1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тед Ласо (Ted Lasso) [2020]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 8 октомври 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    https://www.imdb.com/title/tt10986410/?ref_=ttawd_awd_tt
    Една од најдобрите серии што сум ја гледала во последно време. И повеќе од тоа, ми стана една од омилените серии воопшто.
    Прво мислев дека е некоја пренадувана серија, досадна серија за фудбал, ама леле, колку ми беше погрешно мислењето. Многу ми е мило што и дадов шанса на серијава.

    Не за џабе освои толку многу еми награди и има толку многу номинации.
    Станува збор за Тед Ласо кој е тренер во рагби, но добива понуда да оди во Англија и да тренира англиски тим во фудбал. Од лични причини ја прифаќа понудата и оди да тренира тим во спорт за кој нема поим што е.
    Приказната е толку топла, инспиративна, ликовите се совршени изградени и поминуваат низ толку многу промени... Едноставно една од најдобрите feel good серии кои ги имам гледано.
    Топло ви ја препорачувам доколку не сте ја гледале.
    Доколку сте ја гледале, кој ви е омилен лик? Како ви се допадна финалето од втората сезона?
     
    На Bozica1980, Billy Idol, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Добро луѓе, сериозно никој не ја гледал серијава? Какви глупости нема веќе, а една ваква серија да не ја гледате е стварно, ама најстварно, огромна штета. Ајде дајте и шанса.
    [​IMG]
    Една од најпрекрасните двојки во тв сериите. Рој ми е...:inlove:
     
    На Srckata28 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Страшно добра серија. Со нетрпение ги чекав епизодите и сега едвај чекам 3та сезона:inlove:. Препорака(y)
    Рој е срцка!
     
    На Billy Idol, IM.TMKQ, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.022
    На IM.TMKQ, do-re-mi и RainBow им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Ееее фала богу се јави некој. :D
    Навистина не знам како серијава нема поголема гледаност. Ептен е погодена за никаквово време, преполна со емоции.
    Рој Кент мене ми е најнајнајомилен, како тинејџерка сум знам, да бев ќе си залепев постер од него.:l::D
     
    На Сара Лав и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    А Нејт ми е класичен пример за кога ќе кажат "Кога ќе те удри славата во глава" и "На човек ќе му дадеш прст, ќе ти бара цела рака". Тотално некоректно однесување!

    А за Ребека цело време мислев дека ќе заврши со Тед и навивав за таа љубов... ама ништо:(

    И уште нешто, дали посакавте да ги пробате колачињата на Тес?:D
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Леле, мене Ребека ми е целосно несоодветна за Тед. Сосема спротивни личности се, она е премногу некако за него, од секој аспект.
    А Нејт, страшно добра трансформација му направија. Од ништо го направија нешто и уште толку се полакоми. Требаше на друг начин да се бори да напредува, ама ете. Сепак, добро ја поставија сцената за третата сезона. Ќе биде забавно.
    И да, ептен сакам да ги пробам колачите. :D
     
    На Сара Лав му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    16.137
    Пол:
    Женски
    Има премногу серии да не знае човек што попрво да гледа. Ќе ја имам во предвид за следна на репертоарот.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.674
    Допаѓања:
    22.395
    Пол:
    Женски
    Искрено немам чуено за серијава, а по описот и по cover photo не изгледа најпривлечно. И тоа е причината зошто ќе ја гледам, обично ваквите серии се hidden gems. ;) Oчекувајте ме во темава.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Вистина не изгледа привлечно. Јас ја загледав само зашто имаше толку еми награди и номинации. Исто беше и со Schitt's Creek, имав некаква аверзија, ама фала богу ја изгледав, исто како и оваа.
    Нема да зажалиш.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Колку е опфатен спортот во серијава? :D
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Таман. :D
    Да ти кажам искрено те тера да сфатиш зошто некои се толку поврзани со фубалот. Инаку, во центар се случувањата на ликовите, а фудбалот е споредната најважна работа.:rofl:
     
    На _beautyy_, do-re-mi, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    19.670
    Пол:
    Женски
    А каде може да се гледа серијава? Ја има на Нетфликс или ќе мора да се спушти?

    И мене не ми изгледа привлечно cover-от и описот, ама @RainBow многу убаво ја опишала, објаснала да не си мислиме дека се се врти околу фудбал, така да ме убеди да ја гледам :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ја почнав јас првата епизода, ветувачка е. Актерите сосем добро ја носат улогата, очекувам некоја драма со Rebecca. :D
    Има некој топол филинг серијата, мислам дека повеќе се крие во ликовите отколку на прв поглед како изгледаа и беа прикажани и да за чудо не ми смета делот со фудбалот. :lol:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ја има на нетфликс, јас ја спуштив. Втората сезона овде ја изгледав. https://flixtor.to/watch/tv/5463778/ted-lasso
     
  16. emiliana

    emiliana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.408
    Допаѓања:
    40.881
    Пол:
    Женски
    Фала ти Реин за серијава, се заразив. Втора сезона ја почнав, едвај чекам вечер да дојдам од работа и да гледам.:mm:
    Иначе ептен кул лик ми е другиов тренер, не ми текнува на името:D.
    А овој веселиов Дени ми е многу смешен, посебно со кучето епизодата.:D
     
    На Billy Idol, IM.TMKQ, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.698
    Допаѓања:
    80.849
    Пол:
    Женски
    Coach Beard, заоѓам од смеење уште кога ќе го видам во кадар. Тек па кога ќе тресне некој бисер. Се важи и ако кимне со глава. Прејак лик. :D

    @Nausicaa и @RainBow се инфлуенсерки за серии овде. :D

    Многу добри серии си најдов вака. Ја приметив серијава кога @Nausicaa ја спомна во темата со препораките за серии и од тогаш ми е симната првата сезона ама никако да ја загледам саглам. Ѝ се запнав деновиве, ми се свиѓа тоа што епизодите не се предолги и многу брзо некако ми течат. Не осеќам колку време поминало додека гледам, многу забавна серија. Уште малку имам од прва сезона, мислам дека вечер ќе ја почнам и втората.

    Толку проникливи ликови, умирам од смеење на хуморот. И сè си е на место, сè си доаѓа природно, ништо изнудено или вештачко како во некои други комедии. Затоа веројатно и освоила толку фанови. И мене ме освои, сите ги засакав и со душа чекам да седнам и да гледам. :l:
     
    На do-re-mi, emiliana, IM.TMKQ и 2 други им се допаѓа ова.
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Одлично беше смислена првата сезона.
    Баш ми легна серијата. Толку е спонтана, со одличен хумор. Секој лик е различен а толку добро сите се вклопуваат.
    Ја почнувам денес втората сезона. :angel:
     
    На Billy Idol, emiliana и RainBow им се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Од втора сезона, 9та епизода за Beard, ќе има некоја поврзаност понатака или така беше нафрлена епизодата? Не ми се допадна баш и не се вклопува добро со останатите.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Немаше некоја поврзаност понатаму, само веројатно да добиеме увид во однесувањето негово, зашто не знаеме многу баш за него. И кога дојде и седна со другите тренери никој не знаеше што он правел, само ние, ете, да видиме и ние кога не знаеме што се крие позади.
    Ама, и мене таа епизода не ми се вклопуваше, беше баш некако недобро вклопена и мислам дека можеле и подобро.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.