1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Твоите и неговите родители-пријатели или противници?

Дискусија во 'Брак' започната од Gea, 9 декември 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Врз бракот понекогаш големо влијание има односот помеѓу вашите и неговите родители.
    Честопати тие односи знаат да бидат „затегнати“, бидејќи едните се сметаат за побитни од другите, константно се наоѓаат на некаков натпревар во самодокажување и постојано вагаат кој е побитен. Едноставно кажано, се создава некакво ривалство помеѓу нив.
    Понекогаш тоа знае да прерасне во два противнички табори, а на крај младите се тие кои ги чувствуваат последиците.
    Што мислите за таа нетрпеливост која може да доведе до вистински проблем?
    Каков е односот помеѓу вашите родители и родителите на вашиот сопруг?
    Дали постои нетрпеливост меѓу нив и која е причината за тоа?
    Како тоа влијае врз вашиот брачен живот?
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ни пријатели, ни противници :)

    Иако сум кратко време во брак, предходно заедно живеевме скоро 4 години и во тој период дали еднаш или два пати се имаат сретнато татко ми со родителите на мм, сега со свадбата, породувањето и крштевката повеќе пати се имаат видено во последниве месец, два одколку предходните 4 години.
    Да живеам кај родителите на мм, вероватно сакале, неќеле ќе се среќавале почесто, вака бидејќи живееме сами, само кога има повод, односите сега за сега им се коректни.
    Родителите на мм имаат четворица оженети синови, па не верувам дека имаат многу време да се замараат со фамилиите на снаите, односите колку што сум видела во овие 4 години им се коректни со сите.

    За тоа кој се побитни, па на мене моите, на него неговите ;)

    Не сум приметила досега да се натпреваруваат а не гледам причина за натпревар, професионално сите се реализирани а ниедни не се толку малограѓани па да се натпреваруваат на финансиско поле, кој колку има за себе си има.

    Што се однесува до син ми, не ме прашале неговите никогаш што му купиле моите па да дадаат повеќе, ниту пак од моја страна се случило тоа.Кога останав бремена татко ми се сакаше да ми ја опреми собата за бебето исто како и за брат ми ама бидејќи родителите на мм тоа го направиле за сите внуци предходно, татко ми не се бунеше(а ни јас :lol:)ни подари други работи кои ни беа потребни.

    А не гледам ни причина зошто мораат да бидаат пријатели, јас на 30 години па не сакам да склопувам нови пријателства а не пак на 60 години, доволно е да не им праваат проблеми на младите и да се однесуваат коректно кога ќе се сретнат.

    Кај мeне изгледа си се држаат до девизата сватови треба да се гледаат од роденден на роденден :D
     
    На eloves, MilaP, VladeMila и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Во првите години во бракот постоеше некоја напнатост или тивко ривалство меѓу жениве (нели мајка ми и свекрва ми) за себедокажување која е подобра домаќинка, која подобра трпеза спремила и слични глупости. Но кратко траеше, за среќа.

    Можам да кажам дека односите им се коректни, си се гледаат од време на време на слави, родендени, но се случува и да си одат на гости. Си имаат муабет, основно почитување, но без некоја претерана блискост.

    Многу е лошо ако почнеш пред твоите со тужакање на свекорот и свекрвата и изигрување жртва - вака ме погледнаа, она ми рекоа. Се разбира тука не мислам на некои екстремни работи како малтретирање кои мораат да се кажат. Сите работи и проблеми кои сум ги имала сум ги решила сама или со сопругот без да ги инволвирам моите, а и тие се држеле на дистанца. И свекор ми и свекрва ми си се луѓе на место, не можам да се пожалам.

    Лошо е кога постои нетрпеливост и се води студена војна меѓу родителите. На родендени, дешавки кога мора да се сретнат непријатно е кога треба да мислиш да ги седнеш подалеку, да се секирараш нешто да не си преречат пред народ. Ова сум го слушала од други искуства и знае да биде многу непријатно.

    Многу зависи и од однесувањето на нас младите, да создаваме некоја рамнотежа, за да имаат колку толку коректен однос. Но претерана блискост е непотребна дури и непожелна.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Не се блиски затоа што јас не дозволив.
    А не дозволив затоа што имам причина. Ги познавам и двете добро, и мајка ми, и свекрва ми, и знам дека не би завршила убаво работата.
    Прв контакт имаа на давање збор, и иако свекрва ми си го покажа и тогаш вистинското лице кое јас го знам, мајка ми не го сфати така, туку се радуваше колку добри луѓе, и заклучи дека ако настанат проблеми меѓу нас јас ќе сум била кривата, демек, ептен арни и се видоа. Но...за кратко.
    Уште на свадбата моронката направи доста потези кои и го сменија мислењето на мајка ми.
    Свекрва ми многу сака да боцка, да омаловажува, па дури станувало збор и за син и, мислам кога зборува пред него, му посочува примери од околината као подобри, поуспешни луѓе, наводно без намера, само за да човек се почувствува лошо, а инаку пред други па се фали со мене, со него, за тој другиот да го омаловажи, и така во круг. Jас ја знам, знам да се носам некако, не и справам со тоа, само ја избегнувам колку можам и игнорирам, ретко реагирам и и враќам, но ја знам мајка ми, и знам дека нема да и преќути во таква ситуација, а и знам дека е невозможно другава да не ја створи, да проба да ги омаловажи моите, и 100% ќе резултира со куршлус од поголеми размери, па затоа после свадба се имаат само уште еднаш сретнато, кај маж ми во болница. Не и дадов на мајка ми да оди таму, а живееме посебно, па кај мене може да си доаѓа кога сака.
    Свекор ми е горе доле коректен човек, но многу избувлив, ако му се спојат жиците вреѓа ненормално, и не се воздржува, и премногу се ,,шали,, као демек, за духовит го знаат, но шалите му се доста невкусни, и многумина не знаат што да кажат или кај да гледаат кога ќе им трусне нешто.
    Значи, односи нема, јас, позавајќи ги добро двете страни, одлучив дека е најдобро така ;)
    Не ми е мило за ситуацијата, но што е тоа е, боље спречити него лечити, па после да не можат и во очи да се гледаат кога ќе бидат приморани, по крштевки и такви работи.
    А за натпреварување :lol: хаос. Само ќе кажам дека дури не му дозволува на маж ми да каже кога ќе ни поклонат нешто моите, и кога и да и спомне, не вика, убаво, добро, лошо, туку, а ние колку дадовме а?
    О.к жено никој не оспорува, сите знаат, на сите сум кажала, ама кажи еден убав збор бре мајку му. :x
    Воша жена. :lol: Дистанца му е мајката.
     
    На MMila, bittersweet, slavica999 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Па моите и неговите и немаат баш некаков однос, се гледаат од роденден на роденден на малата или евентуално ако моите дојдат во мојот сегашен дом на гости. Видувањето им е кратко, се поздравуваат културно и толку. Не се блиски и нема потреба да бидат, едноставно не се на иста бранова должина и не ни можат да бидат пријатели.
    Веќе имама пишувано колку "прекрасна" жена е мојата свеки, и со нејзината добрина се запознаени и моите, тоа придонесе и да се одалечат.
    Всушност и никогаш не ни биле блиски. Уште од одма на самата веридба си се покажа свеки која и каква си е, дека сака да доминира, да наметнува ставови, мислења, и моите познавајќи ме и мене знаеја дека ќе си имаме проблеми. Свекор ми па е мирен човек, ама тврдоглав, често знае да се инаети и да убедува, а тоа што го кажува сосема да е погрешно...татко ми не може да го поднесе тоа и ретко комуницираат.
    На роденден кај ќерка ми седат на различни маси и нас (мене и на мм) ама баш ич не ни смета, зошто знаеме дека ако седнат еден до друг ќе се расприкажат и контрирајќи се можат и да се закараат.
    Кога моите доаѓаат кај нас на гости седат кај нас во соба и само се поздравуваат со свеки и свекор ми, јас си ги канам моите на гости и воопшто не ги ни поканувам домашниве да седат кај мене во соба (исто кога доаѓа золва ми јас и маж ми само се поздравуваме и си се повлекуваме во соба ).
    Не сакаме блискост зошто не заслужуваат, во текот на сите овие години сите си се покажаа кои се и што се и едноставно лицемерието им излезе на површина. Затоа и ги одбегнуваме контактите, ептен кога се морални (родендени, слави, семејни прослави) тогаш присусуствуваме и сме сведоци на лицемерие до бескрај :puke: , просто да ти се згади па и да ти се упропасти вечерта..... ти се смешкаат, а самиот знаеш колку те сакаат и почитуваат. |( :x

    Што се однесува до ривалство, единствено се натпреваруваат околу љубовта и вниманието на ќерка ми, што мене ми е смешно, зошто тоа е дете и не разбира и нормално кој му купува повеќе и кој повеќе му угодува тој ќе биде посакан...ама јас па сум тука и не дозволувам да биде купена (без разлика за чии родители се работи), сосема поинаку ја воспитувам, ја учам да почитува.

    Дали нивниот однос влијае на нашиот брак?
    Порано влијаеше....сме се карале поради нешто што рекле или направиле моите или неговите.
    Ама сега веќе не, не дозволуваме тие и нивните карактери да влијаат на нашиот брак, искрени сме и без лицемерие си кажуваме што или кој не` изнервирал, налутил, навредил....и секогаш едниот го теши другиот-не се замарај, го/ја знаеш каков/ва е. :!: ..и толку, едноставно не вреди, не вреди заради нив (со оглед на тоа дека се работи за различни генерации и нашите помладалешки мислења се контрираат со нивните) ние да се караме и да спиеме свртени со грб.
     
    На fairy90, imelda и Peppermint им се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Моите направија една грешка, која ја прават повеќето родители од страна на женското, а тоа е: Да бидеме добри, да преќутуваме на се`, само за да и` е убаво на ќерка ни, да не ја тормозат, да ја прифатат...итн...Познато ви е? :?:

    И така моите молчеа, а неговите за се` наредуваа и си задоа многу за слобода да коментираат и да се мешаат.
    Мајка му е нај нај за се`. Не смее никој да е над неа. Таа се` знае, се` умее, мора да доминира над сите.
    Оттука и почнаа сите проблеми.

    Од дома никогаш не се скараа со нивните. Се` премолчуваа и ме тераа и јас да молчам, да не `превраќам` назад. Не беа свесни колку беше злобна жената. Пред нив тераше прави политики, како и пред сите други.

    Денес, кога сето е минато, си ја чукаат главата од ѕид, колку биле наивни, како дозволиле така, и дека `старинското`, `нивното` време од тоа како правеле тие порано, денес не функционира.

    Во секој случај, стојам зад едно - родителите треба своето дете да го почитуваат пред другите родители, за да им дадат до знаење дека детето не им е за фрлање.
    И дветте страни да не им се мешаат, и да не се презближуваат многу, како што пишаа тие над мене. ;)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Мајка ми со свкрвата на сестра ми беа многу блиски и немаше воопшто напнатост, си купуваа подароци за роденден, 8 март, заедно на планина со внуците и со мене одевме итн.. А со на дечко ми мајка му, мислам дека ке нема да бидат воопшто блиски бидејки се многу разлика во години мајка ми е 15 години постара и мислам дека нема да бидат многу блиски, а татко ми и татко му ке се согласуваат многу добро гарантирам, бидејки се знаат одамна и двајцата се страстни риболовци. Имат непресушна тема за разговор. :D
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Моите и неговите се некако многу слични луѓе. Иако не се гледаат често, се слушаат по телефон, а и кога ќе се видат ептен им иде муабетот. Поготово на машката страна. :)
    Мислам дека нема да има никакви несогласувања од таа страна.
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Колку ми е ова глупаво и смешно истовремено!!! :^) А, го гледам во многу семејства. :tmi:

    Колку се караат зошто едната баба за роденден му купила само тренерки, а има пензија 8000ден, па што им прави на парите бе жената??? Луда работа! :x Другата му дала 50 евра. :!: :!:
    Потоа едната баба го потпрашува наскришно што јадело кај другата баба и на сите начини сака да го придобие дека таа е подобрата. ИТН....многу примери постојат... :fubar:
    Ова не само што не чини при воспитувањето за децата, туку непотребно им се прават проблеми на родителите. :^)
    Дедовците најчесто се многу поразумни. 8)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Моите и неговите се немаат ни сретнато :D

    Ги канив упорно моите да дојдат, не сакаат, и размаанав. А свекрвата не отидела едната ќерка да види кај и живее во странство, не ја интересира, долг и е патот...изговори сто и еден, па за сватоштините и дошло да патува, аха, ќе биде! Свекорот би, не за сватоштините специјално, туку онака си е авантуристичка душа, ама не му дошло на ред во плановите изгледа.

    Ама тоа што не се знаат сваќите, не ги сопира да издвојат мислење една за друга. И на свекрвата и смета дека јас ја помагам мајка ми, и на мајка ми и смета дека јас и помагам на свекрвата. Ќе рече мајка ми, па што си и ти дужна на неа да и плаќаш за нов бојлер! Или ќе речам јас на свекрвата дека ќе одам за македонија и оваа ќе рече, епа пак ли ќе одиш? Макар што јас за Македонија доаѓам еднаш годишно или еднаш во две години, ама се збркува жената дека патувам да ги видам и брат ми или сестрата расеани по европа, па ако и речеш ќе летам, она мисли секогаш кај мама си трчам од свеки да се пожалам :lol:

    Поарно така што не се гледаат. Свекрвата не е цвеќе а и мајка ми си ја знам каква е, по односот со сваќата кај семејството на брат ми. Ау, снаата на мајка ми не и се погоди. Не беше од арна фамилија, што ти знам маани не и најде а зошто не знам оти душичка е жената, ама мајка ми еднаш мене ми рече дека едноставно не и е мила, и тука многу јасно и сваќата не чинеше. Една друга не се меришаат сваќите. Ќе прати снајката некое пакетче по некој човек, да си жениве поделат, ама тој будала на едната и го носи. Сигурно и едната и другата хипервентилираат пола ден пред да отидат една кај друга оти мораат :^) Сакам да сум мува на зидот тогаш, да ги слушам како слатко си викаат сваќе а вртат очи на завртен грб. |( :D
     
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    не се пријатели а ни ривали,ама сепак многу не се согласуваат поради некои работи кои се имаат случено а се поврзани со нас двајца
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сеуште се немаат запознато едни со други ,ама сигурна сум дека ни 1 % нема да се сложуваат поради огромните карактерни разлики и одредени склоности на секој поединец .
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Па гледам дека се почитуваат,немам лош збор слушнато од двете страни.Ние сме во Ск,а тие честопати слушам си одат на гости,пред свадбата сите договори ,организации ги средија,и ќе излажам ако кажам дека не ни помогнаа.Татко ми со свекор ми се знаеја и од порано,заедно соработуваа на работа,и многу се почитуваа.Затоа ми е криво што денес не е со нас,па да биде баш она совршено.Сите заедно,ама тоа е.....
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ниту едното, ниту другото. На дистанца. Се гледаат тогаш кога и ако мораат. И подобро. После се` доживеано, најбезболно е вака за сите.
     
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    се знаат само неколку месеци од кога официјалн и се веривме и искрено се согласуваат повеќе отколку што очекував. жениве за сега се сакаат си одат често на кафе си прават муабет итн. ние бидејќи често сме дома они се дружат и баш ми е драго. еднаш допреле дури и до музика :D за мажите неам што да кажам мирни учтиви и двајцата се наоѓаат во муабетот

    јас и кажав на мајка ми да не се притресува многу по сваќата да си биде резервирана да не се изгори ( а она жива среќна што има фина сваќа бидејќи од другата го виде господ)

    нека си се дружат колку сакаат ич не се замарам возрасни се и сметам дека знаат како да се однесуваат.
     
  16. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Моите и неговите не се знаат долго време но се на дистанца т.е мајка му е на дистанца..
     
  17. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Колку е лошо кога ќе се најдат седнати на маса луѓе што не се ама ич на иста бранова линија, што немаат еден муабет да направат асолен.
    Е тоа се случува кај мене, средби одвај 2 пати годишно меѓу моиве и моите уште неофицијализирани свекор и свекрва. Не се скарани, ниту пак непријатели, само не сакам да се ни пријатели.

    Не сакам да се дружат, не сакам да си одат/доаѓаат на кафиња, впрочем сами се свесни и си сфатија зошто.
    Свекорми и свекрвами се ок луѓе, ама постари и не баш современи. Ако застанеш со нив едниот непрестано ќе те испитува и ќе те замара со секакви прашања или пак ќе ти ги раскажува вестите од дневникот |( а свекрвами ќе ти ја раскажува по 100 пат семејната историја, или за комшивката/колешкта од работа или.... или ќе глуми светица од типот - леле јас навистина неможам да ги разберам луѓево, особено младиве како само можат по цел ден да гледаат турски серии, јас никогаш не сум гледала и нема да гледам, глупости! И одам кај нив во сабота влегувам и ги гледам двајцата зјапнати на тв гледат турска серија. И свекрвава од срам скока и му се дери на свекоров - дај бе гасни ме замараш овде јас не гледам вакви глупости, ми сметаш. :fubar:
    И си ја докажа тогаш својата малограѓанска жичка и двојно лицемерие. А јас останав зачудена зошто воопшто се труди да глуми. Мене ми е гајле што прават и што гледаат, ама жено дај не изиравај лудило.

    Јас ги гледам ретко и искрено избегавам блиски средби, не сум таков тип да ми оди муабетот со такви луѓе, сакам луѓе на мое ниво, опуштено без да замараат. Мислам мене искрено ми се гади од муабети од типот - аа денес беше на ручек кај мајкати, што те почести.. мислам втф :^) и тука стапува на сцена срцево мое и со еден збор ја враќа на место да си ќути и да не ме замара со селски муабети и да не и текни пак да праша такво нешто.


    Јас уште пред веридбата се држев до правилото дека секоја свекрва е добра се дур не и влезиш вкуќа. Особено ова важи за свекрва. И дојде на моето. Останав резервирана како што си бев кон нив, само уште поладна, сега сум на чиста формалност.

    Пресреќна сум што живеам посебно (иако во иста куќа, на посебен спрат со посебен влез, исто како стан) па одвај еднаш неделно ако слезам да ги видам, и тоа на 5 минути. А тие си знаат дека не смеат да не замараат па досега не се качени ниту еднаш кај нас.
    За мене што повеќе на дистанца подобро. Мама и тато си доаѓаат кај мене, а кај нив не. Само кога се мора...
     
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    моите се вистински пријатели ама баш вистински :) се гордеам со нив :)
    а неговите се онака,како да се се супер и така прават ама не е баш и тоа..
    мислам најдобро е да си она што си а не да се правиш пред другите дека си на врв а не си ни под врв...
    затоа само она вистинското јас!... :)
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Па не се најдобри пријатели, ама повремено се дружат.
    Знаат да се сретнат често кај нас дома, а еднаш месечно и си орат по гости. Си честитаат родендени по телефон и слично.

    Два пати беа заедно и на одмор, до душа под принуда, т.е. атер на децата, за да ги чуваат заедно, бидејќи беа помали, па со тоа и потешки за чување.
    Не дека немало несогласувања, туку главно се културни, па не си пререкуваат.
    Сепак оваа година моите решија сами да одат со децата на одмор :)
    не дека сватовите им пречат, туку различно се поставуваат кон децата - моите се построги и не им дозволуваат се и сешто, а неговите многу им попуштаат, па им се качуваат на глава. Тоа само го отежнува чувањето, и плус децата се збунети, и на крај веќе не знаат што смеат, а што не.
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно пријатели . Мојот татко е починат и моите свекор и свекрва многу чест и прават на мајками често и одат на гости ја посетуваат, а исто така и многу често одат и кај мојот стрико(близнак на татко ми)и исто така многу големи пријатели се и баш тоа нивно дружење ми се допаѓа додека со родителите од мојата јатрва се на голема дистанца се гледаат еднаш годишно.Јас мислам комуникативноста на луѓето нивната отвореност ги прават противници или пријатели Фала му на бога јас имам еден прекрасен однос со свекор ми и свекрва ми и мислам поради тоа денес прекрасно си живеат и со мајками и со стрикоми и стринами а искрена да бидам добивам впечаток дека стрико ми повеќе се радува на моите свекор и свекрва отколку на оние од неговата ќерка.