Епа тоа и јас викам го поделија народот и по медиумска определеност И како што кажав најголем проблем е да се согласат на дебата, а која телевизија или новинар ќе ја води ќе биде најмалку битно (ама тој што сака да ја избегне настапува со таа на памет научена теза дека не оди во провладин или опозициски медиум), зашто народот осебно неутралните сакаат да ги видат нивните мислења, идеи, аргументи и реплики со кои би се одбраниле од нападите и обвинувањата на противникот. Главно-нивната лидерска способност.
Е за тој дел да и да не се повторувам од мислењата кои веќе ги имам дадено за дуелот. Моето беше поврзано со она што кажа Скорпионка за Борјан. А, ова и слабата ораторска вештина на Груевски, која говори за многу други слабости веќе го напишав во темава. А, и денеска напишав за дуелот, само тука сакам и другите да ги видам како необоен, и тие да постават прашање и да се р’чнат со БЦ и Грујо. Биле во владите, па дури и во нивните партии некои, па може да се слушне, што и како. Е ова би било соочување ипол. Новинар во тоа нема тогаш да е битно кој е. Ако треба и по нет нек се праќаат прашањата, колеж ораторски или неораторски секој со способностите ќе има.
Како не е битно кој ќе биде новинарот измеѓу дуел? Ако сакате street fight тогаш воопшто нека нема водител. Па не е работата во тоа кој повеќе ќе се изнавика, и изназборува, па нека бидат и ораторските способности...Замислете пример дуел измеѓу Јанкуловска и Шеќеринска. Едната одмерена, тивка, смирена а од другата страна брборка која и те како знае агресивно и неферски да настапи. Па мене лично најмногу ме нервира упаѓање во збор, непочитување на соговорник, и надвикување со цел да се постигне супериорност. И ако нема новинар/водител кој ќе знае да ги стави на место, ќе биде само замарање за нечии уши и очи...Вие како да очекувате дуел измеѓу лидери на мафијашки групи па ајде ќе одлучуваме кој е поголем фраер...Не ме интересираат нивните ораторски способности, ме интересираат факти, смирени и директни одговори на вистински прашања поставени од прав новинар.
Скорпионка мене лично ич не ме интересира смиреноста или тивкоста версус жестокоста и бучноста на настапот на некој политичар, тоа си е прашање со кое би утврдувале карактер ако правиме психолошки профил. Мене ми се значајни остварувањата т.е. ефикасност ем ефективност на политичар кој утре ќе биде лидер на нацијата тоа е некој кој ќе знае да ја води државата во правилна насока и знам дека утре во било каква криза сум во сигурни раце. Наспроти тоа зошто ми се нечии манири или префинетост или што ти знам јас ако нема личноста концепт што со себе камо ли со повеќе од 2 милиони народ. И не говорам потпирајќи се на твојот избор и редослед на личностите туку општо! А во однос на водителот мене ми е сеедно секој треба да е способен сам да си се одбрани јас немам баш преголем респект за обични граѓани што чекаат друг да ги заштитува како емотивен бодигард зад кој ќе се скријат и ќе прават непристојни движења и мимики , камо ли да респектирам политичар кој чека да го брани новинар - да не бидам вулгарна да го пишувам зборот кој ми е адекватен за ова нема ни потреба секому е јасно, ! Значи новинарот ќе е кошулата - морав, !
Почнаа да си прават некои анкети во кои поголем број од населението не сака Дуел, а се покажало и дека на тие неопределените нема да им значело ништо еден дуел, како и а СТРОГО определените кои со дуел во никој скучај не би си го смениле мислењето Пак сакаат да ни перат мозоци Ви текнува ли кога Груевски беше кај Борјан како некако нагло му порасна рејтингот од тој дуел оти арно му кажал оти судството не е корумпирано и он е немоќен за ништо Епа ај сега оти во предизборие да не си го покачи уште малку кога на Б.Ц. ќе му каже оти самиот Б.Ц. е крив за се пред цела Македонија и во очи на Б.Ц.
Дај не зафркавај! Кој под го бришеше Фрчко кога не кажа ништо паметно?? Кој со кого бришеше патос кога Ѓорге јавно му кажа дека Фрчко бил асистент на факултет и му носел бурек на професорите?? Ако не веруваш, најди некој што работел таму во тоа време па ќе ти потврдат! Па Фрчко самиот се избламира со своите изрази, КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ треба да е културен и сталожен! Правеа дуели Љубчо Бранко на времето, тоа беа дуели за паметење, иако сега овој предавникот изјавува дека ќе коалицирал со Бранко. Ама сега ни Бранко не е тој што беше, најголемиот говорник во Македонија почна да зборува глупости по митинзи! Цела харизма што ја има во себе зрачи наоколу па и да го мразиш од душата не можеш а да не се загледаш и воздивнеш кога ќе помине! Но што вреди кога под дејство на виски не знае што точно зборува на митинг, како да оди Груевски со него на тв дуел??? Па и да оди, иако го почитувам Груевски мислам дека не може да го надвладее Бранко во ораторство (трезно ораторство!)
извини ама погледни го уште еднаш дуелот на фрцко и Ѓорѓе и ќе видиш дека Ѓорѓе нема појма од политика и не знае да се изрзува и не го споредувај со фрцко затоа што него никој не го знаеше тој е само марионета на груевски и груевски и магаре да ставеше ќе победеше за претседател, најсмешниот претседател досега на македонија е ѓорѓе
Ози бре, па тој дуел беше срам за Џорџе, мене најискрено едно време и жал ме фати за човекот. После тој дуел, Џорџе не се појави на ниту еден дуел, а баш се сеќавам дека имаше организирано дуел меѓу сите кандидати. Јас не викам дека Иванов не е паметен или нешто слично, ама не се снаоѓа човекот во ораторство, ама баш никако, а доказ за тоа се милионите гафови кои излегле од неговата уста, од разумниот компромис па се до намигнувањето. Значи кај него е буквално, а отвори уста - лапсуз. Друго, поради својата ненаметливост Иванов дозволи да стане марионета во рацете на Груевски. Како сакате вртете на тие избори имаше многу добар избор за претседателски кандидати. И Фрчко и Нано Ружин, па и Мируше Хоџа. А од сите ние избравме еден од најслабите. Тоа само потврдува дека не се гласа за личност, туку за партија, па така да ако поголемите политички партии кандидираат и магаре, верувајте дека и магарето ќе си ги добие потребните гласови. Е сега за Бранко, небитно дали го сакаме или не го сакаме, факт е дека е неприкосновен оратор на моменталната политичка сцена.
Ајде мене едно нешто ме интересира,откаде тоа дека Бранко бил пијан па уште знаете колку виски испил пред митинг дуел или што и да е???!!мислам ват д фак???мислам да има доказ за тоа,ако е така груевски е напушен и е хааај и тоа од најдобриот хашиш пошто кога ќе земе да збори и раскажува каква е состојбата во нашата држава мислиш живееме во швајцарија ???!!!
Што убаво си рече прееска Бранко, Груевски има храброст да оди на дуел само со бурекот на Јанко. ЦАР Е!
Хаххаха Џорџе му рекол на Фрчко дека кога бил асистент им носел бурек на професорите...Дури и да е тоа вистина, Џорџе кога во политика, ораторство и харизма ќе го стигне Фрчко, јас ќе купам плац на месечината и ќе изградам вила и ќе ја рентам на вонземјани... Офф лееелеее...Па дури и да е тоа точно, па сите демоснтратори помалку или повеќе се потрчковци на професорите - тоа ефакт и важи за секаде... И читам дека упорно спомнувате виски што пиел Бране Па добро бе, вие дали го видовте дека пред митинзи или гостувања во емисии пие? И ако видовте, кажете и кое виски го пие( Џек Даниелс, Чивас, Џони Волкер...) Кое...??? Што ли не ќе напишете веќе... Спојлер А зошто ништо не спомнувате за првата жена на вашиот ГЛУЈО која избега главечки од него и го остави, па и детето си го зема...Каде му е првото дете на Пајо Паторот? Зошто не го покаже во јавност како овие другиве две...? М.. кога сме веќе кај тоа, Бране има две златни деца, скромни и воспитани...Ќерка и син...
Едно знам,згадено ми е од се.Полициска држава,а мене ми е страв,еееј,страаав по улица да се движам и нешто гласно ќе кажам.Демократија!Покакана демократија! Не се чувствувам безбедно во било која смисла.Едвај чекам да излезам од тука,седете си во гомца ако ви е арно,а јас ќе се јавувам во иселенички џубокс да ве поздравувам и да ви кажувам колку си ја сакам татковината!
Милки само да те потсетам дека и Бранко има вонбрачно дете со Ирена Спировска! И незнам кој кажа дека пил пијан Бране кога збореше за жената на стечаецот, ама ако не бил пијан уште полошо
А вие днк тест на детето му направивте?! Генијални тврдења...жута штампа.Не било на Бранко,туку на ... познат македонски бизнисмен и си комуницирале колку за детето,таа си знае впрочем најдобро,туку ајде,македонска работа.
Добро, ти ако не се замешаш не си жива... Јас така знам, дека е негово, да не ја пренасочуваме сега темава.
Добро ќе те прашувам од сега дали смеам да се замешам! Што не ти одговара,па одма ти пречи што сум се замешала?!Ако не ти станало јасно до сега дека секој има право да се вклучи во дискусија,не знам кога ќе ти стане јасно. Се извинувам што го негирав твојот опасен факт!Еве уште еднаш длабоко извини! Свашта!Толку лично го сфати тоа...просто еве се зачудив...па уште и ми се пушти човече...дај олади.
Не може ли некој да си искаже мислење дека на пример не се согласува со нешто што е напишано или едноставно да искаже сомнеж?
Лилит гледам ти многу лично го сфати тоа, па дури и се запрашав ти да не си детето Јасно ми е дека секој може да се замеша, но тоа воопшто не е темата тука. Башка ти си таа која одма се буни ако нешто е надвор од темата и бришеш мислења, затоа мислам дека не беше потребен твојот коментар...
Не бе,не може.Затоа немаше ексклузивен тв дуел Шеќеринска-Груевски,зошто Рада многу контра ќе му одеше,а тој е нежен и шарен,не може да поднесе!Ќе и речеше ти не си жива ако не се замешаш! Маја...ха-ха многу си духовита со фактов за детето!Нот! (ниска и глупа заебанција,мора да признаам) И да те демантирам,не ви ги бришам јас вас мислењата на политика,ниту имам ингеренции...не пати.И не знам како ти одлучи дека мојот пост е непотребен,а твојот потребен.Колкава суета е тоа!Според убедувањата логично е,вашето увек е така ко што е и никој нема право да ви го каже споривното.Ох,изненадена сум...повторно,НОТ!