1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тв дуел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 18 мај 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Почитувам сечиј став меѓутоа јас не сакам некој да ме лаже бидејќи умее во тоа има увежбана фаца и шармирачки стил и дури ни детектор на лаги нема да го провали, не сакам да ме лаже нити некој кој не умее, поточно не сакам лаги ни во политика, ни во никаков контекст воопшто. Политичарите да - лажат и со црни и со бели лаги, во оваа предизборна еуфорија ќе дадат безброј ветувања од кои скоро ништо или незначителен дел ќе се реализираат од причина што ветувањата се евтини! И секогаш вината ќе му ја препишеш за сопствениот неуспех на опонентот. Барем ова е дежа ву кај нас трае 20-тина години вперени прсти кон Бранко, Грујо или Љубчо во различни комбинации кој што рекол за кого. Мене ми значи ветеното и неговото (не)исполнување ми формира став за наредните избори бидејќи јас сум дел од оние гласачи кои одлучуваат според тековна програма, големина на минати потфрлања и неисполнети ветувања и мојата засегнатост од сето тоа. Јас повеќе обрнувам внимание на економските ефекти, правниците и политиколозите на форумов од своја гледна точка, нечии ставови се по автоматизам поради јасна и гласна определеност само не е овде темата што (не)направил Бранко или Грујо туку дали и зошто треба да има или нема дуел.
    Јас веќе се изјаснив дека сум за дуел меѓу Бранко и Грујо, меѓу Грујо и Шеќерка, меѓу Љубчо и Грујо или Бранко и Љубчо ма секоја комбинација ја поздравувам и радо би ја гледала независно дали станува збор за кандидати за премиер или лидери на партии долго фали на нашава политичка сцена ваков настан. Барем мене ми фали. Дуелот меѓу Бранко и Љупчо беше забавен и тоа посебно во делот кога веќе беше аут оф контрол, јас сум за рипит на едно такво или слично шоу бидејќи политиката е најдоходовен бизнис дер ис ноу бизнис лајк шоу бизнис, и сакам да видам како ќе настапат во стил - лет ми ентертејн ју...
     
    На DivineChaos, BoaVista и Offspring им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Пуштете си Еврозум сега.
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Што имаше на Еврозум? Не бев дома и не видов...

    Патем...

    Само Чак Норис може да го натера груевски да прифати тв дуел

    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    хахахах море Гл’ујо пре би умрел него на дуел :D не му потценувај могучности за истрајност ццц
    па баш за слобода на медиумите и одговорите што инаку не ги даваат пред медиумите :) даваа една од најжестоките новинарки на алфа како трча по министеркава за споменици и меѓу другото р’чнаа за дуелот.
    Младенов и Васко Ефтов исто збореа за тоа, демократските способности на владата да комуницира со медиумите за тоа што прави :) демократски во наводници само
     
  5. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Јас сум ЗА дуел помеѓу Груевски и Црвенковски или помеѓу Груевски и Шеќеринска!
    Притоа, од Груевски сакам да слушнам што направи во овие години откако е на власт, но не некаков си отпечатен отчет или манифест со насликано знамето на Виргина, туку документирано бре, со факти!
    Баба лаже, трап не лаже!

    Камерата во раце и да ги прошета сите индустриски зони (Василево, Жабени, итн). Притоа, изјави од типот „толкава заинтересираност за ова, онолкава заинтересираност за она“ за мене не се релевантни! Сакам да видам документ, црно на бело, кој купил плац, за која намена и најбитното, да видам дека се гради! Значи, сакам да видам дека лопатите ги користел за нешто повеќе од ставање камен-темелник на веќе изградена зграда |( Во еден прилог на телевизија (да, на а1) имаше еден куп планирани инвестициски проекти, кои не се оствариле. Значи, инвеститорите дошле тука, си одбрале плац, но, од фабрики ни „Ф“ нема. Зошто? Имаме рамен данок на добивка, имаме олеснета административна процедура, имаме простор, имаме расположлив кадар (ако е потребно ќе вложиме и во доквалификација или преквалификација). Зошто нема инвеститори? Зошто се откажаа и оние малкуте што стапнале тука?
    Од сите инвеститори, го запомнав името „ШишеЏам“ :lol:

    Друга работа, повторно камерата во раце и да ги изброи сите вработени во јавната администрација за да нема веќе забуни околу бројката и да каже јавно кој што работи, кога е вработен, со колкаво искуство, дали е квалификуван итн. Ова можеби е претерано и вака делува смешно, ама навистина треба да се стави крај со вработувања и „инвестиции“ во непродуктивниот сектор.

    Трето, бројките за просечната плата, малку ми се смешни и неверојатни! Просечна плата во РМ е 22 000 и кусур? Ај донт тинк соу! Карикирам: (100000+5000)/2= 52500. Ајде нека пресмета според процентуално учество - колкав процент од вработените! земаат плата над 30000, а колкав едвај 6000? Е тука драги мои, сликата е „малку“ поинаква! |(

    Четврто и последно, бидејќи немам време уште да пишувам, сакам докази дека успеал да го намали непотизмот, корупцијата, дека нема партиски вработувања, дека нема уцени, нема притисоци врз граѓаните, нема јавување по телефон и заканување.
    Во ова, драги мои феминки, чисто се сомневам, бидејќи цела моја фамилија е под притисок само поради некаков стереотип - ако член на фамилијата е воено лице од ЈНА, по дефолт и фамилијата е симпатизер на СДСМ.

    Што се однесува до опозицијата, резултатите од владеењето на Груевски не ме интересираат, веќе ги гледам, ги чувствувам на сопствена кожа! Сакам програма во која нема да се спомнува името на Груевски, туку програма во која се нудат конкретни решенија за избавување на државата од бездната во која се наоѓа.

    Дека некој (без разлика за која партија се работи) ќе изработи таква програма е тешко веројатно, речиси невозможно. Она во што сум сигурна е дека во државата имаме капацитети, млади и интелегентни луѓе и повозрасни и поискусни ветерани кои можат да вложат напор барем малку земјата да мрдне од мртва точка. Се разбира дека тоа нема да биде лесно. За да поправат сите направени грешки досега треба многу трпение, многу време, многу работа. Не можеме да очекуваме дека по изборите ќе тече мед и млеко. Тоа е тоа. Останува да го видиме резултатот од изборите, па да се припремаме за понатаму - или ќе живееме, или ќе животараме како и досега.
     
    На Offspring и BoaVista им се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Најреално и објективно гледано, дуелот помеѓу лидерите односно кандидатите за премиер на претстојните избори тешко дека ќе се случи. Груевски е добар политичар, да тој е одличен политичар, се прашувате сигурно зошто, епа ќе образложам.
    До пред 7 или 8 години беше само партиска марионета, близок човек на Ѓорѓиевски кој свиреше а Грујо играше. Арно ама, Љубчо паметен го собра медот спакува куферите и хајт во Бугрија да си го троши азното. А Груески кој поминуваше низ клучни фази за неговата кариера остана без својот учител, но сепак мудро се снајде и успеа да стане лидер на една од најголемите партии моментално во Р.М., успеа да стигне до функција премиер, да изгради политичка кариера и т.н.
    Сепак добар политичар, не е само оној кој ја знае суштината на политичката наука, добар политичар е и добар оратор со харизма. За таа харизма на политичките лидери говори и Вебер, кој вели дека „Лидерот со извонредна харизма својот мандат најчесто го стекнува преку харизмата а не преку неговите дела или зборови.“ Но Груевски ја нема таа харизма, тој е интелигентен крадец но без харизма, од него постојано се бараат што е можно подобро исфилувани лаги за да освои по некој глас.
    Но тука е и Црвенковски кој од друга страна важи за човек со неверојатна харизма, кој воедно е и инзвонреден оратор.
    И сега замислете го дуелот помеќу нив двајца, ако на Груевски му треба говор за да се појави во медиум на Црвенковски му треба само една провокација за да почне на долго и широко да ги објаснува сите малверзации кои ги направило ВМРО-ДПМНЕ. Во ваква ситуација Груевски реално би се нашол затечен о без зборови во уста, а ваквиот скандал би му нанело енормно намалување на рејтингот кој го ужива па од таа причина не прифаќа тв дуел.

    Но дуелот реално би се одржал помеѓу Груевски и Шеќеринска, која исто така не е лош политичар.На меѓународно ниво Шеќеринска важи за одличен политичар со специфична аура, и која особено во рамки на европската политика има оставено одличен впечаток.
    Помеѓу Груевски и Шеќеринска би можел да се спроведе еден просечен дуел, кој повторно ќе донесе пораст на рејтингот на СДСМ, зошто како што напоменав Груевски е лош оратор.

    Јас лично би сакала да видам тв дуел помеѓу Црвенковски и Ѓорѓиевски, ете кога и двајцата на индиректен начин мешаат прсти во политиката, едниот помалку другиот повеќе, сакам некој да ги седна на маса и да ја отори дебатата потоа не им се потребни прашања, ддвајцата се подеднакво способни да водет дуел кој би траел и неколку часа.

    Бидејки приметив дека дебатава завземала сосема друг тек, морам да констатирам дека ние како народ немаме изградена политичка култура и единствено што правиме е да плукаме по сите политичари и политички партии во земјава. Точно дека политичкиот живот се развива во негативна насока, но политичката култура е карактеристика на секое демократско опшество и таа е многу повеќе од гласање или земање партиска книшка. Политичката култура е условена од објективно гледање на работите, од реална определба во политичка партија, и ред други работи кои многу повеќе се позитивни одколку ставовите на било кој од вас овде.
    И да напоменам уште нешто, политичката наука дефинира и аполитичко однесување кое е карактеристично за лица кои од било каква причина се откажале од политиката или едноставно не се заинтересирани да бидат дел од процесот напречен политика. Овуе лица едноставно имаат имаат негативен став кон сите политички процеси во државата и на секој можен начин се оградуваат од било каква инволвираност во некој од овие процеси.
    Она што ми беше интересно на форумов, конкретно подфорумов „Политика“ е дека владее такво аполитичко однесување, но лицата кои имаат негативен став сакаат и свесно се впуштаат во дискусии поврзани со политика што во ниту еден момент не изгледа како тоа да им причинува некаква сатисафакција туку само како обид да се излечат фрустрациите кои ги наметнало опшеството.
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Па ако народов велите е определен и еден тв дуел нема да промени ништо...јас предлагам да гласаме уште оваа недела!

    Сериозно,зошто тогаш кампањи и трошење пари?!Дај нека ни ги поделат тие милиони евра шо ќе ги фрлат и има ли боље кампања од тоа?!Плус гледам тв на раат и не слушам глупости,не се осеќам ко лавиринт шетајќи по улици и гледајќи едни та исти фаци по билборди и плакати!
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Најубава, се убаво си напишала се согласувам делумно, но сметам дека дуел помеѓу Црвенковски и Ѓорѓиевски нема потреба да се случи. Мешаат прсти да, но Ѓорѓиевски си има своја партија која сеуште не е со голем број на членови, така да, моментално тој не игра којзнае колкава улога. Јас мислам дека најреално би било да има дуел помеѓу Груевски и Шеќеринска.

    Никој не му е виновен што не е добар оратор, ниту пак мене тоа ме занима па да му барам нему рамен за дебата. Негова должност е, после секое плукање што го направи во рокот на овие 5 години да седне и да го расчисти но во вид на дијалог, а не монолог каде само ќе добива аплауз додека зборува, навредува и сл. Тоа се се однапред спремени говори, јас ете можеби имам желба да видам како тој ќе се снајде во небрано, не за џабе е избран, треба да ги поседува сите квалитети меѓу кои една од најважните е ораторски способности. Јас од сето негово владеење досега освен Бранко ова направи, она направи бла бла бла и Ние правиме редовни компромиси со Грција да дојдеме до разумно решение за спорот со името, немам слушнато ништо друго. Се друго што ќе каже, или е надвор од контекст или е заобиклување и не давање конкретен одговор, дури и ми е досадно да го слушам, неможам да сфатам што уствари човеков сака да каже. Крај краева, тој не е само премиер на симпатизерите на вмро, туку е на целиот македонски народ, епа, кога гледа дека народот сака да гледа дуел, удостои го, зошто се криеш? Никој не ти е виновен што не те бидува за зборување, впрочем, треба да биде свесен дека неговата функција си бара и други должности.

    А за тоа што милува насекаде да го става Бранко во секоја каша, не велам дека немало криминал, кој не крадел досега од сите што дошле на власт? Ако толку љуби да зборува за криминалот на Бранко, нека испитува детално што се се случувало за време на владеењето на Бранко, најди докази дека криминал се случил и бапни го во затвор, Што дрви 5 години криминал, криминал, Бранко, украде, сиромаштија? Мислам, стварно нема смисла ми ги поду ушиве со тоа па тоа |(

    За друго се се согласувам со тоа што си го напишала :)
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не дека се најдов лично навредена или засегната од коментаров ама не секое коментирање ни дава сатисфакција посебно на тема политика која лично ја сфаќам премногу сериозно да бидам поконкретна е од животно значење за сите нас и обемот на нечии краткорочни манипулации дури е на власт ја поткопува долгорочно иднината на нашите потомци.
    И дали тоа ги прави фрустрирани повеќето од нас - одговорот е да, не прави - бидејќи ако некој ми ја минира иднината човечки е да реагирам и да имам негативен став бидејќи ми го наметнале челниците на ова општество во конинуитет и од двете страни и искажувањето на револт кое според тебе е лечење на комплекси јас не го гледам така.
    Знам дека не сум дел од болеста, но сум незначителен дел од лекот со тоа што сум дел од електоратот кој е неопределен и кој често ја чини токму онаа движечка сила која ја прави битната разлика до нечија победа или пораз, а океанот го чинат мноштво капки вода ;) .
     
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Едно огромно за ТВ дуел меѓу Бранко и Груевски...Ќе седам пред телевизорот со цел арсенал пуканки пред мене и ќе уживам гледајќи како Пајо Паторот менува бои, се препотува и пелтечи, додека Бранко го прави попара со цврсти аргументи, онака шармантно и харизматично, кажано во негов стил и со саркастична насмевка... :) Зошто Грујо се плаши да излезе јавно очи во очи со Бранко? Свесен е дека ќе губи гадно и се крие, поточно се вади со некои излитени селски фрази, кои палат само кај неговите полуписмени, послушни партиски војничиња, кои газот ќе го продадат јадните тие за една вреќа брашно или еден сендвич да ги почастат по митинзи... :envy: Кај мене во близина има вмров-ски штаб и вчера гледам се собрале еден куп простаци и претседателот на месната заедница( - партиски војник со трето одделение им дели канти за ѓубре(нови) на овие... |( Морам да го споменам тој бедник Бичиклиски, кој беше водител на турбо-фолк емисија пред неколку години и се појавуваше на малите екрани со црна лакована кондура и дебела бела чорапа - иако малку офтопик ќе бидам ама кога го гледав пустиот како чита од едно пусулче што му го напишале од партија за Радмила Шеќеринска и нејзиниот сопруг дека живееле во луксузен стан, имале луксузна викендичка и незнам ти што уште... :) Сопругот на Шеќеринска е гувернер, интелектуалец, д-р на науки, а она е исто така со квалитетно и дебело образование и долгогодишно искуство во политиката...Нема потреба да коментирам повеќе за ова, нели? Па збореше Бициклистот за кафе, локуми и наполитанки што давале СДСМ на граѓаните - јас имам дома од наполитанките, кафето и локумите на СДСМ, кои патем се со брендирана опаковка и многу оригинални...Ќе ми ги ублажат малку горчиниве што ги имам гледајќи како владеат вмроФциве... Грујо нема
    муда
    да излезе на дуел со Бранко, зашто жив ќе го расчеречи...
     
    На Kika30, Offspring, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    ^^^
    МИ СЕ ДОПАЃА х 10000000....
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Мое мислење е дека треба да има ТВ дуел, само на тој начин ќе можат и двете страни да прикажат аргументи и контрааргументи, доколку има соочување ќе нема место за празни фалби, а народот доколку си е определен само ќе го зацврсти своето определување, ова избегнување на ТВ дуел мене ми изгледа само како на избегнување на одговорност, ќе треба да пукне целото лажно претставување, доколку некој е толку сигурен во своите успеси сам ќе предложи соочување од тој тип за да може на сите да им ја покаже својата способност
     
    На enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Кој се плаши од волкот "лош" ... три за грош, три за грош... :D

    Гвујо се плаши дури и од сенката на Бранко. Мислам јасно, кога цело време за нешто што си го направил или не ти е крив некој кој нема никаква допирна точка со истото, нормално дека од истиот се плашиш ... и посакуваш потајно да си на негово место. Луѓе, и тие што го обожаваат и тие што го мразат, тие што се индиферентни на него ... признаваат дека Бранко е роден политичар. Посилна харизма и шмек за некој кој се двои од сите на повисоко ниво тука нема. Каков е колку може, дали успеал ... докажа што си имаше доволно мандати како премиер и како претседател, целта си ја постигна и баш го боле доле. :D

    А Гвујо бе луѓе со што ќе му парира?? :tmi: Прво и основно физички, после изговор, наредно никаква харизма, да не збориме фрустрации на кило ... Што и да каже лаже и тоа во очи.

    Џабе ќе биде дуел, кога пак ако нешто не биде како треба и не добие рејтинг после дуелот ќе му биде крив никој друг ами БРАНКО! :^) :D
     
    На milky-candy, Offspring и enca.69 им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Абе, баталете тоа, туку кажете дали има син Црвенкоски? И ако го има дали е интелигентен како него :wasntme: :wasntme: Ако е, го сакам за маж :devil:
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Има Офи има, Љупчо се вика, најди го на фејсбук :lol: и веднаш фрлај се во акција ;)
    А и личи малку на татко му :)

    Едит - сингл е :D така барем му стои на фб профилот :lol:
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Има има Офи немај гајле, само не ми текнува баш каква му беше фацата дал беше згоден ццц
    и се си мислам дека беше во врска со ќерката на некој, ама пошто во магла ми е да не дрдорам сум заборавила :wasntme:
    у акција, офи офи офи :clap: :P

    едит: а добро е :rofl: не се посватиле удирај! да и глеј татко- :P син, бирај еден по ѓаволите
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Али Офи внимавај, немој да го заведеш синот, па да се фрлиш во акција и на таткото :lol:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Има Офче, и е убав, убав, веќе преубав, , за интелегентен од тоа малку што можев да го приметам, многу е блиску до татко му.. ;) и да, многу битното, не е ич арогантен.... :D Бране школа, фраер ипол :rofl:
     
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    ^Офи и се вика Љупчо :)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Забегавме, ама готово, ќутам :wasntme: . Убав е, го најдов, ама има премногу пријатели и неможам да го додадам. Fuck. |(