1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тврда столица

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од mimisonce, 14 март 2011.

  1. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    11.511
    Решението за овој проблем не е еднократна употреба на некој чај или напивка од билки...

    Треба целосно да се промени начинот на исхрана.
    Исфрлете ја тешко сварливата храна како леб, пржено, месо, млеко и млечни производи.
    Да се прочисти организмот од се заостанато.
    Треба да се внесува многу вода, на гладно, но и во текот на денот.
    И најважното, да се јаде храна со многу влакна и што е можно помалку преработена.
    А секоја вечер пред легнување по три суви сливи и урми, со една чаша вода.
    Насабјле ќе се прочистите, пред да идете на работа.

    Се разбира овај начин на исхрана не е засекогаш, ама барем две недели направете промена, уште по првата недела ќе почне да се регулира столицата.
     
    На Kimberly11 и IRBBB им се допаѓа ова.
  2. Tami12345

    Tami12345 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    45
    Здраво на сите ја сум 9 недела бремена, од осмата недела ми почна проблемот со тврда столица, веќе цело време сум на чепчиња и клизми, само со нив одам вака неможам а и не јадам многу нуждата ми е мека од магнезиум што пијам но ете неможам кажете што да правам како да се средам на нормален начин да одам во тоалет :(
     
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    А да се консултираш со доктор?
    Мене наутро кафе на гладно да испијам, или жешка супа да јадам ми помага, исто и ленено семе.
    Се и сешто имам пробано, дури и апчиња и раствори некакви, ама бидејќи си бремена, не ти препорачувам никако.
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.840
    Пол:
    Женски
    Тврдата столица е честа појава во бременоста и е нормална појава. Навечер јади суви сливи или смокви. Со лесно.
     
  5. Tami12345

    Tami12345 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    45
    Да го прашав докторот ми рекол за некој сируп вика може чепчиња клизми повеќе прошетка и вода да пијам

    Да ќе пробам фала ти
     
    Последна измена од модератор: 26 декември 2019
  6. Cute bunny

    Cute bunny Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    28
    Imam bolki vo dolniot del na stomakot. Bev po golema sabaljevo no edvaj. Posle toa mnogu me boli imam grcevi silni. Me boli koga sednuvam i stanuvam a koga ke pojdam vo toalet od premnogu bolka nemozam da izvrsam golema nuzda. Inaku imam vtor den menstruacija
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Нормално е додека имаш циклус. Ама и не мора да значи. Јади компоти, овошје, суво овошје. Почесто течна храна. Ако сакаш, можеш да пиеш парафинско масло или ладно цедено маслиново.
     
  8. Mmi

    Mmi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Ленено семе секој ден, во оброк, во јогурт со чиа семе комбинирано. А ако не помага лененото семе пробајте со масло од лен, по една супена лажица секое утро (го има по продавниците за здрава храна)
     
  9. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Probajte so ovesni snegulki, toa e nastaroto resenie sto postoi a i najzdravo za crevata vo dolga idnina. Ako ne vi se jade, stavete go vo topla voda da posedi i da go pusti toa mlekoto (nekako e kako ligavo) i procedete go i stavete si go vo caj od slivi. Vkusno e mnogu ama posle toa sedete doma i cekajte
     
  10. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    4.246
    Пол:
    Женски
    Дали некој пиел EFFECOL 3350 за констипација?
     
  11. TeaM94

    TeaM94 Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2020
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, здраво. Дали ќе може да те замолам за подетални информации во врска со леков, многу ќе ми значи и би ти била вечно должна. Ме интересира на кој начин се приготвуваат состојкиве, дали треба да испадне како чај, како храна и слично. Би ти била благодарна ако можеш и да ми испратиш приватна порака да продискутираме околу тоа.

    Здраво. Јас имам пиено, поготово пред да правам колоноскопија. Нешто најефикасно што сум пробала од сите работи што сум ги пиела (а сум пиела многу верувај ми хаха). Неверојатна работа е тоа, ако добро се сеќавам после 2 или 3 ќесичка, ефектот е топ. Докторот викаше дека цревата се перфектно чисти и дека можел да види се. Значи одлично вршат работа. :D
     
    Последна измена од модератор: 2 ноември 2020
    На Dani333 и Giinna им се допаѓа ова.
  12. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Темава не е многу активна ама ај ќе пишам може некој ќе одговори.
    Дали може да користам парафинско масло секој ден, дали е безбедно и дали воопшто ќе успеам да ја средам столицата со тоа? Од секогаш имам тврда столица и има периоди кога не можам да се олеснам и обично со дримо завршував работа ама од септември ми открија гастритис и почнав со таблети, по потреба, кои ми ја влошуваат состојбата со столицата и без дримо не можам а сакам нешто друго да пробам да не ги навикнам цревата така само.
    Инаку имам пробано со ленено семе, сируп смокван, порталак, сливи, компот и се што сум прочитала и ништо не делува.
     
  13. AndyRad

    AndyRad Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    Во аптеките има лаксативни чоколатца, се продаваат на парче. Ова беше пред неколку години, братучедка ми го има истиот проблем цел живот и така дознав за чололадата. Прашај ги во аптека , сигурно знаат што како.
     
    На Watermelon96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.276
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Овие ако ги немаш пробано, земи ги, по аптекиве ги има, е сега не знам точно во која, ама мислам во Зегин дека може да се најдат.
    Омекнуваат столица и ги разработуваат цревата, од лично искуство ова.
     
    На cresa-jagoda и Watermelon96 им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    За тврда столица чиа семе многу помага, ама и се слабее од него. Кој како сака дали во јогурт или растително млеко, ем вкусно ем здраво. Само што за нас слабите ич не е, ама јас пак го користам по малку, ептен ми е вкусно и покрај тоа што немам проблем со метаболизам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bebedzakovaa

    Bebedzakovaa Нов член

    Се зачлени на:
    27 декември 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    klizmata za kolku vreme ima efekt ?
     
    На Snowy45 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    За тврда столица само ленено семе со јогурт, ем вкусно ем здраво плус може да си ставите овошје.
    Ептен го забрзува метаболизмот и се слабее во обем, јас поради тоа престанав да го користам инаку ептен ми е вкусно.
     
  18. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    Суви сливи рулез за затвор систем.
    И пиење повеќе течности.
    Сабајле од станување пијам скоро 1л вода.
    Утринско перење на организмот и немам мака ни со но.1 нити пак со но.2.
     
    На Cosmic Girl и vasilevskabojana им се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Манџи луѓе манџи! И супи од зеленчук!
    Ручекот да биде за со лажица а не сува храна!

    И јогурт или к. млеко односно ферментирано млеко.
    Во нашиов случај, кај член од фамилија се испоставува дека ова се најбитните работи во исхраната што треба да се конзумираат за да редовно се празнат цревата.

    Инаку се друго што е набројано наназад во темава и јаде и прави, ама сепак има проблем со неодење во вц со денови, зашто не јаде манџи и не пие јогурт/к. млеко.
    Значи прави се ова што како совет се спомнува тука: вежба, скока, се движи и пешачи, пие многу вода и течности и кафе, јаде многу свежо овошје и салати (можеби и повеќе од сите во семејството), јаде зеленчук ама не во манџа, туку сув, обарен или печен, јаде житарки, скоро и да не јаде бел леб и пецива, ама се е џабе! Зошто манџа и супа, јогурт и к. млеко не става во уста, со сите се караше дека тоа нема да го јаде.

    Сега еве проблемот порасна, цревата поспори од било кога, паника на макс. и си ја лупа главата од ѕид и бара чаре како да излезе во вц. На почетокот со алкалакс чаеви успеваше. Не сакаше да ја смени исхраната, ги игнорираше советите да не користи редовно алкалакс, зошто тој после некое време само ја влошува мрзливоста на цревата и престанува да делува.
    Сега почнува да сфаќа дека МОРА да се јаде манџа и супа.
    Значи на некои луѓе дур не осетат на своја кожа, дури не направат сами грешка па да видат како не требало, не научуваат. Џабе им е совет да добиваат или пример да гледаат од други, нема да го применат и нема да научат.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.276
    Пол:
    Женски
    Ех да беше навистина така.
    Не мора да значи. Можеби во вашиот случај е така, ама не се сите исти. Зависи од самиот организам. Има луѓе со бавен метаболизам и мрзливи црева, кај сите не помага исто. Треба разновидна храна, точно, ама дека манџите, супите и јогуртот секогаш се доволни за редовно празнење, не би се сложила. Потребна е правилна комбинација на намирници, и да се открие дали нешто од храната пречи за редовно празнење на цревата. Млекото на пример прави голем проблем.
    Имам блиска личност, живее само од манџи, супи и салати, леб ретко јаде, и тоа само црн, млечно не внесува (дијабетичар е) па оди во тоалет еднаш на пет дена, одвај. Исто и било и пред да и се појави проблемот со шеќерот, од дете. Таков и е организмот.
     
    На eli25, Watermelon96 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.