Обожавам тексас, фармерки и кошули посебно, најубаво се чувствувам. Кога размислам поголем дел од облеката ми е тексас фармерки, кошули, фустани, тиники, суќни, кратки панталони. Супер е што во секој период од годината се износуваат и никогаш не му поминува мода освен на некои модели. Ама на тексас кошула никогаш мода не поминува, дури оние од пред неколку години повеќе ми се допаѓаат отколку новите модели кои се пренатрупани со циркони, штрасови и разни чуда, кои ги прават ептен наџиџани.