1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тв дуел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 18 мај 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Оззи, Фрчко да не ми го задеваш :!: :lol:
     
  2. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Јас бе сонце те цитирав ...
    Пека цело вмро дека европа + цел свет + господ им е крив. Да земам текстови да пастирам од славната четворка новинари Миленко, мирка, латас и Јанко јади бурек. Како нив не ги играле, како нив ги играле ама им се мешале ... Шизофрени луѓе се поконстанти Очекуваат респект а немаат образ да седнат на еден дуел . Што очекуваат и јас не знам.
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Очекуваат тоа што ќе добијат веројатно, истото што очекуваат и СДСМ, а што ќе видиме бе срце на 5ти.
    До тогаш, сите сте у право и пак никој врска си нема што ќе биде.
     
  4. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Груевски најверојатно е свесен што направил во изминативе години па изгледа затоа од дуелот бега како змија. Груевски бега и си има свои изговори бидејќи не сака да му даде отчет на народот или пак бега затоа што нема што да каже? Само он тоа си го знае.
    Сум за еден дуел помеѓу Шеќеринска и Груевски, а не за дуел помеѓу Црвенковски и Груевски, од проста причина што на овие избори не се кандидира Црвенковски за премиер туку Шеќеринска, и мислам дека местото во дуелот треба да биде нејзино.
    Но повеќе од јасно е дека дуел помеѓу СДСМ и ВМРО-ДРМНЕ нема да се случи во блиска иднина.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Хех, па ако не треба да има дуел помеѓу Црвенковски и Груевски, затоа што Црвенковски не се кандидира за премиер, тогаш што го ставаат Црвенковски на билборди во позадина како држи "Не" заокружено? Зошто го ставаат? Не се бори он за ништо, а овие упорно го бутаат, па нормално е да бара дуел без разлика дали се бори за функција некоја или не.
     
    На SunFlower94, DivineChaos и BoaVista им се допаѓа ова.
  6. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Дури и да има Тв дуел апсолутно не би го следела. Зошто? За некој да ми кажува приказни и да се докажува дека за време на нивниот мандат сме живееле убаво и со доаѓањето на другите сме пропаднале? Јас откако знам за себе Македонија тоне од бедно во победно, и зошто да им билдам его со одење на митинзи и со тоа што ќе им дадам поддршка да си ги полнат џебовите на грбот на народот. Тие што добиле нешто од партијата во која членуваат ги сфаќам зошто им копаат очи на другите дека првиве се подобри, само не сфаќам зошто останатите упорно се сопкаат на истиот камен. Сега плукаат по Грујо, за 4год по Шеќеринска и се така.
    Да се вратам на темата, дуелот не би ми го сменил ставот зошто и без него не сум ни слепа ни глупа за да видам дека за споменици фрчат милиони додека народот гладува, или па да се сеќавам дека и Бранко како и сегашниот ни премиер затвараше фабрики и не ја бутна Македонија нанапред. Уште перење мозок, дали во форма на дуел или митинг и сл., не фала!
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    УПС! Сори Оффи, заборавив! :)
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    @Oфи

    Затоа што ВМРО пустите си тргнале со стратегија да го тргнат БЦ од политика, да го пензионираат. Веројатно се надеваат дека ако изгубат сега на избори ќе настане внатре-партиски хаос, бла бла и од самиот факт што едноставно пари се немаат, нити кај нив, нити кај вмро тоа е факт од поодамна. А, кој сака што сака нека вели. Ова си е така.
    Пак и на таа карта играат дека имотот им е под хипотека, плус проблем е тоа, плус за Шеќеринска ќе биде втор пораз по ред итн. итн. Претпоставки де. Ги има многу причини. Затоа и кампањата им е со тој прост слоган место нешто друго.
    Пак и фактот што му ја дадоа пензијата :) а која реално не требаше да му следува тогаш, бидејќи законот беше направен за Киро да земе пензија, го изместија малку, го наштимаа за и БЦ да добие, демек да се покажат фини, но таа финоќа :) си има други задни намери, а тие задни намери се ццц БЦ не може да се кандидира за премиер се дур си е во пензија де. Или ќе се откаже од пензионерски денови и ќе ризикува евентуален пораз или ќе си седи мирно, демек мирно, пошто како приватно, им помага на своите сопартијци во избориве. Но БЦ можеше да ја остави Шеќерка и да одолее на провокациите и наместо тој да дојде до израз. Шеќерка, која можеби и ќе можеше да постигне некои работи, ако фино ја осмислеа НЕЈЗИНАТА кампања, поинаку од она на претходните избори.. дефинитивно тоа не пали и нема да запали.
    ВМРО се уверени дека и без дуел ќе добијат. Го ставиле на игнор БЦ и цело СДСМ во поглед на дуелот, бидејќи веќе победија на таа карта, ние правиме не продаваме ветар и магла... и тоа им оди во корист со оваа кампања што си ја имаат Да му кажеме збогум на БЦ или како и да е.

    А дуел меѓу Шеќерка и Грујо секако треба да има, дури и не само меѓу нив, а поширок треба да биде со лидери на повеќе партии.

    ЕДИТ: СЕ СОГЛАСУВАМ СО МИСЛЕЊЕТО НА Jewel освен што ќе ми е забавен дуелот, нема да ми смени апсолутно ништо. Тие што жустро го бранат ВМРО го прават бидејќи добиле нешто, што е за нив супер, тие што се за СДСМ или чекаат да добијат или просто не добиле ништо од ВМРО и се разочарани.
     
  9. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    ^^^

    ОзиАнгел,

    Баш ради дуелот меѓу Фрчковски и Џорџе, овој не сака да излезе на уште еден сличен, каде што цела македонска јавност ќе му се смее( и пошироко)...Виде ли како заврши Џорџе на ТВ дуел? Фрчко во фаца му се смееше, дебил го направи, подот го бришеше со него и тоа на МТВ, која е сервис на вмро...Радмила е Бранкова школа, така да можам да го замислам грујо, седнат пред неа и емисија во живо...За жалење ќе биде, а тоа што вербалната комуникација му е сведена на минимум и навикнат е други да му пишуваат што ќе говори - дефинитивно не оди во негов прилог... :)
     
    На SunFlower94, julie77 и Offspring им се допаѓа ова.
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Замислете со закон да МОРА да има дуел :lol:
    Колку ли само политичари заради неспособноста пред противникот да си ги одбранат своите тези, ветувања и ставови, секако тука е и стравот од кажување гафови заради немање ливче за читање пред себе ќе се откажат од политичката сцена?
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Епа и треба да има со закон тв дуел! Во нашава држава секој станува политичар, да видиме кој навистина вреди хахах :)
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Зар ви треба дуел за да процените кој вреди?
     
  13. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Па добар политичар е добар оратор, кој изнесува факти! Таму нема да има напишани текстови или отчети, програми и сл. и нормално дека треба дуел за да процениш кој повеќе вреди, бидејќи ти ако си бил добар, и си сигурен во себе и во тоа што си направил нема од што да се плашиш, одиш и си ги изнесуваш фактите и ќе знаеш како да одбраниш, а воедно и да нападнеш,затоа според мене треба дуел и те како!
     
    На milky-candy и enca.69 им се допаѓа ова.
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    нема шанси.........не му одговара
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Најквалитетното интервју што го имам слушнато на ТВ, со најобјективни прашања и тоа од новинар од Сител телевизија е на следниов линк и може да го погледнете...Интервјуто е направено на 14.03.2011 година, значи пред распишувањето на изборите...Многу работи се потврдија и многу дилеми се разрешија во врска со изборниот законик, прочистувањето на изборниот список и распределбата на народни пари за националните медиуми...Потоа се говори за економската, социјална и политичка криза во Македонија, се прави ретроспектива на многу настани, кои владата сакаше да ги заташка, потоа за криминалот на Велија, за политичката обоеност и поделба на националните медиуми, спорот со името и влез во НАТО и ЕУ итн...
    Кој ќе го погледне интервјуто ќе му стане јасно зошто премиерот Никола Груевски избегнува и не прифаќа дуел со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски...

    http://niemagazin.blogspot.com/2011/03/ ... st_14.html
     
    На Kika30, DivineChaos, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Сега нека ми каже некој дали новинарот на сител кој разговараше со Б.Ц беше безобразен (барем 10%) од тоа колку беше безобразен и со очигледен понижувачки став Борјан кога разговараше со Груевски пред влада???
     
    На OzzyAngel и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Ќе бидам објективна и ќе ти одговорам дека новинарот на интервјуто не беше воопшто дрзок и арогантен...Иако од Сител е, сепак професионално го одржа интервјуто...Меѓутоа не заборавај дека Ивона и Латас работат во Сител... :x
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Скорпионка, се работи за новинари-индивидуи. Специјално овој отсекогаш бил објективен во буквално сите негови емисии и можам да кажам дека супер си ја игра улогата.
    Борјан е поинаков тип на новинар, како и Биљана и останатите од тој калибар од А1, но тие се калибар на ко шо вели Милки Латас и Ивона.
    Чомовски, мада.. шо знам и тој, ама е на него во моментов ми текнува како човек кој во емисија подеднаков однос имал и кон едниве и кон другите.
    За Борјан знам специјално од некои приказни што ги имаше на еврозум дека си се води од интереси понекогаш, многу често на уредничката политика на телевизијата.
    Овој новинар си е поинаков. Отсекогаш дури и му се чудев како успева на телевизијана.
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Аман жити се знаеме кои причини ги имал Борјан тогаш ако бил арогантен... Сите знаеме со која ароганција работат квази новинарите кои се ВМРО-вски определени и тоа секој ден...
    Сакав да кажам дека медиумот и новарите во оваа приказна ќе бидат најмалку битни и нема многу да дојдат до израз од нивната жестока дебата која претежно би била исполнета со навреди и клевети по мое мислење, а новинарот само ќе смирува тензија...
    А нели кога му ги предлoжуваа дуелите му порачаа на Груевски он да си избере медиум и новинар?
     
    На SunFlower94 и milky-candy им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Борјан не смее да има никакви причини да биде арогантен. Случајот со А1 е тема која треба да се остави на судот да одлучи што ќе биде и како, а не да биде уште еден ваков случај забошотен поради тоа што неговите дошле на власт. Само проблемот е што освен А1 таква постапка треба и за другиве. А, не да се оправдува А1. Факт е дека перење пари, затајување данок постои таму, како што постои и на многу други места. Тој случај стои од време на Бучковски спремен за да се апси Велија.

    А, баш истите мотиви можел да ги има и овој новинар од Сител и да му постави прашања од кои БЦ секако нема да зборува така смирено, како што зборува. Не е оправдување воопшто бунтовната нарав на некој кој треба професионално да си заврши работа.
    Стратегија е тоа на тие некои новинари, кои пукаат прашање и не чекаат дури ни одговор, пукаат ново како они веќе со тоа што пукнале едно поентирале џоа мити. Со тоа билдаат своја популарност де.
    И во ваквите интервјуа со такви индивидуи го слушаш само новинарот. Ист стил Биљана има. Повеќе тие скокаат одошто ќе чуеш нешто од другиот. Но тоа е да, со намена да се оцрни човекот кој дошол на интервју и ништо повеќе.
    Истата стратегија ја имаат и овие од Сител новинари по пандан на Латас. Ваљда ја чувте Ивона, кога го обвинуваше овој од Радиодифузија како само за нив имало казна, а за А1 не па стаса до таму, зашто му се треселе рацете,... работава со тоа докажува дека нешто не штима.

    Дуел ако има сакам да биде подеднакво пукање прашања и за едниот и за другиот пецање. Не еднострано, како што многу има Грујо за правдање има и БЦ. Нек и на двајцата им постават прашања од каде бе и двајцата ќе најдат пари за тие проценти покачувања на се што планираат. Од кај кога нема пари државата?!?
    Истото што Грујо прави правел и БЦ и не сумљам јас дека истото ќе го прават ако победат и на овие избори и едните и другите.
     
    На Abeja и MSkorpionka им се допаѓа ова.