1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тв дуел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 18 мај 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Дуел меѓу Груевски и Црвенковски треба да има од една проста причина што Груевски за својот 5 годишен мандат секој втор збор му беше - Бранко ова, Бранко она. Секој свој неуспех му го препишуваше на Бранко, демек се што е лошо во државата го почнал Бранко, а цвеќињата и розите ги изникна и одгледа Грујо. Затоа ако е маж, ако е лидер, ако е сигурен во своите дела нека излезе и нека се соочи. Нека расчисти веќе еднаш со Бранко и со транзицијата и нека не убеди дека стварно Бранко го направил се она за што Груевски го обвинува. А ако не излезе да се соочи, нека престане веќе со глупите обвинувања, зошто веќе не му држат вода.

    Точно дека носител на листата е Шеќеринска, ама проблемот е што Грујо несака да чуе ни за дуел со Шеќеринска. На претходните избори баш Шеќеринска исто вака го повикуваше на дуел, ама пустиот ни премиер и тогаш не собра храброст да излезе и да се соочи. Од тоа време остана и легендарната изјава на Рада дека Грујо се плаши од женска сукња. Хахаха па можда и стварно се плаши човекот :lol:

    Како и да вртиш, на крај пак доаѓаме до истото. Кога некој упорно бега и се крие, нешто смрди!
     
    На HeidiDiWalt, esperanca и ViKtOrIjA21 им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Да де, тоа е што реков, дека Грујо не е оратор, не го бива за изразување....
    но пак јас ама ич немам потреба да го слушам во дуел со БЦ. Не ми треба БЦ да ме разубедува дека тој нешто добро направил за државата, бидејќи не направил! Не ми требаат неговите магии, ги слушав во негово време да. Еве сме каде сме од неговите магии и задкулисната политика, умешно знае да на дуел едно а зад кулиси друго. Го бива за тоа да.
    Доколку сакал да се измери, не дуел му е решение,нека излезе на избори.

    Дуел Шеќерински и Грујо, сакам да има да! Чисто затоа што се палам јас на дуели баш ко млад мајмун, затоа што тоа ми е мене професија. А БЦ за мене е завршена приказна. Не ми е потребен во дуел да го гледам, кога не тој се трка за премиер. Ако имал г’з нека оди на избори. Слободно, сега не е нити претседател нити ништо. Штом не оди, нека остави на тој што оди. Нека тој си ја бие битката и нека тој си ги мери силите.
    А јас фино објаснив зашто треба дуел, но не дуел БЦ да го слушам. БЦ за тоа време со ЉуБчо нек се објаснува.
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    TВ дуел меѓу Груески и Шеќеринска.
    Бранко не треба овде да има удел, така да нема што тој да го повикува на Грујо..кога технички е надвор од игра.
    Немам што да ги коментирам, однапред знам кој со какви "аргументи" ќе си ја брани партијата.
    Само тоа "Поради Грујо поскапе струјата" им е премногу контрадикторно,а го слушам на сите можни предизборни реклами од СДСМ.
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    ^^ Е арно де, значи меѓу Груевски и Шеќеринска треба да има дуел.
    Нели Груевски и Шеќеринска одат на избори, така? Епа што тогаш премиерот на секој свој митинг по 100 пати ми го споменува Бранко?!? Зошто премиерот сеуште си го пере г*аот кога Бранко уопште не е на ниту една листа? Па нели не оди со него на избори, туку со Шеќеринска?!? А?

    А Жапче, па и не мислам баш дека само поради слабите ораторски способности Грујо бега од дуел. Напишав и пак ќе напишам, да имаше дела позади себе прв ќе седнеше на соочување. Ама сведоци сме и реалноста ни покажува дека нема никакви дела нити подобрувања.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Затоа што Шеќеринска е само жртвено јагне, што ќе треба по втор пат да истрпи евентуален пораз :) главниот е секако БЦ, секако тој ќе држи конци.
    Затоа е спомнуван БЦ. Прашањето е зашто БЦ не се трка, пак нека бара дуел, како што и бара. Не тој да е главен забавувач на микрофонот а Шеќерка два реда да каже, на крајот од кои имаше ама толку беден финиш во делот со „Да живее Македонија...“ ми фалеше уште едно „смрт за фашизмот слобода на народот“ :)
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Е стварно не можам да ве разберам. Прво пишувавте демек за да успее СДСМ Б.Ц морал да се тргне и да не бара премиерска фотеља. Сега еве го се тргна, не е на ниту една листа, вие пишувате дека Б.Ц избегал од трката. И сега кога го нема Б.Ц, опс теорија дека Рада била продолжена рака на Б.Ц, па жртвено јагне, па што ли уште не. Факт е дека Б.Ц и во Тунгузија да отиде, и било кој да застане на чело на СДСМ, па и Бил Гејтс ќе го сметате за продолжена рака на Б.Ц и за негово жртвено јагне. Овие мислења се повеќе ми личат на секојдневните изјави на Бичиклиски и Груевски, за жал.

    Друго, ја не викам дека Б.Ц бил цвеќе за мирисање, но се откажа од мандатор на владата, така да мене више Б.Ц не ме занима. Ама затоа ме занима Грујо, кој само ја префрла кривицата од еден на друг, а не гледа и не е свесен дека истата попара што го снајде Б.Ц ќе го снајде и него во скоро време. Народот не е слеп, само тоа ќе кажам. Гледа и осеќа во каква мизерија живее, а таа мизерија во која живееме ниту еден фалбаџиски отчет не може да ја испере.
     
    На ViKtOrIjA21 и enca.69 им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Па ти кон мене веројатно се обрати зашто Грујо го повикал БЦ, јас ти давам свое мислење, портпарол нивни не сум па да ти ги објаснувам тие работи. Секако БЦ ја води битката, не ми објаснувај не е. Ако тој не се кандидира, што дека, тој е прв на микрофон или ти не следиш А1 не го виде уз Лисјата паѓаат колку пати го дадоа него.
    Јас немам потреба БЦ да го слушам воопшто,не знам дал во народов има уште некој кој што не му е јасно дека БЦ веќе треба да си се пензионира.
    Јас сто пати во секое мислење кажав сакам дуел, не ме мешај ти се молам со про-вмровски ориентираните :) многу јасни ти се моите ставови во секој пост, проблемот е што тие се нејасни за обоените луѓе, бидејќи кај вас е или портокалово или е сино, не ги сфаќате оние кои плукаат и на едните и на другите.
    Јас ќе ги чекам изборите. И ако на овие избори повторно победи Груевски, тогаш дефинитивно има нешто кај тој човек на што се пали народот и дефинитивно БЦ ќе треба скроз да си се тргне и таа партија да се реформира тотално од корен. Бидејќи потребна е поинаква партија што ќе го привлече народот да ги симне овие од власт.
    Појасно од ова јас не знам како да ти објаснам. БЦ аут, финито доста од него, ајде иди си човече си отслужи.
    Грујо, појави се на микрофон, знаеме не те бива ама бар имај задник појави се. Препрочитувај прво постови на луѓе ако сакаш да ги етикетираш ;)

    а за делата и се друго утре да си продолжиме одам јас да си се напијам таблетка за настинката моја и да си легнам, грујо и бц нек си спијат и они мирно. среќна ќе бев народот да ги бојкотира изборите поради немање за кој од овие суртуци да гласа или бар ситната боранија да беше умна да створи нешто повеќе. Ама џабе. до тој момент сдсм-овски ориентирани и вмро-овски ориентирани ќе анализираат до утре сабајле едниве ќе велат ништо не прави владава, другите ќе велат тие ништо не направиле, а измерени, секако овие по некако ми тежат од БЦ. Можда бе поѓаволите имам некое лично ружен став против него ми треба да се тргне од таму да ги засакам, како и Грујо да се појави било каде на дуел да го чујам и видам како се поти
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Прво, никаде не те етикетирав како провмровски настроена. Ти напиша дека Рада е жртвено јагне и продолжена рака на Б.Ц, а јас ти кажав дека тоа по цели денови го слушам од Бичиклиски или од Груевски, мање битно. Ајде демантирај ме дека не е така, кога сигурно по стопати на ден слушаме како Б.Ц пак ги држел конците во свои раце и сл. ствари. А конкретно за тебе не напишав дека си вмровка или сдсмовка или незнам каква, зошто крај на краева не ме интересира каква си :).
    Јас сум тука да си напишам што мислам за одредени ситуации,не за да обојам некого, тука сум за да напишам што ми се свиѓа, што не, со што се согласувам, а со што не. И за жал неможам да се согласам со твојот став дека единствена мана на премиерот му е тоа што е слаб оратор :)


    Ама затоа еве дел од твој пост, во кој ти експресно мене ме обои во сина или портокалова, сеедно. Не сакаш да те бојат, ама затоа без проблем ги боиш другите.

    Како и да е, немам намера да се докажувам, сепак секој си има размислувања и ставови :)
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Не сме на иста бранова должина со Бичиклиски и Груевски :) доколку ова не ти беше начин да офарбаш некого јас длабоко се извинувам тогаш. Бидејќи го сфатив како од нивна кујна да сум излегла со портокалова престилка, таква слика ми се смота во глава штом прочитав, ме погоди некој портокалов бран, што ама ич го нејќам, згора на се па и тоа бојата ја мразам, не ми ни стои.
    А, делот дека не си се согласила со моето мислење во врска со делата, за да се согласиш или не со нешто јас што сум пишала по прашањево требало прво да го прочиташ првиот пост мој на темава, во делот зашто треба да има дуел. Побарај го, јас секако во секој пост што ќе го пишам нема истото да го напишам, пак и за анализиве и никој не ме плаќа пак и да напишам информации повеќе одошто има по тв или весници. Ти си ги кажа твоите не ти реплицирав, вака е онака е. Само дополна доаѓа мојот пост :) не знам од каде несогласноста де но ајде. :) Различно мислители сме, но необоени.
    За ораторските вештини на Грујо, да не се само тие причина, БЦ има вештина да замајува, ама нема дела да ме маѓепса мене лично и луѓето кои професионално се занимаваат со анализирање, знаат одповеќе одошто објавуваат сител и а1, пак и оние кои непрофесионално се занимаваат со тоа, чисто проживеале времиња и останале необоени. Пошто мене тоа ми е некако битно.
    Грујо нема ништо да. Нема маѓија да омајува со зборови, нема ни многу дела за фалење, но сепак има понешто тук-таму, работи кои СДСМ не ги направија, пак и сегашната изборна програна им е како надградба на преродба во 100 чекори, ова е мое мислење, можда јас сум од оние со малку превисоки критериуми да некој ме маѓепса и да речам а бравос јас за тебе гласам. Но, да не ја вадиме програмата на двете партии и да анализирам постапно, немаме ни двете време, а богами не форумот е место за такви анализи.
    А јас работам во сектор во кој ми се потребни информации, истите за кои ти или било кој тука ќе напише штуро нешто, а мене буквално работата секојдневно ми зависи од тие информации, кои треба да ги добијам од владата. Зависам од нив обично за да почнам со нешто, да развивам, да творам и створам што би се рекло. Така што не знам што е тоа што ти не се согласуваш. Ќе си кажеш де.
    А, ако и покрај сево ова, Груевски пак победи, не знам јас што би не спасило, очигледно опозицијава не ја бидува, не може само да се вади на наместени избори, без да признае дека очигледно целата нивна стратегија не чини, но доколку не победат е ова. Ако не победат, тогаш им треба промени кај нив, можеби БЦ треба да си оди, како и Љубчо што си замина. Тие ми се некако истиот калибар. Грујо е од новите, има у него уште за трошење, сепак. Народот се пали на него се уште, пак и сега ќе видиме колку вистински се пали. Впрочем и на мене не ми е тоа јасно што е тоа кај него и народот, дури и смешно е, ама ајде. Пак и не го видов во дуел де, можам само да претпоставам дека ќе се загуби и на тоа што има добро алиби нема да го даде како што треба, а камоли на она што го нема, мое мислење де, судејќи по речитоста или неречитоста негова. Секако и јас како и ти сум дојдена да кажам мислење.

    Па, штом и ти не си обоена и јас не сум обоена, тогаш, место да се фаќаме за гуша, пошто причина немаме очигледно, можеме јас и ти да си ги анализираме смирено двете страни, што е плус-што е минус и да си разменуваме мислења :)

    Значи како не обоени, зашто го повикувам јас БЦ во трка за премиер, а не Шеќерка, што всушност и не е повик де, прашање е зашто не се кандидира тој за мандатар:
    1. БЦ е тој што повика предвремени избори !
    2. Коле го прифати предизвикот, а БЦ излезе со барања „што е потребно да се направи за тие да се одржат (измени во изборниот законик, списоците итн. итн да не избројувам или објаснуваме што било што не направено друга тема е)
    3. БЦ одеше на собирот на релевантните за да се договорат што треба и што ќе се направи за да има избори, знаеш она Грујо кога ги повика.
    4. БЦ во изјава го определи кругот на партии што се релевантни да се договораат по овие прашања „бар партиите кои имаат по повише од 1 пратеник у парламент“, што мене ме изиритира, пошто го мразам јас тоа договарање на релевантните во земја со парламентарна демократија, во која си има каков таков парламент, бидејќи со тоа ми исклучуваш дел од граѓаните, игнорираш дел од рајата, бидејќи сепак, и оние партии со 1 пратеник, сепак имале некој што гласал за нив. Го мразам јас ова од 2001 година значи минус биг тајм за БЦ тој ден, во моите необоени очи тоа.
    5. БЦ е лидер на најголема опозициска партија
    6. БЦ бараше кој од неговите да оди да се трка
    7. БЦ избра кој да се трка
    8. БЦ излезе на митинг со микрофон ајде Грујо на дуел да се измериме
    значи во сиве овие, ја нема Шеќеринска. БЦ е гласниот, првиот микрофон. Пак бидејќи јас сум необоен човек, јас кога критикувам критивкувам и една и друга страна. Затоа, на основа на овие 8 грубо избројани точки, е моето „зашто не се трка тој во тој случај?!? Што потреба да праќа друг?!?“ ако повикал избори, ако според негови барања тие требаше да се реализираат, ако бара дуел, зашто не се трка?!?
    Јас секако не го сакам, ама тоа е лично мое несимпатизерство кон него, и нема врска со тоа со анализите што ги правам, бидејќи тој секако е на политичка сцена, секако е активен не бива да го игнорирам, радо би но не бива.
    Но ова се прашања што мене ме јадат ко граѓанин на оваа држава, пошто анализа на нешто кога правам не ми мижи мозокот во делот „а СДСМ бе што прават?!?“ туку битни ми се и да е силна опозицијата, освен владата, пошто ако владата не ми ја бива, сакам да сум сигурна дека имам добра опозиција, за рамнотежа, опонент на владата, па коа ќе има избори да одам да гласам из чиста мира за опозицијата, доколку ми понуди тоа што недостига.
    Пошто БЦ избира да не се трка, ко што Колета не му се оди во телевизија на дуел, тогаш ми излегува дека и двајцава си се плашат еден од друг подеднакво. Едниов, БЦ односно, се плаши да влезе во трка со Колета пред народот, бидејќи неговите до сега губеа на изборите, па можда си пресметува, како ќе му се одрази тој пораз негов во рамките на партијата, како ќе се оправда пред своите, нема да може да каже ти си крив...... како што другиов, Коленце се плаши да влезе во арена со БЦ пред камери и да си каже, јас ова направив, јас она направив, а вие што?!? Или си се плаши од прашањата можда, пошто се насобрани доста работи, што си лебдат.
    Затоа е закључокот дека „Шеќерка ќе е жртвено јагне“, бидејќи ќе е доколку изгуби, поразот ќе биде пред се нејзин, таа ја водела битката, ќе биде да и на партијата, но таа е носител на листата, не БЦ. Шеќерка веќе еднаш ја видовме како губи, и покрај изјавата што ти горе ја напиша дека Коле се плаши од сукња, на што и јас се смеев, ама по изборите си реков пу бе народов, аман и без дуел, и покрај тој страв од сукња на Коле пак го го избра.
     
    На stella83 и Ashling им се допаѓа ова.
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Па го избраа, нормално...
    Не е тајна дека во Македонија преовладува и доминира неписмена и проста маса, на која полесно и е да се идентификува со човек кој го сметаат поблизок до нивното интелектуално ниво...за жал...
     
    На Offspring, SunFlower94 и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Па ако е така значи ние сите интелектуалците спиеме, не гласаме и тука само се жалиме :) пошто еве јас не гласам си признавам. Значи не било само да си поништиме ливче испаѓа.
     
  12. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    И едниот и другиот лаже. Ама бар Бране кога ме лаже мерак ми е да го слушам, а Грујо јаден два збора неможе да сврзе :rock:
     
    На Miss-Independent, SunFlower94, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    а бе мераци!!!кејф да ти е
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Да се самоотепаш од радости буквално. Едниов ќе не лаже и краде али убав ќе ни е дур го прави, кога другиов не знае да со убавини не лаже и краде. Бар дај наскоро сакам да снема се у државава да не остане за крадење, тогаш можда ќе се пензионираат и двајцата без да се мољакаат. Раат за сите.
    Леле хахаха ајде нек победат СДСМ и они да докрајчат, остана уште по нешто, побрзо ќе заврши кругов така, само едните ако се, другиве остануваат незадоволни.
     
    На plawa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    ПРЕОВЛАДУВА И ДОМИНИРА...ми беа потенцирани ;) ...таман толку, колку овој да ги добива изборите...
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Премиерот само?
    Чекај малку.
    Бранко под рака си ги фати А1 и тие ја кренаа сета таа галама околу предвремените избори.
    Еве на 5ти Јуни ќе ги имаме изборите.
    Бранко постојано го повикува Груевски, од Шеќеринска ни трага ни глас... јас немам досега на ТВ слушнато политичко препукување од страна на Шеќеринска, постојано е само Бранко.
    Ако таа госпожата планира да биде премиер на Македонија, треба и малку повеќе да се претстави,бидејќи таа е кандидат за премиер.
    Јас не оспорувам дека е јака жена Шеќеринска,ама имам чувство дека сите паѓаат во сенка поради Бранко.

    Бранко го обививнува постојано Никола за еконосмката ситуација во Македонија.
    За некои работи е во право и го поддржувам, ама КОГА ЌЕ ГО СЛУШНАМ ДЕКА ПОРАДИ НИКОЛА ПОСКАПЕЛА СТРУЈАТА(што тој ја продаде)И НАФТАТА(чија што цена варира и на светска берза), е богами мислам дека рак на уши ќе добијам, кога ќе ги слушнам овае реченици скоро секој ден на А1.

    И нормално дека ќе му реплицира на Бранко кога тој го плука.
    Кога беше претседател добро знаеме кои проневери се правеа.
    Не дека сега не се прават,ама јасно е како ден
     
    На stella83 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Како и да е не треба да се одбиваат дуелите, немаат никакви оравдувања за тоа и народот полека сваќа зошто се прави тоа.
    Аовие од А1 што мислите зошто се "вратија" во студио?
    Толку ли се сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ги губат овие избори?
    :?:
     
  18. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    "Простата" раја како што милува СДСМ да ги нарекува оние кои гласале за ВМРО се содржи во електоратот. Кога се одржуваат предизборни митинзи и се претставува програмата целта е да се придобијат што повеќе гласачи. Ако "простата" раја е мнозинство значи треба да се придобијат и нивните гласови. Кое лицемерие е тоа да гледаш некого во очи да го лажеш дека покажуваш почит спрема него, дека би се погрижил за неговата иднина, да го почнуваш својот говор пред него со зборови кои наводно искажуваат почит за неговата вредност како човек, граѓанин на РМ способен да размислува разумно, а истовремено го сметаш прост?! Колку што е веќе досадно Грујо да се вади на неделата на Б.Ц., толку е и бесмислено на опозицијава (илити СДСМ) вечито да се вади на тоа дека за ВМРО гласала простата раја (која според нив е мнозинство).

    Што е со оние неопределени кои одвоиле од своето време и ја слушнале програмата и на двете партии и гласале според тоа која програма ја сметале за подобра (значи некогаш за едните некогаш за другите, инаку не би се менувале на власт 20 години)? Дали ако последниот пат гласале за Грујо тоа нив автоматски ги става во простата раја? Ако во СДСМ се се сами интелектуалци, тогаш треба да им е јасно дека вистинскиот интелектуалец не потценува никој, макар и кога е некој на пониско "интелектуално" од неговото, туку размислува разумно, логично и го цени секој еден според неговите вредности, макар тоа бил и обичен работник со средно; не можат, а и не е логично сите луѓе во една држава да се директори, некој ќе треба и обичните работи да ги работи (но да е ценет за тоа како човек и да му се прочитуваат неговите права како работник). А впрочем барем денес има многу примери на лица кои завршиле високо образование а не знаат ни да се потпишат, денес е лесно да се земе диплома ако имаш пари, а истовремено има и лица кои не можеле да си дозволат дообразување поради финансиски причини а не поради тоа дека се помалку интелегентни.

    Инаку во врска со дуелов, во потполност се согласувам со опширната анализа на Жапче, да не се повторувам.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Еј помешавте баби и жаби, ама ај. Јас на ниту еден митинг и во ниту едно интервју не слушнав дека СДСМ или било кој член од СДСМ луѓето кои гласале за ВМРО да ги нарекува проста раја. А ако има таква изјава, ве молам ставете линк да слушнам.
    Да, јас не слушнав некој од СДСМ да го нарекува сопствениот народ проста раја, ама затоа слушнав како премиерот преку јавно писмо бараше конечна пресметка и истребување на сите неистомисленици. А под неистомисленици спаѓаат и неопределениот народ.

    Друго, јас колку што разбрав Бранко го повика Груевски на митинг само затоа што Груевски во целиот свој мандат повеќе зборуваше за она што Бранко го направил, отколку за она што тој го прави. А пази, тогаш не беше ни кампања ни пак избори. Затоа Бранко фино лепо го повика Груевски на соочување, па нека си кажат што си имаат еден на друг, пред цела јавност, нека изнесат факти, докази, па ако имало криминал и нека одговараат.
    А не, и после пет години ќе го прашаат премиерот ,,вие што направивте во однос на инвестициите,, и опс следува експресен одговор од премиерот - ,,па јас направив многу повеќе од Бранко, Бранко ја уништи економијата, Бранко не доведе до ова дереџе итн итн,,. Ало бре. Не ме интересираше мене Бранко за сите овие 5 години додека Груевски беше на власт. Мене ме интересира што направи оваа влада, дали ја намали невработеноста, дали се избори со сиромаштијата, дали донесе некоја инвестиција. Бранко што направил во негово време, знаеме сите, свесен е народот, впрочем и затоа на изборите во 2006 и 2008 не му ја даде довербата. Ама што направи Груевски? Живееме ли подобро? Влеговме ли во ЕУ и Нато? Каков напредок почуствувавме? Никаков! Да имаше некаков напредок во своите интервјуа луѓето од власта тоа ќе го потенцираа, ама сведоци сме дека напредокот никаде го нема, па опс удри по противникот и сите нека бидат криви само тие што биле на власт нема да бидат криви. Да, нападот е најдобрата одбрана, тоа е максимата под која се владее во Р.М.

    Се додека имаме власт(значи не зборувам само за оваа, општо за сите) која целиот свој мандат ќе го посвети на напади на противниците, нема да ни ја биде државата. Во недостаток на проекти, инвестиции, економски подобрувања, нападни го противникот и си завршил работа.
     
    На Angelche, Offspring и dan1 им се допаѓа ова.
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    јас како интелектуалец и како гласач имам потреба даа видам дуел .......ама тој луксиз не ми го даваат :(