1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тв дуел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 18 мај 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да не одиме оф топик во другата тема каде што почна муабетот, отварам нова и тука да продолжиме...
    Да не должам со воведот, јасно е прашањето. Дали премиерот ќе собере храброст да излезе на Тв дуел со сите негови ставови и аргументи (ако воопшто и ги има). Дали мислите дека треба да се донесе закон во кој Тв дуелите ќе бидат задолжителни пред избори?
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Би можела воведот по непристрасно да го напишеш (сепак си модератор и повеќе треба да пазиш на начинот на кој пишуваш, барем кога отвараш тема) али нејсе, да ти одговорам:
    Тв дуел треба да има (али сигурно не со закон :^) ) само со нормален (непристрасен) водител во една нормална (непристрасна) телевизија, што значи надвор од нашата држава...
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Зошто мислиш дека воведот ми е пристрасен? Тоа си е вистината, упорно одбивање на Тв дуел, воедно и бегање од давање на отчет пред народот. Каде реков уааа доле грујо или напред бранко сеедно?
     
    На esperanca, Strumfeta93 и ViKtOrIjA21 им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Точно, воведот е пристрасен, Офи барем пиши го воведот непристрасно, па после плукај го по темава :)
    . Дали премиерот ќе собере храброст да излезе на Тв дуел со сите негови ставови и аргументи (ако воопшто и ги има)Пристрасниот дел.

    Инаку, мислам дека човеков си е паметен, мудро си молчи, пошто сите знаеме дека Бране ќе го изренда, ќе го избрише подот со него. Па подобро молчи си и нека мислат дека си глупав, отколку да отвориш уста и да ги отсраниш сите сомневања :rofl: Добра политика во секој случај.
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    А што потреба има Гревски да се поти на тв -дуел ? :^) |(
    Па човекот се има на дланка , на власт е , рејтингот му повеќе од солиден , најверојатна победа на избориве .... Треба уште нешто :?:
    Зошто нема да прифати ?
    Груевски има да зборува и аргументи не за тв дуел туку цел ден и ноќ сами гледаме дека НАПРАВИ за разлика од останативе ...
    Што ќе каже б,ц аферите кои излегоа продажбата на државните претпријатија , изгубениот рејтинг ... ?
    Груевски нема потреба од тв дуел !!! си ги собрал гласовите од проста причина што знае кај да подмачка донесе закони и промени кои рака на срце не ни паднаа лошо ... ;)
    Груевски е мнооогу паметен човек тоа го имам кажано има стратегија која очигледно пали не велам е совршен ама е многу подобар т,е најдобар по мое мислење од понуденово до сега .
    Ама Никола не знае да се наметне не знае да нападне, не знае закопа што се вика ...
    Б.ц од 2 страни прави 22 овој не е таков (а не дека нема што да каже повеќе од сигурно )
    Зошто да се замара едноставно , и да ризикува мал пад на рејтингот кога се работи на негова страна

    Ако некој го гледаше дуелот Ѓорѓи Иванов-Фрчко знае на што мислам ;) :) и тогаш се случи истата ситуација .
     
    На LaChiquita и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Па за да не се повторувам од предходната тема каде што почна муабетот, воедно си го кажувам мислењето дека нема храброст :) Сега гледав баш на овие вести, мислења од новинари меѓу кои беше и Васко Ефтов, и тој верува дека Тв дуел нема да се случи, зашто досега не се случил ниту помеѓу Груевски и Црвенкоски, ниту помеѓу Груевски и Шеќеринска, и Груевски - Ѓорѓиевски... Да не набројувам сега, баш ме интересира како ќе се одвива, зашто досега немам гледано Тв дуел, за жал последниот помеѓу Бранко и Љубчо беше кога бев премногу мала, секако ако не го рачунам оној помеѓу Иванов и Фрчкоски зашто тој беше за претседателски избори :)
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    ....Не би прифатила и јас да сум на место на Грујо. Зошто здрава нога во трн да си ставам? Ко што пиша Виножитка, Бране ќе го изренда, ама и овој нема да остане покус.
    И на крајот се ќе се сведи на:
    поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ: Леле секоја чест на Груевски, ренде го направи Б.Ц.
    поддржувачи на СДСМ: Леле секоја чест на Бранко, ренде го направи Грујо.

    А добро напишала и Скорпионка.

    А никој не може со закон да наложи да има ТВ дуел.

    Инаку, ако гледаме така колку ТВ дуели одбил до сега Груевски, да почниме да ги броиме и оние што Црвенковски ги одбил ?!?
     
    На LaChiquita му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ако не го паметиш баш штета .... И јас онака во сон знам дека траеше цела вечност беше жустро и на крај Љупчо му рече на Бранко беше ептен испровоциран и му вика -Јас ти удрив четка нешто во таа смисла ?! :lol: :lol: :lol: никој не го сфати на што мисли остана енигма :!: :D
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    А што има лошо во тв дуелот?!
    Зошто па да не?!Да видиме кој колку може да издржи.

    Па да ми опростите,на Грујо не му стиска зошто нема шо да каже,зошто ова неговово е актуелен пропаст кој води до уште поголем пропаст,а она на Бранко од порано ем е минато и овој имаше време да оправи колку-толку или да го поправи тоа шо Бранко го заебал,ако веќе толку е попаметен и поспособен,ем народот не разбира зошто не било се така глатко и дека се потоа е убрљано од 2004-5 навака,а не пред тоа.А башка тоа што може да се пофали со споменици и ништо друго.Ама баш,баш ништо друго...
    Прееска Бранко го заслушав кажа нешо у смислол,дај да седнеме и да се договориме,да ја спасиме земјава и од Бранко и од Грујо...па ајде...ова не беше фрлање на ракавица,туку фин начин.

    Него...кој од кого леб јаде муабетов...па тој и ќе го поддржува.
     
    На esperanca, Ani.taa, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не го памтам, па дали 10 години сум имала тогаш :) Само се сеќавам дека беше жустро, на баба ми пријателка дојде кај нас да го гледа опремена со сончоглед цела кеса :lol: И знам дека до доцна траеше. Толку само. Ако го има некаде на интернет може некој да ми даде линк да го погледнам? Воедно можеме да го коментираме и другите тв дуели кои се случувале, темава може и за тоа да послуже, ете кога веќе се почна муабетот :)
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Зошто Грујо не би излегол на дуел??? (Ова така е дека Грујо не сака или на а1 така кажаа :^) )Точно дека Бране ќе го изренда,но со својот простотилок. Како поговорката: Немој да се расправаш со будали, затоа што првин ќе те спуштат на нивно ниво а после ќе те победат со искуство...
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Кој кажа простотилук?!Простата вмро-вска маса тепачи и копачи у преносно значење?!

    Извини,а која е независна телевизија за да се излезе на неа?!Ајде да викнеме од комшии некоја да го удостои господинот!Не се работи за него,туку за народот,нека не ми глумата господа и суета.Нема врска телевизијата,на крајот на краиштата нека викнат по еден новинар и од сител и од а1 и паралелно нека го пренесуваат,ама јас лично ко граѓанин кој треба да го даде својот глас сакам да видам тв дуел за да се одлучам и точка!
    Цел свет така функционира само овој ќе ми изведува бесни глисти!
     
    На esperanca, HeidiDiWalt, milky-candy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Токму пред некој час истово го искоментира еден мој братучед (кој инаку е член на СДСМ). И плус додаде (цитирам): "Па на Бранко му остана само зборењето и лажењето. Друго се му падна во вода. Не е глуп Груевски, го знае каква гадна уста има Бранко, ќе збори се што е точно и што не е точно."

    Ама џабе толкава фама се прави од ова. Понекогаш новинарите претеруваат |(
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Реалноста е дека еден тв дуел нема да смени ништо. Некој да не си рече, море види го овој Грујо што речовит бил, па што они се изнапраиле, во коај држава јас живеам? Море за Грујо ќе гласам! Аха, да.
    Ко божем Офи тогаш ќе го смени мислењето, или ти Лилит? Факт е дека тв дуел не одлучува ништо, работите се знаат веќе какви се и тоа е тоа.
     
    На zhap4e и blond им се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Е ај ако можете,натерајте го да излезе на дуел,ама не можете.
    Затоа ќе ќутите и ќе гласате ,вака или онака.
    Не сака да излезе,и тоа е.Он битно на власт е, и паметно игра да ви кажам.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    хм виножитке, не се согласувам дека Тв дуел не би променил ништо. Многу политички неопределен народ можеби баш тогаш ќе реши за кој ќе го даде својот глас. Мада во поголемиот случај да, кај определените граѓани не менува ништо.
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Нема неопределен народ. Или се за едните или се за другите или не се за никој, се определиле дека нема да гласаат. И на таквите ова нема ништо да им смени :)
    Затоа Грујо си е паметен, нема да си додава непотребни маки и да си ја чука главата.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    А и,од еден дуел не може да се смени нешто многу.
    Ако Бранко еднаш го закопа Грујо, а во нареден дуел Грујо го закопа Бранко,што ќе биде тогаш,за кого да гласаме?
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Тв дуел нема да смени апсолутно ништо.
    Ќе биде само една ментална сатисфакција кај простата раја која сака да митингува, да се вози 100 км за да дига раце и знамиња и да изеде еден сендвич.
    Да го извикува името на Бране или Грујо и - повторно да извиси како и секој обичен граѓанин.
    И ќе останат само некакви бледи спомени кои ќе си ги прераскажуваат - А мори виде што му кажа овој на онега, и обратно.
    |(
    Нека не поштедат од драма, глума и патетика.
    Нема потреба од тв дуел, кој од кој поголем глумец.
    Едниот е подобар оратор и покрај сите рошави длабини на лиценцето, има шарм. Зрачи бре, мерак ми е кога ме лаже.
    Овој другиов секако нема потреба да се замара со тоа дали го повикуваат некаде на двобој пред камера или го нарекуваат кукавица.
    Кампањата и целата агенда му се одвива на сосем поинаков начин, нормално дека не сака да губи време со рекла-казала, што направи ти, а што јас, додека напалена мајмунска нација се џари во тв екраните и се восхитува.
    И не знам што се запнале сите со тв дуелот, ниту нешто ќе смени, ниту ќе направи разлика.
    Убаво си кажа некој погоре - има определени за едниот, за другиот и сосем неопределени, за никого.
    Останува само да се преброиме.
     
    На Angelche и AlicaInWonderland им се допаѓа ова.
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    :bow:
    Што да се каже после ова?

    Ако има дуел сдсм-овци ќе викаат: ииии види како му го плесна на грујо, грујо лаже, вмро-вци ќе викаат: еј ама му го плесна на бране, бране лаже.....и така секој со своите убедувања
    А оние што не се определени тешко дека дуелот ќе ги определи. Или пак ако успее еден лажов дуел да смени нечие мислење, тогаш мислењето на тој било многу плитко

    Подржувачите на партиите се оние што имаат корист од нив. Или се надеват дека ќе имат
    Никој не подржува од верување во идеологијата на партијата. Општеството ни е толку мизерно што луѓево се продаваат за сендвич. Брутално ги бранат своите лидери, а гарант ниту еден од нив ја нема прочитано програмата на нивната љубена партија
    Скандираат на лепи очи