Тегла од кисели краставички и кафе

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 10 мај 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Кога ви се чини дека губите контрола над својот живот, тогаш кога и 24 часа на ден не ви е доволно, потсетете се на теглата од кисели краставички и кафе.

    Професор стоел пред студентите на час по филозофија со неколку предмети пред себе. Кога часот почнал, зел тегла од кисели краставички, ја ставил на катедрата, ја наполнал со топчиња за тенис, ја подигнал високо и ги прашал студентите дали е полна. Сите се сложиле дека е полна.

    Потоа професорот ја зел кутијата полна со камчиња, ја истурил врз тениските топчиња во теглата, ја протресол, ја подигнал високо и повторно ги прашал дали сега теглата е полна. Повторно студентите се согласиле дека е полна.

    Следната кутија која ја зел професорот, била кутијата полна со песок. Кога ја истурил во теглата, песокот нормално ги исполнил сите празнини во теглата меѓу топчињата од тенис и камчињата. Уште еднаш прашал дали е сега полна теглата. Студентите, веќе зачудени, пак одговориле дека сега е сосема полна.

    Во тој момент, професорот од под катедрата извадил два филџани полни со веќе сварено кафе, ги турил во теглата и кафето го натопило песокот. Студентите тогаш почнале да се потсмевнуваат збунето.

    „-Ќе ни објаснете ли сега професоре повеќе за теглата од кисели краставички?- прашал некој студент.„

    „-Секако-одговорил професорот.
    Оваа тегла почитувани колеги, претставува вашиот живот.
    Тениските топчиња, се големите и најбитни нешта во вашиот живот – вашата фамилија, вашите деца, вашето здравје, вашата верба и сите крупни нешта на кои им се предавате со најголема страст во животот. Тоа се оние нешта со кои и кога се друго би исчезнало, вашиот живот би бил исполнет.
    Камчињата , тоа се останатите нешта кои ви се важни во животот – вашата работа, успехот, кариерата, куќата, станот, автомобилите...
    Песокот, претставуваат сите мали нешта во вашиот живот, нештата кои ве опкружуваат во секојдневието и кои го надополнуваат вашиот живот.

    Редоследот на полнење на теглата не е случаен – со насмевка одговорил професорот. Ако на пример најпрво ја наполнев теглата со песок...немаше да има место во неа за камчињата и тениските топчиња.
    Истото важи и во животот.

    Ако го трошите целото свое време на мали нешта, нема да имате место за оние покрупните и поважните. Водете сметка за крупните нешта во вашиот живот кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со вашите деца, најдете време за да одите на лекар, изведете го партнерот на вечера или избегајте заедно на викенд некаде – секогаш ќе најдете време да се исчисти куќата, да се поправат дефектите дома, да се испеглаат алиштата или измијат садовите.
    Прво погрижете се за тениските топчиња, после за камчињата, а за песокот секогаш ќе има време.„
    Завршил професорот со објаснувањето и седнал на столот задоволен гледајќи ги збунетите лица на студентите. Нешто не им било јасно.

    Станала една девојка и прашала:
    „- Професоре, а што претставуваат двата филџани со кафе?„

    Благо се насмевнал професорот и рекол: „-Мило ми е што прашавте колешке.
    Кафето го турив на крај, за да ви покажам дека БЕЗ ОГЛЕД КОЛКУ И ДА МИСЛИТЕ ДЕКА ЖИВОТОТ ВИ Е ИСПОЛНЕТ, СЕКОГАШ ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА КАФЕ-МУАБЕТ СО ПРИЈАТЕЛ.

    (копирано е од интернет, и сакав да го споделам со вас :) )
     
    На eloves, Bubbi, atala и 15 други им се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.407
    Допаѓања:
    5.364
    ova e nesto sto navistina koga go procitav me natera da razmislam. da uvidam i svatam po koj red jas ja polnam teglata i dali navistina sekogas ja polnam po vistinskiot redoslet. no zivotot e eden i ne sekogas imame vreme za se i za vistinski raspored na nestata.
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    498
    Супер од тебе што го сподели со нас, преубав текст на кој секогаш ќе се присетувам кога ќе ги одбијам другарките за кафе со изговор дека треба да чистам ;)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Леле ја викам мајка ми да го прочита ова. :clap:
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: Ми се допаѓа! Навистина е добро да се соочиме со нашите животи и да размислиме кој е редоследот во нив. Мислам дека ми е добра поука за оние денови кои ги денгубам и си се расфрлам со глупави ситници за кои и не вреди да размислувам.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.187
    Пол:
    Женски
    Прекрасно е, но и поучно,секогаш има време за се,да се завршат сите обврски во животот,а и баш како што е напишано во постот,да се најде време за да се видиш со некој пријател на кафе.Меѓутоа многумина се вадат поради своите обврски,како изговор дека немаат време,ако сакаш ќе најдеш време и место,додека ако не сакаш,ќе најдеш изговор,без разлика која е причината.
     
  7. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    :))) interesno i prekrasno
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    текст кој те тера да размислиш ептен :?: прекрасно :clap:
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    7.247
    Пол:
    Женски
    Баш интересно,поучно и стварно вистинито :) :)
     
  10. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Леле стварноо е супееер!Извондредно!! Ќе си го копирам да си го имам... :inlove: :inlove:
     
  11. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    мн поучно
     
  12. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Леле мн. поучно ...прекрасна метафора...копи паст...фала за текстот :$ :*
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336
    Сум го прочитала ова, многу е добро. Факт е дека големите работи го прават животот ама и ситниците не се за потценување. Зрно по зрно погача...па и ситниците се важни работи во животот.
     
  14. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Браво :)

    Поубаво и не можело да се објасни! Секоја чест. :*
     
  15. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    На ова човек старно треба да се подразмисли,ептен е поучно :!: :)
     
  16. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Го имам читано ова порано ,но навистина ептен поучен текст.
    Бравооо што го сподели текстот на фемина. :clap: :clap: :clap:
     
  17. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    25
    Прекрасно опишано :clap: :clap: :clap:
     
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.926
    Цел ден ми е некако заникаде, за ништо не ми е грижа ....... А кога го прочитав текстот ме натера да размислам малце и одма се расположив, дека се што е лошо ќе помине и дека има побитни работи во животот за кои треба да се секираме ...... Фала за текстов, супер е :clap: :)
     
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
  20. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Убав час им одржал. Браво за темата и за професорот :clap: