1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тврда столица

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од mimisonce, 14 март 2011.

  1. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    А карамелите како се викаат? Колку се пари и кај може да се најдат? И кога еднаш почнат да се употребуваат секогаш ли мора да ги јадеш кога сакаш да идеш по нужна или само кога имаш потреба од нив. Пошто знам дека од некои чаеви се ствара еден вид зависност и кога еднаш почнеш да го пиеш после неможеш по природен пат да си одиш по нужна туку се треба чај да пиеш :sweat:
     
  2. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    оди во аптека и речи им да ти дадат карамели за прочистување јас заборавив а може и воопшто и невидов како се викаат . нема да ти створат зависност ни чајот ниту карамелите ич за тоа да небериш гајле . јас еден период секој ден скоро пиев чај и ете сега нормално си одам . земи си неколку карамели до кај 10 деннари мислам дека беа и чувај си ги за итни случаеви но купи си и чај тој е навистина одличен за овој проблем .
    ајде направи како што ти кажувам и кажи ги резултатите :rofl: :rofl: :rofl:
    ај бај бај
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Од малечка имам тврда и нередовна столица, на 3-4, па и повеќе денови. Искрено ми беше доста тешко, зашто и стомакот многу ми се зголемуваше.
    Мојот лек, го најдов сосем случајно. Кога од летово започнав да пијам зелен чај (и тоа заради тоа што сакав да ослабам), сега ми е се во ред. Сега се случува да одам и по 2 пати дневно. Можеби на некои им создава зависност и ако не пијат не можат да одат или им е повторно тврда столицата, ама кај мене има доста големи и продолжени резултати. Околу 3-4 недели не пијам чај, ама се е во ред, исто како во периодот кога пиев чај.
    Да не заборавам да додадам дека зелениот чај го пиев околу 3 месеци. Повремено правев пауза од неколку денови, откако ќе ја потрошев кесичката, а дневно пиев по 1-2 шолји.
     
  4. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    кај мене зелениот чај воопшто не делува а го пијам редовно еден период од неколку месеци поточно цела зима и цела пролет секој ден по 1 литар . не делува ни за слабеење ни за вц баш за ништо кај мене . некои велат дека ги фака пролив од него па сега незнам треба да проба тој што непробал кај секој е различно
     
  5. bozepetra

    bozepetra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    и кај мене зелениот чај не дава никаков резултат, да не постои можеби разлика помеѓу зелен чај од една фирма и друга. Може ли тие што имаат резултат да ми кажат кој точно го конзумираат? Инаку сите велат дека овој проблем најчесто е резултат на брза и сува храна така што препорачуваат повеќе манџи и течна храна, што вие мислите? Јас еве на пример се трудам што повеќе да јадам течна храна но сепак проблемот не ми сеуште решен...
     
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    тие чоколатцата викаат биле најефикасни,ама ја би ти препорачала компот од модри сливи или сушени модри сливи природно и ефикасно :P
     
  7. freund

    freund Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1

    Алкалакс точно ! Една моја братучетка дури го користеше за слабеење и имаше ефект . Ама си беше таа дома и не се секираше кога ќе се најде во ситуација да оди во вц :) .
     
  8. freund

    freund Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    1
    Јаболко и чаеви било кој , нане , камилица , зелен ...
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Карамелите се Laxatol,од нив и од диеталните чоколадца, протерува ама многу боли стомак, грчеви се ствараат...
    Зелен чај си пијам редовно, но не ми дава ваков ефект, повеќе ме тера на мочкање, додека од овој чајот на KIRKOLINA исто така одам во вц често и без проблем .
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.286
    Пол:
    Женски
    Немојте да користите лаксативи подолг период, само ќе ви ја влошат состојбата после привремено подобрување. Никаков алкалакс, карамели, чоколади или којзнае што - добри се за еднаш, два пати, ама секој ден не. Подобро користете природни средства, и јадете секој ден во исто време, појадокот никако не го пропуштајте. И секако - физичка активност, без тоа не се може!
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Обидете се со 2-3 киви на ден, и обавезно чаша јогурт, по 2-3 дена ќе немате проблем, се ќе си дојде на свое место, јас долго време имав прблеми, ама со ова се реши, мада мислам и зелениот чај игра улога, ама после подолг период на користење, барем месец дена редовно. ;)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Исцеден лимон помешан со топла вода најдобро е наутро пред доручек .
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Токму така, никако лаксативи континуирано, максимум еднаш месечно.
    Инаку природен лек што сум го практикувала: во топла вода една лажица мед наутро, на гладно
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Од помош се јогуртот, компотот и овошјето (јаболко, киви, сливи, праски). И движењето е најважно за да работаат цревата нормално.
     
    На Holly Golightly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Ајде помагајте мене ми се случува ова веке неколку недели дури и на болница бев.Не помага ниту компот од суви сливи,ниту супи,јогурт...ништо. Користам чепчина ама до кога со нив а ни тие не помагаат којзнај колку.Што да превземам и дали се штетни чепчината? :(
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Изеди 2 киви, и по пола час, чаша јогурт, можно е и одма да имаш резултт, ако не одма, утредента пак во исто време со кивите и јогуртот и мислам ќе немаш гајле...
    А баш пред малку прочитав со тоа од кисела зелка, расол мислам се вика, една две чаш поголеми, и за пола до саат време, нема д аможеш од вц да излезеш :o :D
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Штом е до толку дојдено купи си апчиња Новолакс ако уште ги има со тоа име пред спиење напи се утредента ќе се испразниш. Инаку редовно компот да јадеш, овошје и јогурт. Ако можеш практикувај и корнфлекс да доручкуваш. Дури и луто помага. Тебе ептен те заглавил запекот. :tmi:
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Би ти препорачала да го смениш начинот на исхрана, премини на потечна храна, чорби, супи, јади многу овошје освен банана кое прави запек, печено јаболко, суви сливи, портокал, пробај со Активиа киселото млеко, мене барем ми помагаше кога имав проблем, порано кога бев на посува исхрана неверојатен проблем ми беше тврдата столица, ама сега со потечнава исхрана ми се регулира.. и зеленчукот се што содржи растителни влакна го убрзува дигестивното варење, спанаќот особено.. напрај си еден убав режим на исхрана мислам дека ќе помогне многу.
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Расолница да пробаш? :?:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ах не ми текна на тоа, ( баба Бог да ја )прости, како мала ме тераше да пијам расолница и инстантно влијаеше на мене, како и кафето, дека не го конзумирам многу наутро леле кој лаксатив ми е.. страшно..