Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телепатија

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 17 јуни 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Верувам во телепатија бидејки мислам дека ја поседувам истата.
    Оддамна експериментирам во врска со ова прашање и имам совладано неколку основни техники. Не е воопшто тешко доколку имаш добра концентрација, нерви и посветиш малку време на проблематиката.
    Имам пробано со неколку примери да докажам дека постои телепатијата, или читањето на мислите. Иако се два различни поими кои многумина од нас ги сврзуваат под едно јас ќе наведам два својствени примери мене што ми се случиле со цел да ја воочите разликата.

    Телепатија -
    Јануари годинава без на зимски распуст, и како и по обично си останува до доцна наутро гледајки телевизија. Арно ама накај 4 часот утрото ме погоди силен немир. Почнав да плачам, да се тресам и буквално незнаев што е со мене, неможев да се смирам.
    Седев во мојата затемнета просторија на креветот и пишував текст за минатото насловен ,,Студени солзи'' и во него имаше едно делче на кое се сеќавам, од типот : ,,Го нема веќе стариот косач на бујната трева, сечачот на боровата шума'' која се однесуваше на мојот дедо кој беше долго време во болница и состојбата му се влошуваше. Ви се колнам дека пред себе сосем јасно ја видов сликата на смртта која воопшто не е пријатна како што сите мислиме. Додека пак со дедо ми бев ужасно поврзана, а тој беше единствен пример на чесен и добар човек за кој никој лош збор немаше кажано.
    После извесно време заспав. Но утрото околу 9 часот слушнав пискотници од дневната, го чув татко ми како плаче и веќе знаев за што точно станува збор.
    И ден денес се обвинувам што добро не ги пропратив знаците и не станав и заминав во болница за да го спречам сето тоа некако на било кој начин.

    Читање мисли -

    Пред нова година ја викнав мајка ми во дневната, чисто да си ја пробам среќата, иако повеќе ми беше на зафрканција...
    Ставив 5 лампиони пред нас со различна боја и големина и ја замолив мајка ми да замисли еден од нив и да се обиде визуелно да ми го пренесе со мислите и својата енергија со затворени очи. Таа го замисли синиот лампион и верувајте дека додека двете ги држевме очите затворени како пред мене да проникна синиот лампион. Кога ги отовривме очите јас погодив, но бидејки мајка ми не веруваше и мислеше дека е чиста коинциденција постапката ја повторивме неколкупати и резултатот беше зачудувачки.

    За првиот случај сум сигурна дека не беше случајност, додека за вториот неможам да тврдам со сигурност. Иако ова сум го правела и со други, на карти и сл. и секојпат сум погодувала. Освен тоа, се случило неколкупати да воочам каква намера има одредена личност според движењето на нејзините очи и гестикулации и некако да успеам ,,да влезам'' во нејзината глава да ги прочитам нејзините мисли. Досега и тоа се испоставило точно.
     
  2. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55

    Мене истото ми се има случено. Со брат ми земавме неколку чаши во различна боја . Требаше тој да замисли една и да се обиде некако да ми каже со мислите која ја замислил и чудно ги погодив сите. Некако ми се појавуваа пред мене.
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Вистина е Бејб, со блиските најчесто телепатија е поразвиена бидејки подобро го познаваш нивниот начин на размислување, и подобро можеш како вербално така и мисловно да се сврзеш :)
     
  4. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    Интересно нешто е телепатијата :)
     
  5. andy96

    andy96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    13
    Интересно е што на неколку пати кога сум помислила на некој да му се јавам, во истиот момент ме бара истата таа личност..

    Како мали со другарками вежбавме да комуницирамее..ама не ни успеваше :lol:
     
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ми се случува спонтано со луѓе кои навистина ги сакам ,искрено ,без пречки ,со кои сум поврзана на некој мистичен начин ,иако не мора да значи дека комуницирам со нив секојдневно .

    Провоцираната телепатија досега (за мене) се покажала mission impossible ,но и јас брзо губам волја и компензирам со нешто подинамично .
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Телепатија, интересна работа е, мене ми се има случено со најдобрата другарка со која сме ептен блиски, поминуваме долго време заедно Само што ќе помислам да и пишам, ете ја таа ми пишува. Или во исто време кажуваме една иста работа. :)
    И со дечко ми ми се иа случено веќе неколку пати.
     
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Ми се случува многу често со најдобрата другарка и со дечко ми .. во исто време кажуваме една иста работа, во исто време се јавуваме еден на друг, во исто време на сосема друга другарка и пишуваме иста порака .. многу пати ми се случило..
     
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    со сите за се...едноставно ништо ко да не ми бега :lol:
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.193
    Пол:
    Женски
    Не ми се случила толкава приврзаност со некоја личност па сум скептик дека воопшто постои телепатија реално. Повеќе го сметам само онака како поим што наводно објаснува поврзаност. Се случило некогаш да погодам нечија мисла, намера, но тоа било само неколку пати и било само моја претпоставка што личноста би кажала или направила во одреден момент.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.477
    Допаѓања:
    165.829
    Пол:
    Женски
    Најблиску до телепатија што имам е дечко ми. Тој почесто ми пиши него што ми јавува, ама често знај да се случи во момент кога го пишам неговиот број, или си речам дека да догледам епизодата или да дочитам главата - ќе му јавам, баш тој ми јавува, па се смеј дека брзо сум одговарала, инстантно, а јас со телефонот в раце. Шознам, изгледа сакаме во исто време да се слушаме, во поќе од ова ни поседувам, ни пак верувам. (fingers)
     
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Како млад научник навистина сум скептична кога станува збор за телепатијата и лично не ја сметам за наука.

    Всушност, наместо телепатија, верувам во не/веројатноста на неутрината (и анти-неутрината) да избегаат од нашиот мозок без да бидат фатени од нашите рецептори поради фактот што не се ограничени само во просторијата во нашиот череп.

    Со оваа веројатност тие можат да се пропагираат во главата на другиот човек и да предизвикаат "хакерски" реакции, создавајќи несакани мисловни синџири.

    Јас лично никогаш не сум искусила некое дејство кое останатите го нарекуваат "телепатија" или кажано со мои зборови, јас немам развиено способност да прибирам "залутани" неутрини - а тоа се должи само поради мојата тенденција да не бидам блиска со никого, ниту пак приврзана од емоционален аспект ...
     
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.047
    Допаѓања:
    118.788
    Пол:
    Женски
    Телепатија верувам дека постои само со блиски луѓе.
    Неверојатно е но со маж ми телепатски мислиме и правиме многу исти работи.
    Пример сум посакала јаболко и лежам.си доаѓа тој и ми вели 1 јаболко да ми пресечел да јадам.
    Или се возиме во кола и размисував да му речам ѓевречиња да купиме за доручек. Јас уште не сум кажала а тој застанува со кола и ми вели да купиме 2 ѓевречиња одамна не сме јаделе.
    И не е само за храна.треба да одиме некаде и си правам план што да носиме.тој си доаѓа од работа и вади алишта да му пеглам-баш оние кои сум ги замислила веќе.
    Јас дури се плашам колку сме ние поврзани.зар е можно ова? досега над 20 тина пати сум го забележала но мислев дека е чиста случајност.во последно време секоја втора случка е ваква.
    Ме плаши телепатијава:(
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    И мене ми се дешавало со другарка ми често пати, освен со "читањето" мисли и болка имаме почуствувано заедно, односно ако на неа и било лошо или па ја болело нешто и јас така се осеќам, или пак имам некој немир по што знам одма дека и е нешто (сега брзо имаше смртен случај она, а јас 2 3 дена пред тоа знаев дека нешто лошо ќе се деси дали на мене дали на некој близок)
    Не сум си ја објаснила до сега оваа работа.:worried:
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Веројатно, меѓусебното познавање и пронаоѓање во различни сегменти и честото размислување за заедничките интереси во даден момент создаваат поширока зона на мисловно дејствување со слична способност на две одделни личности.
    Неодамна имав телепатско поврзување со блиска личност за ист план. Иако не придавам некое значење на оваа појава пријатно е чувството кога знам дека осознавањето на туѓиот личен профил со кој одржувам компатибилен однос станува рутина.
     
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.148
    Допаѓања:
    124.973
    Пол:
    Женски
    И мене често ми се случува да погодам што некој мисли и што намерава.
    Или е телeпатија или едноставно добро читам луѓе. :wasntme: 8)
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Верувам.Со најблиската другарка ,,се читаме” буквално.
    Многу пати како договорени ќе кажеме нешто во исто време, ќе пишеме нешто во исто време или ќе ни текне на истото.
     
  18. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Дали ако ние од форумот во исто време се обидеме телепатски да направиме една групна конверзација, ќе нѝ успее?
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ќе ни успее сигурно да ни експлодираат мобилните оти таа комуникација ќе биде како нуклеарка, коа ќе ја спука една со друга:rofl::rofl:
     
    На nextredstyle и ray-man им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.148
    Допаѓања:
    124.973
    Пол:
    Женски
    Па,ми се десил телепатски разговор со блиски личности и познаници.
    Сега брзо,го чекав докторот да дојде и во себе си мислам,кај си,бе,тргнав да си одам,кога оп,ете ти го он дојде и вика,доле се задржав.
    Јас: :^):?::rofl:
    @ray-man , @baba Rada Можно е! :rofl:
     
    На ray-man и baba Rada им се допаѓа ова.