Тв дуел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 18 мај 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ај да смениме тема или да ја вратиме темата ;)
    Синоќа дебатата на Груевски и таа од Сител била нешто феноменално
    Онака мосверата била тивка, во пригушено светло, водителката била нетипично облечена и нашминкана ко за нејзин стил прилично романтична, овие си правеле муабет у стил вие се што правите е најдобро повелете почнете да се фалите и докажувате :lol:
    А на екран било испишано ЕКСКЛУЗИВНО :tmi: Која е таа ексклузива да си се појавиш на твојата телевизија каде ти и твоите министри секоја вечер во ударен термин (вестите) си беа почесни гости
    А и ЕКСКЛУЗИВАТА траела повеќе часа изгледа :(
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.718
    Допаѓања:
    162.419
    А Рада пуста оваму,се утепа од повикување,дојди,па дојди.Не бил Бранко тој што не може да постигне! :(
    Вчера не можев да се одлучам шо попрво да гледам,мајке ми!Се збунив кој што кажа,врти на еден канал,врти на друг канал,се утепав од вТење!
     
  3. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Епа ок, ама од каде знаеш дека тоа е дете на Бранко? :)
     
  4. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас знаев дека грујо нема да прифати тв дуел ни со бранко ни со рада...зошто искрено ке го назборат...вчера кога го гледав интервијуто на груевски на сител се отепав од смеење...јас не сум ни за сдсм ни за вмро...ни од едните имам нешто добро видено...ни од другите...и нема шанса да се определвам..но едно знам од сдсм се покултурни и покултурно лажат :D од колку од вмро ;)
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Не треси глупости! :fubar: Девојчето на Ирена е од друг човек со кој денес живее, ова го знма од многу сигурни извори.
    Па кажав ја боље со алкохол во рака него со цвеќе што расте . ]:)
     
    На SunFlower94 и enca.69 им се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Не тресам глупости, си кажав затоа што јас така знаев, така ми кажале. А многу ми гајле дали е негова или не.... Јас не го измислив тоа, еве и други биле информирани како мене...

    opsti-diskusii/makedonskite-javni-faci-t2446/1760.html

    Стварно незнам што толку ве погоди, ко да кажав кој знае што. Контролирајте ги малку политичките страсти. Бог да чува! :lol:
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Бог да чува од такви ко вас кои не знаат да мислат со своја глава него веруваат во трачеви тресени од некој ограничен памет... Проверени факти барај па после давај информации.
     
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Абе да, многу ми е гајле дали е точно, па ќе се замарам да проверувам. Смешна си :lol:
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    ^^ Ти бетер.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дојдов и јас да се промешам пред употреба.
    Детето не е на Гуштеров? Гуштеров е со Достоинство, не?

    За нив гласање јок, тие не се политичари, тие се семетурачи. :fubar:
    |( |( |(

    Маја, си ставила бибер место сол во ручекот?
    Оааааааааааааа, леле Маја ќе јаде забиберен ручек, нема да ја гласаме кога ќе се кандидира. :o

    |( |( |(
    Од кога приватниот живот на политичариве е наша главна преокупација и воедно од кога тоа влијае врз нивните политички афинитети?

    Помалце мешајте се ко Тузот, да не једете батине за вадење муабети, а ако не сте љубители на еден или друг политички актер, разјаснете нешто што никој не знае, а е негова политичка малверзација, не приватна.

    Малограѓанштинава наша, ни Марија со Бонукс, ни розовион Вениш не ја вади. :|
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Не планирам да се кандидирам никогаш, нема потреба да ме гласате. :)
    Муабетот со приватниот живот на политичарите ако одиш некои 10тина страни наназад ќе видиш дека не го почнав јас, некој збореше за вонбрачно дете на Грујо, а демек Брнко имал совршено семејство, па јас го додадов ова што го знаев. Ама некои страстни обожавачи на Црвенсковски смртно ги погоди тоа, па се нафрлија во одбрана на политичаров и ја направија работата гооолема, а тој дел од мојот коментар многу значаен.
    Па уште како сум смеела непроверени информации такви да пишувам, Боже сачувај. Ко демек информацијава ја напишав и објавив во некој весник, а не на форум... Очајно :lol:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    ТВ Дебати и дуели

    Во демократско развиените држави не е замисливо избори да поминат без политички дуел и дебати. Во повеќето од нив ( особено САД со трите задолжителни дуели ) многу одлучуваат во привлекувањето на неопределени гласачи. Кај нас во текот на '90тите имавме редовно дуели помеѓу политички противници, од претседатели на партии преку претседатели на младинци до претставници на партиите од различни области. Како поминува времето се поретко ја имаме привилегијата да гледаме квалитетни дебати на тв. Последниот тв дуел беше на претседателските избори 2009 помеѓу Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчковски на МТВ, од тогаш политичките противници си ги немаат судрено ставовите пред тв екраните. Досега немаме најава за тв дуел на овие избори, тв телма објавија дека планираат серијал емисии со сите кандидати поединечно, а вечерта пред молкот да ги соберат сите заедно. Што мислите, ќе имаме ли овие избори квалитетни дебати и дуели каде ќе се појават сите кандидати? Сметате ли дека дуелите ја подобруваат демократската атмосфера во државата и дали би ви помогнале да се одлучите доколку сте неопределени
    (ретко се случува партиски член да промени став поради дуел) ?
     
  14. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    ТВ Дебати и дуели

    Па САД и не е некоја демократски развиена земја според мене. Демократска шминка врз лице на диктатура. Ама тоа е друга интересна тема. Интересна како што е и оваа (ако не урипаат стручњаците од соседните теми, па и оваа да отиде во неврат).

    Последниот добар ТВ дуел на кој се сеќавам и кој имаше некое значење во МК политика беше оној на Никола и Бранко пред шаторот на А1 пред Влада. Тогаш простите новинари од А1 и Бранко сакајќи да направат маченици од себе и Велија, му направија мечкина услуга на Грујо чиј рејтинг после тој дуел нагло порасна, а акцијата за затварање на А1 и најзиниот криминален газда наиде на општонародно одобрување.

    После тоа Грујо не не удостои и не ни овозможи да го видиме едно од најдобрите политички шоуа кое требаше да се случи-дуел со Шеќеринска, која како претседател на СДСМ упорно го предизвикуваше дека „се плаши од женски фустан“. Дуел немаше, најверојатно оправдано, бидејќи Рада и не била некој фактор и вредна за такво нешто затоа што баш на тие избори СДС доживеа страшен пораз.

    И на овие избори тешко дека ќе видиме некој сериозен тв дуел. Од неколку причини:
    -тв дуел бараат само оние на кои им гори под нозете и сметаат дека на тој начин ќе извлечат глас повеќе.
    -ДПМНЕ е убедено дека има сигурна победа на двата фронта, па не осеќа потреба од тв дуел.
    -кај нас скоро и да не постои новинар, неутрален, непристрасен и компетентен и кој во тие дуели ќе остане на средина и ќе ја држи ситуацијата под контрола. Нешто веќе видено.
    -погоре напишаното важи и за медиумите. Сите се провладини или проопозициски настроени.
    -имаме многу малку политичари кои ги следат тие трендови од кампањите на демократските земји, па многу од нив не ни знаат да се однесуваат и дебатираат на една ваква тв дебата. За вакво нешто треба да почекаме некои нови генерации на политичари.
    -во високата политика кај нас циркулира еден ист круг на луѓе, народот се презаситува со нив, прочитани се, познати се. ТВ дебата би била само вишок, нема тука ништо ново.
    -капацитетот (ментален) на гласачката маса сеуште не дозволува на него да влијае резултатот од ваквата дебата (ако воопшто и може да влијае).
     
    На Abeja и Elissa им се допаѓа ова.
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    ТВ Дебати и дуели

    :lol: :lol:

    ТВ дебати и дуели нема од јасни причини: некој се плаши од соочување со народот, се плаши од спонтани и ненаместени прашања и не умее убаво да го изговори “р“, а гледам тоа е својствено и за премиерот и за претседателот.
    Со еден збор, дојдовме до таа мизерија да во 21 век сме уназадети 2 века и да се бориме повторно за враќање на демократијата и слободата. Ако има политички дебати, тоа се обично или договорени прашања или снимени интервјуа па после пуштани во етер. Никаде не видовме дебата на релација позиција-опозиција или позиција-народ. Лесно е да одиш на интервју кај Латас, Миленко и Јанко, смеат ли да те прашаат нешто незгодно или критика да ти дадат? Уште наредниот ден ќе го јадат стапот и ќе секнат пари за реклами. :D Мислам тоа е јасно како ден не ни вреди да се дискутира.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    ТВ Дебати и дуели

    ТВ дуел бараат сите нормални политичари, а ненормални одбиваат, а од каде знаеш дека е убедено дека има сигурна победа кога никој не знае тоа, има анкети и ред други работи, ама никој не знае што ке се случи на изнорите или ДПМНЕ знае дека ке победат дека се закануваат со брканје од работа, и 600 денари на тие што ке гласаат???? А медиумите се провладини опозициски нема, јас ке ти набројам провладини телевизии ( сител, канал5, алфа, мтв...) а за опозициски незнам.
    A ако беше толкав фраер што не излезе со Шекеринска на дуел, значи стварно се плаши од зенски фустан
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    ТВ Дебати и дуели

    Најдобро е пред секои избори да претстои дуел меѓу кандидатите кои се во најтесната трка, обично тоа е неколку дена пред гласањето а предходно секако треба да има повеќе дебати меѓу сите кандидати кои учествуваат во тој изборен процес.
    Во некои земји дуелите се од многу големо значење за исходот на гласањето. Кандидатите добиваат многу гласови плус или минус благодарение на дуелот во кој учествувале.
    Овие дуели ги следи цела нација и еден куп експерти кои што го следат и говорот на телото на кандидатите преку кој најмногу откриваат колку е кандидатот сигурен во тоа што го кажува, дали лаже дали се плаши од нешто и слично.
    Кај нас мислам дека на луѓето не им е битен дуелот или дебатата, тие што се определени се такви и тешко дека некој дуел би им го сменил мислењето на гласачите.
     
  18. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    ТВ Дебати и дуели

    Уф, ама ме втера в ќош. Дозволи да здивнам.

    1. Оваа ти е добра. Стручно и интелигентно разглобена, разработена и докажана теорија. Честитам (меме со Грујо и текст: споменик за drakulce). Заслужено.
    2. Треба да се самоуништам ако ти кажам.
    3. ????? 600 денари? :o Само 600? Барајте повеќе бе, има пари оваа влада. Едно време по 3000 даваа, па и повеќе ако малку се потегавите. Ех, ни народов не е тоа што беше.
    4. Фала за телевизиите. Немам толку време за гледање наши ТВ, некое радио имаш? Ама глеј да е добро. Е да, ти фали Шутел во листата.
    5. А гледам Боркица често се држи до сукња дрес код. Значи до тоа било. Проклет фустан. Фобија е страшна работа. Патологија бе...
     
  19. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    ТВ Дебати и дуели

    јас не се продавам за пари, мене никој не мозе да ме купи. Туку ти казувам од сознанија колку им давале.епа да народот нее тоа што беше, Груевски го доведе до просјачки стап па сега мозе да се купи и за 100 денари.
    епа ако немаш толкаво време за гледање наши телевизии што коментираш за тв дуели?
    И не ми треба никаков споменик не сакам на мене да ги перат парите :D
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    ТВ Дебати и дуели

    дракулче да не те цитирам, ај овака ќе се потрудам да одговорам и јас

    1.Легитимно право е некој дали ќе оди или нема да оди на дуел, значи кој како сака.
    2. Пред да се распишат избори на големо се работи на анкети на граѓаните па може да се каже 90% од населението се знае за кого ќе гласа. На избори не се оди доколку не си сигурен во гласачкото тело. И сдсдм и вмро точно си знаат колку гласови ќе имаат за претстојните избори. Избори се голем процес не се подготвуваат месец или два, овде цели тимови работат.
    3. Тоа за 600 денари до сега не сум го чула ни видела, (рекла казала муабети, не е ни битно) и сепак и да даваат 600 денари даваат на нас граѓаните, значи ако јас ги земам тие пари кој ми е крив????
    4. Медиуми - јас ќе ти набројам опозициски: Телма, 24 Вести, Nowatv, портали еден куп Либертас, Плусинфо, Бриф дури опозицијата го има и Саше политико, (вчера кога му ја прочитав колумната ми се згади од човечкиот род :puke: )
    5. А на дуел со Шекеринска мислам оти баш заради тоа и не одат на дуели вмровците. Малку ли и беше на Шекеринска, колку време зборуваше а што постигна. Значи празни ораторски муабети не му требаат на народот.
     
    На corto.maltese му/ѝ се допаѓа ова.