamu da razbere deka e nadvor od drzavava mu prakal poraki na maz mi za maz mi da i praka nea za da ne razbere deka ne e tuka,,,abe haos ,,maz mi veli znajs deka ne pravam takvi raboti i uporno samo baras racka za nesto ,, abe ako nesto toj pravi ke izlezs na videlina koga togas sepak ke go kontroliram non stop,, ke pricekam malku da vidam kako ke bidat rabotite i posls ke donesuvam odluki, ne sakam da izbrzuvam sepak ova ne e edna igra ili zabava brak e vo prasanje,,,
Ти си знаеш мине голема си можеш да ги согледаш работите али во што ке веруваш ти одлучуваш ние сме тука да ти помогнеме колку што можеме сега и да контролираш цело време он ке биде попретпазлив и ако треба и друго бројче ке си земе со друг телефон само за со неа да си контактира па така да ти нема ни да знаеш дека тоа постои Само едно ке кажам и после ваква ситуација мине бракот не е веке ист
Мине и јас мислам исто како и другите феминки.Човеков лаже ептен безобразно. Зарем мисли дека ти си дете па ќе наседнеш на приказниве? Не се ни потрудил да ја смисли приказнава па на лице место чепка што да ти каже. Твое е дали ќе поверуваш или не и што ќе направиш понатаму.Жално е што не те почитува дури и кога си бремена.Не се нервирај,мисли си на бебето, а работите ќе се искристализираат со тек на време. Поздрав
А како тоа по пораката девојка му ќе знае дека е во странство? Со тој број и у Бангладеш да и` прати порака, истиот број ќе се појави. А башка и ако не го користи мт како дежурни Нимиц ќе уштеди и на време. Туку ај да му поверуваме за момент на мт дека тоа што го кажува е вистина. Шо бара женет другар да игра такви игри? Башка ако било толку безопасно, зошто не ти кажал од сам старт? Ти препорачувам да не го набљудуваш сега и да не го пратиш нон стоп. Затоа што што и да видиш, едвај ќе чекаш да му поверуваш на неговото објаснување и да се смириш. Ако планираш да поверуваш и да преминеш преку ова, направи го тоа до крај. Штеди си ги нервите сега, мисли и на бебушко, тоа па за ништо не е криво кутрото.
А кој не лаже?! Ништо ново, ништо чудно, на секој чекор го има ... Мине сама на крај ќе реши дали ќе прости, дали ќе има недоверба, ќе се помири со тоа, дали ќе го остава или не ... Требало на време да се мисли кога се одлучувале на брак. Ама, денес се ми е веќе прифатливо ... едноставно се улетува во 90% само за да се докаже дека се постигнал "врвот" од животот. Мине твое е што ќе правиш, а дали е вистина тоа или не тој си знае. Јас мислам дека ќе простиш и ќе продолжиш со него, само тешко дека ќе ја имаш довербата како порано ... Така не се гради фин брак.