1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тв дуел

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 18 мај 2011.

  1. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    ТВ Дебати и дуели

    Jас сум слушнала и сум видела за 600 денари.
    точно дека даваат на вас граѓаните, ама за 600 денари некој да си го продаде своето право, некој после тој глас што тој си го продал за 600 денари, да гладува за леб зошто некој толку испаднал себичен, според мене не е во ред.
    Искрено и мене не ми треба да ми е на власт некој кој само краде и кој народот го осиромаши,некој гладува и моли за парче леб а тие се утепаа од крадење.
    Мозе празни ораторски муабети не ти требаат тебе, но мозеби ми требаат мене. Значи тоа е се индивидуално за тв дуелите.
     
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    ТВ Дебати и дуели

    На НАС граѓаните, кои сме ние / нас??? па и ти си исто, граѓанин.
    Значи ако си видела некаде да делат пари зошто тоа јавно не си го истакнала, пријави некаде или сликај ги. Па да се засрамат сите. А сега на крај не се сватив со муабетот за дуелот, значи тебе од дуелот ти зависи дали ке се определиш партиски. Мене да ти кажам не ми значи дуелот ништо оти таму и двете страни можат да лупат што сакаат. Мене делата ми значат, и она што ќе излезе на виделина а не празни ветувања.
     
  3. drakulce

    drakulce Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    22
    ТВ Дебати и дуели

    јас горе наведов дека не се продавам по никоја цена. Мозеби мене дуелот ми значи за да си ја докомплетирам сликата за кого би гласала (на пример).Затоа што таму нема се качуваш на бина Бранко ова и ова направо тогаш и тогаш или обратно. Тука се збори лице во лице кој колку направил, како се снаоѓаат во таа ситуација и слично.
    Ова е моето мислење.
     
    На kikiviki32 и Elissa им се допаѓа ова.
  4. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    ТВ Дебати и дуели


    Колку мислиш ти дека еден ТВ дуел помеѓу изборни кандидати може да влијае во изборниот процес? Никогаш во МК ниедна партија не добила или изгубила избори поради исходот на еден ТВ дуел. Кај нас партиите имаат свое гласачко тело од плус-минус одредена бројка со толеранција или без. Тоа гласачко тело на најразличен начин е анимирано од партијата и се знае каде одат нивните гласови. ТВ дебатите имаат за цел да привлечат дел од оние луѓе кои нема да излезат на избори, но прашање е колкав ефект ќе има таа дебата врз некој кој денови, месеци наназад ја донел сопствената одлука врз основа на одредени лични убедувања или јавни и општествени случувања, да не биде дел од демократското одлучување.
    И да, ретко гледам наши ТВ. Ама ТВ дебати гледам. Пред некој ден баш имаше на Скај Њуз интересна дебата за моделите на трговија и стопанството во Велика Британија во рамките на ЕУ и кога би биле надвор од ЕУ. Културна, на моменти остра, но цивилизирана дебата, на ниво. Далеку сме од тоа.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    ТВ Дебати и дуели

    веЧерва во 20 Часот на мтв гледајте ке има тв дуел ;)
     
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    ТВ Дебати и дуели

    Ги молиме експертите од политика да се јават во темата. Да се направи некоја анализа на дуелот.
     
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    ТВ Дебати и дуели

    Најдобра анализа на дуелот ќе даде народот на 13 и 27 април. ;) Дебатата беше мирна без нешто спектакуларно. Не одеше во живо затоа што демек не можеле да ги соберат сите претседатели во тој термин што е класичен спин. Одеше снимка за да евентуално ако Хорхе направи кикс или се избламира да имаат шанси да го корегираат тој дел или да го исечат, ама другите кандидати ќе го приметеа тоа и ќе пукнеше брука секако. :D Ќе биде интересно во вториот круг кога ќе има прав дуел, овојпат немаше дуел имаше квартет. :D

    Халими и Поповски се отпишани така што нема да ги дискутирам. ;)

    Хорхе беше блед во фацата, дел од пудра што му ставале, дел што беше уплашен. :D Беше арогантен, строг, намуртен во професорски стил да дели лекции и да ги корегира сите што го критикуваат. Гарант повлекол една линиичка кокаин пошто во трезна состојба не би имал таков настап. :D

    Стево - умерен, сталожен, својствено за него во мирен и сигурен стил ги одговараше прашањата и беше прилично мек во контра репликите према Хорхе според моето мислење, ама сигурно се чува за во вториот круг кога партал ќе го направи во 1-на-1 дебата. Добро е што не ги откри сите карти на почетокот.

    Беше релативно монотона и воздржана дебата, така што битката допрва ќе се разгорува иако извесно е кој ќе се смести во вилата на Водно, а неговите иницијали се СП. :D

    СП за СП.
    Сигурна победа за Стево Пендаровски.

    Plain and simple. 8)
     
    На drakulce, kikiviki32, Anne.B и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ТВ Дебати и дуели

    Срамота е, значи СРАМОТА претседател на Македонија да има ваков сиромашен вокабулар и целиот да се збрка човече ако почни да му титка дека има уште 10 секунди да зборува.
    СРА-МО-ТА!
    Најтрагично во се ова е што не се понижи самиот тој, туку ја понижи цела нација, бидејќи тој нели е претставник на истата.
    Го пратев буквално што зборуваше, колку години се на власт и уште ги критикуваат СДСМ? За што? Што направиле СДСМ во последните години?
    А, ова со предвемени избори им е интересна мамка, бидејќи тие имаат пари, СДСМ не, а за толку кратко секоја година некакви избори, нормално дека ги става во шах-мат позиција.
    На некој начин го кратат правото на останатите партии за каква била политичка промоција.
    Колку пати не само Хорхе, бидејќи нели претседателот треба да биде независен од владата, колку пати Хорхе дозволил да се прекрши уставот и на тоа никаде да го нема?

    Let me see:
    Oд друга стана, најидиотско во оваа работа е што ТВ дуелот не се емитуваше во живо, уште поидиотско шо не беше тв дуел, туку некое претставување на кандидатите.
    Реплики и контра реплики на една рака се броеја.

    Не само за Хорхе, туку и за Пендаровски, од него очекував дека ќе му го спушти на Хорхе, тој мудро си ќути, ама не бе брате, ТВ дуел е, сега ако не се соочиш кога?

    А, и сум ја згрешила и темава, ова не е ни тв дебата, ни тв дуел, се поставуваа општи прашања кои на нас граѓаните ни се во втор план.
    Јас разбирам дека овластувањата на председателот се повеќе насочени кон надворешните работи, ама чекајте другари, благосостојбата на народот е катастрофална.

    Никој не е ни полош, ниту подобар од претходниот, но за разлика од Хорхе, Стево го има ставот, претставителен е, говор на тело на завидно ниво, самоуверен(другите двајца не ни треба да ги спомнам).
    Никој не го сфаќа сериозно, закажа самит на земјите од Југоисточна Европа и регионалниот форум за дијалог меѓу цивилизациите и сето тоа го образложи со единствениот аргумент- Комплекси имале лидерите.
    Алооо?
    Држава водиш пријателе, не фудбалски натпревар на деца во пубертет.

    А, сакам живо сакам да се избаци сега некој од овие дремачите во штаб, да ми реплицира без разлика за СДСМ или ВМРО.
    Сакам прашања да поставам скокотливи ако је могуче :D
     
    На kikiviki32 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  9. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    ТВ Дебати и дуели

    Оваа ТВ дебата немаше ама баш никаков ефект, баш како што пишував во постарите пораки на оваа тема. Ниту направи пресврт, ни разлика во рејтинг, ни ништо.

    Еве го мојот поглед на целата ситуација.
    ДПА најверојатно имале и можеле да најдат посоодветен човек за оваа позиција. Лош избор.
    ГРОМ ја знаат нивната улога во изборите, па нивниот кандидат со епизодна улога повеќе одработува за парламентарните избори одколку за претседателските.
    Толку за нив.

    Актуелниот и иден претседател, настапи максимално смирен, одмерувајќи го секој збор, очигледно не сакајќи да направи повторно некој лапсус лингве, кој би бил нова храна за опозициските пропагандни стаорци. Остави впечаток на вистински интелектуалец и добро поткован политичар. Збореше прецизно за претседателската функција и се она што таа го опфаќа со своите ингеренции. Кажа за широк спектар на сработени проекти со кои се пофали, а тоа што неговите противници немаа скоро никаква реплика на неговите излагања кажува дека немаат аргументи против неговото работење. Очигледно сака да се фали и истакнува (во време на кампања донекаде е во ред, а и заслужено е), бидејќи неколку пати спомена дека е член на многу бизнис форуми, почесен член на универзитети, а значката на реверот потврдува дека е горделив и сака да се истакне со сработените дела и заслугите добиени од тоа. Црвената кравата кажува дека партијата и државата се дел од него, а бурмата на раката дека се работи за човек кој ги негува нашите традиционални вредности и ги вреднува македонското семејство, македонската жена и верата во Бога.

    Стевчо ми остави впечаток на прилично нервозна личност. Постојаното мавтање со раце, симулирање виртуелни светски карти во просторот околу него, свивањето на телото, виртуелното пишување по масата, тегнењето на сакото, вртење на часовникот, местењето на очилата се само дел од потезите кои ги засенуваа неговите излагања и одговори. На секојдневните средби со граѓаните изгледаше темпераментно и живо и човек ќе си рече во ред е, опуштен е, бројни секојдневни активности, ама во студио пред цела јавност ваков говор на тело воопшто не ми остави добра слика. Пишав еднаш, ми делува како човек кој не може или нема што да доискаже па во функција на тоа го користи цело свое тело. Одговорите му беа во донекаде ред, веќе познатите излагања од митинзите, но изненади тоа што беше прилично пасивен кон Иванов, а токму тоа и се очекуваше од јавноста. По одбиената ТВ дебата на Телма од страна на Иванов, опозициските медиумски кучиња му се пуштија на претседателот дека избегнува дебата од страв, а ние гласачите мислевме дека којзнае што имал Стевчо да му каже на Иванов на тој дуел. Испадна дека ама баш ништо немал да му реплицира.

    Неколку работи ми останаа во уво:

    -"етничко трло"-го употреби во контекст на прашањето за етнички заедници, што укажува дека има ниско мислење за етничките заедници, наспроти она што го пропагира во неговата кампања;
    -"ние тоа го избегнуваме"-мислам дека беше пак во однос на етничките заедници. Цело време збореше во прво лице, за потоа малку да забега. Под НИЕ најверојатно мислеше на СДСМ, иако се претставува како кандидат без политичка заднина.
    -"на 13-ти граѓаните ќе избираат 2 концепти"-На крајот од дебатата кога се обраќаа кон гласачите. На 13-ти ќе има 4-ца кандидати, не 2-ца. Прилично ниско и омаловажувачко настапи кон другите двајца кандидати од ГРОМ и ДПА.

    Сината вратоврска вели дека и тој како и Иванов си ги испочитува неговите и партијата. Тоа што не носи венчален прстен е малку мистично и може да кажува неколку работи за него. Современ човек кој значењето на бракот го гледа од поинаков агол, "Мачо мен", кому бурмата му смета на "патот до успехот" или човек кој не им придава никакво значење на црквата и религиските вредности, а со оглед на тоа дека доаѓа од партија чии корени знаеме од каде се израснати и со оглед на неговата образовна преокупација, оваа третата верзија ми изгледа најсоодветна и најточна.
     
    На Tashaa и Abeja им се допаѓа ова.
  10. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    ТВ Дебати и дуели

    Можам да замислам какви свештологии и циркузи направил Иванов на дебатата на Мтв. Со оглед дека не беше во живо значи имало монтажа и затоа не се избрука Хорхе со некоја изјава бисерна. Друго на дебатата тој истиот Иванов од кутар по кутар сите зборуваат и одговараат на поставените прашања и споделуваат некои свои ставови и мислења за државата и нивната идна политика нормално доколку станат претседатели, а тој гревот одма почнуваше да се дави со некакви објаснувања што тој направил пред 5 години, кај бил и со кого се сретнал. Тој не даде ниеден одговор јасен и пречизен и зеде свој личен став во иднина што ке подобри и каква му е неговата замисла во наредниот мандат. Срамота, на сите пристутни на дебатата можеше само да им завиди затоа што обична нула беше во споредба со сите нив.Најголемото достигнување му било 17 пати средба со Косовскиот претседале. ЕЕЕЕЕЕ мизерија ееееееее. Па кој ке те прими тебе Хорхе кој ке разговара со тебе на ниво на кое што доликува на еден претседател. Никој мн нормално. Со вакви муабети само можеш со Јанко да зборуваш. Ма и тој е покомуникативен од тебе.хеххехе
    http://www.youtube.com/watch?v=qrrRU_Q6EOw
    http://www.youtube.com/watch?v=9cFSIFHs8Sk
     
    На makedonkamak и kikiviki32 им се допаѓа ова.
  11. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    ТВ Дебати и дуели

    Тоа што замислуваш дека направил циркузи и свештологии се само твои претпоставки. И тоа што мислиш дека на ТВ дебатата Иванов бил гревче, е гледање на работите од правец од кој ти сакаш да бидат видени.
    Инаку реално, иако не го поддржувам Пендаровски ќе кажам дека неговите одговори беа во ред, го кажа тоа што го имал зацртано и испланирано однапред, како и останатите тројца гости, секој во свој стил и на свој начин. Но реално, Иванов го засени. Тоа го признаа и многуте аналитичари, колумнисти, новинари кои веднаш истрчаа да објаснуваат и анализираат зашто Стево бил толку пасивен. Дури и оние проопозициските беа затечени од однесувањето на Стево. На крај дури и самиот Стево со изјавата на Телма призна дека бил "наддебатиран"
    Не е тоа личен ќеф. Тоа им го должи на неговите верни гласачи кои го очекуваа тоа од него. Тоа се прави за да се освојат уште нови гласови и привлечат симпатии. Преку чиракот се стигнува до газдата. Тој може да ги открие слабите страни, мааните и скриениот влез во замокот на владетелот. Ама и на Стево толку му сече.
    Плус, го очекувал Груевски на ТВ дебата на претседателски кандидати???
    Мораше Стево да најде подобар изговор и оправдување. Но каде да ги бара? Сигурно не во партијата, во која од еден куп стручњаци и експерти сеуште не успејаа да му изработат стратегија и обезбедат солидна експертска логистика. Не и кај лидерот Зоки Заев, кој и самиот досега не обезбеди реално остварлива проектна програма за парламентарните избори. Никако ни кај самиот себе си, бидејќи очигледно Пендаровски го покажа зенитот на својот политички капацитет баш на оваа дебата. Сепак подобро е да се држи до Груевски. Кај него лежат сите изговори на СДСМ. Но само неколку се вистински. Оние за поразите. Минати и идни.
     
    На Tashaa и Abeja им се допаѓа ова.
  12. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    ТВ Дебати и дуели

    Плус, го очекувал Груевски на ТВ дебата на претседателски кандидати???

    Па кога место Иванов на сите можни митинзи се појавува Грујо и уста пена му фаќа од зборење што оствариле, мислиш откриле нова планета, што друго и би кажал Пендаровски?????? Во оваа кампања кој е кандидат за претседател Иванов или Грујо????? Нешто ги измешале сметките и Пендаровски сосема логично одговорил. Иванов е потрчко на Груевски,човек лесен за манипулација и на крај краева што па тој за сите овие години направил освен што си отседе во палатата фамилијарно,се тури од шетање на сметка на сите граѓани и му намигнал на Обама и Жак Ширак????? :rofl: Јас лично немам ама баш никакво мислење за Иванов, многу ми е муљав,недоделкан,нема фаца ни став за претседател а за гафови е цар,еве последен гаф негов што го прочитав денес е дека и на ;;господ му требала помош,, ??????? :o
     
    На PussyHunter, drakulce, kikiviki32 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    ТВ Дебати и дуели

    хехехе аман молим те Иванов кого засенил? Јас си кажав што мислам и каков впечаток сум добила, а реално и така беше.
    Ти ете си добил убав впечаток за Иванов и тоа е тоа. Мене не можеш да ме натераш да мислам подруго од она што мислам. И ти тоа што си го пишал и тоа ти е твоја претпоставка. На крајот на краиштата и јас и ти имаме право да си кажеме свое размислување и немам намера да се убедувам и расправам со некого. Иванов кај и да појде плука бисери и гафови, така да и таму кажал нешто така убаво во негов стил. Но со оглед дека беше монтирано и не беше во живо еееее сето тоа остава простор за да јас мислам тоа што мислам. Друго тој е негов вообичаен стил или веќе бисерите му се негова најсилна страна. Видовме како јавно се избрука кај Јанко, а не пак во паника и возбуда хехехех како што има навика да подопира и збунува.
    Ајде нека има еден убав и квалитетен дуел, па да видиме кој колку вреди и како мисли да раководи со таа функција. Да видиме што алтани имаме во Македонија. Ама во живо, не спреку снимки хехехехех.....
    Како што тргнала работава ни Д од ДУЕЛ ке нема. Толку ни се способни политичарите.
     
    На makedonkamak, TIGRICA123, drakulce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    ТВ Дебати и дуели

    Искрено, кога ќе видам порака со хехехехе..., хахахаха..., молим те..., ти се молам..., извини... и сл. одбивни ми се за читање, а не па за реплицирање. Прилично без врска начин да се почне и да се води една порака. За ваше добро е, мене не ми е разлика и битно како се изразувата ама тоа е ваше огледало и начин на кој луѓето ќе ве ценат и гледаат.

    @bubamara123456, донекаде се сложувам со тебе, ама сега коментираме за дуелот на МТВ. Пендаровски имаше шанса и можност да го зграпчи и згмечи Иванов и да докаже дека тој е оној вистинскиот за нас. А тој ништо. Дури и пренервозен беше самиот тој одколку што требаше да биде Иванов, очекувајќи навалица од скокотливи прашања. Колку и да било монтирано и снимено по предходно сценарио, сигурен сум дека никој немало да му ги брише или преуредува прашањата на Стево или другите кандидати упатени кон Иванов. Да речеме дека 150 илјади граѓани сметаат дека Иванов бил смотан, неписмен, турист... Нека направеше уште 100 илјади да мислат така. Се покажа дека Пендаровски е пушка која пука со ќорци и ништо повеќе. Сега како оправдување се бараат повторно нови ТВ дуели на некои други медиуми, но пак се кани Иванов, а не оној кому Стево сакаше да му каже "некои работи". После дебатата на 5-ти април, кој ќе ги сфати сериозно овие дебати и што може да очекува од еден дуел? Само досадни 60-тина минути и потрошено време.
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    ТВ Дебати и дуели

    Се јавија, се јавија од штаб!!!!!
    https://www.youtube.com/watch?v=LCBy52SEw3Y

    Како си корто, арен/а ли си?
     
    На makedonkamak, corto.maltese и TIGRICA123 им се допаѓа ова.
  16. 2701

    2701 Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    ТВ Дебати и дуели

    Кој и да дојде на власт од споменативе таканаречени политичари губи македонскиот народ ,губи Македонија,жално но вистинито,ја уништија државата неписмени нелуѓе.Едниот прави гафови нонстоп,другиот мрда ко неарен и нема став ,третиот е полтрон на Стевчо, така да немаме човек за претседател,чудни луѓе како нив не може и не смее да ја водат државата .....Ама тоа е Македонија чуден народ,уште почудна држава ,а потоа се чудиме зашто Србија влегла во ЕУ , па имаат соодветни и паметни луѓе................Ние утнати сме бре од Господ,.........неписмени не знаеме да процениме.....Цела Европа ни се смее .Јас нема да гласам ради реда колку да биде забележано дека сум гласала........Подобро ке си преспијам тој ден отколку да се каам што за такви би гласала........Мој глас мое право,мое мислење............... Па не сум завршила за џабе факултет да не знам да расудувам правилно........
     
    На Skyfall и PussyHunter им се допаѓа ова.
  17. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    ТВ Дебати и дуели

    Ако мислеше на ова
    и ако
    беше скокотливото прашање, што да ти кажам? Радувај се ако мислиш дека ти се исполнила желбата, а јас ќе пробам некако да се справам со смеењето од скокотливото прашање и ќе се прашувам "Дал' је могуче"...

    Во мојата порака имаше мое гледање на ТВ дуелот и немаше никаква реплика кон твојата порака, од причина што ти си напиша твое мислење, какво такво (иако половина надвор од темата) и ископира пола устав. Затоа и не знам зошто ме цитираше и ме уфрли во рамки на твојот муабет? Плус после твојата и мојата порака имаше уште неколку, но ти ме избра мене како "дремач во штаб". Можеше слободно форумски да дадеш коментар на моето мислење во врска со дебатата. Незнам што е, ти треба внимание, сакаш редовно да бидеш во муабет макар било тоа и надвор од темата или може само се грижиш дали сум арен? Ако сакаш отворена дискусија повели, отворени ти се темите, држи се до нивната содржина, па може ќе се најдеме во некоја од нив. Без штабски дремачи, без сител, канал 5, и слични некреативни изговори.

    Ти како си, арна?