Врати страници на назад имаш разни совети девојче, на некој му помага зелен чај, јогурт, ленено семе или разни таблети... разлистај убаво .
Пред 4-5 години го имав проблемот и еве сега пак ми се јави. Тврда столица, досега со таков напон жена дете ќе родеше. А сега и ме боли кај анусот...Имам проблем со хемороиди, но користам мелем и ми помага, но овој пат ќе полудам...Се е заради тврдата столица. Значи неможе да излезе од мене...Ептен малце исфрлив сега. И кога одам мислам нешто ми стои кај анусот. Се извинувам вака , малку детално опишав но пуста мака. Ве молам за некој совет.
Јади храна богата со растителни влакна , наутро пиј многу течности , пожелно е ако можеш да пијаш по многу јогурт и тоа Баланс , помага и тој , земи јади мусли за појадок , и во текот на денот јади потечна храна за да се преработува побрзо , избегавај сува и тешка храна , јас исто имав голем проблем и пиев разни таблети , и јадев семе од лен и тиква , ама не помагаше тоа многу , повеќе ми помага кога пијам јогурт и јадам мусли , исто можеш да да си земеш парафинско масло да пиеш некое време околу 150 денари е.
babami koga imala tvrdo stolce se vozela u avtobus (rejs go vikale u nejzino vreme) za da i go razdrma stomakot
За овие рецепти што ги изнакажавте на човек му треба еден куп пари само заради запекот. Според мене главната причина е поради тоа што младите слабо јадат манџи и чорбести јадења кои имаат природни состојки, туку повеќе се на брза храна. Исто така внесуваат многу вештачки течности-сокови наместо чиста домашна вода од чешма. Не заборавајте дека за сите овие рецепти кои ви ги кажаа нема да постигнете брз успех, туку ќе ви биде потребно по долготрајно конзумирање за да видите каков таков ефект. Затоа најдобро е да го смените начинот на исхрана во кој ќе вклучите манџи и оние традиционални јадења како гравот, кој е богат со растителни влакна. Исто така она што може да ви помогне е после утринското кафе да се напиете чаша вода која ќе ве протера, посебно ако е на гладно. Бидете многу внимателни со чаевите и останати производи, затоа што можете да направите контра ефект, од тврда столица да прерасне во дијареа. Во поекстремни случаеви кога имате ептен мака, можете да пробате со млаз млака вода одоздола кај аналниот отвор да испровоциррате празнење. Познато е тоа дека кај голем број луге кога ќе дојде во допир слузницата со надворешен елемент вода или прст, доага до стимулација и нагло исфрлање на изметот. Исто така постојат одредени смеси за клистрација, како и таканаречените чепчиња кои се ставаат во аналниот отвор и после неколку минути доага до празнење на дебелото црево. Секако долготрајната тврда столица може да направи таканаречени џебови во дебелото црево. Тоа се испакнатини каде се собира изметот и на тој начин неможе да дојде до негово навремено исфрлање.
Ооо, добри луѓе помагајте. Недела дена не сум била во вц. Стомак ме боли, се ме боли. Рицинусово масло пиев, Дулколакс пиев, ставав свекици, ништо не помага. А за клизми не ми правете муабет, неќам ни да чујам.
Сок од круша дали пиеше ? На многу луѓе, како и мене ни помогна сокот од круша. Тешко малце се наоѓа но во поголемите маркети мислам дека ке најдеш. Пробај ,се најубаво стварно е голема мака.
Дечки јас имам проблем со тоа, но се преродив со сокчево + е многу здраво и го крева имунитетот.. На сабалје на гладно во соковник направете си една банана, лажица ипол куркума, лажица ипол ленено семе, 2-3 лажици мед и еден филџан млеко ако сакате погусто, за потечно филџан ипол. Ем здраво ем вкусно ем редовна столица, еднаш во денот ќе одите обавезно, а може и до два пати
Проблемите со тврда столица можете ефикасно да ги решите со овие бомбици кои се прават од 50 гр.рефус алкалекс чај(не филтер кеси),100 гр.суви сливи без семка(се продаваат секаде во маркети),100 гр.суву смокви и 100 гр.суво грозје. Овошјето се меле во машина за мелење месо,потоа во смесата са додава алкалексот и се добро се меша.Се прават бомбици,околу 20 треба да ви излезат и секоја вечер пред спиење се јаде една бомбица со две чаши вода(ако можете оддеднаш ако не во рок од еден саат да ја испиете водата а нема зиан и да испиете повеке вода).Јадете ги овие бомбици додека ви се изрегулира столицата, можете да ги оставите во длабоко, да се змрзнат па по потреба да си земете кога ке имате мака.Пробано и ефикасно.Напомена,една доза е доволна па се прави пауза од 6 месеци......ако има потреба што не верувам јово на ново.Бон апетит!
Истото ми се случува и мене, ми се појавија хемороиди после пораѓајот (бев со царски па не одев во Wc 3 дена, четвртиот си ставив чепче). Каков мелем користеше ако не е тајна?
Мелем од бозел. Пробај го. Мојот е направен од баба ми, но мислам дека има по аптеките. Мене ми помага ептен
И јас имам проблем со тврдата столица, ама летово почнав да јадам овошје наутро на празен стомак. И навистина ми е подобро. Не велам овошјето да ви биде појадок, само јадете го 1-2 часа пред појадокот. Пробајте!
Snegce akov melem koristese ? I jas imam problem so hemoroidi i mnogu mi go pravi bolno odenjeto po wc mnogu pati mi tece i krv
Овесни снегулки со баланс јогурт, супер се за варење на храната. Јас и суви сливи јадам на сабајле, тие на Алкалоид што се 175гр паковање. Знам дека и на бебушките за запек и нередовно празнење им се даваат Нестле житните снегулки зоб и суви сливи. Јас исто и пред да појадувам на гладен желудник пијам чаша вода и едно зелено јаболко. Супер ми е стомачето веќе подолг период поради ова.
Jas probav so se i so ricinovo maslo i so alkalaks i so zelen caj i so caj od articok.se e dzabe. Majkata mu e samo grozje i pavlaka ili mleko i po eden sat ste vo wc